А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во октомври не очекуваат два клучни натпревари, најпрво гостувањето кај Белгија во Гент, а потоа и дуелот со Казахстан во Скопје, во пресрет на ноемвриската завршница на циклусот за пласман на Мундијалот. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања. Од комбинација отпаднаа ...

Американско-канадската професионална лига Major League Soccer (MLS) на сите можни начини се обидува да ја зголеми својата гледаност, како во Северна Америка, така и во остатокот од светот, а една од најновите идеи за постигнување на таа цел се вика „Ref cam“. Редовна опрема на судиите за натпреварите во МЛС лигата е камера на градите, а покрај судиската организација, можност да ги видат снимките „од прво лице“ имаат и гледачите по завршување на ...

Фантастичен фудбалски меч одиграа Барселона и ПСЖ. Иако немаше многу голови „само“ три, сепак темпото во текот на целиот меч беше високо, а возбудувањата не изостанаа. Барселона поведе со голот Торес по 19-минути игра, а израмнувањето стигна во 38-та преку Мајулу. Во вториот дел, ПСЖ подобар, со неколку добри шанси, а иницијативата се исплати во 90-та минута кога на додавање на Хакими, Рамос погоди за 2:1. Резултати 2.коло ЛШ (среда) Карабах – ...

Вечерва нови возбудувања во ЛШ. Ако синоќа немаше поголеми изненадувања, освен поразот на Ливерпул во Истанбул од Галатасарај, кое и не е некоја сензација, вечерва можеме да очекуваме нови добри пресметки. Дербито секако е Барселона-ПСЖ. Луис Енрике се враќа со тимот од Париз како актуелен освојувач на ЛШ, на местото каде што може да се каже се прослави. На последните пет меча помеѓу овие две екипи секогаш имало голови и тоа повеќе од два. Само ...

Галатасарај синоќа во Истанбул го победи Ливерпул со 1:0 во второто коло од Лигата на шампионите. Виктор Осимен го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи пенал во 16. минута. Галатасарај го доби својот прв натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона и е на 18-то место со три бода. Ливерпул, со ист број бодови, е на 16. место. Во третото коло од Лигата на шампионите, Галатасарај ќе биде домаќин на Боде-Глимт на 22 октомври, ...

Фудбалерите на Галатасарај синоќа во рамките на второто коло од Лигата на шампионите на свој терен во Истанбул (не)очекувано го совладаа фаворизираниот Ливерпул со резултат 1:0. Натпреварот се одигра во огнена атмосфера, а особено интересно беше кога првата ѕвезда на „Црвените“ беше повикана да влезе во игра. Тогаш започнаа неверојатни свирежи – толку гласни, што Египќанецот мораше со раце да ги покрие ушите. „Никогаш во животот не сум играл во ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер му гостуваат на ПСЖ во второто коло во Лигата на шампионите. Во таборот на битолчани свесни се за силата на парижаните, но ветуваат максимално залагање во обид да се изненади големиот фаворит. – ПСЖ е гигант во спортот и во ракометот. Можеби имаат и најголем буџет во Лигата на шампионите оваа сезона. Ние се подготвуваме гледајќи на самите себе, имаме своја тактика. Подобро е кога се победува, се зголемува ...

Стадионот „Сан Сиро“ ќе им биде продаден на Милан и Интер и ќе биде срушен. Градскиот совет на Милано ја одобри продажбата на стадионот и околниот простор на клубовите за 197 милиони евра. Дваесет и четири члена на советот гласаа „за“, 20 беа „против“, а двајца не учествуваа во гласањето. Се очекува договорот да биде завршен до 10 ноември, кога вториот ред на „Сан Сиро“ ќе биде доволно стар за да се квалификува за заштитен статус како историско ...

Се враќаат возбудувањата во ЛШ, а вечерва се девет мечеви на програмата, во рамките од второто коло. Еден од поинтересните мечеви е оној во Лондон, помеѓу Челзи и Бенфика, особено поради враќањето на Жозе Мурињо на „Стемфорд Бриџ“, сега како тренер на Бенфика. Историски меч ќе се одигра во Казахстан, каде тамошниот шампион Каират Алмати за прв пат игра во ЛШ, а жрепката посака да го добијат Реал Мадрид за противник во второто коло. „Кралскиот“ ...

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои 58. место на Светско првенство во атлетика кое се одржува во Токио. Ивановски патеката ја помина со време два часа, 26 минути и 31 секунда. На Мундијалскиот маратон учествуваа 90 маратонци од кои 66 поминаа низ целта. Златниот медал го освои Алфонс Феликс Симбу од Танзанија (2:09.48 часа), среброто е за Аманал Петрос од Германија (2:09.48), додека бронзениот медал му припадна на Илиас ...

Ова лето свесно го пропуштија „пазарот на деветки“ во кој беа – Виктор Ѓокереш, Александер Исак, Уго Екитике, и многу други, затоа што знаеја дека Роберт Левандовски останува уште една година. Но, Барселона мора да почне да го подготвува теренот за следното лето и да бара нов напаѓач, а прва желба на Жоан Лапорта сега е – Хулијан Алварез! Аргентинецот и претходно беше поврзуван со Барселона, особено поради фактот дека е познато оти е навивач на ...

Пред натпреварот на Интер против Славија во второто коло од Лигата на шампионите, тренерот на Нероазурите, Кристијан Киву, ја нагласи потребата од посед на топката. – Сакам конзистентност и фокус. Сакам Интер да доминира и да ја контролира играта. Треба да одржуваме рамнотежа, да имаме поголем посед на топката за време на натпреварот и да ги искористиме нашите шанси. Славија е моќен тим со многу напаѓачки играчи, па затоа мора да бидеме ...

Фудбалерите на Ливерпул имаа непријатно искуство во Истанбул во пресрет на вечерашниот натпревар од Лигата на шампиони против Галатасарај, кој е закажан за 21:00 часот. Имено, навивачите на турскиот великан во текот на ноќта испукале огномет пред хотелот каде што е сместен тимот на Арне Слот, обидувајќи се да им го нарушат мирот пред важниот меч. На социјалните мрежи се појавија снимки направени околу 2:00 часот по полноќ, на кои се гледа како ...

Откако синоќа се комплетираше завршното коло во групите Ц и Д, познатите се сите осминафинални пресметки на Европското првенство во кошарка. Петтото коло во групата Ц донесе драматична разврска во Лимасол, откако актуелниот европски шампион Шпанија загуби од Грција со 90-86 и претрпе елиминација веќе во групната фаза. Осминафиналните пресметки на Евробаскетот ќе стартуваат в сабота кога на програмата се дуелите Србија – Финска, Германија – ...

Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Квича Кварацхелија нема да игра на натпреварот против Барселона во второто коло од Лигата на шампионите, објави прес-службата на клубот од Париз. Дваесет и четиригодишниот Грузиец се повреди во победата од 2:0 над Оксер во 6. коло од француската Лига 1. ПСЖ ќе игра против Барселона на гостински терен утре, 1 октомври со почеток во 21 часот. И ПСЖ и Барселона со победа ја почна новата сезона во елитното ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, пред натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Челзи, изјави дека очекува победа против својот некогашен клуб. – Веќе не сум „Син“. Сега сум „Црвен“ и сакам да победувам. Секако, секогаш ќе бидам „Син“. Јас сум дел од историјата на овој клуб, а Челзи е дел од мојата. Му помогнав на овој клуб да расте, а Челзи ми помогна мене да растам. Кога велам дека не сум „Син“, мислам на работата што треба ...

Првото Светско фудбалско првенство во историјата кое идната година ќе се игра во три држави ќе има и три маскоти, по една за секоја од земјите домаќини – САД, Мексико и Канада. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално ги претстави трите маскоти, прецизирајќи дека САД ќе бидат претставени од белоглавиот орел „Клач“, јагуарот „Зају ќе го претставува Мексико, а Канада ќе биде претставена од лосот „Јавор“. „Тимот на Светското првенство ...

Младиот фудбалер Били Вигар, поранешен член на младинската школа на Арсенал и играч на англискиот Чичестер Сити, почина во четвртокот на 21-годишна возраст, откако здоби тешка повреда на главата на натпревар минатиот викенд. Вигар на натпреварот против Финчли во рамки на Истмијан лига Премиер дивизија (седмо ниво на англискиот фудбал) удрил со глава во бетонски ѕид. По несреќата бил ставен во индуцирана кома, а во вторникот беше подложен на ...

Членовите на Извршниот комитет на УЕФА треба да се состанат на вонредна седница следната недела за да одлучат за понатамошното учество на израелските национални селекции и тимови во натпреварувањата под покровителство на Европската куќа на фудбалот, при што мнозинството членови се наклонети кон суспензија, објавија неколку европски новински агенции, повикувајќи се на лондонскиот весник „Тајмс“. „Мнозинството членови на Извршниот комитет ја ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија целосно се распродадени. Натпреварот ќе се игра на 10.октомври и дел од квалификациите за пласман на СП 2026. Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи. ...

Лионел Меси продолжи да блеска во МЛС лигата и постигна нови два гола за Интер Мајами. Интер гостуваше во Њујорк, а противник им беше Сити. Екипата од Мајами не покажа милост и победи со 4:0. Во 43. минута, Меси беше асистент, а Балтазар Родригез погоди за 1:0. Во 74. минута, Меси покажа дел од магијата што го краси веќе 20 години. По одличната асистенција од Серхио Бускетс, Меси излезе сам пред голманот и рутински го префрли за 2:0. Откако Луис ...

По големиот притисок на дипломатите, челниците на фудбалските сојузи и други важни личности, Израел остана во УЕФА, а Маккаби Тел Авив вечерва ќе ја одигра својата натпревар на Лигата на Европа. Израелскиот фудбал и израелскиот спорт се плашеа од можна суспензија од натпреварите на УЕФА, поради геноцидот што Израел го врши во Газа, а посебно големиот притисок за тоа да се случи доаѓаше од Катар по последните политички настани и израелскиот напад ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, е заинтересиран да го донесе во тимот напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема, објави Goal. Триесет и седумгодишниот Французин ќе мора да прифати намалување на платата ако сака да се пресели во португалскиот клуб. Бензема е во Ал-Итихад од летото 2023 година. Оваа сезона, напаѓачот постигна три гола на два натпревари за тимот во сите натпреварувања. Мурињо и Бензема соработуваа во Реал од 2010 до 2103 година. ...

Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè до носење на конечна одлука на Дисциплинската комисија. Истовремено, против ФК Шкупи 1927 е покрената дисциплинска постапка и предметот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ. Причина за одлуката се сериозните инциденти на натпреварот од 7. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Шкупи и ФК Македонија ЃП, кога ...

Со натпреварите Митјиланд – Штурм и Паок Макаби Тел Авив, вечер од 18:45 часот почнува новата сезона во Лигата на Европа на УЕФА, второто по квалитет фудбалско континентално натпреварување. Седум натпревари ќе почнат во 21 часот: Бетис – Нотингем Форест Брага – Фејнорд Црвена ѕвезда – Селтик Динамо Загреб – Фенербахче Фрајбург – Базел Малем – Лудогорец и Ница – Рома. Минатата сезона трофејот го освои Тотенхем и автоматски си обезбеди место во ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави дека Камп Ноу наскоро треба да биде подготвен за одржување на натпревари. Лапорта во понеделник беше во Париз на доделувањето на Златната топка, а во денешното интервју за радиото Catalunya Ràdio објасни каква е состојбата со славниот стадион. „Ги исполнивме сите потребни процедури, веќе доставивме потврда за завршување на работите“, рече Лапорта, иако градскиот совет треба да издаде дозвола, но ...

Мунир Насрауи, таткото на младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал, тешко ја поднесе фактот дека Златната топка за 2025 година не заврши во рацете на неговиот син, туку кај Усман Дембеле. Французинот во понеделникот во парискиот Théâtre du Châtelet ја освои престижната награда благодарение на брилијантната сезона во дресот на ПСЖ, во која со клубот освои пет трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, и постигна импресивни бројки – 35 голови ...

Ракометната федерација на Македонија го возобновува „Трофеј Македонија“. Турнирот ќе се игра повторно по пауза повеќе од една деценија. Ова го соопштија челните луѓе на РФМ на денешната прес-конференција на која беше најавен и почетокот на „Ракометниот караван 2025“. – Овие два значајни спортски проекти имаат за цел да го подигнат ракометот на повисоко ниво, да ја зајакнат љубовта кон спортот кај најмладите генерации и да го доближат ракометот ...

Френк Илет, навивач на Манчестер Јунајтед и интернет инфлуенсер познат под името „The United Strand“, веќе скоро една година спроведува необичен предизвик – одлучил да не се стриже сè додека неговиот клуб не оствари пет победи по ред во сите натпреварувања. Победи такви нема, па нема ни стрижење. По последниот меч во кој Јунатед победи со 2:1 во дербито против Челзи, на пат кон дома Илет беше нападнат од друг навивач, кој дури и го влечеше за ...

Фудбалерот на Барселона, Маркус Рашфорд, беше изоставен од почетната постава на натпреварот со Хетафе (3:0) во петтото коло од шпанската Ла Лига од дисциплински причини, според „Мундо Депортиво“. Според извор, се очекувало 27-годишниот Англичанец да започне, но влегол во игра само во второто полувреме поради доцнење на состанок на тимот. Рашфорд на крајот му асистираше на Дани Олмо. Напаѓачот е позајмен во Барселона од Манчестер јунајтед. Тој ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
86%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.37
84%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 1ᴼ
1.54
86%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.45
84%
1024
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
84%
1027
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
100%
1025
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Сребро

2105.58

Кобалт

58.42

Паладиум

53788.20

Платина

62683.26

Иридиум

145787.60

Калај

43.15

Цинк

3.04

Рутениум

29192.88

Родиум

258813.51

Злато

139298.91

Алуминиум

2.92

Бакар

10.93