Скопје
                                    10ᴼ /
                                    10ᴼ
                                
                                Кристијано Роналдо дос Сантос, 15-годишен крилен играч на Ал Наср од Саудиска Арабија, е повикан во репрезентацијата на Португалија до 16 години, објави фудбалската федерација на земјата. Ова е деби повик на младиот напаѓач во репрезентацијата во оваа возрасна група. Синот на петкратниот освојувач на „Златната топка“ ќе игра на турнирот Фед куп во Анталија, каде што Португалија ќе се соочи со екипи од истата возрасна група како домаќинот ...
Македонскиот ракометен вицешампион Вардар со победа од 34:29 против Сесвете од Хрватска го стартуваше настапот во еврокуповите (Лига Европа). „Црвено-црните“ имаа водство во текот на целиот натпревар, а хрватскиот тим само еднаш имаше нерешен резултат 21:21. Ракометарите на Вардар поведоа со 3:0, а на полувреме предноста беше 19:15. На стартот од вториот дел „црвено-црните“ постигнаа уште два гола за 21:15, но потоа гостите направија серија од ...
Страшна трагедија го погоди Сенегал откако младиот голман Чеих Туре беше убиен, затоа што неговите родители не успеале да соберат доволно пари за да ја платат откупнината на киднаперите. Сенегалската заедница е во жалост откако во саботата беше потврдена смртта на 18-годишниот голман Чеих Туре. Начинот на кој беше измамен е навистина тажен. Младиот Туре го живееше својот сон – да стане професионален голман, и на тој пат беше убиен. Киднаперите ...
Рафаел Леао се опорави од повредата и му донесе победа на Милан над Фиорентина, а по победничкиот гол што го постигна, беше автор на интересна сцена. Најскапиот фудбалер на Милан, Рафаел Леао, го пропушти почетокот на сезоната, а потоа постепено почна да влегува од клупата. Вистинскиот сјај на неговиот талент го видовме дури синоќа, кога блесна играјќи од првата минута и донесе пресврт за „Росонерите“. 😂😂😂 Gabbia X Leão ...
Македонската фудбалска репрезентација падна за две позиции и на денеска објавената ранг-листа на ФИФА се наоѓа на 65 место. Македонските фудбалери по двата нерешени натпревари во октомврискиот циклус во мундијалските квалификации, против Белгија (0-0) и Казахстан (1-1) се наоѓаат на 65 место со 1390.06 поени, што е за 2.1 поени повеќе во однос на претходното рангирање во септември. Шпанија го задржа и дополнително го зацврсти првото место на ...
„Уживајте во денот“, порача македонскиот атлетичар Дарио Ивановски од победничкиот пиедестал на кој се искачи откако денеска победи на 21 издание на Виз ер скопски маратон. Ивановски го повтори успехот на Скопскиот маратон од 2021 година, а до својата втората победа низ улиците на Скопје дојде со фуриозен финиш во завршните два километри во кои го презеде водството од Кениецот Џулиус Кипкоеч, минувајќи прв низ целта со предност од 30 секунди. ...
Според најновиот извештај на магазинот „Форбс“, португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо и понатаму е најплатениот фудбалер на планетата. Напаѓачот на Ал Наср во 2025 година заработил неверојатни 239 милиони евра, со што убедливо го задржа првото место на листата. На втората позиција се наоѓа Лионел Меси, кој во Интер Мајами инкасирал 111 милиони евра, додека третото место му припадна на Карим Бензема, уште еден играч кој игра во ...
Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, последниве денови ги проживува најтешките моменти од својот живот. По смртта на неговиот татко, Роже Менаме Лукаку, белгискиот фудбалер јавно изнесе потресни обвинувања, тврдејќи дека нему и на неговиот брат Џордан не им било дозволено да го погребаат својот татко во Европа, а сега е откриена и позадината на настанот. „Нашиот татко почина на 28 септември и како браќа се обидовме со сите сили да го вратиме ...
Македонскиот ракометен вицешампион Вардар вечерва ги почнува натпреварите од ЕХФ лига Европа. „Црвено-црните“ првиот натпревар од групата Ф ќе го играат на домашен терен против хрватскиот тим Сесвете. – Не очекува стартот на Европската лига. Имаме натпревар на домашен терен со „непозната“ екипа. На хартија сме фаворити на овој натпревар. Добро се подготвивме за Сесвете. Сакам да ги повикам сите љубители на ракометот да не поддржат, бидејќи ...
Репрезентацијата на Италија забележа две победи во минатиот квалификациски циклус, но ѝ е потребно чудо за директно да се пласира на Светското првенство. Имено, Италија ќе мора со вистинска офанзива да ја победи првопласираната Норвешка, која ги совлада во првиот натпревар, па така се очекува Италијанците да завршат во бараж. Нема сомнение дека ќе биде вистински дебакл ако Италијанците повторно не се пласираат на Светското првенство, но ...
На Меѓународниот карате турнир „Вогошча опен“ во Сараево, Босна и Херцеговина, Кеикс освои 7 медали – 3 златни, 1 сребрен и 3 борнзени со 11 натпреварувачи. Медалите ги освоија:. 1.Векас Куртановиќ – сениори -75 кг, златен медал 2.Дарин Куртановиѓ – јуниори -68 кг, златен медал 3.Мерван Мемеди – кадети -57 кг, златен медал 4.Еда Карисиќ- У-12, сребрен медал 5.Дарис Растодер – кадети -53 кг, бронзен медал 6.Адна Фејзиќ – У-14, бронзен медал ...
Манчестер јунајтед е заинтересиран да го потпише напаѓачот на Ал-Кадисија, Матео Ретеги. Според „Фичајес“, трансферот на 26-годишниот Италијанец би можел да се случи во летото 2026 година. Англискиот клуб е подготвен да потроши до 60 милиони евра за фудбалерот. Ретеги се приклучи на Ал-Кадисија во јули 2025 година од Аталанта. Тој постигна три гола на пет натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2025/26. Неговиот договор е до 30 јуни 2028 ...
Англија синоќа на гостински терен ја победи Летонија со 5:0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година. Хари Кејн постигна два гола, додека Ентони Гордон и Еберечи Езе постигнаа по еден гол, а домашниот фудбалер Максим Тонишевс додаде еден автогол. По победата во Рига, Англија обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година. Англичаните се лидери во групата К со 18 бода, додека Албанија, на второто место со 11 ...
ФИФА прими 4,5 милиони барања за билети за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Исто така, се наведува дека апликации се поднесени од 216 земји и територии во текот на десетдневниот период за аплицирање, кој сега заврши. Следните земји добија најмногу апликации – Германија, Англија, Бразил, Аргентина, Колумбија, Шпанија и Италија. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го нарече високиот интерес „силен ...
Фудбалерите на Барселона ќе носат специјални дресови со логото од новиот албум на британската поп ѕвезда Ед Ширан на претстојното големо дерби против Реал Мадрид, соопшти денеска каталонскиот клуб. Ознаката од осмиот студиски албум на Ширан, насловен „Play“, ќе се појави на предната страна од дресовите што фудбалерите на Барселона ќе ги носат на 26 октомври, во големото дерби против Реал Мадрид. Barcelona will wear Ed Sheeran's 'Play' logo for ...
Големиот ракометен спектакл „Легендите на сцена“ кој на 29 октомври ќе се одржи во Скопје, а е дел од прославата на 20-годишнината на Спортско радио 90,3 ФМ, ќе биде несекојдневна можност на едно место да се видат големите македонските и интернационални ракометни ѕвезди. Денес поканата за настап ја прифатија големите ѕвезди на хрватскиот и европски ракомет, Златко Хорват и Мануел Штрлек. Претходно своето учество го потврдија: Иван Чупиќ, Ренато ...
Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, понудил 400 милиони евра отштета за Ламине Јамал (18), но Барселона одбила да ја продаде младата суперѕвезда, пишува шпанскиот портал Fichajes. Барселона на тој начин ја доби – и одби – највисоката понуда во историјата на фудбалот, затоа што, како што наведуваат, Јамал е проектиран да биде симбол на клубот во следните најмалку десет години. Јамал пролетва потпиша договор до 2031 година, со фиксна годишна ...
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во машка и Ирине Џеруто од Кенија во женска конкуренција победија на годинешното, 21. по ред, издание на Виз Ер скопски маратон. Ивановски ја мина делницата во должина од 42 километри со време од 2:14:50 часа, триумфирајќи со извонреден финиш во кој во завршните два километри го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време водеше во трката, а на крајот заврши второпласиран, заостанувајќи 30 ...
Барселона е една од најдобрите три екипи во светот, но ние ќе настапиме фокусирани на сите детали од ракометната игра, изјави Рубен Гарабаја, тренер на РК Еурофарм Пелистер. Шпанскиот стратег Гарабаја на својот сонародник Карлос Ортега кој долг период е тренер на Барса ќе се спротивстави со игра и голема поддршка на битолските „чкембари“. – Секој натпревар против нив е посебен, затоа што имаат мнигу ѕвезди и многу добри ракометари. Мора да ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ги искажа своите впечатоци по нерешените 1:1 против Казахстан во меч од квалификациите за Светското првенство 2026. – Да можам, би ја сменил почетната постава и дел од играчите. Не бевме изненадени од Казахстан, но имавме малку материјал за анализа. Планот беше да се наметнеме со одредена тактика, но не функционираше, па направивме замени уште на полувремето. Второто ...
Белгија славеше на гостувањето кај Велс со 4:2 и по ремито на Македонија против Казахстан (1:1) изби на лидерската позиција во групата Ј во квалификациите за пласман на СП. Но, еден детаљ од мечот стана хит на социјалните мрежи. Имено, огромен стаорец го прекина натпреварот, а голманот на Белгија, Тибо Куртоа е снимен како го брка стаорецот. Веројатно ваква ситуација ја очекува и Македонија во ноември кога гостуваме на Велс, бидејќи не е прв пат ...
Ракометарите на Вардар утре го имаат првиот дуел од Лига Европа, а во Скопје гостува Сесвете од Хрватска. Ова е нов предизвик за „црвено-црните“ кои имаат одличен старт во домашната лига и седум победи во исто толку натпревари. – Вардар секогаш има победнички аспирации, без разлика каде игра. Наша желба е да стигнеме што е можно подалеку во ова натпреварување. Групата е тешка, иако имињата на ривалите не се атрактивни. Но, тоа не значи дека ...
ФФМ со важна информација за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан -Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот. Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме. -Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила). -Лица од eticket.ffm.com.mk ...
Македонија одигра 1:1 против Казахстан во натпревар во кој се очекуваше цел плен и три бода. Белгија е сега прва со оглед на победата на гостувањето кај Велс, па на нас ни останува битката во Кардив во ноември за второто место во директна пресметка со Велс. Вечерва можеме да жалиме за победата, бидејќи во финишот на првиот дел две добри шанси на Милан Ристевски и Велковски со глава, но гостинскиот голман излезе како победник. По самп неколку ...
Ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва во Скопје над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 31-28 во големото македонско дерби во рамки на петтото коло во ракометната Супер лига. Вардар 1961 имаше предност на полувремето од 16-14, а со серија од 4-1 во продолжението поведе со 25-22 во 45 минута, не реализирајќи потоа пенал и две идеални шанси за зголемување на водството. Сепак, Вардар ја зачува предноста до крајот на натпреварот и дојде ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, зборуваше за неговиот однос со поранешниот напаѓач на „Кралевите“, Кристијано Роналдо. -Тој отсекогаш ми бил пример, пример за мене. Имам среќа затоа што разговараме, тој ми дава совети и ми помага. Роналдо е број еден, репер за Реал Мадрид. Луѓето сè уште сонуваат за Кристијано и зборуваат за него, рече Мбапе во интервју за „Мовистар“. Оваа сезона, Мбапе одигра 13 натпревари за Реал Мадрид во сите ...
Авионот што го превезуваше националниот тим на Нигерија беше принуден да слета итно поради пукнатина на шофершајбната. Инцидентот се случи на повратниот лет на Нигеријците од Јужна Африка, каде што го добија својот претпоследен квалификациски натпревар за Светското првенство со 2-1 против Лесото. Авионот направи рутинско слетување во главниот град на Ангола, Луанда, за да се наполни со гориво пред да го продолжи своето патување кон Нигерија. Но, ...
Репрезентацијата на Македонија утревечер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува составот на Казахстан, во меч кој може да биде клучен за продолжување на позитивниот резултатски серијал. Еден од хероите од ремито со Белгија, голманот Столе Димитриевски, очекува голема поддршка од трибините и уверува дека тимот размислува само за победа. „Нашата цел е јасна – да излеземе на терен и да победиме. Очекувам голема поддршка од ...
По неколкудневни тренинзи со екипата, Вардар го ангажираше 30-годишниот Жуниор Тузолана кој игра на позицијата лево крило. Тој доаѓа како замена за Махамаду Кеита кој во следните месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото. Ангажманот на Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Тој доаѓа од екипата на Сесон во Франција, каде играл последните четири сеозни. ...
Репрезентацијата на Македонија го остави зад себе големото реми со Белгија и веќе гледа кон новиот предизвик. Утревечер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува селекцијата на Казахстан, а целта е јасна – победа и нови три бода во квалификациите. Селекторот Благоја Милевски е оптимист и верува дека неговите избраници се подготвени за уште една силна пресметка. „Ќе биде многу тешко. Казахстан на првиот меч во Астана покажа дека има ...