Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Данска е противникот на македонскиот фудбалски тим во првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство 2026. Секоја репрезентација има за цел да избори пласман на Мундијалот, а во европската зона се 12 селекции, кои ќе се борат за четирите преостанати места. Селекторот Данска, Брајан Ример во пресрет на вечерашниот дуел истакна: – Да успееме да се квалификуваме тоа би било голема работа за нас. Ние (Данска) сме мала земја. Имаме ...
Селекторот Гоце Седлоски и капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди ја одржаа прес-конференција пред претстојниот натпревар против Данска, порачувајќи дека Македонија влегува во сериозен предизвик, но и со јасна верба во сопствените квалитети и тимскиот дух. Гоце Седлоски — селектор на Македонија: „Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. ...
Предводена од новиот селектор Гоце Седлоски, македонската фудбалска репрезентација вечер во Копенхаген ќе се соочи со Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. -Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина. Во тимот гледам енергија, концентрација и ...
Македонската репрезентација втор ден на тренинг центарот „Петар Милошевски“ се подготвува за првиот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Нашиот репрезентативец, Александар Трајковски потенцира дека тимот мора максимално сериозно да пристапи на дуелот. Напаѓачот, кој пред четири години во Палермо го постигна историскиот гол против Италија за пласман во финалето за СП 2022, верува дека новата енергија во тимот може ...
Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за претстојниот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, националниот тим одработи тренинг во тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во отсуство на неколкумина фудбалери кои се очекува да му се приклучат на тимот во текот на вечерта, своите први импресии ги сподели еден од новајлиите, Себастијан Херера од Борац ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, по истекот на договорот со досегашниот снабдувач ЈАКО, на крајот на 2025 година, македонската репрезентација ќе настапува со АДИДАС опрема на претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство 2026. Станува збор за опрема која е наменета исклучиво за користење на овие натпревари. Во мај, официјално ќе биде промовирана комплет опремата на македонската репрезентација од КАС ...
Најголемиот спектакл треба да го донесе дуелот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен. Шпанскиот гигант вчера го елиминираше Манчестер Сити, додека Баерн вечерва беше подобар од Аталанта. Ништо помалку интересно нема да биде ниту во дуелот меѓу ПСЖ и Ливерпул. Актуелниот европски шампион го елиминираше Челси, додека Ливерпул во двомеч го „сврте“ резултатот против Галатасарај. Шпанска пресметка ќе имаат Барселона и Атлетико Мадрид. Каталонците беа ...
Барсњлона ја покажа својата моќ со спектакуларна победа од 7:2 против Њукасл на реваншот, по оние 1:1 на првиот меч. Натпреварот беше вистински гол-фестивал со брилијантна офанзивна игра. Нападот на Барселона доминираше особено во вториот дел, откако во првото полувреме Њукасл се држаше и заврши со предност на домаќините од 3:2. Навивачите уживаа во една од најубедливите победи во сезоната. Барсњлона ја покажа својата моќ со спектакуларна ...
Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, искажа пофални зборови за неговиот колега од Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. Реал синоќа го победи Сити на гостински терен со 2:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. – Дадовме сè од себе во овој натпревар. Имаме неверојатен тим, неверојатна група играчи. Сепак, нивниот голман Тибо Куртоа бранеше фантастично, тој беше во најдобра форма и во првиот натпревар. Ми се допаѓа Алваро ...
Сенегалската фудбалска федерација има намера да се жали до Арбитражниот суд за спорт (CAS) на одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) за доделување на Африканскиот куп на нации во 2025 година на Мароко. – Сенегалската фудбалска федерација ја осудува оваа неправедна, без преседан и неприфатлива одлука, која носи срам за африканскиот фудбал. За да ги заштити своите права и интересите на сенегалскиот фудбал, федерацијата ќе ...
Реал Мадрид славеше и на гостувањето кај Манчестер Сити на ренашот со 2:1, па со вкупни 5:1 обезбеди пласман во четвртфиналето. Клучен момент е оној во првиот дел кога Силва играше со рака на гол линијата, доби директен црвен картон, а Винисиус од пенал погоди за 0:1. Халанд потоа израмни на 1:1, а во вториот дел, поточно во самиот финиш Винисиус погоди за 2:1. Спортинг Лисабон направи чудо и ја заврши бајката на Бодо/Глимт славејќи на ...
Вечерва се враќаат возбудувањата во осминафиналето во ЛШ. Домаќините на првите мечеви обезбедија убедливи победи, па се очекува на реваншите само да го потврдат пласманот во четвртфиналето. Дербито на вечерта се игра во Манчестер, каде Сити го пречекува Реал Мадрид. Првиот меч заврши со победа на „Кралевите“ од 3:0, па тешко може да се очекува англискиот тим да ја надокнади таа негатиава. Реал се соочува со неколку повредени, како и на првиот ...
Поранешните клубови на трагично загинатиот Андреј Лазаров во несреќата во дискотеката во Кочани, Работнички и Тиквеш ќе одиграат натпревар во негова чест. Двата клуба потврдија дека ќе одиграат пријателски дуел, кој е закажан за 29.март во Кавадарци, со почеток во 13 часот. Натпреварот ќе има симболично значење и ќе биде посветен на споменот на Лазаров, кој остави белег во македонскиот фудбал. Во моментот на трагедијата Лазаров беше фудбалер ...
Шпанската фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Србија на 27 март, објави прес-службата на тамошната федерација. Првично беше закажано тимот да се соочи во Катар со победникот на Копа Америка и освојувачот на Светското првенство, Аргентина, во мечот познат како Финалисима. Сепак, натпреварот беше откажан поради неможноста да се гарантира безбедноста на учесниците поради конфликтот на Блискиот Исток. Сите обиди ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, неодамна реизбран за трет мандат до 2031 година, зборуваше за можното враќање на напаѓачот Лионел Меси во клубот. – Меси секогаш ќе биде поврзан со Барселона, во која било форма што ќе ја избере. Нашите врати му се отворени доколку одлучи да продолжи да помага во зајакнувањето и подобрувањето на величината на нашиот тим, изјави Лапорта за шпанската „ТВ3“. Меси играше за Барселона од 2000 до 2021 ...
Фудбалерот на Сантос, Нејмар, е разочаран поради неговото изоставување од репрезентацијата на Бразил за пријателските натпревари против Франција и Хрватска. -Разочаран сум и тажен што не добив повик за настап во националниот тим. Но мојот фокус останува на репрезентацијата. Ќе ја постигнам мојата цел. Сонот продолжува, изјави Нејмар за „OneFootball“. Анчелоти не го повика 34-годишниот за претстојните натпревари за репрезентацијата. Најдобриот ...
Ракометарите на Вардар вечерва остварија победа во последниот натпревар од групата совладувајќи го бундеслигашот Мелсунген со 34:25 и со тоа го освоија првото место во групата и директен пласман во четвртфиналето од Лига Европа. Пласманот во четвртфиналето значи дека „црвено-црните“ ќе бидат слободни во следната фаза. Избраниците на Иван Чупиќ од почетокот покажаа дека се подготвени за триумф и поведоа со 6:1. Но, домаќинот успеа да изедначи ...
Иранската фудбалска федерација побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да ги премести натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година од САД во Мексико. – Бидејќи Трамп јасно стави до знаење дека не може да ја гарантира безбедноста на иранската репрезентација, дефинитивно нема да патуваме во САД. Во преговори сме со ФИФА за домаќинство на натпреварите од Светското првенство во Мексико, изјави претседателот на ...
Екипата на Манчестер Сити се наоѓа пред невозможна мисија во Лигата на шампионите да го надополни недостатокот од првиот дуел со Реал Мадрид (0:3). Дополнителен проблем за менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола е нерешениот дуел од Премиер лигата со Вест Хем. Гвардиола реши да го откаже тренингот предвиден за вечерва и на тој начин да им даде одмор на играчите. На тој начин сака да даде шанса да бидат со семејствата и пријателите и на тој ...
Жоан Лапорта повторно победи на изборите за претседател на ФК Барселона, објави прес-службата на каталонскиот тим. Гласањето се одржа на 15 март. Конечните резултати беа објавени синоќа. Лапорта доби 68,18 проценти од гласовите (32.934), лесно победувајќи го својот единствен ривал, Виктор Фонт, кој доби 29,78 проценти (14.385). Шеесет и тригодишниот Лапорта е претседател на ФК Барселона од 2021 година. Претходно го водеше клубот од 2003 до ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, го коментираше поразот од 1:0 од Лацио на синоќешното гостување во натпреварот од 29-тото коло од италијанското првенство. – Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, бидејќи домаќините имаа голема поддршка од навивачите. Тие одиграа многу силно прво полувреме. Требаше да бидеме малку поорганизирани и да правиме помалку грешки. Трчаа многу, а потоа забавија по паузата. Имавме многу поголем интензитет во ...
Ракометарите на Вардар утревечер ја пречекуваат Бенфика во натпревар од Главната фаза во ракометната Лига Европа. „Црвено-црните“ посакуваат со победа да му се реваншираат на португалскиот тим за поразот (35:40) во Лисабон пред две недели. Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ верува дека неговиот тим може да ги освои двата бода и со тоа да ја исполни првичната цел – пласман во осминафиналето. – Бенфика е многу тежок противник и затоа ги повикувам ...
Барселона и главниот тренер Ханс-Дитер Флик се согласија за продолжување на договорот, објави Diario Sport. Новиот договор на 61-годишниот Германец ќе трае до 2028 година. Се забележува дека преговорите предводени од спортскиот директор на клубот, Деко, започнале кон крајот на минатата година, но клучен услов за договорот на Флик бил реизборот на Жоан Лапорта за претседател на Барселона. Лапорта победи на изборите вчера, добивајќи 68% од ...
Македонската скијачка Јана Атанасовска остана без пласман во денешниот слалом на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Атанасовска не успеа да стигне ниту до првата мерна станица. Претходно единствената Македонка во алпските дисциплини на Олимпијадата 2026 не ја заврши ниту првата трка во велеслалом. По првото возење води Американката Микаела Шифрин со време 47,13 секунди, пред Лена Дир од Германија која патеката ја помина за 47,95 ...
Фудбалската федерација на Иран му одговори на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговата изјава дека друга држава треба да биде на местото на Иран на Светското првенство од безбедносни причини. „Светското првенство е историски меѓународен настан во организација на ФИФА, а не на некој поединец или држава. Иранската репрезентација меѓу првите благодарение на силата и серијата победи на храбрите синови на Иран, се квалификуваше ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското првенство 2026. – Треба да излеземе на теренот и да одиграме храбро против еден доста сериозен противник. Данска е фаворит на хартија, но теренот ќе покаже како ќе биде на крајот. Ние нема од што да се плашиме. Психолошкиот притисок да се добие натпреварот е поголем кај Данците. Респект за ...
Актуелниот првак на Македонија тетовска Шкендија го совлада лидерот на табелата на шампионатот Вардар со 1:0. Ова беше прв пораз на „вардарци“ во шампионатот, а тетовчани со новите бодови ја намалија разликата на табелата. Шкендија единствениот гол го постигна во 66.минута, а стрелец беше Лиридон Љатифи, на асистенција на Бесарт Ибраими. До крајот на натпреварот Вардар имаше неколку удари, но гостинската мрежа не се затресе. На натпреварот ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажаа дека немаат конкурент во македонската кошарка. Тие во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово го совладаа истоимениот домашен тим со 96:70. Аеродромци ја освоија својата 14-та куп-титула и четврта по ред, додека Куманово остана без трофеј и по своето второ финале. Најдобар играч на натпреварот беше Меквин Смит со 23 поени. Воедно тој го доби признанието МВП. Во ...
Македонскиот претставник во ракометната Лига Европа, тимот на Вардар го очекува натпревар со Мелсунген во четвртата рудна од Главната фаза. „Црвено-црните“ дуелот со германскиот претставник го дочекуваат со зголемена самодоверба по победата над Алкалоид во саботата во дербито на колото на македонскиот шампионат. Тренерот Иван Чупиќ верува дека со две победи на домашен терен ќе се обезбеди осминафинале. – По поразот од Бенфика, знаевме дека ...
Привремениот тренер Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, собра 23 бодови од девет натпревари во Премиер лигата. Под водство на Карик, „Црвените ѓаволи“ имаат седум победи и два нерешени резултата. Ова е најдобриот резултат од девет натпревари во историјата на натпреварувањето. Претходно таков биланс имаше Анџе Постекоглу, кој го предводеше Тотенхем. Манчестер јунајтед е четврти на табелата во англиската Премиер лига со 51 поен по 28 натпревари. ...