
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани куп-круната. Во драматична завршница, и натпревар кој беше решен во последните секунди, „металците“ стигнаа до злато вредна победа (62:60), доволно за 12. трофеј во ова натпреварување. На огромно задоволство кај шефот на стручниот штаб, Васко Атанасов: „Шампионскиот менталитет на МЗТ Скопје дојде до израз. Колку и да играме лошо, на површина излезе тој наш аеродромски инает. Оваа победа ја посветувам на навивачите ...
Четиричлена македонска група планинари успешно ја завршија експедицијата во Јужна Америка и се искачија на највисокиот планински врв Аконкагва на 6962 метри. Планинарот Зоран Николов, член на ПСК „Осогово“ од Кочани, заедно со своите колеги Филип Христов, Зоран Успрцов и Лазе Миновски, како и двајца планинари од Република Србија во средата попладне по локално време стигнале на највисоката точка на Андите, на аргентинско-чилеанската граница. ...
Ливерпул го направи првиот чекор за привлекување на Чаби Алонсо. Премиерлигашот контактирале со претставници на тренерот на Баер Леверкузен, пренесува новинарот на „Sky Sport Deutschland“, Флоријан Плетенберг. Претходно Баерн контактираше со 42-годишниот стручњак. Сега баварците и Ливерпул се главни претенденти за Алонсо. Во Баерн се свесни дека ангажман на Чаби ќе биде многу тешко остварлив, но тој останува приоритетен кандидат за замена на ...
Porsche ја проширува својата понуда на Panamera со 4 E-Hybrid и 4S E-Hybrid варијантите. Новите plug-in хибриди нудат импресивни податоци за забрзување и возачки перформанси, како и силни E-Performance карактеристики: Електричниот опсег сега е до 96 километри. Porsche дополнително го проширува својот опсег на моќности за спортската лимузина Panamera. Како дел од e-Performance стратегијата, Panamera 4 E-Hybrid и Panamera 4S E-Hybrid се додадени ...
Раководството на шпанската Ла Лига по завршувањето на зимскиот преоден рок најави нови лимити за плати на шпанските клубови, а повторно најлошо помина Барселона. Само пред една година Барселона за плати можеше да потроши 648 милиони евра, летово се намали на 270 милиони, а од вчера е само 204 милиони. Барселона со години има големи финансиски проблеми, па се очекуваше овој пад на буџетските лимити за плати. Но навивачите на Барселона се бесни ...
Англискиот фудбалер Чарли Стратон почина на 34-годишна возраст, потврди неговиот поранешен клуб Вимблдон . Напаѓачот беше познат во пониските лиги. Последниот сериозен ангажман го имаше пред неколку години, а во текот на кариерата, покрај лондонскиот клуб, најголема трага остави во Шалфонт Сент Питер, за кој на почетокот на кариерата одигра 125 натпревари и постигна 81 гол. – Исклучително сме тажни поради смртта на нашиот поранешен играч. ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги жали што победата над Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите не е изразена со повеќе голови. – Овој натпревар ни остава добар впечаток за извонреден настап против голем противник. Жал ни е што предноста е само еден гол, бидејќи претстои интензивен натпревар во Мадрид. Задоволен сум од изданието на Арнаутовиќ, тој работи многу добро. Во овие шест месеци постигнавме многу ...
Англискиот бизнисмен Џим Ретклиф, купувањето на 27 отсто од акциите на Манчестер јунајтед, го смета за почеток кон враќањето на неговиот тим на победнички патеки. – Да се стане косопственик на Манчестер јунајтед е голема чест и голема одговорност. Ова не само што го означува комплетирањето на договорот, туку и почетокот на нашето патување да го вратиме Манчестер Јунајтед на врвот на англискиот, европскиот и светскиот фудбал со услови од светска ...
ПСВ и Борусија Дортмунд одиграа 1:1 во Ајндховен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Германците поведоа во 24. минута со убавиот гол на Дониел Мален, а ПСВ избегна пораз со голот на Луук Де Јонг во 56. минута од многу сомнителен пенал. Реваншот се игра за три недели во Дортмунд. ПСВ доста добро го отвори натпреварот и иако не успеа да создаде вистинска шанса, доминираше од првата минута. Првата шанса на мечот ...
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги засили своите редови со полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски. „Повремениот полски репрезентативец и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб“, соопшти вечерва клубот. Дваесетиосумгодишниот Пиеховски кариерата ја почна во Висла, а потоа настапуваше за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и ...
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги повика своите играчи да го променат својот менталитет и да го зголемат фокусот со оглед на серијата од четири натпревари без победа на тимот. Тој воедно ги предупреди своите играчи дека се уште не е сигурен пласманот на „бјанконерите“ за следното издание на Лигата на шампионите. -Мораме брзо да се вратиме на она што бевме пред негативниот период, особено во однос на менталитетот и фокусот. Не треба ...
Интер го победи Атлетико Мадрид со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите на Сан Сиро. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Марко Арнаутовиќ во 79. минута. Реваншот ќе се игра за две недели во Мадрид. Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, создаде повеќе шанси и заслужено славеше. Интер влезе во натпреварот со намера да доминира и тоа успеа во првото полувреме. Атлетико најмногу се бранеше и не успеа ...
Милан е на прагот да објави распродажба на играчи, која ќе следи во текот на летото, а ова го објавува „Газета дело спорт“. Рафаел Леао е веќе подолго време на мета на ПСЖ, големо внимание привлекува и Тео Ернандез, се цени и голманот Мајк Манион, а би можеле да им се приклучат и Оливие Жиру и Симон Киер. Наводно сите овие би можеле да бидат продадени на лето. Неизвесно е дали Пиоли ќе остане тренер. Така, додека „Газето дело спорт“ ја најавува ...
Најбогатиот фудбалер на светот, Брунејанецот Фаик Болкиах, заработи тешка повреда која долго ќе го оддалечи од фудбалските терени. Внукот на султанот од Брунеи настапува за Рачабури во тајландската Премиер лига и тешко се повреди по дуелот со противничкиот фудбалер и итно беше префрлен во болница каде беше опериран. Болкиах (25) се повреди откако влезе како замена на полувремето против Полис Теро на стадионот Буњачинда. 🤕 Ratchaburi have issued ...
Утре во осминафиналето на Лигата на шампионите, лондонски Арсенал ќе му гостува на Порто во Португалија каде ќе ја има поддршката од своите навивачи. Навивачите на “Топџиите“ утринава патуваа со авион за да го посетат стадионот Драгао, а на истиот лет беше и легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд. Ова не можеше да помине без ситни провокации, а Фердинанд во еден момент реши да го искористи разгласот за да ги „пецне“ ...
Лионел Меси ја донираше осмата Златна топка на Музејот на Барселона. Аргентинецот ја доби оваа награда по 8-ми пат минатиот октомври како играч на Интер Мајами. Според новинарот Микел Бласкез, Меси му ја доделил наградата на музејот на Барселона покрај седумте „Златни топки“ на напаѓачот што веќе се складирани таму. Меси играше за Барселона од 2003 до 2021 година. Во 2016 година, во музејот на клубот беше отворен дел посветен на Аргентинецот. з ...
Наводно, тој потпишал петгодишен договор со мадридскиот клуб и станал најплатен играч на тимот со 20 милиони евра по сезона покрај бонуси и голем дел од парите од маркетиншки права. Во неделата англиските медиуми пишуваа дека Манчестер Сити ќе се вклучи во трката за Килијан Мбапе (25), чиј договор со ПСЖ завршува летово , но шпанска Марка пренесува дека веќе некое време – се е решено! Според неговите шпански колеги, францускиот напаѓач пред две ...
АНДРЕАС БРЕХМЕ, поранешен германски фудбалер и тренер, почина на 64-годишна возраст од срцев удар. Бреме беше важен член на генерацијата која на Германците им ја донесе титулата светски шампион во 1990 година во Италија. Токму тој го постигна пеналот за победа во финалето во Рим против Аргентина на Марадона. За Германија одигра 86 натпревари, а клучните голови ги постигна во полуфиналето на Светското првенство против Франција и Англија. Играше ...
Една од најубавите одбојкарки на светот Мариана Коста пред десет години позираше за познатиот магазин „Плејбој“, а сега жали за тоа. Вели дека тоа и ја попречило кариерата и дека не и се допаѓа прекарот. Себеси се гледа првенствено како одбојкарка, а физичкиот изглед и популарноста што ја стекнала поради него ги смета за деструкција. “Тоа е искуство за кое се каам, но тоа е готово. Не се гледам себеси како муза туку како спортист. Затоа не сакам ...
Реал Мадрид втор пат сезонава не успеава да го совлада Рајо Валјекано, овој пат како гости одиграа 1:1. Хоселу во 3-та минута му донесе предност на Реал, а израмни во 27-та Де Томас. Двата погодоци „паднаа“ во првото полувреме, а еден од виновниците за овој резултат е нашиот Столе Димитриевски кој имаше неколку добри интервенции. Одбрани шут на Хосели од непосредна близина, а и со супер парада го спречи Тони Крос да погоди од слободен удар. ...
Шкупи е нов лидер во домашниот фудбалски шампионат, откако денеска ја победи Воска во дуел од 19.коло. Актуелниот шампион и довчерашен лидер, Струга одигра само нерешено против Работнички во Скопје и на тој начин го предаде врвот на табелата. Шкендија победи со минимални 0:1 во Ѓорче Петров против Македонија ЃП со голот од пенал на Тотре. АП Брера го совладаа Силекс во Кратово со 0:1 и со тоа го расипаа дебито на Александар Васовски. ...
Веќе сите зборуваат за Чаби Алонсо и неговиот Баер Леверкузен кој е на добар пат да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен во Германија. Леверкузен нема ниту еден пораз сезонава, што го прави единствен тим со ваков биланс во најсилните пет лиги. И, некако во сенка на Чаби Алонсо, во Италија со Болоња чуда прави Тиаго Мота. Уште еден млад фудбалски стратег, кој покажува дека допрва фудбалскиот свет ќе биде воодушевен. Болоња во моментов е на ...
Дани Алвеш тешко го поднесува времето во затвор. Тој е во затвор веќе неколку месеци, а неодамна почна судскиот процес за сексуалниот напад за кој беше обвинет. -Тој е депресивен, депресивен е, добива помош од вработените во затворот, рекол еден од затворениците, според извештаи на бразилските медиуми, а се работи за личност со која Алвеш ја дели затворската ќелија. Наводно, во затвор посегнале по „екстремни мерки“ токму поради емоционалната и ...
Манчестер Сити се обидува да го ангажира Килијан Мбапе. „Кадена СЕР“ тврди дека на почетокот на неделата еден од менаџерите на напаѓачот бил во Манчестер и имал средба со претставници на англискиот гигант. Во принцип, официјален агент на Французинот е неговата мајка Фаиза Ламари. Сепак, има и тројца мажи кои се многу блиски со Мбапе и ја играат улогата на негови неофицијални претставници. Еден од нив е забележан минатиот понеделник во Манчестер, ...
Фудбалерите на Барселона вчера ја победија Селта со 2:1 и го одбранија третото место на табелата во Ла Лига од Атлетико Мадрид. Се уште актуелниот шампион на Шпанија до триумфот стигна дури во 97. минута, кога Роберт Левандовски го искористи повторениот пенал. – Победивме и мислам дека го заслуживме тоа, изјави Чави. На третото место Барса има два бода помалку и меч повеќе од второпласираната Џирона, додека три бода повеќе од Атлетико. – ...
Пари Сен Жермен (ПСЖ) е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пишува „Сандеј Тајмс“. Според изворот на изданието, спортскиот директор на парижаните, Луис Кампос инсистира на трансфер на 26-годишниот Англичанец и веќе преговарал со фудбалерот. Францускиот клуб верува дека напаѓачот може да го замени Килијан Мбапе, кој реши да не го продолжи договорот со тимот и на лето ќе стане слободен агент. Маркус Рашфорд е ...
Поранешниот фудбалер на Барселона, Самуел Умтити најверојатно ќе ја заврши кариерата на 31-годишна возраст бидејќи заработи нова повреда, објавија француските медиуми. Умтити беше доведен од Барселона од Лион во 2016 година во огромен трансфер од 25 милиони евра, но неговите проблеми започнаа две години подоцна кога го повреди коленото, поради што беше опериран. Sigue el calvario de Umtiti El ex del Barça podría perderse lo que resta de ...
На вчерашниот натпревар против Килманрок, навивачите на шкотскиот гигант Селтик испратија порака за поддршка на Палестинците во војната против Израел. Тие ги позајмија стиховите на една од најголемите љубовни островски песни „Грејс“ и го повикаа целиот стадион да пее додека се креваше слоганот, што и го направија. „Размислете за последните неколку месеци, дали ќе кажат дека не успеавме, повеќе од 30.000 мртви од кои повеќе од 12.000 се деца. ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија титулата во Купот на Македонија, откако славеа со 62:60 (31:36) против домаќинот Пелистер. За тимот од Аеродром ова е 12-ти трофеј од ова натпреварување кое сега го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“. Во неизвесен до крајот натпревар, Американецот Ејасу Ворку постигна кош на три секунди до крајот за 62-60, а Пелистер не успеа да го реализира последниот напад за голема разочараност на навивачите кои ја ...
Фудбалскиот клуб Болоња направи одличен гест кон својот поранешен тренер Синиша Михајловиќ со тоа што му ја исплати платата до крајот на договорот. Ова го откри неговата сопруга Аријана, која му се заблагодари на клубот за поддршката по смртта на Србинот на крајот на 2022 година. Иако се разболе од леукемија, стручњакот го водеше тимот до септември истата година, а договорот му истече минатото лето. – Синиша не ја очекуваше разделбата со клубот ...