Македонската таеквондистка Милјана Рељиќ постигна голема победа на Олимпијадата во Париз, победувајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џонс со резултат 7:6. Со оваа победа, Рељиќ се пласира во четвртфиналето во категоријата до 57 килограми, каде што ќе се соочи со Летиција Ајуд од Либан. Борбата е закажана за 15:45 часот. Во меѓувреме, македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот на Олимпијадата, откако загуби со 0:10 од ...

Етиопјанецот Тамират Тола ја напиша најубавата бајка на Олимписките игри во Париз и со нов олимписки рекорд го освои златниот медал во маратон. Триесет и тригодишниот Тола не се ни пласираше на Олимписките игри, но само две недели пред почетокот на натпреварувањето доби шанса да истрча маратон бидејќи неговиот репрезентативен колега Сисај Лема мораше да го откаже учеството на Париз поради повреда на тетивата. Тола ја изненади целата ...

Наполи помина низ многу тешкотии, но на крајот се пласираше во осминафиналето на турнирот во Копа Италија во дебито на Антонио Конте. Партенопеите завршија нерешено 0-0 со Модена на стадионот Диего Армандо Марадона, одејќи во пенал рулетот каде што наполитанците победија со 4-3. Натпреварот започна со притисок на Модена. Во 20. минута Антонио Палумбо упати опасен удар ниско на тревата, но не можеше да му отежне на Алекс Мерет. Наполи помина низ ...

Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во финалето вечерва ја совладаа Франција со 98-87 (20-15, 29-26, 23-25, 26-21). Тоа е 17. олимписко злато на САД, петто по ред и осмо на последните девет олимписки турнири. Единствени кои успеаја да освојат злато во тој период беа аргентинските кошаркари кои славеа во 2004 година во Атина. Кевин Дурент стана првиот кошаркар во историјата ...

Австралискиот олимпиец Том Крег (28) е уапсен во Париз додека купувал кокаин и е во притвор. Крег, кој ја претставува својата репрезентација во хокеј на трева, бил уапсен синоќа околу полноќ на улиците на Париз, а како што пренесува FranceInfo, полицијата го затекнала како купува грам кокаин од дилер. Полицијата ги уапсила дилерот и Крег, а сега е во тек истрага од одделот за наркотици на париската полиција. „Можеме да потврдиме дека член на ...

Втор меч и второ реми за Данди Јунајтед во новата сезона во шкотскат лига, тим за кој играат македонските интернационалци Бабунски и Трапановски. Токму првиот имаше директен удел во резултатот 1:1, откако во 48-та минута му донесе предност на гостинскиот тим Данди Јунајтед од 0:1. Сепак радоста против Рос Каунти не беше комплетна, бидејќи домаќините во 95-тата минута постигнаа гол и избегнаа пораз. За потсетување во минатото коло Данди Јунајтед ...

Македонскиот олимпиец Дарио Ивановски со видео обраќање до македонската јавност по завршувањето на маратонот во Париз. -Пред се благодарност до Бога, што стигнав жив и драв. Пред се имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар. Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот, ...

Феноменална атмосфера во српската репрезентација по освоената бронза на Олимписките игри. Како и да беше, донесоа нов медал, ја израдуваа нацијата и после тоа направија вистински спектакл. Прво на терен, а потоа и во автобус на пат кон хотелот. Возејќи низ париските улици пееја и скокаа за селекторот Светислав Пешиќ. Kari 's ON FIRE 🔥🔥🔥#TeamSerbia ❤️💙🤍 #Paris2024 #Olympics pic.twitter.com/faG4mwm7ci — Košarkaški savez SRB (@KSSrbije) ...

Алжирската боксерка Имане Келиф, која е една од главните теми на актуелните Олимписки игри во Париз, синоќа го освои златниот медал победувајќи ја Кинеската Лиу Јанг, а по борбата испрати силна порака до светот. Многумина ја обвинија Келиф дека е маж, иако биолошки е жена, но според првиот човек на Меѓународната боксерска федерација (ИБА), таа има вишок тестостерон и машки XY хромозоми. ИБА суспендираше, но Меѓународниот олимписки комитет донесе ...

Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките игри во Париз со победата над Германија со 93:83. Србија одлично го отвори натпреварот и многу брзо поведе со шест поени разлика (9:3), а по првите 10 минути игра водеше со девет поени разлика (30:21). На почетокот на втората четвртина избраниците на Светислав Пешиќ отидоа на плус 14 (37:23), а Германците до полувремето успеаја да ја намалат разликата на осум поени, а Србија во вториот дел ...

Манчестер Сити го совлада Манчестер Јунајтед во пресметката во Комјунити шилд на пенали, за прв трофеј во новата сезона. По првичното испитување на силите, Сити имаше две големи шанси преку Боб и Мекати. На тоа возврати Рашфорд, кој беше малку непрецизен, а Доку го затвори првото полувреме со уште едно промашување од потенцијална ситуација. Јунајтед беше поконкретен во вториот дел, а на осум минути пред крајот поведе откако Гарначо погоди на ...

Германската полиција ја истражува несреќата во која главен актер бил дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијс де Лигт, кој ја предизвика додека го возеше своето скапо Audi Q8 e-tron. Де Лигт удрил во друг автомобил на паркинг со ауди вредно 75.000 евра и побегнал од местото на несреќата, а поради ова сега му се заканува апсење, пишува Билд. 🚨🚨| The Munich police are INVESTIGATING Matthijs de Ligt for a suspected hit-and-run. He allegedly rammed a ...

Леброн Џејмс блесна против Србија со импресивен „трипл-дабл“ од 16 поени, 12 скока и 10 асистенции, што е само четвртиот таков учинок во историјата на Олимписките игри. По натпреварот, Џејмс ги пофали Србите за нивната борбеност и истакна дека натпреварот бил вистински тест за неговиот тим. „Знаевме дека ќе биде тежок натпревар и дека ќе ни треба целосен напор. Овој тест ни покажа каде сме и сега со нетрпение го очекуваме финалето против ...

Фудбалерите на Шпанија се победници на фудбалскиот турнир на Олимписките игри, а избраниците на селекторот Сантијаго Дени стигнаа до златниот медал со победата од 5:3 над домаќинот Франција по драма и продолженија. Шпанија загуби предност од 3:1 во регуларниот , но по продолженијата успеа да слави и да го освои турнирот, а мечот го одбележа фудбалерот на Барселона Фермин Лопез, кој стана најдобар стрелец на Шпанија на Олимписките игри досега. ...

Српските кошаркари се пласираа во полуфиналето на турнирот на Олимписките игри во Париз откако денеска во четвртфиналниот натпревар ја совладаа Австралија со резултат 95:90. Иако Србија подобро го отвори натпреварот, првата четвртина целосно и припадна на Австралија која имаше 14 поени предност. Австралија во втората четвртина продолжи да погодува речиси се што се обидуваше, па предноста во еден момент изнесуваше неверојатни 24 поени (44:20). ...

Фудбалската асоцијација на Англија официјално соопшти дека Ли Карсли, прилично непознат 50-годишен стручњак, е назначен за нов селектор на Гордиг Албион. Карсли беше назначен како привремено решение бидејќи се ближи стартот на новата сезона во Лигата на нации, а интересно е што тој никогаш во кариерата не раководел со ниту еден сениорски тим или клуб. Карсли последните три години ги мина на клупата на младата репрезентација на Англија, ...

Шахистката Амина Абакарова се обидела да ја отруе својата противничка Умајганат Османова на турнирот во Дагестан, пишува The Mirror. Имено, Русинката истурила жива од термометарот на шаховската табла и на масата со шаховски фигури, а не долго откако Османова седнала на маса, почувствувала мачнина и вртоглавица и на крајот колабирала. Russia: Chess player Amina Abakarova poisoned her rival Umayganat Osmanova with mercury at a chess tournament in ...

Македонските кошаркари, дел од репрезентацијата до 18 години ќе поделат парична награда од 3.000.000 денари откако ја освоија Б дивизијата. Ова го соопшти премиерот Мицкоски. -На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од три милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство. Оваа „златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија ...

Македонската таеквондистка, Милјана Рељиќ изјави дека е задоволна од настапот на Олимписките игри во Париз, но се надева и на поголеми успеси во иднина. Рељиќ успеа да ја победи двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, една од најголемите фаворитки, но деби настапот на Олимпијадата го заврши со пораз во четвртфиналето од Либанката, Аун. -Задоволна сум од настапот на Олимписките игри. Вчера ги завршив борбите. Во првата борба се сретнав со ...

Во Србија наскоро ќе започне изградбата на музеј посветен на водечкиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, објави српскиот претседател Александар Вучиќ, цитиран од националната телевизија РТС. „Наскоро ќе почнеме да го градиме музејот на Новак Ѓоковиќ за да покажеме колку го почитуваме тоа што го направил, но и да привлечеме туристи“, рече Вучиќ за време на обиколката на изградбата на српскиот национален стадион во Сурчин во близина на Белград. ...

Тотенхем ќе го привлече еден од најдобрите стрелци во Премиер лигата – Доминик Соланке од Бурнмаут, според Островот. Спарс ќе му плати на Бурнемут 75 милиони евра како откупна клаузула на играчот. 15 милиони евра од таа сума одат во касата на Ливерпул бидејќи Мерсисајдерите оставија процент од идната продажба кога играчот се пресели во Борнмаут пред пет сезони. Соланке минатата сезона постигна 19 гола во Премиер лигата, завршувајќи на ...

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ немаше среќа на денешната ждрепка на Олимписките игри во Париз. Македонката за ривалка во првото коло ја доби двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија. – Британката Џеј Џојсон е олимписка шампионка и носителка на многу медали од големи натпреварувања, но тоа не ме обесхрабрува, ми дава уште поголем мотив да ја победам, па да стигнам и до медал, изјави македонската таеквондистка. ...

Вардар е во завршна фаза на подготовките за првиот натпревар од новата сезона против Брера, кој ќе се одигра во Струмица. Дефанзивецот Дејан Ѓуриќ, кој минатата полусезона се истакна со своите одлични настапи и го освои симпатиите на навивачите, зборуваше за очекувањата пред престојниот меч. „Мислам дека сме спремни за првиот натпревар од новата сезона. Се надевам дека ќе донесеме три бода во Скопје,“ изјави Ѓуриќ, покажувајќи оптимизам за ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во неделата го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз и веднаш објави дека тоа е најголемиот спортски успех во неговата кариера. Без разлика што досега „однесе“ 24 грен слем, 39 мастерс и многу други титули, за него златото е најважно за Србија. Затоа преку Инстаграм им се обрати на сите во Србија и објави емотивно писмо. На овој начин сакаше уште еднаш да им се заблагодари на сите во Србија што се ...

Шампионот на Македонија, Струга Тим Лум остана без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими. Како што објавија повеќе медиуми, двете страни спогодбено го раскинале договорот. Според, засега непотврдени информации напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Шкендија, каде што играше пред неколку сезони. Искусниот фудбалер, кој има 37 години, дресот на Шкендија го носеше од 2015-та до 2021 година, а на 175 мечеви постигна 111 голови. Инаку, Бесарт Ибраими е ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги суспендираше на еден натпревар шпанските репрезентативци Родри и Алваро Мората поради нивното однесување за време на прославата на трофејот освоен на Евро 2024, објави прес-службата на организацијата. Инцидентот се случи на 15 јули во Мадрид. За време на прославата на победата на Европското првенство, фудбалерите постојано ја извикуваа паролата „Гибралтар е Шпанија“. Во врска со ова, Фудбалскиот сојуз ...

Германските кошаркари се првите учесници во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, кои денеска во четвртфиналниот меч убедливо ја совладаа селекцијата на Грција со резултат 76:63. DENNIS SCHRÖDER ha metido ESTO para sentenciar el partido 🔥 pic.twitter.com/30O5ajRyvz — Pasion Basket (@PasionBasketNBA) August 6, 2024 Франц Вагнер беше прво име на средбата со 18 поени, 13 постигна споменатиот Шродер со 7 асистенции, а 10 постигна Јоханес ...

Ракометната федерација на Македонија одлучи со еден милион денари да ги награди репрезентативците кои го освоија 9. место на Европското првенство во Словенија. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ЕП 2024 го завршија со четири победи, две нерешени средби и еден пораз. Само лошиот систем на натпреварувањето е причина младите македонски ракометари да не бидат уште повисоко во поредокот. Тие во првата групна фаза немаа ниту еден пораз, но и ...

Новак Ѓоковиќ во недела на 4 август официјално освои се, откако на неговите гради блесна златниот медал на Олимпијадата. По мечот во кој го совлада Карлос Алкараз со 7:6, 7:6, Србинот долго време одговараше на прашања во микс зоната, а потоа и на прес-конференцијата. Новинарите се потрудија шампионот да го памети тој ден до крајот на животот, па му подарија посебен подарок. Dios no se deja ganar en Generosidad Felicidades don @DjokerNole por su ...

Поранешниот играч на ТСЦ Мартин Мирчевски (27) стана нов фудбалер на Железничар, а потпиша едногодишен договор со опција автоматско продолжување на уште една година. Мирчевски е роден на 11 февруари 1997 година во Битола. Израсна во Пелистер, а потоа играше за Победа Прилеп и Беласица пред да се пресели во Трепчa. Се врати во Беласица, а во сезоната 2020/2021 постигна осум гола и додаде три асистенции во дресот на Вардар. Потоа се пресели во ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
26%
1020
weather icon

Белград

28ᴼ / 25ᴼ
3.09
32%
1021
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
32%
1021
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
27%
1020
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.93
24%
1019
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
41%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
7.2
33%
1018
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
20%
1018
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
22%
1019
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.14
32%
1019
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
2.68
29%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
44%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62