Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора. Паралелно со ова, Фудбалската федерација на Албанија ќе треба да плати и ...

Иако првпат во кариерата настапува во Лигата на шампиони, 29-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Серху Гираси, сезонава е најдобар стрелец во елитното европско клупско натпреварување со 13 голови. Зад него се ѕвезди како Рафиња, Роберт Левандовски (Барселона), Хари Кејн (Баерн), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Винисиус Јуниор и Килијан Мбапе (Реал Мадрид). Репрезентативецот на Гвинеја ја потврди својата голгетерска форма во вторникот во ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва во Скопје ќе му биде домаќин на поранешниот европски и светски првак Црвена ѕвезда во хуманитарен натпревар од кој целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во која загинаа 61 лице. Хуманитарниот натпревар е закажан со почеток во 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, која според најавите, се очекува да биде максимално ...

Лигата на шампионите влезе во самиот финиш, а вечерва ќе ги дознаеме првите полуфиналисти откако ќе се одиграат реванш натпреварите закажани во Бирмингем и Дортмунд. Веќе се откриваат имињата на првите полуфиналисти и се освен рутинскиот пласман на Барселона и Пари Сен Жермен во следната фаза од натпреварувањето ќе биде целосна сензација. Барселона го доби првиот натпревар на домашен терен со убедливи 4-0 против Борусија Дортмунд и не би требало ...

Големата драма на „Вила Парк“ му отиде во прилог на ПСЖ, кој го загуби натпреварот, но обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Астон Вила на домашен терен славеше со 3:2, но Французите во Бирмингем пристигнаа со два гола предност, па победата од еден гол не беше доволна. „Лавовите“ херојски се претставија во своето прво четвртфинале од 1983 година. Оставија се на теренот, но нивниот напор не беше доволен за историски ...

Реал Мадрид на домашен терен утре вечер го пречекува Арсенал во реваншот од четвртфиналето на ЛШ. Мисијата за пласман во полуфиналето е супер тешка, бидејќи во Лондон загубија со убедливи 3:0. Но, никогаш Реал не треба да се отпише, па ниту сега. Како дополнителен мотив првиот човек на клубот Флорентино Перес им ветил на играчите богата премија доколку го елиминираат Арсенал, пишуваат шпанските медиуми, иако сумата не е откриена. Колку за ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар конечно може нормално да функционира. Новото раководство кое го презема клубот пред почетокот на тековната сезона успеа да ги исплати долговите наталожени изминатата деценија. – Извршниот директор на АД ФК Вардар, Миленко Неделковски, ја известува јавноста дека комплетно се исплатени долговите кон: Дарко Панчев – 4.134.855.00 денари Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари Бендџамин Демир – ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти бил емотивен на тренингот на тимот во пресрет на реваншот со Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите, пренесува „COPE“. На тренингот кој се одржа вчеравечер, 65-годишниот италијански стручњак бил особено енергичен во мотивирањето на своите играчи, па дури и го кренал гласот кон нив. Реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе се одигра утревечер од 21 часот. Арсенал го доби првиот ...

Објавен е веројатниот датум за враќање на Барселона на стадионот „Камп Ноу“. Според „Onze Mondial“, клубот очекува да ја заврши реконструкцијата во септември оваа година. Капацитетот на стадионот по завршувањето на сите процеси се очекува да биде 105 илјади гледачи. Реконструкцијата на „Камп Ноу“ започна во 2023 година. Оттогаш, Каталонците своите домашни натпревари ги играат на „Олимпискиот стадион“ во Барселона, кој има капацитет од 56.000 ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има само 21 година и веќе испиша историја во својот омилен спорт. Веќе има освоено четири Гренд Слема, пет Мастерси, беше број еден во светот, играше во финалето на Олимписките игри, а во исто време привлече големо внимание кај спонзорите, толку што веќе е снимен документарен филм за него на Нетфликс. Официјалните податоци велат дека тој заработил над 38 милиони долари играјќи тенис, а е само на почетокот на ...

Повеќе од десет фудбалери во италијанското национално првенство се под истрага за нелегално обложување во неколку различни спортови, вклучително и фудбал, јавија денеска локалните медиуми. Истрагата вклучува нелегално обложување до 2023 година. Вклучени се и двајца фудбалери кои веќе одлежаа казни за претходниот скандал со обложувалниците, а тоа се Италијанците Сандро Тонали и Николо Фаџоли, додаде полицијата. Меѓу другите вклучени играчи се ...

Наполи започна преговори за потпис на крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски, тврди „АреаНаполи“. Задачата ја презеде спортскиот директор на „наполитанците“, Џовани Мана, кој веќе стапи во преговори со шефовите на лондончани и се обидува да постигне договор. Засега, пак, преговорите се во прилично рана фаза и нема посебен развој на темата. Исто така, не е јасно дали Тотенхем би бил подготвен да се раздели со Швеѓанецот со македонски ...

Вистински хорор се случи синоќа на натпреварот помеѓу чилеански Коло Коло и бразилска Форталеза, клубови кои се сретнаа во второто коло од јужноамериканскиот Копа Либертадорес. 🚨Tragedy at the Monumental: Two fans die before Colo-Colo vs Fortaleza 🚫 Match canceled#Libertadores #Chile #ColoColo #Fortaleza #Soccer #breakingnews #viral #soccer #sports #usa pic.twitter.com/Ltfx6RQhA3 — MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) April 11, 2025 ...

Синоќа се одиграа првите натпревари од четвртфиналето на Лига Европа, а во дербито на вечерта видовме реми меѓу Лион и Манчестер Јунајтед во Франција, каде резултатот во одличен натпревар беше 2:2. Натпреварот го одбележа уште една грешка на голманот на „ѓаволите“, Андре Онана, кој беше директно одговорен за еден од погодоците на Лион, но и покрај тоа англискиот тим успеа да постигне поволен резултат во пресрет на реваншот на домашен терен. ...

Ливерпул денеска ја потврди големата вест на неколку медиуми, кои повикувајќи се на сигурни извори објавија дека Мохамед Салах ќе потпише нов договор и ќе остане на „Енфилд“. До пред неколку недели изгледаше како невозможна мисија и сите го видоа Салах како заминува од „црвените“ летото, со кого му истекуваше договорот, но се случи голем пресврт. Денеска Ливерпул објави дека „приказната продолжува“, а со одлично видео потврди дека Египќанецот ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач. Овој процес се спроведува во тесна координација со ФИФА и ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга се огласи на социјалните мрежи откако заработи исклучување на мечот со Арсенал. „До сите Мадридисти, мојата фрустрација ме надмина на крајот од натпреварот и за тоа сакам да се извинам. Мора да продолжиме да веруваме и ќе ни требате во реваншот. Сите заедно! До крајот! Хала Мадрид!“ напиша францускиот играч за врска. Реваншот се игра во Мадрид на 16 април од 21:00 часот, а ќе видиме дали Реал ќе успее ...

Вчера во 18:40 часот во Тетово, полицијата од Тетово уапсила две лица 34-годишниот Д.Д. од Прилеп и 37-годишниот И.А. од Битола поради физички напад. Тие биле пријавени од фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, М.Р. (30) од Прилеп. Лицата се задржани во полициска станица, и како што информираат од МВР, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави. „Според пријавеното околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по ...

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ на стадионот „Парк де Пренс“ ја совлада Астон Вила со 3-1. Дуе, Кварачелија и Мендеш ги постигнаа победничките голови за парижаните, додека Роџерс погоди за гостите. Лондонскиот тим на крајот имаше среќа да помине со само три гола во мрежата на Мартинез, бидејќи парижаните беа подобри во секој аспект од играта. Екипата на Барселона пак е на чекор од полуфиналето на Лигата на ...

Кога ФИФА и организаторите објавија дека Светското првенство во 2026 година за првпат ќе се одржи во три земји – САД, Канада и Мексико – тоа беше претставено како триумф на регионалната соработка и глобалната визија. Меѓутоа, со повторното појавување на Доналд Трамп во центарот на политичката реалност, тензиите што тлееја сега се закануваат да го загрозат сложениот логистички и финансиски проект како што е Светското првенство во 2026 година. ...

На синоќешниот натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Минесота Тимбервулфс, Лука Дончиќ постигна спектакуларна тројка со која ја воодушеви публиката, особено неговиот татко Саша. Luka Doncic's dad couldn't believe what he just saw 😮pic.twitter.com/b2gDgVUADH — BasketNews (@BasketNews_com) February 28, 2025 Таткото на Лука, кој беше на трибините, со неверување се држеше за главата по тројката на Лука, која стана вирална на социјалните мрежи, ...

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Астон Вила е закажан за в среда, на 9 април од 21 часот, а во пресрет на овој натпревар, улиците на Париз се претворија во воена зона поради навивачите на двата споменати клуба. Навивачите на Астон Вила беа нападнати пред кафуле од страна на ултрасите на Пари Сен Жермен, што резултираше со општа тепачка. Летаа тупаници, летаа чаши, шишиња и столчиња, а многу луѓе ...

Од следната сезона нов член на Вардар ќе биде полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јaнковски. Дваесет и тригодишниот ракометар се согласи на тригодишна верност со македонскиот клуб. – Јанковски е висок 200 см. и ќе биде важна алка во тимот, во одбрана и во напад. Покрај играњето во екипата на Квиџин каде сега настапува, Јанковски бил член и на Висла каде беше дел од составот што беше пријавен за настап во ЕХФ лигата на шампионите во сезоната ...

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро повеќе не е тренер на Динамо Загреб, официјално потврдија на својата интернет страница сините од Максимир. Канаваро на тој начин стави крај на една кратка и катастрофална епизода на клупата на најтрофејниот хрватски клуб, кој под негово водство најверојатно ќе стави крај на големата доминација во хрватскиот фудбал. Италијанецот го презеде тимот кон крајот на минатата година по Ненад Бјелица со цел ...

Фудбалерите на Реал синоќа доживеаја вистински потоп во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите на гостувањето кај Арсенал (3:0), а во реваншот ќе мора да играат без Едуардо Камавинга. Имено, ѕвездата на Реал заработи исклучување во 94-тата минута. Лукас Васкез го фаулираше Леандро Тросард во средината на теренот, а откако судијата досуди прекршок Камавинга ја шутна топката надвор од теренот. Камавинга доби жолт картон за ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ги сподели своите впечатоци пред неговиот рекорден 18-ти настап на Мастерс турнирот во Монте Карло. – Убаво е да се знае дека играм овде толку многу години. Монте Карло отсекогаш бил посебно место за мене – живеев тука многу години, моите деца се родени тука. Добро ги познавам овие терени и луѓето што работат овде. Атмосферата е неверојатна. Многу фанови доаѓаат тука, особено од Франција и Италија, кои навистина ...

Во Скопје и Куманово од 20 до 26 јули ќе се одржи Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ). Се очекува во земјава да пристигнат околу 4.000 млади спортисти и тренери од Европа, кои ќе се натпреваруваат во 15 различни спортови. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски очекува успешна организација на масовниот спортски настан во нашата земја. – Ќе организираме исклучително голем спортски настан. Привилегија е Скопје ...

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен утрово победи на трката за ГН на Јапонија на патеката „Сузука“. Возачот на Мекларен Ландо Норис го освои второто место со +1,423 секунди заостанување зад лидерот. Трет беше неговиот клупски колега Оскар Пјастри (+2,129). При излезот по првиот пит стоп, Верстапен и Норис за малку ќе се судреа. Британецот беше принуден да направи заобиколување на тревата, поради што загуби ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги оцени шансите на неговиот тим во реваншот со Арсенал по тешкиот пораз (0:3) синоќа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. – Мора да бидеме искрени во сопствената критичка самооценка. Не бевме лоши во долгите делови од играта – имаше некои работи што ги направивме добро во првото полувреме. Имавме можност да го подигнеме нашето ниво повисоко, но целосно пропаднавме во вториот дел. За ...

Интер се враќа со голема победа од гостувањето во Минхен каде славеше со 1:2. Ова секако е шок за Баерн, ако се знае како Италијанците стигнаа до победара. Првите 30 минути неколку големи шанси за домаќините, статива на Кејн и четири одлични интервенции на Сомер. Но, во 38-ма минута молк на Алијанц, фантастична акција и Лаутаро погоди за 0:1. Во вториот дел Интер организиран, Баерн со иницијатива, но за израмнување се чекаше до 85-та минута кога ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
92%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
68%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.64
95%
1024
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.89
83%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
88%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
94%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Бакар

11.07

Паладиум

54591.97

Рутениум

29192.88

Злато

139515.92

Сребро

2159.01

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Платина

64479.52

Цинк

3.04

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.95

Калај

43.93