Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Синот на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, 17-годишниот Винсент Ибрахимовиќ, потпиша професионален договор со Милан, објави италијанскиот клуб. „Винсент Златан Сегер Ибрахимовиќ го потпиша својот прв професионален договор со Милан. Играчот од средниот ред, роден во 2008 година, ќе биде вклучен во проектот „Милан Футуро“, иницијатива посветена на раст и развој на млади таленти“, се наведува во клупското соопштение. Златан Ибрахимовиќ ...
Шкендија му го донесе најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал, откако вечерва обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на конференции, и покрај поразот на гостински терен од кипарски АЕК од1-0 (0-0) во завршното шесто коло од групната фаза. Актуелниот македонски шампион ја заврши групната фаза на 22. место на табелата, со седум бодови, што на крајот беше доволно да обезбеди продолжување напролет на својот настап во третото по ранг ...
Мохамед бин Салман, еден од водечките луѓе на познатата PIF фондација, повторно се заинтересира да влезе во уште едно фудбалско поглавје, овој пат нешто посериозно. Бин Салман веќе е сопственик на Њукасл заедно со своите соработници, но одамна е јасно дека тука не сака да застане. View this post on Instagram A post shared by Middle East Monitor (@middleeastmonitor) Шпанските медиуми ексклузивно дознаваат дека тој сака да ја купи Барселона за ...
Наполи се пласираше во финалето на Суперкупот на Италија откако вечерва во Ријад го совлада Милан со 2-0 во првото полуфинале. Наполи поведе во 39. минута со голот на Давид Нерес, а печат на победата стави Расмус Хојлунд во 63 минута. Во стартниот состав на Наполи беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој одигра 77 минути. Противник на Наполи во финалето на 22 декември ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Болоња и Интер. ...
Вечерва почнува трката за пехарот во Суперкупот на Италија. Како што е познато, според новиот формат кој е од пред неколку години, учествуваат четири екипи, а мечевите се играат по принцип полуфинале и финале. Првото полуфинале се игра вечерва помеѓу Наполи и Милан, а мечот започнува од 20:00 часот по централноевропско време. Во истиот термин утре вечер се игра вториот полуфинален меч каде се среќаваат Болоња и Интер. Финалето е закажано за в ...
Британскиот премиер Кир Стармер го предупреди денеска поранешниот сопственик на премиерлигашот Челзи, Роман Абрамович, дека „времето истекува“ да донира 2,5 милијарди фунти од продажбата на лондонскиот клуб во хуманитарна помош за Украина. Стармер посочи додаде дека британската Влада е подготвена да поведе судска постапка доколку тоа не се случи, јави денеска Скај Спорт. Зборувајќи пред пратениците во Долниот дом, британскиот премиер рече дека ...
Германскиот репрезентативец Карим Адејеми наскоро би можел да ја напушти Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми, додека преговорите за продолжување на договорот сè уште траат. На Адејеми му преостануваат уште две години од важечкиот договор со клубот од Дортмунд, а управата наводно му понудила продолжување на соработката со откупна клаузула од околу 80 милиони евра. Сепак, според информациите што доаѓаат од Германија, сè поголемо ...
ПСЖ го освои Интерконтиненталниот куп, откако го совлада преставникот на Јужна Америка, тимот на Фламенго. По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1. Во пенал серијата европскиот шампион беше поуспешен со 2:1, благодарение на голманот Сафонов кој одбрани четири удари од 11 метри. Сафонов одбрани четири последователни пенали и беше прогласен за играч на натпреварот. Рускиот голман го освои својот шести трофеј со ...
Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски навести дека Гоце Седлоски наскоро може да биде нов селектор на македонската фудбалска репрезентација. – Гоце Седлоски е и ќе остане тренер на Вардар следниот период. Тој има договор со Вардар и ќе го води во евро-куповите. Но, Вардар нема проблем Седлоски да биде и селектор на репрезентацијата, но тоа е работа на ФФМ дали ќе го назначи. Има такви примери кои се и тренери и селектори, изјави ...
Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига. Целта на конкурсот е да се изработи современо, препознатливо и автентично уметничко решение кое ќе ја симболизира традицијата, енергијата и победничкиот дух на македонскиот фудбал. Право на учество: Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) – му одреди казна на ФК Партизан за трансфери во следните три преодни рока. Казната ќе биде автоматски „симната“ доколку Управата на клубот направи исплата на долгот, како во претходните случаи за екипите кои се наоѓаат на списокот на суспендирани од страна на ФИФА. Казната за Партизан е поради долгот од 1,3 милиони евра кон поранешниот играч Патрик Андраде. Тој за клубот од Белград во една сезона одигра 26 ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа синоќа Торонто со 123-120 на гостински терен, а победата ја обезбеди Руи Хачимура, постигнувајќи тројка со звукот на сирената што означи крај на натпреварот. Леброн Џејмс асистираше при победничкиот кош со својата 11 асистенција на натпреварот. Џејмс го заврши натпреварот со осум поени со што ја прекина својата серија од 1.297 последователни натпревари со двоцифрен број поени. Последен пат кога ...
Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Борнмут одиграа неверојатен натпревар на „Олд Трафорд“ во 16. коло од Премиер лигата. На крајот, резултатот гласеше 4:4! Уште во 13. минута домаќините поведоа. Амад Дијало го искористи прецизниот пас и со глава ја затресе празната мрежа од непосредна близина за 1:0. Сепак, Борнмут успеа да одговори по нешто помалку од половина час игра – во 40. минута Антоан Семенјо со одличен соло-продор од пенал простор го ...
Новак Ѓоковиќ викендот во салата „Атина Ривиера 91“, се сретна со европскиот шампион до 14 години. Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем турнирите Новак Ѓоковиќ тренираше со Рафаел Пагонис во Атина. – Денес сонував дека сум поканет да играм против Ѓоковиќ. Тој беше многу љубезен и ги сподели своите тајни за враќање на сервисот со мене. Ве молам не ме будете! Ви благодарам за ова неверојатно искуство! Се гледаме наскоро, напиша Пагонис на ...
Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен. – На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, ...
По оставката на досегашниот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, до крајот на полусезоната екипата ќе ја води директорот на клубот, Звонко Шундовски. Пред клучните натпревари од сезоната 2025/2026, Звонко повторно ја презема одговорноста за тимот, како и многупати досега кога било најпотребно, сè до назначувањето на нов тренер. Во образложението на оставката Гараваја вели: -Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не ...
За нов селектор на македонската фудбалска репрезентација ќе биде предложен домашен стратег, а неговото име ќе биде познато најдоцна до 25 декември. Ова доаѓа по денешниот состанок на Комисијата за избор на нов селектор во чиј состав се претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, потпретседателот Марјан Стојковски, директорот на националните селекции Горан Пандев, раководителот на скаутинг служба Николче Новески и членот на Управниот одбор Агим ...
Раководството на Евролигата го казни Кошаркарскиот клуб Партизан со 40.000 евра поради кореографијата што ја подигнаа „Гробарите“ за време на натпреварот против Фенербахче, на која Милош Обилиќ го убива султан Мурат. Стануваше збор за натпревар од 12. коло на Евролигата на 21 ноември, кога кошаркарите на Фенербахче ја совладаа во Белград екипата на Партизан со резултат 99:87. Домашните навивачи го отворија натпреварот со кореографија со која ...
Македонскиот репрезентативец во дресот на шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски постигна гол за својот тим во поразот на својата екипа. Миовски мрежата на домашниот голман на Ференцварош ја затресе во 27.минута на атрактивен начин со „ножички“. Миовски на теренот беше до 67.минута кога беше заменет. Глазгов Ренџерс загуби со 2:1 на гостувањето кај Ференцварош во 6.коло од УЕФА Лига Европа. За македонскиот репрезентативец ова беше втор ...
Ѓоковиќ во отворен разговор со Пирс Морган зборуваше за многу интересни теми, а една од нив беше како славниот тенисер би сакал да биде запаметен по својата смрт. „Би сакал на мојот надгробен споменик да пишува ‘човек кој ги допре човечките срца’. Тоа ми е навистина важно. Сакам да останам запаметен како некој кој секогаш играл фер и секогаш давал сè од себе“, рече Ѓоковиќ и додаде: Ѓоковиќ изјави дека е горд на сите свои достигнувања во ...
Ракометарите на Вардар 1961 во Скопје го совладаа француски Тулуз со 37-35 и како првопласирани во групата Ф се пласираа во главната фаза во Европската лига на ЕХФ. Натпреварот во СРЦ „Јане Сандански“ беше резултатски израмнет до финишот на првиот дел, кога во самата завршница при водство на Вардар од 16-15, Тулуз постигна три голови во серија и замина на полувреме со предност од 18-16. По десет минути игра во второто полувреме, Вардар со серија ...
Фудбалерите на тетовска Шкендија ја постигнаа втората победа во групата од УЕФА Конференциската лига откако го совладаа Слован Братислава со 2:0. Со овој триумф Шкендија со седум бодови се искачи на табелата, но за пласманот по 5.коло ќе се знае по одигрувањето на дуелите кои почнуваат во 21 часот. Шкендија до водство дојде откако Кенан Бајриќ во 33.минута постигна автогол, а конечните 2:0 беа поставени во 45+1 минута. Стрелец на голот беше ...
Македонскиот фудбалски тим, со долгогодишна традиција, Тетекс бара фудбалер преку оглас. Имено, во огласот објавен од Агенцијата за вработување, пишува дека фудбалскиот клуб има потреба од работно место фудбалер, една позиција, за почетна плата од 24.400 денари. Работното време на фудбалерот би било од 09 до 16 часот. Договорот би бил на неопределено време. Зошто е ова интересно? Затоа што не е вообичаено да биде објавен оглас за ангажирање на ...
Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и ...
Репрезентацијата на Литванија на 10 секунди до крајот губеше 87:80 од Велика Британија, а до крајот постигна девет поени и со пресврт стигна до победа. Ова беше прв натпревар од квалификациите за Светското првенство. Игнас Саргијунас ја „започна“ серијата поени и со тројка намали на 87:83. Акваси Јебоа беше фаулиран и погоди едно слободно за 88:83. Веднаш потоа Саргијунас погодува уште една тројка за 88:86 на 3,5 секунди до крајот. По лошо ...
Нашиот Филип Поповски доби уште едно големо признание од УЕФА со ангажманот како делегат на синоќешното мега-дерби од групната фаза во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на „Сантјаго Бернабе“. Престижниот ангажман претставува силна потврда за угледот на македонските фудбалски професионалци и на Фудбалската федерација на Македонија во европските фудбалски структури. Поповски останува еден од највисоко котираните македонски ...
Тренерот на Ливерпул очигледно задоволен од победата против Интер од 0:1 во дербито на колото во ЛШ. Сепак на прес конференцијата после мечот имаше интересен коментар за пеналот кој беше досуден во 88-та минтуа. Тој вели дека голот што им го поништиле поради играње со рака претходно, бил порегуларен од пеналот што го добиле. Како што вели Арне Слот, доколку ова против Интер беше пенал, тогаш би требало да добијат десет такви во оваа сеозона. ...
Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе, е неизвесен за натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, бидејќи поради повреда го пропушти тренингот пред дуелот со англискиот тим. Мбапе има проблеми со мускулот на левата нога, а шпанските медиуми наведуваат дека стручниот штаб на Реал денес попладне ќе донесе конечна одлука дали францускиот фудбалер ќе игра на следниот натпревар од Лигата на шампионите. „Мбапе е под знак ...
Младата македонска фудбалерка Меланија Грозданова која настапува за ЖФК Љуботен во иднина може да ја продолжи фудбалската кариера во италијанскиот фудбалски гигант Јувентус. Интересот за 16-годишна фудбалерка се смета дека е поради нејзиното стандардно место во првиот тим на репрезентацијата, пласманот во А-дивизија со У-19 како и значајната ефикасност со осум голови досега за ЖФК Љуботен и 12 погодоци претходната сезона за ЖФК Истатов. – ...
Судот во Истанбул нареди апсење на 20 осомничени, меѓу кои и неколку професионални фудбалери, како дел од проширената истрага за местење натпревари и обложување во турскиот фудбал. Меѓу уапсените фудбалери се Мерт Хакан Јандаш од Фенербахче, Метехан Балтачи од Галатасарај и сенегалскиот интернационалец во редовите на Коњаспор, Аласане Ндао. Јандаш (31) има еден настап за турската репрезентација, Балтачи (23) беше стандарден во турската селекција ...