
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Минхенскиот Баерн со мистериозна објава го заинтригира навивачите, најавувајќи големо засилување. Баерн утрово објави фотографија на официјалните канали, на која се гледа маж со шешир на глава и колумбиско знаме на грбот, додека описот на фотографијата е песочен часовник. Засилувањето е Луис Дијаc, кој пристигна на лекарски прегледи и се комплетира трансфер вреден 75 милиони евра. Се разбира, не им требаше многу на навивачите за да сфатат за ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ се сели во Санкт Петербург. МВП за 2024 година и шампионот на ВТБ лигата во 2023 година повторно ќе игра во Русија со УНИКС. Македонскиот бек (27 години, 190 см) ја помина изминатата сезона во Милано, одлучувајќи да се испроба во Евролигата. Еторе Месина постепено го намалуваше времето на играње на кошаркарот, на крајот отстранувајќи го од главната ротација. За 16,9 минути во просек во ...
Саудиски Ал-Наср официјално го објави попладнево трансферот на 25-годишниот португалски репрезентативец Жоао Феликс од редовите на лондонски Челзи. „Тука сум да донесам радост. Ајде да победуваме заедно“, ја пренесе прес-службата на Ал Наср изјавата на Феликс на социјалната мрежа Икс. Претходно, медиумите објавија дека почетната трансферна цена ќе изнесува 30 милиони евра, а со дополнителните бонуси износот би можел да се искачи на 50 милиони ...
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, наводно ја напуштил претсезонската турнеја на клубот низ Азија поради лични причини. Бразилскиот репрезентативец не присуствувал на отворениот тренинг што се одржал на JFA Dream Field во Токио. Подоцна беше откриено дека Алисон добил дозвола од клубот веднаш да го напушти Јапонија. Ова значи дека бразилскиот репрезентативец нема да настапи на последниот натпревар против Јокохама Ф. Маринос на стадионот Нисан, ...
Барселона и Најк повторно одлучија да му оддадат почит на Коби Брајант со тоа што го заменија познатиот логотип „Swoosh“ на северноамериканската мултинационална компанија со логото „Kobe Sheath“. Ова е дел од соработката помеѓу НБА легендата и ФК Барселона, родена од заедничката спортска култура. 🟡🟣 El FC Barcelona anuncia su segunda camiseta asociada con la marca Kobe Bryant de la mano de Nike pic.twitter.com/SNACatjOAU — Mundo Deportivo ...
Голем успех постигнаа фудбалерите на Вардар кои вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ја совладаа Лозана со 2:1. Иако гостите од Швајцарија важеа за голем фаворит, избраниците на тренерот Гоце Седлоски одиграа извонредно борбено, пожртвувано и сосема заслужено остварија предност. Головите за македонскиот тим ги постигнаа Мато (45+2.минута) и Омерагиќ (78), Диаките погоди за гостите во 59. минута. Ова беше натпревар од второто ...
Реал Мадрид е заинтересиран за трансферот на играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, објави „Мундо Депортиво“. Според шпанскиот спортски портал, Реал Мадрид е подготвен да плати 100 милиони евра за трансферот на 29-годишниот фудбалер. Во исто време, „Лос Бланкос“ признаваат дека ќе биде многу тешко да го потпишат освојувачот на Златната топка. Во исто време, Манчестер сити не е заинтересиран да го продаде Родри пред почетокот на ...
Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција Љуботен ги засили своите редови со репрезентативката на Азербејџан, Милана Рахимова. Како што попладнево соопшти тетовскиот клуб, Рахимова доаѓа во редовите на Љуботен од турскиот прволигаш Унје Гучу. „Со неа ја добиваме потребната стабилност во одбраната и може да се каже дека ќе претставува едно од најквалитетните имиња кои заиграле во нашето првенство. Се надеваме на долга и успешна ...
Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски беше нападнат од страна на азербејџански тренер за време на финалето на Европско младинско првенство кое се одржа во Златибор, Србија. Инцидентот (во видеото на 3:32.00) се случи вчера во финалето до 75 килограми во кое боксуваа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан. Тренерот на Агакишијев незадоволен од судењето, прво вербално го нападна Цубалевски, а потоа во втората ...
Олимпискиот комитет на Соединетите Американски Држави (USOPC) им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женски олимписки спортови, објави „ABC News“, повикувајќи се на соопштение од комитетот. Ажурираната верзија на политиката за безбедност на спортистите на USOPC не го користи директно зборот „трансрод“. Сепак, се забележува дека ревидираната политика ја нагласува важноста на обезбедувањето фер и безбедни услови за жените да се ...
Актерот и еден од најпознатите кечери Халк Хоган почина на 71-годишна возраст, објави „TMZ Sports“. Хоган ја започна својата кариера во борење во 1977 година. Се бореше за Светската федерација за борење (WWF), Светското првенство во борење (WCW), Американската асоцијација за борење (AWA), Новата про-борба во Јапонија (NJPW) и Тотал нонстоп акшн рестлинг (TNA). Во 2005 година, тој беше примен во Салата на славните на Светската забава во борење ...
На Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025 во текот на првиот натпреварувачки ден беше соборен светски рекорд во скок со стап за девојки до 17 години. Естонката Алика Инкери Мозер со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекорд, надминувајќи го претходниот од 4,51 метар. Сребрениот медал ѝ припадна на Моана Пејрард од Франција, која скокна 4,05 метри, а бронзата ја освои Анастасија Бумпулиди од Грција со скок од 3,95 метри. ...
Дуња Иванова, дел од сениорската репрезентација на Велосипедската федерација на Македонија избрана од селекторот Емил Цветанов, оваа недела се закити со сребрен медал на Балканското првенство во планински Маратон кое се одржа во Блидње, Босна и Херцеговина. Патеката со должина од 73 километри и висинско искачување од 1600 метри ја измина со вкупно време од 4 часа и 21 минута и ја обезбеди титулата на вицешампионка зад победничката Мануела ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, вечер ја пречекува Лозана во 2. квалификациско коло во Конференциската лига. Тренерот Гоце Седлоски фаворитската улога ја препушта на швајцарскиот тим, но најави максимално залагање на неговите избраници во обид да остварат добар резултат пред реваншот на гостински терен. -Нѐ очекува тежок натпревар. Швајцарскиот фудбал е во подем. Ја респектираме Лозана, но треба да излеземе, да покажеме карактер. ...
Македонскиот шампион успеа да извојува минимална победа од 1:0 во првиот квалификациски од втората рунда. Шкендија го совлада романскиот шампион ФЦСБ со 1:0 полувреме 0:0. По изедначеното полувреме без голови Шкендија единствениот гол го постигна во 65 минута. Стрелец беше Роналдо Вебстер. Шест минути подоцна Шкендија остана со играч помалку по црвениот картон на Камер Џака. Но, во 79.минута црвен картон доби и Флориан Танасе од ФЦСБ. Реванш ...
Атрактивната Јелена Тодоровиќ од Србија, која поседува и австралиско државјанство, стана вистински хит во Бразил, каде што ќе работи во претстојниот период. Тодоровиќ е кошаркарска тренерка, а во Бразил стана првата жена што ќе биде на чело на машки тим од елитната лига, и тоа на екипата Форталеза Баскет Сеаренсе. „Тука не сум само како тренер, туку и како претставник на моето семејство, мојот народ и мојата земја. Целосно сум посветена на тоа ...
Игор Ивановски, спортскиот директор на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, во емисија на МРТ зборуваше за тоа како се успеа во проектот за враќање на „црвено-црните“ на вистинскиот пат. – За само 364 дена, Вардар не само што излезе од калта во која го затрупаа сите оние кои што „најмногу го сакаа“, туку успеа да го освои Купот на Македонија и да се пласира во квалификациите во Конференциската лига. Клубот кој беше на дното, со ...
Поранешниот македонски репрезентативец, Бобан Николов, кој порано играше во првенството во Романија, го посети тренингот на романскиот тим ФЦСБ во Скопје во пресрет на пресметката против Шкендија во рамките од втората квалификациска рунда од ЛШ. Секако, со неговото присуство го привлече вниманието на романските новинари, за кои даде изјава која предизвика реакции кај нас дома. Тој вели дека на овој меч ќе навива против Шкендија, односно за ...
Оклахома ноќеска ја победи Индијана со 103:91 во седмиот натпревар од финалето на НБА и го освои шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот. Шеј Гилџеус-Александер беше предводник до успехот на својот тим со 29 поени и 12 асистенции. Кај Индијана се истакна Бенедикт Матурин со 20 поени и 13 скока. Најдобриот кошаркар на Индијана, Тајрис Халибартон, во првата четвртина ја повреди Ахиловата тетива и не можеше да го продолжи ...
Раководното тело на македонската кошарка ќе отпочне процедура за менување на називот од Кошаркарска федерација на Северна Македонија (КФСМ) во Македонска кошаркарска федерација. Ова, како што е соопштено денеска, е одлучено на последната седница на Управниот одбор на КФСМ на која членовите едногласно ја прифатиле иницијативата на новото раководство за промена на називот на Федерацијата. „Предлогот наиде на позитивни размислувања од страна на ...
Поранешниот играч на Вардар кој двапати со клубот ја освои европската титула, Иван Чупиќ во следните две сезони ќе биде тренер на „црвено-црните“. Тој денеска беше промовиран како нов шеф на стручниот штаб, и доаѓа на местото аргентинскиот стратег Гиљермо Милано, кој се задржа во клубот помалку од една сезона. Чупиќ во периодот од 2016 до 2021 беше дел од клубот. По завршувањето на играчката кариера, Чупиќ беше дел од стручниот штаб во Загреб ...
Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски постави нов македонски рекорд во дисциплината скок со стап, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 4.05 метри. Стефановски успеа да собори еден од најстарите национални рекорди што беше поставен во 1968 година. Височината од 4.05 метри Стефановски ја прескокна на Европското првенство во третата дивизија, во Марибор. на кое македонските атлетичари имаа успешен настап и го освоија осмото место, што ...
Ракометниот клуб Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката. – Корпулентниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања. Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во ...
Легендарниот италијански репрезентативец Кристијан Виери, коментирајќи го трансферот на Лука Модриќ во Милан, истакна дека искуството и квалитетот на хрватскиот фудбалер се непроценливо богатство за секој клуб. „Во Италија, фудбалер од неговата класа може да одигра 40 натпревари со цигара во уста“, рече 52-годишниот Виери за весникот „Кориере дела Сера“, Модриќ ќе го прослави својот 40 роденден во септември, но Виери истакна дека класата нема ...
Фудбалерите на Вардар се пласираа во 2. квалификациско коло во Конференциската лига, откако вечерва одиграа нерешено 2-2 против Ла Фиорита и со вкупен резултат од 5-2 го елиминираа противникот од Сан Марино. Освојувачот на македонскиот Куп допатува на реваншот во Серавале со предност од 3-0 од првиот дуел во Скопје која Ла Фиорита ја намали по само десет минути игра со голот од пенал на Фелипе. Сепак, Вардар не дозволи сензација и со два гола во ...
Шампионот Шкендија и куп-освојувачот Вардар ги добија можните противници за 3. коло во Лигата на шампионите, односно Лига Европа, како и Конференциската лига. Во случај Шкендија ја помине Стеауа, тогаш ќе игра со еден од победниците во пресметките: Ноа/Ференцварош, Пафос/Макаби или Шелбурн/Карабах. Ако биде елиминирана од ЛШ, тогаш Шкендија ќе игра во Лига Европа, а можни противници се поуспешните од двомечевите: Пафос/Макаби, Слован/Зрињски или ...
Tрите македонски екипи кои настапуваат во квалификациите во фудбалската Конференциска лига вечер ги играат реваншите од првото коло. Најлесна задача би требало да има Вардар кој во Сан Марино отпатува со предност од 3:0 на реваншот кај Ла Фиорита. Натпреварот е закажан за 21 часот. Два часа претходно (19 часот) Силекс на теренот на „Петар Милошевски“ ќе го пречека црногорски Дечиќ во обид да ја надополни негативата од три гола (0:3) по првиот ...
Прославениот српски кошаркар Владе Дивац е опериран, откако доживеа сообраќајната несреќа во четвртокот во Црна Гора, јавија претпладнево српските медиуми. Дивац бил подложен на операција на колкот откако паднал од мотоцикл во близина на местото Луштица. Дивац е во стабилна состојба и лекарите не очекуваат какви и да е компликации по извршената операција, јави телевизијата Нова. Поранешниот југословенски и српски кошаркарски репрезентативец ...
Двегодишна забрана за настап во меѓунардните купови му изрече денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) на АЕК, поради одбивањето на грчкиот тим да го одигра реванш натпреварот во финалето на Европскиот куп против Алкалоид во Скопје. Иако допатува во Скопје, тимот од Атина одби да се појави на паркетот во салата „Борис Трајковски“ на реваншот на 25 мај, незадоволни од бројот на гостински навивачи на кои им беше дозволен влез на трибините. На ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е вклучен во случај во кој полицајци добиле големи суми пари додека ја обезбедувале француската репрезентација. Според „RMC Sport“, во 2023 година, вкупно 180.300 евра биле префрлени од сметката на фудбалерот на пет полицајци. Четири вработени добиле по 30 илјади евра, а нивниот претпоставен добил 60.300 евра. Според фудбалерот, тој едноставно сакал да ги награди луѓето кои се грижеле за безбедноста на ...