Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Вкупна квота од 40,5 ќе добиете ако на ист тикет ги уплатите петте квоти на денот кои ги нуди Sport Life. Квотите се 2.00 или 2.25. За дуелот на Челзи и Лидс од ФА купот, се предлага да одиграте дека Сините ќе дадат гол во прво полувреме, квотата е 2.00. Интер на гостувањето кај Торино да биде поефикасен во второ отколку во прво полувреме, е игра за која квотата е 2.25. Иста ваква квота од 2.25 се нуди и за белградското дерби Црвена ѕвезда – ...
Слободниот ден на Светското училишно првенство во ракомет во Скопје беше искористен и за да се одржи „Вечер на нациите“ во хотелот „Холидеј ин“. Секоја од 20-те селекции презентираа дел од својата традиција и култура, преку настапи со свои препознатливи национални танци. Шаренилото беше посебно интересно, младите се запознаа со танци од сите континенти, се претставија атрактивните Бразилци, Саудијци, Кинези. На крај се појави македонската ...
Вчера се одигра најневеројатниот натпревар кој може да се случи во фудбалот. Рочдејл и Јорк сити во директен дуел решаваа кој ќе биде првак на Националната лига и ќе оди во Лига 2 која е четврта по ранг во Англија. Јорк имаше два бода повеќе и му беше доволно и реми за титула, а на домашниот Рочдејл работа му вршеше само победа. Беше 0-0 до 96-та минута, а тогаш почна невидената драма. Рочдејл даде гол за огромна радост. Публиката влета на ...
Нема дилеми дека одбраната на колото во шпанската Ла Лига ќе ја има Столе Димитриевски. Нашиот голман имаше чудесна интервенција со која спречи Жирона да постигне гол за изедначување на 2-2. Не се потребни многу зборови, само погледнете какво чудо направи кумановецот во 90-та минута: WHAT A SAVE!!!!! @Dimitrievski1 🤚🦇#LaLigaHighlights#ValenciaGirona pic.twitter.com/MtEE9iibLm — Valencia CF (@valenciacf_en) April 25, 2026 Нема дилеми ...
Ајо Досунму од Минесота тимбервулфс е јунак на вечерта во НБА лигата, бидејќи како резерва даде 43 поени и го предводеше својот тим до победа над Денвер нагетс од 112-96 и сега резултатот е 3-1 во победи за Шумските волци на кои им треба уште една победа за место во западното полуфинале. Овие 43 поени на Досунму се потврда дека тој е во феноменална форма, на претходниот меч уфрли 25 поени. Во последните 50 години, поефикасна партија од ...
Талентираниот тинејџер Јан Диоманде продолжува да привлекува големо внимание во европскиот фудбал, откако одличната дебитантска сезона во Лајпциг го стави во фокусот на трансфер шпекулациите. 19-годишниот офанзивец има импресивни бројки, 12 голови и осум асистенции во Бундеслигата, а неговиот клуб моментално е трет на табелата и е на добар пат да обезбеди настап во Лигата на шампионите. Поради неговиот метеорски развој, интерес за него ...
Атлетико Мадрид оствари тешка, но важна победа од 3-2 против Атлетик Билбао во натпревар од 32-то коло на Ла Лига. Избраниците на Диего Симеоне мораа сериозно да се помачат за да стигнат до пресврт, и тоа само неколку дена пред првиот полуфинален меч во Лига на шампиони против Арсенал. Гостите од Билбао подобро го отворија натпреварот и во 23-та минута поведоа по корнер, кога Аитор Паредес со удар со глава ја затресе мрежата на домаќините. ...
Тотенхем доби уште еден сериозен удар, откако Чави Симонс заработи тешка повреда на натпреварот од Премиер лигата против Вулверхемптон. Инцидентот се случи по дуел со Уго Буено, по кој Симонс падна незгодно, веднаш се фати за коленото и остана да лежи на тревата во болка. Иако накратко се обиде да се врати во игра, брзо стана јасно дека не може да продолжи и беше изнесен на носилки. Првичните проценки не се оптимистички – постои сомнеж за ...
Трагедија ја потресе Босна и Херцеговина, откако пристигна веста за смртта на фудбалерот на НК Бајер Велагиќи, Ами́р Џихан, за време на натпревар од Втората лига ФБиХ – запад со ФК Витез. Трагичниот настан се случил на самата средба, по што натпреварот веднаш бил прекинат, а присутните на стадионот останале во шок и неверување. Од клубот НК Бајер Велагиќи се огласија со соопштение во кое ја потврдија трагедијата и изразија длабока болка. Во ...
Феникс го потврди испаѓањето од македонска кошаркарска Суперлига, откако денеска загуби на гостувањето кај Чаир со 76-63 и така го комплетираше триото клубови кои следната сезона ќе се натпреваруваат во понизок ранг, заедно со Гостивар и Ангели. Ова значи дека трофејниот Работнички се спаси од најлошото. Тимот од Гази Баба имаше шанса да остане во игра, особено по добриот почеток и водството во вториот период од 13-22, но потоа следуваше ...
Пари Сен Жермен оствари сигурна победа од 0-3 на гостувањето кај Анже во натпревар од 31-то коло на Лига 1, со што уште еднаш ја потврди лидерската позиција на табелата. По овој триумф, ПСЖ има 69 бодови и останува прв, со шест бодови предност пред Ленс, додека Анже се наоѓа на 13-тото место со 34 бодови. Гостите практично го решија натпреварот уште во првото полувреме. Веќе во седмата минута Канг-Ин Ли погоди по одбиена топка за 0-1. Анже ...
Арсенал се врати на победнички пат по минималната, но многу значајна победа од 1-0 против Њукасл на „Емирати“, во дерби натпреварот од 34-тото коло во Премиер лигата. По поразот од Манчестер сити, тимот на Микел Артета го гледаше овој меч како едно од „финалињата“ во трката за титулата. Почетокот им припадна на гостите, кои во првите минути создадоа две полушанси, но без реална закана. Со текот на времето Арсенал ја презеде контролата и почна ...
Манчестер сити продолжува да балансира меѓу борбата за титулата во Премиер лига и настапот во ФА купот, а денеска обезбеди пласман во финалето по драматична победа од 2-1 над Саутемптон. Избраниците на Пеп Гвардиола имаа целосна контрола во првото полувреме, упатија шест удари кон голот, додека противникот немаше ниту еден, но мрежите мируваа. Саутемптон накратко се израдува во 12-тата минута, но погодокот беше поништен поради офсајд. Во ...
Рома славеше важна гостинска победа од 0-2 против Болоња во натпревар од 34-то коло во Серија А. И покрај турбуленциите во клубот и заминувањето на легендарниот Клаудио Раниери, тимот предводен од Џанпјеро Гасперини одигра сигурно и освои значајни три бода во трката за пласман во Лига на шампиони. Волчицата поведе уште во седмата минута, кога Дониел Мален ја искористи навремената асистенција од Нил Ел Ајнуи и прецизно погоди за 0-1. Рома ...
Ракометарите на ГРК Охрид загубија со минимални 27-26 на гостувањето кај Целје во првиот полуфинален натпревар од ЕХФ Европскиот куп. Иако мечот беше исполнет со осцилации, избраниците на Борис Ројевиќ покажаа карактер и се вратија од голема негатива, па овој пораз остава реални шанси пред реваншот во Охрид на 2 мај. Охриѓани тргнаа фуриозно и со серија голови на Тасески, Ојлески, Иванковиќ и Стрмљан поведоа со убедливи 0-6. Домашните првиот ...
Македонските репрезентативци Милан Ристовски, Тихомир Костадинов и Андреј Стојчевски имаа одлични настапи во првенството на Чешка. Офанзивецот Ристовски блесна со извонредна партија и беше клучна фигура во победата на Бохемијанс од 2-0 против Спарта Прага. Тој беше стрелец во 60-тата минута и го отвори резултатот, а само две минути подоцна, Ристовски повторно беше во центарот на вниманието, бидејќи по негов удар со глава и одбиена топка, ...
Барселона забележа победа од 0-2 на гостувањето кај Хетафе во натпревар од 32-то коло во Ла Лига, со што направи голем чекор кон шампионската титула. Избраниците на Ханси Флик ја оправдаа улогата на фаворит и стекнаа предност од 11 бодови пред второпласираниот Реал Мадрид. Хетафе се обиде да се фокусира на одбраната и да ги сопре нападите на гостите, што му успеваше поголем дел од првото полувреме. Освен еден удар на Барџи, Барселона не беше ...
Натпреварите од 26-тото коло во Втора македонска фудбалска лига не донесоа изненадување, со оглед дека сите екипи кои се борат за врвот забележаа победи, па состојбата на табелата во горниот дел остана речиси иста. Брегалница убедливо ја совлада Слога Виница со 4-1 и остана лидер со 61 бод. Шкендија Арачиново на гостински терен во Гевгелија минимално славеше против Кожув со 0-1, додека Скопје исто така запиша сигурна победа на гости кај ...
Ливерпул го совлада Кристал Палас со 3-1 на домашен терен. Избраниците на Арне Слот ја оправдаа улогата на фаворит и практично го завршија натпреварот уште во првото полувреме, кога стекнаа недостижна предност. Во 35-та минута, Александар Исак се снајде одлично по ударот на Алексис Мекалистер и ја затресе мрежата на Дин Хендерсон. Само пет минути подоцна, по добра одбрана на Вудман, Ливерпул изведе брза контра преку Кертис Џонс, а акцијата ја ...
Македонија Ѓорче Петров славеше победа од 2-1 против Работнички во натпревар од 29-тото коло во Прва македонска фудбалска лига, освојувајќи многу важни три бода во борбата за опстанок во елитата. Лавовите од Ѓорче Петров одлично го отворија мечот и поведоа уште во втората минута, кога по нафрлување Кабаркас погоди со глава и ја затресе мрежата на Работнички. Во 14-тата минута Сухељ Мухарем имаше голема шанса за израмнување, но шутираше ...
Баерн Минхен е неверојатно моќен тим и може да направи пресврт дури и ако има три гола негатива по првото полувреме. Мајнц изненадувачки имаше водство од 3-0 со головите на Кор, Небел и на Бекер, но во вториот дел тимот на Венсан Компани постигна четири гола и стигна до победа. Џексон, Олисе, Мусијала и Хари Кејн беа стрелци на головите за Баерн Минхен. Баер Леверкузен славеше со 1-2 на гостувањето кај Келн, со двата гола на Патрик Шик, а ...
Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, е уверен дека неговиот тим може да ја прекине серијата на втори места во Премиер лигата. Топчиите беа лидери на табелата цели 200 дена, но во текот на неделата беа симнати од врвот од Манчестер сити, кој има предност само поради подобра гол-разлика. „Тука сум четири години и секогаш завршувавме како втори. Ако го промениме тоа оваа сезона, ќе биде огромен успех за нас и за мене. Убеден сум дека можеме ...
Навивачите за само два часа ги разграбале сите билети за пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Македонија. Сите влезници за овој дуел се распродадени, потврдиле од ‘еvent.ba’ за босанските медиуми. Натпреварот ќе се одигра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ со почеток од 18 часот, а атмосферата на Кошево уште сега ветува вистински спектакл. На Светското првенство, селекцијата на БиХ ќе настапи во ...
Со третиот дуел од серијата помеѓу Орландо и Детроит каде резултатот по две одиграни средби е 1-1 во победи, во 19 часот почнува вечерашната програма во НБА плејофот во која ќе има четири натпревари. Интересно е дека според квотите во Sport Life, на сите мечеви фаворити за победа се гостинските екипи. Пистонс кој беше најдобар на Истокот во регуларната сезона влезе како голем фаворит во серијта со Магичните, но Орландо доби еден меч на гости ...
Тотален хаос владее во Челзи, тоа се виде и на натпреварот против Брајтон каде Галебите можеа да постигнат најмалку пет гола, но голманот Роберт Санчез го спаси својот тим од катастрофа. Сините пред 100 и кусур години последен пат загубија пет натпревари по ред во домашното првенство, што е веројатно најдобриот показател за тоа што се случува. Менаџерот Лиам Росениор беше отпуштен многу брзо, а звучи неверојатно што ниту еден од играчите на ...
Едер Милитао нема да игра за Бразил на Светското првенство ова лето, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Бразилскиот дефанзивец беше подложен на магнетна резонанца и снимката откри потешка повреда на мускулот на бицепсот на феморисот на левата нога од тоа што првично се мислеше дека е. Милитао ќе мора да оди на операција, и ќе отсуствува четири месеци, што значи дека би се вратил на терените накаде на почетокот на следната сезона. ...
Германскиот фудбалски сојуз ја разгледува можноста за аплицирање за организација на Светското првенство во 2038 или 2042 година. Федерацијата потврди дека долгорочните опции и потенцијалните понуди моментално се анализираат, иако ФИФА сè уште официјално не го отворила процесот на аплицирање за тие турнири. Доколку планот се реализира, Германија повторно би била домаќин на најголемото фудбалско натпреварување на планетата, откако последниот ...
Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино е најреалната опција за нов тренер на Реал Мадрид, тврди добро упатениот новинар Мигел Анхел Дијас. Покетино од 2024 година е селектор на САД и после Светското првенство летово би можел да се пресели во Мадрид, што му е голема желба одамна. Големи плусови за него се што претседателот Флорентино Перес го сака и што во минатото веќе работел со Килијан Мбапе кој со својата себичност и незалагање во ...
Специјалот на Sport Life за натпреварот Арсенал – Њукасл нуди широка лепеза нестандардни игри на кои може да се обложите, а квотите се најразлични и има за секого по нешто. Во септември кога овие два тима се сретнаа во Њукасл, Чавките поведоа со гол на Волтемаде, а Арсенал направи пресврт со голови на Мерино во 84-та и Габриел Магаљаес во 96-та минута. Мерино нема да игра вечерва. Во Англија, домашните екипи најчесто им дозволуваат на гостите ...
Баерн Минхен веќе ја осигура шампионската титула во Бундеслигата за сезоната 2025/26, но има можност да ја направи оваа сезона најдобра во историјата во германското првенство. Баварците имаат 79 бода, а им остануваат уште четири натпревари. Доколку Баерн победи во секој од нив, ќе достигне до 91 бод. Во сезоната 2012/13, под водство на Јуп Хајнкес, тимот од Минхен истотака освои 91 бод, со гол-разлика од +80. Сегашниот тим на Баерн, доколку ...