Претстојниот викенд ќе започне 76-та сезона на престижната Формула 1, и тоа во австралиската метропола Мелбурн. Оваа сезона се состои од рекордни 24 трки, а наедно е и прва сезона од 2019 година што започнува во Австралија, бидејќи трките во Бахреин и во Саудиска Арабија се одложени поради муслиманскиот свет месец Рамазан, Формула 1 (Ф1) не е само возбудлив спорт на брзина и прецизност туку е и џиновска деловна империја во која се вртат ...

Управниот одбор на ФФМ го усвои предлогот за назначување на Генерален секретар на ФФМ. Леонид Јандреоски е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години. Леонид Јандреоски (02.10.1997) е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент. Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 ...

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски за вечерашната пресметка со Велс (20:45ч) ќе носи посебни копачки во чест на сеќавање на жртвите во големата трагедија во Кочани. Еве што порача преку социјалните мрежи: View this post on Instagram A post shared by Bojan Miovski (@miovskibojan) Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што ...

Македонската А репрезентација вечерва против Велс го игра натпреварот од второто коло од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2026. Селекторот Благоја Милевски ги даде следниве очекувања: „Велс е анализиран и мислам дека сме подготвени, треба да бидеме беспрекорни на тактички план и во тркачкиот дел и секако мора да бидеме максимално фокусирани ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Ние не сме фаворити. Според ...

Столе Димитриевски во пресрет на вечерашниот дуел со Велс во квалификациите за СП, вели дека е тешко да се игра во моменти кога целата држава е потресена поради големата трагедија во Кочани. Сепак, како што вели во моментов на овој народ му треба љубов, му треба сплотеност. „Пред натпреварот со Лихтенштајн беше доста тешко поради трагедијата. По случувањата во претходните денови ми беше тешко да заспијам, бидејќи бев емотивен по тоа што го ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи вечерва во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење. „Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека ФФМ нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до ...

Голем хуман гест од Турција дојде преку сопственикот на ФК Гостивар, кој донираше 1 милион денари на сметката на Црвениот крст за помош на семејствата погодени од катастрофалниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица. Во рамки на иницијативата за поддршка, ФК Гостивар и екипата на Слога Виница одиграа хуманитарен фудбалски натпревар, на кој се собраа дополнителни 34.110 денари од страна на присутните гледачи. ...

Македонскиот прволигаш Шкупи објави денеска трајно го повлекува дресот со бројот 77 со кој сезонава настапуваше Андреј Лазаров, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ноќта на 16 март. Воедно, Шкупи соопшти дека договорот за 29-годишниот Лазаров во целост ќе му биде исплатен на неговото семејство. Лазаров минатата година му се приклучи на Шкупи од редовите на хрватскиот прволигаш Горица. „ФК Шкупи донесе одлука да го ...

Исто како што пред неколку дена Хрватска на домашен терен ја победи Франција со 2:0, со ист резултат загуби на гостувањето. Со оглед на таквиот резултат мораше да се играат продолженија. Но, ниту таму немаше голови, па мечот отиде во пенал серија. Таму поуспешна беше Франција, бидејќи Мањан одбрани два пенали, хрватска еден промаши, а два Франција, на крајот „Триколорите“ се радуваат и се пласираа во полуфиналето од Лигата на нации. РЕЗУЛТАТИ ...

Легендарниот Диего Армандо Марадона почина во ноември 2020 година, на 60-годишна возраст. Тој починал во својот дом на старечка домашна нега од срцева слабост додека се опоравувал од операцијата за отстранување на згрутчување на крвта. Целиот случај се обвинува за лекарска негрижа на неговиот лекарски тим, а судењето на седумте членови на тимот кои се грижеа за Марадона започнува четири и пол години по неговата смрт. Исто така се очекува да трае ...

По слабиот старт на квалификациите, фудбалската репрезентација на Бразил конечно се врати на вистинскиот пат и со синоќешната победа од 2-1 над Колумбија се доближи многу блиску до пласман на Светското првенство. WHAT A GOAL VINICIUS IN THE LAST MINUTES OF THE GAME TO WIN THE MATCH FOR BRAZIL 🤯🇧🇷 pic.twitter.com/MqvZdcQg0V — Janty (@CFC_Janty) March 21, 2025 Во 13. коло од јужноамериканските квалификации, Бразил во Бразилија ја пречека ...

Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуз во рамки на мундијалските квалификации. На трибините на стадионот „Рајн Парк“ се очекува над 1.000 навивачи да ја бодрат македонската репрезентација до кои преку социјалните мрежи се апелира да бидат облечени во црно и со себе од навивачки реквизити да понесат само знамиња и ...

Ракометната федерација на Македонија денес ја исплати наградата во износ од три милиони денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство 2025. Македонската репрезентација настапи во Вараждин, Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето. Во првиот сегмент од Мундијалот, Македонија ремизира со Унгарија, загуби од Холандија и ја победи Гвинеја. И во Главната групна фаза забележа победа ...

Хрватска во Сплит славеше со 2:0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации против Франција. Хрватска до триумфот над актуелниот светски вицешампион дојде со головите на Анте Будимир во 26 минута и Иван Перишиќ (45+1). Во преостанатите три синоќешни плејоф дуели во елитната дивизија во Лигата на нации, Данска триумфираше над Португалија (1-0). Германија ја совлада Италија на гостински терен (2-1), додека Холандија и Шпанија одиграа ...

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека нема да се врати на стадионот „Камп Ноу“ оваа сезона поради доцнење во реновирањето. 🚨 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆: It's now official that Barcelona will not return to the Spotify Camp Nou this season. The club will keep playing at Montjuïc until the end of the season. Socis have already been made aware of this. [@FCBRAC1 & @mundodeportivo] #fcblive ❌ pic.twitter.com/DIjbOBLeda — BarçaTimes (@BarcaTimes) March ...

Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш го повлече дресот со бројот 16 со кој настапуваше за кавадаречкиот клуб 25-годишниот фудбалер Андреј Лазаров кој го загуби живот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Лазаров, кој беше роден во Кочани, настапуваше за Тиквеш од 2019 до 2023 година, пред да ја продолжи кариерата во хрватските екипи Рудеш и Горица. Негов последен клуб во живот беше Шкупи. „Во чест и знак на благодарност за Андреј Лазаров, ...

Во пресрет на натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22. март, Вадуц), воведен од квалификациите за Светското првенство 2026, македонскиот репрезентативец Јован Манев зборуваше за претстојниот предизвик, но и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста. Со емоции, тој истакна дека доколку добие шанса ќе даде се од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас. ...

Трогателен момент на стадионот во Чаир. ФК Шкупи за прв пат се собра по загубата на нивниот соиграч и другар Андреј Лазаров, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани. -Со огромна празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денеска се обидовме да се вратиме на тренажниот процес. Сепак, денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите! Тренинзите и остатокот од сезоната ќе ни бидат најтешките досега, но ќе играме за него, ...

Македонскиот кикбоксер Милан Кубин, кој беше член на клубот „Гладијатор“ од Скопје, почина, а причините за неговата смрт засега не се познати. Тој беше еден од најдобрите македонски кикбоксери, освојувач на голем број признанија и медали на домашни и меѓународни натпревари, а најголем успех му беше сребрениот медал на Европското првенство во Лутраки, Грција, пред осум години, како и признанието „Најдобар спортист на Град Скопје“ во 2016 година. ...

Фудбалерот на Милан, Алваро Мората, кој настапува за Галатасарај како позајмен, откри за што жали во кариерата. -Да можам да го вратам времето, немаше да донесам одлука да го напуштам Атлетико. Тогаш не сфатив дека тренерот Симеоне многу ме цени, изјави Мората за „Cadena Ser“. Мората му се приклучи на Атлетико Мадрид на позајмица од Челзи во 2019 година, една година подоцна трансферот стана постојан. Сепак, неколку месеци подоцна фудбалерот се ...

Многу фудбалери се одлучуваат да започнат тренерска кариера по завршувањето на играчката кариера, но ретко кој може да се пофали со старт како оној на поранешниот бразилски репрезентативец Филипе Луис (39). Remember Filipe Luís? He is currently the coach of Flamengo and has just won his 𝐓𝐇𝐈𝐑𝐃 𝐓𝐑𝐎𝐏𝐇𝐘 in just six months 🏆🏆🏆 Flamengo are also on a 𝟐𝟒-𝐠𝐚𝐦𝐞 𝐮𝐧𝐛𝐞𝐚𝐭𝐞𝐧 𝐬𝐭𝐫𝐞𝐚𝐤 under him 🤯🇧🇷 pic.twitter.com/VZGNQsncDt ...

Узбекистанскиот репрезентативец Абдукодир Хусанов (21) пред неколку месеци направи потег во кариерата со преселба во Манчестер Сити, а англискиот тим за неговите услуги плати дури 40 милиони евра. Помалку познатиот централен бек го облече дресот на Ленс и го привлече вниманието на Пеп Гвардиола, кој инсистираше на неговото доаѓање во Премиер лигата. Како фудбалер на Манчестер Сити, талентираниот Узбекистанец заработува 290.000 евра месечно, што ...

Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ потврди дека српскиот шампион и Вардар на 16 април ќе одиграат хуманитарен натпревар. Сите приходи од дуелот ќе бидат наменети за семејствата на загинатите. –Сите во Црвена звезда беа длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани, Македонија. Веднаш ги контактиравме нашите играчки легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски. Со нивна помош стапивме во контакт со управата на Вардар и се ...

Поранешниот европски и светски фудбалски шампион Црвена ѕвезда и најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе одиграат хуманитарен пријателски натпревар. Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски и директорот на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ се договорија двата клуба да се сретнат во Скопје на 16 април. – ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег. ...

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд постигна гол на денешниот натпревар против Брајтон во 29. коло од англиската Премиер лигата. Во 11. минута Норвежанецот реализираше пенал. Голот му овозможи на Халанд да ја достигне границата од 100 гола во Премиер лигата. Дваесет и четиригодишниот напаѓач успеа да го постигне ова на 94 натпревари – најбрзо во лигата. Претходниот рекордер беше Алан Ширер, кој постигна 100 гола на 100 натпревари. Халанд ...

Екипата на Силекс најмногу профитира по 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Кратово попладнево забележа победа на гостувањето во Струмица и ги искористи „киксовите“ на ривалите за највисоко пласман на првенствената табела. Пелистер со 10 играчи славеше на гостувањето кај Шкупи со 0:1.Пелистер во 69. минута остана со играч помалку откако Тарасенко заработи втор жолт картон. Но само пет минути подоцна Ристевски даде гол за ...

Голманот на Манчестер Сити, Стефан Ортега прими неверојатен гол на денешниот натпревар против Брајтон. Первис Еступинан изведе слободен удар од дваесетина метри од голот на германскиот голман кој „цени“ дека неговиот удар ќе мине покрај голот. Тоа не се случи и топката ја погоди стативата и заврши зад голманот на Граѓаните, дозволувајќи му на Брајтон да го израмни резултатот. Голот на Сити предизвика остра реакција кај спортската јавност на ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го одржа своето редовно изборно генерално собрание, на кое актуелниот претседател Масар Омерагиќ беше единствениот кандидат и доби нов четиригодишен мандат. Меѓу главните теми на Собранието беше финансиската состојба во федерацијата, каде што Омерагиќ откри загрижувачки податоци – долг од еден милион евра. „Важно е да зборуваме транспарентно за финансиската состојба, бидејќи секоја стабилна и ...

Масар Омерагиќ, кој денесна како единттвен кандидат, на Собранието на ФФМ беше избран за четиригодишен мандат на чело на Фудбалската федерација на Македонија, на денешното Изборно собрание се осврна на состојбата која ја затекна од неговото доаѓање во „Куќата на фудбалот“ на 22 декември 2024 година. – По речиси три месеци од преземањето на функцијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија, пред вас стојам со обврска да ви се обратам ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, ги сподели своите впечатоци по победата на неговиот тим од 4-1 против Реал Сосиедад во реваншот од осминафиналето на Лига Европа, по кој „црвените ѓаволи“ се квалификуваа во четвртфиналето со вкупни 5-2. -Беше напорна недела, но ние покажавме малку од нашата иднина и се справивме со проблемите на сегашноста. Нашиот тим одигра добро. Физичката подготовка беше на високо ниво, а на овој турнир можеме ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1022
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
94%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.54
68%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.64
95%
1024
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -2ᴼ
0.51
96%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
4.12
78%
1019
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
84%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.89
93%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
1021
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Калај

43.93

Паладиум

54591.97

Иридиум

145787.60

Злато

139515.92

Бакар

11.07

Сребро

2159.01

Платина

64479.52

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Алуминиум

2.95

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51