
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Фудбалерите на англискиот Вулверхемптон и италијанскиот Комо вчера одиграа пријателски натпревар во Марбеља, кој го одбележа скандалозното однесување на фудбалерите на италијанскиот тим. Се играше во 68. минута кога Даниел Поденце му пријде на еден од дефанзивците на Комо и го удри со тупаница во глава, а по двеминутна гужва и туркање, португалскиот интернационалец доби директен црвен картон. Причина за ова беше расистичката навреда на Хванг Хи ...
Шкотскиот фудбалски прволигаш Данди Јунајтед го комплетираше денеска трансферот на македоскиот репрезентативец Давид Бабунски од унгарски Мезоковеш. Давид Бабунски (30) со шкотскиот клуб потпиша договор на една година со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. „Длабоко сум благодарен за довербата што клубот ми ја укажа. Трпеливо чекав ова да се финализира и го одложив одговорот на другите понуди бидејќи со нетрпение чекав ...
Фудбалскиот репрезентативец на Аргентина, Енцо Фернандез се извини за расните навреди кон Французите за време на прославата по освојувањето на Копа Америка. Аргентина во неделата го доби финалето на Копа Америка против Колумбија со 1-0 за да ја одбрани титулата, а за време на прославата Енцо Фернандез се сними себеси и неговите соиграчи како пеат многу навредлива песна за Французите, алудирајќи на африканското потекло на многу членови на ...
– Фудбалскиот сојуз на Гибралтар (ГФА) најави дека ќе поднесе жалба до Европската фудбалска федерација (УЕФА) како одговор на постапките на шпанскиот играч за врска Родри за време на прославата на титулата на Европското првенство. Родри, кој беше прогласен за најдобар играч на ЕВРО2024, на прославата во Мадрид извикуваше „Гибралтар е шпански, Гибралтар е шпански“. Тоа беше неговиот одговор на англиските навивачи кои за време на финалето во ...
Љубителите на спортот оваа недела можат да уживаат во три големи финалиња. Спортското попладне почнува со финалето на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлоз Алкараз, кој се игра во 15 часот, а продолжува вечерва во 21:00 часот со финалето на ЕУРО 2024 помеѓу Шпанија и Англија. Големите финалиња за денеска ќе бидат заокружени со пресметката помеѓу Аргентина и Колумбија за пехарот на Копа Америка, дуел кој започнува 02 часот по локално време, ...
Шпанија сосема заслужено го освои Европското првенство во фудбал, а најмногу заслуги има селекторот Луис де ла Фуенте, кој фантастично успеа да ги вклопи талентираните фудбалери во хармоничен тим. Тој не беше особено познат фудбалер, ниту претерано се истакнуваше во тренерскиот свет, но за една деценија работа во помладите категории на шпанската репрезентација покажа квалитет и му се веруваше да го води „А“ тимот, па уште еднаш се покажа дека ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за прв пат беше фотографиран со дрес на својот нов клуб. На фотографијата 25-годишниот Французин позира со претседателот на Мадрид, Флорентино Перез. Тој држи персонализиран дрес на Реал Мадрид со број 9, кој ќе го носи во тимот. Во текот на денот 25-годишниот Французин беше на лекарски преглед во Реал Мадрид. Подоцна ќе биде претставен како играч на Реал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид ...
Герет Саутгејт денес поднесе оставка од селекторската функција во англиската фудбалска репрезентација. Педесет и тригодишниот фудбалски стручњак реши да ја напушти функцијата по своја волја. Саутгејт беше селектор на Англија од септември 2016 година. Под негово водство Англичаните одиграа 102 натпревара, извојуваа 64 победи, 20 пати ремизираа и загубија на 18 средби. Покрај тоа, репрезентацијата на Англија двапати освои сребрени медали на ...
Младата македонска репрезентација во ракомет за играчи до 20 години има една победа против Црва Гора (31:21) и реми против Хрватска (24:24). На овој меч голманскиот двоец Брестовац/Галевски забележа 11 одбрани. Особено е издвоена одбраната на Брестовац во првите минути при резултат 6:5 за Македонија. Ако продолжат вака младите, сигурно дека ќе имаме на голот „нов министер за одбрана“ како што го нарекуваа на времето Борко Ристовски. Следниот меч ...
Фудбалерите на Аргентина ја освоија Копа Америка со победата од 1:0 над Колумбија, а финалниот меч во Мајами го одбележа и повредата на Лионел Меси, кој тешко го повреди зглобот. Најзначајниот момент во регуларниот тек на играта се случи во 66. минута кога Лионел Меси при удар се повреди и мораше да го напушти мечот, а неговите солзи кога седна на клупата брзо го обиколија светот. Lionel Messi in tears after being subbed out due to injury 💔 ...
Легендарниот бразилски фудбалер и поранешен селектор Карлос Дунга (60) доживеа страшна сообраќајна несреќа, по што итно е хоспитализиран. Возилото на 60-годишникот се превртело додека се движел по автопатот од Сао Паоло кон Кампина Гранде до Сул во саботата попладне, а во моментот на несреќата на совозачкото седиште била неговата сопруга Еванир Вери. 🚨ATENÇÃO! Simplesmente o DUNGA e sua esposa nasceram novamente. Faça o bem! Em tempo e fora de ...
Браќата Дамјан и Војдан Стојановски ги продолжија договорите со МЗТ Скопје. За капитенот Дамјан ова ќе биде 12. сезона во сино-белиот дрес во која ќе ја брка јубилејната десетта титула, сите освоени со нашиот МЗТ. Пред Војдан, пак, е четврта сезона како член на тимот од Аеродром, откако првпат се приклучи на почетокот од 2022 година. Обновата на соработката со браќата Стојановски е само продолжување на клупска политика за формирање тим ...
Македонската ракометна репрезентација попладнево одигра нерешено 24:24 со Хрватска во вториот натпревар на Европското првенство У20. Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ добро го почнаа натпреварот, водеа со 1-2 гола разлика дваесетина минути, но потоа следуваше пад во играта. Хрватите со серија од 7:1 направија резултатски пресврт и негативатаја претворија во предност од пет голови разлика на полувреме (15:10). Хрватска во второто ...
Финалисима во 2025 година ќе ги спои победниците на Европското првенство и Копа Америка во 2024 година. Играта, која ги собира најдобрите тимови од УЕФА и континенталните турнири на КОНМЕБОЛ, повторно ќе биде вклучена во фудбалскиот календар следната година. Во изданието 2022 Аргентина ја порази Италија со 3-0 на Вембли. Турнирот има само три претходни изданија, кои продолжија во 2022 година, откако беа прекинати во 1993 година. „Спортинг њуз“ ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси се повреди во финалето на Копа Америка против Колумбија. Триесет и седумгодишниот фудбалер падна на земја во 64. минута и не можеше да ги задржи солзите од болка. Пред ова, на крајот од првото полувреме, фудбалерот се судри со колумбискиот дефанзивец Сантијаго Аријас, по што долго време лежеше на тревникот стегајќи го зглобот, но го продолжи натпреварот. Во 66. минута Меси го напушти теренот во придружба на ...
Фудбалерот на Баерн, Томас Милер објави дека се повлекува од германската репрезентација. Тој рече дека ја почувствувал љубовта на навивачите кога го крена трофејот од Светското првенство. – Отсекогаш сум бил многу горд што играм за мојата земја. Заедно славевме, заедно леевме солзи. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи и репрезентативци. Ви благодариме за овие години, рече Мулер на својот канал на „YouTube“. Триесет и четиригодишниот ...
Светски рекордер на 15 години и претставник на Канада на светското првенство за малолетници. Кошаркарската сензација Оливие Риу стои на неверојатни 236 сантиметри над земјата. За споредба: највисокиот во „Куќата на славните“ на НБА – Кинезот Јао Минг, има висина од 229 см. Родителите на Рио: таткото Жан-Франсоа, поранешен одбојкар и мајката Ана Гарипи, веќе имаат искуство во кошарката. Постариот брат на Оливие, Емил, исто така е дел од ...
Репрезентацијата на Аргентина рано утрово ја совлада Колумбија со 1:0 во финалето на Копа Америка 2024 година. Основните 90 минути завршија нерешено, 0:0. Стрелец на единствениот гол беше Лаутаро Мартинез во 112. минута по асистенцијата на Џовани Ло Селсо. Двајцата играчи влегоа на теренот во продолженијата. Турнирот се одржа во САД. Претходно, во мечот за третото место, селекцијата на Уругвај ја победи Канада (2:2, 4:3 пенали). ...
Иако пред почетокот на ЕП, Англичаните се надеваа дека по пауза од 60 години ќе станат европски прваци, со што стана популарна паролата “Доаѓа дома”, сепак Шпанија е европски шампион и тоа по рекорден четврти пат. Во финалето ја совладаа токму Англија ао 2:1. Вилијама во 47-ма донесе водство, Палмер во 73-та израмни на 1:1, а херој на Шпанија е Ојарзабал кој во 86-та погоди за 2:1. Победата, но и пехарот е повеќе од заслужен ако се знае дека ...
Горан Закариќ е нов играч на ФК Вардар. По завршувањето на процедурата, веднаш ќе се приклучи на екипата во Словенија. Има 31 година, игра на позицијата крилен напаѓач, а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Широки Бријег, Зрински, Локомотива Загреб, Универзитатеа Крајова, Борац Бања Лука, Задар, Славен Белупо и Аиоликос. Има освено две шампионски со екипите на Борац БЛ и Зрински, како и 2 ...
Каков тим прави Комо! Италијанскиот тим, на чија клупа седи Цеск Фабрегас, по 21 година се врати во Серија А и веднаш се зафати со изградба на неверојатен тим од ветерани и слободни играчи. Италијанскиот репрезентативец офанзивец и поранешен играч на Милан, Торино, Болоња и Наполи, Симоне Верди веќе беше во тимот, но сега доаѓаат многу поголеми имиња. Поранешниот голман на Ливерпул и Барселона, Пепе Реина, пристигна по уште една сезона во ...
Трабзонспор славеше на пријателскиот меч против Железничар Панчево со 3:1, меч одигран во Унгарија. Еден гол за турскиот тим беше дело на нашиот капитен Енис Барди кој постигна прекрасен гол од слободен удар. Барди уште еднаш покажа дека е мајстор за изведување слободни удари. Anastasios Bakasetas ve Abdülkadir Ömür'ün ayrılışı sonrası yükselen grafiği ile dikkat çeken Enis Bardhi, hazırlık kampında da dikkatleri üstüne çekiyor. Dün ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објасни со какви размислувања доаѓа во финалето на Вимблдон 2024 година. Дваесет и едногодишниот Шпанец е актуелен шампион на турнирот. Негов противник во финалето втора година по ред ќе биде Србинот Новак Ѓоковиќ. – Се трудам да не размислувам за одбрана на титулата. Одам на секој натпревар знаејќи дека постои можност да загубам. Секој натпревар е битка, противникот ќе ја покаже својата најдобра игра за да ве ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалниот меч на ИТФ фјучрсот W75 Рим што се играше за награден фонд од 60.000 долари. Таа во финалето за еден час и 41 минута игра загуби од Русиката Оксана Селехметева со 2:0, по сетови 6:1 и 7:6 (3). За пласманот во финалето нашата тенисерка ќе освои 49 поени, ова воедно беше и настап во финале за Ѓорческа на турнир од највисока категорија во нејзината кариера во поединечна конкуренција. За ...
Новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо е решен да го прекине десетгодишниот пост на турскиот великан и да ја врати титулата во неговите витрини, а за тоа говорат и засилувањата кои пристигнуваат на стадионот „Шукру Сарачоглу“. Откако редовите на Фенбахче ги засилија играчи како Чалгар Сујунџу и Раде Круниќ, францускиот крилен напаѓач Алан Сен Максимин и искусниот турски центарфор Ченк Тосун се споменуваат како две нови имиња кои би можеле да ...
Судот во Мајнц пресуди во корист на Анвар Ел Гази и ја укина одлуката за негово отпуштање во Мајнц, Германија, поради изразување поддршка за Палестина. Холандскиот фудбалер со марокански корени во ноември минатата година доби отказ од Мајнц по што возврати со тужба. Епилогот е Мајнц ќе треба да му плати 1,7 милиони евра на 29-годишниот фудбалер, а договорот меѓу двете страни останува на сила. Договорот на играчот првично требаше да истече на ...
Поранешниот фудбалер на Вардар и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Сенаид Ибричиќ на 38 години одлучи да ја прекине фудбалската пензија и повторно да се врати на теренот. Тој потпиша за словенечкиот нисколигаш ФК Шмартно, основан во 1979 година. -Порано уживав во фудбалот како професионалец, но сега уживам во дружењето низ играта. Фудбалот секогаш ќе ми биде во крвта и не можам да избегам од него, дури и во пензија. Ова е ново ниво на ...
Чешката тенисерка Барбора Крејчикова попладнево во финалето на Вимблдон ја победи Италијанката Јасмин Паолини со 6:2, 2:6 и 6:4. Мечот траеше 1 час и 58 минути. Дваесет и осумгодишната Крејчикова сервираше шест асови, направи четири грешки на вториот сервис и реализира три брејк топки од седум шанси. Исто така 28-годишната Паолини имаше три директни поени од сервис, направи две двојна грешка и реализира две брејк топки од шест. За Крејчикова ...
Искусниот италијански голгетер Чиро Имобиле доцна синоќа пристигна во Истанбул, каде и официјално да стан нов фудбалер на Бешикташ, а на аеродромот го пречекаа членови на раководството на „црно-белите“ и околу илјада навивачи. Потпретседателот на клубот Хусеин Јуџел и членот на Управниот одбор Фејаз Учад го пречекаа 34-годишниот Италијанец кој пристигна од Рим со чартер лет. Benim immobile editim gelmiş pic.twitter.com/7UTjXkAnX1 — FURKAN JK ...
Капитенот на англиската репрезентација и нејзиниот најдобар стрелец во историјата, Хари Кејн утре има можност да го освои првиот трофеј во кариерата, но и да се закити со признание кое е толку ретко во светот на фудбалот. Кејн зад себе има уште една спектакуларна индивидуална сезона. Најдобар стрелец во Европа, најдобар стрелец во Лигата на шампионите и најдобар стрелец во Бундеслигата. Сепак, се уште нема трофеј. Англискиот капитен утре ...