
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Најнаградуваната британска олимпијка Шарлот Дужардин се повлече од Олимписките игри во Париз. Трикратната олимписка шампионка во коњи и шесткратна олимписка медалистка објави дека се пензионира поради компромитирачкото видео кое се појави. „Излезе видео од пред четири години, на кое се гледа како сум згрешила во расудувањето на тренинзите. Секако, Меѓународната коњичка федерација покрена истрага и јас донесов одлука да се повлечам од сите ...
Кошаркарите на Соединетите Американски Држави остварија уште една тесна победа на подготовките за Олимписките игри, против Германија (92:88), а херој на Американците беше Леброн Џејмс кој одигра страшна завршница. Пред неколку дена Американците едвај се извлекоа против Јужен Судан, а беа блиску до пораз во мечот со Германија, кој Леброн Џејмс на крајот го реши со сјајна завршница. Имено, во последните четири минути Германците влегоа со водство ...
Драгиша Гудељ, 26-годишниот фудбалер од шпанскиот второлигаш Кордоба, објави дека по препорака на лекарот ја завршил кариерата по два срцеви удари на теренот. На помалиот брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ му застана срцето минатата година додека ги играше натпреварите против Ферол и Мелиља. Првиот срцев удар Гудељ го доживеа на 26 март во 11. минута од натпреварот против Ферол, кога на теренот му беше укажана лекарска помош дури ...
Скандалозен меч на Олимписките игри во Париз, помеѓу Аргентина и Мароко кој заврши со победа на Мароканците од 2:1. Аргентинците израмнија против Мароко со гол во 90+16. минута. Навивачите на Мароко влетаа на теренот, судијата Ниберг од Шведска досуди нешто, но тоа не беше крај туку прекин. Фудбалерите на Аргентина побегнаа во соблекувалната, а потоа скандалот доби епски размери бидејќи судијата со помош на ВАР собата го прифати барањето на ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да живее во Олимпиското село во Париз. Според „Sportal“, 37-годишниот тенисер ќе дојде во Олимпиското село само за да ги поздрави српските олимписки учесници, но ќе живее одвоено. Оваа одлука се должи на фактот што живеењето во Олимпиското село во Токио му отежна на Ѓоковиќ да го одржи режимот – многу спортисти сакаа да се сликаат со него, што го спречи да тренира. Тениските натпревари ќе се одржат на ...
Скандал каков што фудбалот не доживеал се случи на првиот натпревар од турнирот на Олимписките игри во Париз. En las noticias sobre los Juegos Olímpicos de Francia se habla más sobre seguridad que sobre deporte. Hoy la violencia ha obligado a suspender el partido Argentina vs Marruecos. En esto se ha convertido Francia tras el pacto de Macron y la extrema izquierda. El mismo pacto… pic.twitter.com/50IZVzTlqA — VOX 🇪🇸 (@vox_es) July 24, 2024 ...
Претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) Клаудио Тапија потврди дека организацијата поднела жалба до дисциплинската комисија на ФИФА по поразот од Мароко со 2:1 на Олимписките игри во 2024 година. – Она што ние Аргентинците моравме да го издржиме денес во Сент Етјен е за жалење. Речиси два часа чекање во соблекувалната, по што нашите играчи мораа повторно да излезат за да го продолжат натпреварот, кој мораше да биде прекинат ...
Македонската делегација составена од спортисти, тренери и службени лица веќе е во Париз и од денес започнуваат со подготовки за своите настапи на ЛОИ 2024. На Олимпијадата што ќе се одржи од 26 јули до 11 август ќе учествуваат шест Македонци. Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски (атлетика, маратон) и Мила Рељиќ (таеквондо). Покрај нив боите на Македонија ќе ги бранат и: Владимир Егоров (борење), Никола Ѓуретановиќ ...
По две сезони во кои го испратија на позајмица во Тотенхем и Астон Вила, а во исто време чекаа некој клуб да контактира со нив кој сака да го откупи неговиот договор, Барселона, се чини, ја дочека можноста да се ослободи од стоперот Клемент Ленгле трета година по ред. Барселона го донесе Ленгле во 2018 година во трансфер вреден 35 милиони евра од Севиља. Вкупно за клубот одигра 160 натпревари, а освои по една титула во Ла Лига, Купот на Кралот ...
Фудбалерите на Фенербахче како гости го победија швајцарскиот Лугано со резултат 4:3 во првиот натпревар од 2. прелиминарно коло во Лигата на шампионите, а освен голеадата, внимание привлече и интересен детал на трибините. Имено,режисерот на преносот во еден момент зумирал на трибината со навивачите на Фенербахче, каде истовремено биле закачени три знамиња – на Босна и Херцеговина (неофицијалното, етничко знаме), Србија и Хрватска. Причината за ...
Манчестер Јунајтед би можел да продаде дури седум фудбалери за да ослободи средства и да направи простор за потенцијалните пристигнувања. Откако во клубот беа доведени Џошуа Зирзке (42,5 милиони евра од Болоња) и Лени Јоро (62 милиони евра од Лил), се очекува гигантот од Олд Трафорд да претстави неколку нови лица во овој преоден рок. Клубот ги очекува нови пристигнувања, а најчесто се споменува дека во црвениот дел на Манчестер би можеле да се ...
Подготовките за Олимписките игри во Париз влегуваат во самиот крај, а синоќа кошаркарите на Соединетите Американски Држави и Јужен Судан ни понудија вистинска забава и драматичен крај кој сепак отиде на страната на „Дрим тимот“ со резултат 101:100. Силните американски ѕвезди, кои во Париз одат како први фаворити на турнирот, не воодушевија синоќа. Напротив, кошаркарите на Јужен Судан, кои дебитираат на Олимписките игри, за малку ќе ги срушаеа ...
Лаутаро Мартинез има добра кариера зад себе, иако пред него се уште многу сезони. Тој е Светски првак со Аргентина, оваа година го одбрани трофејот на Копа Америка, има две титули со Интер, најдобар стрелец во Серија А, најдобар стрелец на Копа Америка. Веројатно уште трофејот во ЛШ му фали, па да ги комплетира сонот на секој фудбалер. Сепак, се чини дека неговиот најголем трофеј е сопругата Аугустина Гондолфо. Таа е вистинска убавица, а токму ...
Одличен старт во дресот на Данди Јунајтед за македонските фудбалери Трапановски и Бабунски. Нивниот клуб синоќа играше во Лига Купот на Шкотска против Баки Тисл и победија со 5:2. Двајцата го почнаа мечот од првата минута и двајцата се запишаа во листата на стрелците. Трапановски постигна два гола, а Бабунски еден. За потсетување во минатото коло во Лига Купот, Бабунски постигна фантастичен гол од слободен удар. Ако се земе предвид дека во Лига ...
На австралискиот олимпиец и хокејар на трева Мет Досон му беше ампутиран прстот за да се натпреварува на Олимписките игри во Париз. Австралиецот доживеа ужасна повреда на прстот на десната рака за време на подготовките за Олимпијадата, ставајќи ги во сериозен сомнеж неговите надежи дека ќе се пласира на најголемото спортско шоу. Но, откако на Досон, кој го освои среброто со репрезентацијата на Токио 2020, му беше кажано дека ќе закрепне многу ...
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека украинскиот тим Днипро-1 е исфрлен од своите натпреварувања поради финансиски проблеми. Затоа унгарскиот клуб Пушкаш Академија без борба мина во третото коло од Конференциската лига бидејќи противник требаше да биде Днипро-1. Финансиските проблеми се чини дека се судбината на овој клуб, бидејќи и оригиналниот Днипро од Днепропетровск беше распуштен поради финансиската криза пред пет години, а ...
Натпреварот помеѓу Пуерто Кабело и Португеса во Венецуела заврши 0:0 и ретко кој би се грижел доколку не била една нереална грешка на ВАР системот. При резултат 0:0 во 86. минута Дарлон Родригез постигна гол за домашните, но со голо око беше очигледно дека е во офсајд. Тогаш стапи во игра ВАР системот и беше повлечена дијагонална линија која го стави Родригез во правилна позиција. За среќа, голот не беше признат, а овој кикс остана само ...
Новак Ѓоковиќ ја заврши последната фаза од подготовките за Олимписките игри во Париз во Црна Гора. По поразот во финалето на Вимблдон, најдобриот тенисер во историјата тренираше на земјени терени во Црна Гора, а последните неколку дена дестинација му беше Будва. Ѓоковиќ тренираше на теренот на „Словенска плаже“, а неговиот изглед привлече големо внимание. Fans can't get enough of @DjokerNole 🤳 💕 pic.twitter.com/K4A22qCXJU — TRAVEL&Sp🎾rts ...
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, денеска по две години играше во финале на турнир, бидејќи играше за титулата во шведскиот Бастад против Португалецот Нуно Борхес. Сепак, овој меч го заврши на лош начин за Шпанецот, бидејќи Борхес стигна до рутинска победа од 2:0 во сетови и ја понесе титулата најдобар на познатиот турнир во Шведска. FIRST TITLE FEELS 🤩 The moment @nunoborges97 defeated Nadal for his first ATP ...
Рафаел Надал се квалификуваше за неговото 131. финале на АТП турнејата и прво по Ролан Гарос 2022 година! Шпанскиот тенисер го покажа својот нескротлив дух и непоколебливост, совладувајќи го Дује Ајдуковиќ со 4:6, 6:3, 6:4 во меч кој траеше 2 часа и 12 минути. Овој успех му дава можност на Мададорот да се бори за титула од АТП 250 турнирот во шведскиот град Баштад. Во мечот за титулата ќе се соочи или со Нуно Борхес или со Тиаго Аугустин ...
Во натпреварот за пласман од 13. до 16. позиција на Европското првенство во Полска, македонската машка кошаркарска селекција под 20 години загуби од селекцијата на Исланд со убедливи 116:87. Натпреварот беше последна шанса во битката за да се избегнат последните три позиции на првенството кои водат кон преселба во „Б“ дивизијата. Одбраната беше сериозен проблем во играта на Македонија, а во третата четвртина за само осум минути дозволивме ...
Олимписките игри почнуваат веќе следната недела. Од 26 јули до 11 август спортисти од различни земји ќе се обидат да освојат медал и да ја израдуваат својата земја. Меѓу нив се и тенисерите. Пред почетокот на натпреварувањето на официјалниот сајт на Олимписките игри беа објавени фотографии од тенисери. Поради строги правила, на акредитацијата мора да се гледа само слика на главата, нешто слично како фотографиите за лична карта. Сликите на ...
Реал Мадрид ја промени својата трансфер политика, па иако сега ги доведува најголемите фудбалски ѕвезди како Килијан Мбапе, се обидува навреме да ги привлече и најголемите интернационални таленти. Така пристигнаа Винисиус, Родриго, Федерико Валверде, сега младиот напаѓач Ендрик, но и една грешка. Пред само четири години Реал плати 30.000.000 евра за бразилското крило Рание, но тој не се докажа! Сега на почетокот на подготовките за новата ...
Манчестер јунајтед е заинтересиран за потписот на фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Како што објави „Defensa Central“ раководството на тимот од „Олд Трафорд“ е подготвено да плати 230 милиони евра за 24-годишниот Бразилец. На самиот играч му е понуден петгодишен договор со плата од 200 милиони евра годишно. Забележано е дека фудбалерот не е заинтересиран да го напушти Реал Мадрид. Винисиус игра за Реал Мадрид од 2018 година. Минатата ...
Динамо Киев вечерва ќе го пречека белградски Партизан во 2. прелиминарно коло од Лигата на шампионите во Лублин, Полска, бидејќи поради војната во Украина домашните натпревари ги игра во странство. Сепак, политиката се вмеша во оваа игра, па тренерот на Динамо, Александар Шовковски, го критикуваше Партизан дека се подготвува за новата сезона во Москва. Тој ја осуди одлуката на српскиот клуб да патува во Русија, која води војна против Украина. ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром новата сезона во регионалната АБА 2 лига ќе ја почне на домашен терен против Теодо, одлучи денешната жрепка со која е утврден календарот на натпревари. Вкупно 16 екипи се поделени во четири групи, а жрепката го смести МЗТ Скопје Аеродром во групата А во која за противници ќе ги има и хрватска Цедевита и словенечки Хелиос. Пласман во Топ 8 ќе обезбедат двете првопласирани екипи во секоја од ...
Кристијано Роналдо не помина добро на Европското првенство бидејќи Португалија ја заврши својата мисија во четвртфиналето кога Франција беше подобра, но славниот фудбалер имаше турнир за заборав бидејќи не постигна ниту еден гол. Cristiano Ronaldo y Georgina Rodríguez. ❤️🩹 pic.twitter.com/rGf2cyg5f2 — MT2 (@madrid_total2) July 18, 2024 Сега се одмара, а неговата поубава половина сподели интересно видео од сауна. Неверојатно, ова видео за само ...
Пред само неколку дена Лионел Меси ја освои Копа Америка со репрезентацијата на Аргентина и додаде уште еден трофеј во својата богата ризница. Најдобриот фудбалер на сите времиња и помогна на репрезентацијата да го одбрани тој трофеј, а во меѓувреме го освоија и Светското првенство во Катар, а трофеите на клубот тешко се бројат. Повеќето ги грабна како играч на Барселона, која ја остави во солзи, но … Странските медиуми пишуваат дека е откриена ...
Во новата сезона на голот на Вардар како засилување доаѓа искусниот Мигел Еспиња Фереира (30) кој потпиша договор со клубот на една година со можност за продолжување. Фереира доаѓа од АСОБАЛ лигата, а ќе му биде колега на Васил Гогов кој исто така останува меѓу „црвено-црните“. Фереира потекнува од Бенфика и долго време беше дел од првиот и вториот тим на клубот од Лисабон, а бранеше и во Мануел Пасос и Белененсес, пред да стане интернационалец. ...
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин ги договорил личните услови со саудиски Ал-Итихад, пишува „Дејли мејл“. Двата тима во моментов преговараат за трансфер сумата, но голема е веројатноста да се постигне договор и белгискиот плејмејкер да замине во Азија. Играчот е една од водечките фигури на „Етихад“ речиси една деценија од неговиот трансфер од Волфсбург за 55 милиони фунти во 2015 година. Веќе во февруари се појавија ...