Фасада со решетки и тропски растенија ги обвиткуваат ѕидовите на куќа во Сингапур, која архитектонското студио „Волфлауер дизајн“ ја направи заедно со тамошната ботаничка градина. Домот е дизајниран со многу зеленило и има темна дрвена ограда, а се наоѓа покрај ботаничката градина во Сингапур. Дрвените решетки имаат за цел да го поттикнат растот на растенијата. Внатре во куќата има мермерен под со светол мебел, дрвени скали и лифт, а во дворот ...

Дваесет и првото издание на детскиот музички фестивал Поточиња ќе се одржи на 13 и 14 април во Филхармонијата. „Се најавуваат нови детски хитови и голема забава, а со игра и песна низ фестивалската приказна децата ќе ги води актерот Мартин Јорданоски со маската на популарниот водител Поки“, најавува организаторот. Фестивалските претстави се двата дена од 11, 13 и од 19 часот. Билетите до 31 март ќе бидат по 350 денари, а од 1 април по 450 денари ...

Најпопуларниот светски јутјубер Мистер Бист го објави видеото „Преживеав 7 дена во напуштен град“, во кое се зборува за Купари, некогашно воено одморалиште близу Дубровник, чиј импресивен хотелско-туристички комплекс одамна не работи. Видеото кое трае 17 минути досега е прегледано повеќе од 112 милиони пати. Купари, сепак, не е напуштено, само така изгледа во зимските месеци. Според пописот од 2021, ова место има 950 жители, а во лето доаѓаат и ...

Бајага и неговиот бенд „Инструктори“ се враќаат во Скопје за да одржат концерт со кој ќе се одбележат четири децении од излегувањето на неговиот прв соло албум „Позитивна географија“, објави „Авалон продукција“. Овој албум ќе биде оствирен во целост на концертот во Младински културен центар на 16 април, а покрај Скопје, вакви настапи ќе има и во Белград и Загреб. За разлика од неодамнешниот голем скопски концерт на Бајага во салата „Јане ...

Во исчекување на утрешната церемонија на доделување Оскари, објавени се добитниците на Златна малина за најлошото во Холивуд за изминатата година. Хоророт „Вини Пу: Крв и мед“ победи во пет од десетте категории, додека четвртиот дел на акциониот серијал на Силвестер Сталоне „Платеници“ (The Expendables) славеше во две, откако имаше најмногу номинации, седум. Кога излезе минатата година, „Вини Пу“ доби серија ужасни критики, што сега беше ...

Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ на 1 април во Филхармонијата ќе го изведат проектот „Македонисимо“, што претствува македонска и балканска премиера на неговата оркестарска верзија, соопшти промоторот „КултурОп“. Квинтетот е во состав Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, а со Камерниот оркестар ќе ...

Италијанскиот тенор Федерико Сера сношти одржа романтичен концерт посветен на жените во црквата „Света Софија“ во Охрид, во организација на Охридско лето. Сера пееше популарни песни од Цезар Франк и Ернесто де Куртис, со кои често настапувше Лучано Павароти, како и од Андреа Бочели, меѓу другите. Го следеше пијанистот Антонио Кампоногара, кој отсвире три соло композиции. Освен што беше вокално добар, гостинот од Италија беше и забавен. На ...

Викторија де Анџелис, членката на италијанскиот рок бенд „Манескин“, ќе настапи во „Станица 26“ во Скопје на 19 април, што е замислено како официјална промотивна забава на 14. издание на Д фестивал. Таа е басистка во „Манескин“, а во Скопје ќе се претстави со диџеј сет во рамките на нејзината прва соло турнеја. „Манескин“ стана светска сензација откако победи на Евровизија во 2021 година. Групата лани беше номинирана за Греми во категоријата ...

Јадењето хранлив појадок со високо ниво на протеини може да ја намали желбата за храна и да ни помогне да останеме сити подолго време, велат нутриционистите. Во одржувањето на здравите навики важно е како го поминуваме утрото бидејќи тоа го поставува ритамот за остатокот од денот. Тренерите за слабеење препорачуваат протеински појадок на сите кои се обидуваат да избегнат нездраво зголемување на телесната тежина. „Појадок богат со протеини е ...

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ ќе одржи втор концерт во Скопје, на 18 март во Филхармонијата, откако се распродаде првиот на 17 март, објави „Авалон продукција“. Концертите се во рамките на славењето на 30 години од основањето на продукцијата. „Најуспешниот проект во Универзална сала беше токму Данијела Мартиновиќ, која 11 пати ја распродаде во две и пол години“, велат од „Авалон“. Мартиновиќ стана позната како пејачка на групата ...

Ник Кејв потврди дека неговиот нов албум излегува налето. За да го објави доаѓањето на „Wild God“ на 30 август, Кејв ја сподели насловната песна од неговиот 18. студиски албум по ред. „Се надевам дека овој албум ќе го има ефектот врз слушателите каков што имаше врз мене. Пука од звучникот и ве потопува. Тоа е комплициран албум, но исто така е длабоко и радосно заразен. Никогаш немаме некој голем план кога правиме албуми. Тие најчесто ја ...

Мајк Тајсон ќе се врати во боксерскиот ринг на 58 години откако закажа егзибициски меч со јутјуберот и борач Џејк Пол. Мечот ќе се одржи на 20 јули на стадионот на Далас каубојс, кој може да прими 80.000 гледачи и ќе се пренесува на „Нетфликс“. Три децении помладиот Пол го имаше последниот, десетти професионален меч во саботата, кога го победи Рајан Бурленд. Тајсон, кој ќе наполни 58 години три недели пред дуелот со Пол, ја заврши ...

Адам Сендлер е најдобро платениот актер во Холивуд за минатата година, според магазинот „Форбс“. Сендлер продуцираше и глумеше во три филма на „Нетфликс“ во 2023, што придонесе за неговата заработка од 73 милиони долари, објави „Форбс“. Меѓу нив е „Murder Mystery 2“, кој беше петтиот најгледан филм на „Нетфликс“ лани. Ова е првпат Сендлер да се најде на врвот на листата од 2002 година. Тајлер Пери беше најдобро платен во 2022, а Двејн Џонсон три ...

„Го застрелаа пијанистот“, последната анимирана докудрама на шпанскиот оскаровец Фернандо Труеба, вечерва го отвора 26. издание на Солунскиот фестивал за документарци. Труеба, кој доби Оскар за најдобар странски филм за „Бел епок“ во 1992, ќе дојде на фестивалот за да го прими почесниот Златен Александар за животно дело, а во негова чест ќе играат и три негови документарци за љубовта и познавањето на музиката. До 17 март, во Солун ќе играат 250 ...

Тулумби, баклава, назлифатми, кајмачиња, шеќер пари, домашна погача, комат, тиганици и педесетина други традиционални јадења беа подготвени од вештите домаќинки за 20. издание на манифестацијата „Етно вешта жена“ во Тетово. „Манифестацијата се одржува по 20. пат, но оваа година имаме посебен повод, а тоа е дека се приклучивме кон прославата на Денот на ослободувањето на Тетово. Овде, на оваа голема и богата трпеза, ги истакнавме сите наши ...

На 14 март во Чифте амам започнува модниот настан Деновите на италијанскиот дизајн во Скопје, кој се одржува под мотото „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост”. Настанот го организира Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со Италијанската трговска агенција, „Ист гејт мол“ и Моден викенд Скопје. Деновите на италијанскиот дизајн се отвораат со мастерклас на Лука Боскардин, познатиот италијански дизајнер на играчки, а ќе ...

Од 6 до 9 март, во Драмски театар во Скопје ќе гостуваат четири ансамбли, од кои три се од независната сцена. Сите претстави почнуваат во 20 часот. На 6 март гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес со „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги играат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски. Следниот ден гостува „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите ги играат Марјан Наумов, Гоце ...

Женскиот гудачки квартет „Дестини“ од Бугарија ќе одржи концерт во Скопје на 18 април во Филхармонијата. „Дестини квартет“ е меѓународен музички проект кој соработува со аранжерот Маурицио Абени, кој соработува со светски познатиот италијански тенор Андреа Бочели. Квартетот свири преработки на светски познати хитови, а во Скопје ќе одржи двочасовен концерт, најави „МГ продукција“. Квартетот доаѓа во Скопје по настапите во Австрија, Франција и ...

Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“, ја доби наградата за највпечатлив филм (Best Impact Film) на 30. издание на меѓународниот филмски фестивал Седона во Аризона, САД. Фестивалот се одржа од 24 февруари до 3 март, а беа прикажани независни филмски остварувања од целиот свет. Ова е шеста фестивалска награда за „Бизнисот на задоволството“, по оние во Бугарија, Перу, Панама, Романија и Албанија. „Прва награда ...

Од 7 до 14 март, во скопското кино Синеплекс ќе има оскаровска недела, со наслови кои годинава се номинирани за Оскар. Ќе се прикажат филмовите „Спајдермен: Ширум пајак-вселената“, „Опенхајмер“, „Барби“, „Убијци на цветната месечина“, „Наполеон“ и „Кутрите“. Свеченото доделување на наградите на Академијата за филмска уметност и наука ќе се одржи по 96. пат на 11 март во Лос Анџелес. Од киното велат дека цената на билетот за сите проекции од ...

Камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт под свеќи во камерната сала на Филхармонијата на 12 април од 20 часот. Како солист ќе настапи бугарскиот виолинист Марио Хосен. Ќе диригира маестра Ѓурѓица Дашиќ, а оркестарот и Хосен ќе свират дела од Вивалди, Паганини, Холст и Глас. Од „Профундис“ велат дека илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената. „Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар ‘Профундис‘ ќе биде иновативен, креативен и ...

На 258 страници собрани се животот и делото на основоположникот на музичката уметност во Македонија, Сергеј Михајлов. Книгата за режисерот на првата опера во Македонија „Палјачи“, која била изведена на 29 август 1925 во Штип, содржи голем број досега необјавени податоци за него и стотина фотографии. Промоцијата е закажана за 7 март во 12 часот на Факултетот за образовни науки во Штип. Промотори се проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и ...

В петок од 19 часот, во црквата „Света Софија“ во Охрид концерт ќе одржи тенорот Федерико Сера од Италија, во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара. Концертот е по повод 8 Март и ќе биде посветен на дамите, вели организаторот Охридско лето. „Веќе трета година одржуваме концерти преку цела година, надвор од фестивалската програма од 12 јули до 20 август. Имавме новогодишен концерт со оркестарот на Националната опера и балет, а сега следи ...

Најголемата светска криптовалута биткоин за првпат ја надмина вредноста од 69.000 долари. Новиот рекорд изнесува 69.202 долари, со што е надмината вредноста од ноември 2021, кога достигна 68.999 долари. Вредноста на биткоинот порасна за 160% од август наваму, од кои 44% дојдоа минатиот месец, што е голем контраст во однос на февруари 2022, кога настапи 18-месечна „криптозима“, предизвикана од серија корпоративни банкроти и скандали. Растот на ...

Режисерот Џејмс Ган преку фотографија на Инстаграм објави дека почнало снимањето на новиот филм „Супермен“. Снимањето почнало на 29 февруари, роденденот на Супермен. На фотографијата на Ган го има логото од оделото на Супермен со црвена, жолта и сина боја и препознатливото „С“ и наликува како да е покриено со снег. Филмот првично беше најавен под насловот „Супермен: Наследство“, но сега Ган објави дека останува само „Супермен“. Од објавената ...

Премиерата на втората сезона на ТВ-серијата „Куќата на змејот“ ќе биде во јуни годинава на „Ејч-Би-О макс“, изјави Џи Би Перети од „Ворнер брос“. Тој рече дека тоа е една од сериите кои треба да придонесат за пресврт во овој медиумски гигант по тивкиот период за филмот и телевизијата, делумно поради штрајковите во Холивуд минатата година. Перети не наведе конкретен датум на премиерата. Претходно беше објавено дека втората сезона ќе има осум ...

Надреални и со многу детали, официјалните постери за годинашните Олимписки и Параолимписки игри во Париз ги нагласуваат историските обележја и спортските објекти на градот. Двата постера се дизајнирани од парискиот уметник Уго Гатони и се надополнуваат со што се добива двоен постер. Инспирирани се од надреалистичкото уметничко движење, со детали и прецизност какви што ретко се гледаат. „Париз 2024“ му оддава почит на „Надреалистички манифест“ на ...

Хрватскиот рок бенд „Парни ваљак“ ќе одржи концерт во Скопје на 18 мај, во салата „Јане Сандански“, со новиот пејач Игор Дрвенкар, кој дојде по смртта на Аки Рахимовски. Хрватската јавност го познава 31-годишниот Дрвенкар од телевизиски музички емисии, пеел во неколку бендови, а настапувал и во мјузикли. Рахимовски беше еден од основачите на „Парни ваљак“ во 1975 и остана во бендот сè до ненадејната смрт во јануари 2022. „Наша голема желба и ...

Четири дена откако беше објавено дека се брка целиот хонорарно вработен персонал, во Младински културен центар во Скопје се одржа првиот концерт во новонастанатите услови. Гостуваше полскиот дет метал бенд „Хејт“ (Hate), а фановите начекаа не несекојдневна, туку досега невидена глетка, што многумина кратко ја прокоментираа како жална и чудна. Вратата од делот каде што се бифето и кино Фросина беше заклучена, платото беше пусто, мрачно и без маси ...

Поп-пејачката Бојана Скендеровски вели дека од прво слушање на демо снимката веднаш се пронашла во песната „Лажни светови“, која ја промовираше сношти. Автор на песната е нејзиниот колега Александар Тарабунов-Тара. „Тара е многу талентиран, тој е наследник на големиот пејач Ванчо Тарабунов. Кога патувавме на заедничка турнеја, постојано пееше: народно, модерна поп-музика, евергрини, сѐ може да испее. Така се договоривме да ми напише песна. Она ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
1023
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
68%
1022
weather icon

Загреб

16ᴼ / 11ᴼ
1.54
70%
1023
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1023
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.44
53%
1022
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.51
85%
1023
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
42%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
68%
1018
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
33%
1020
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.13
61%
1022
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.79
62%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
52%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62