УЕФА и официјално го претстави новиот формат на Лигата на шампионите, кој ќе дебитира следната сезона. Место 32, отсега ќе има 36 екипи, поделени во четири групи со по девет клуба, кои ќе сочинуваат една голема табела. Во првата фаза секој клуб ќе одигра по осум меча, против два тима од секоја група и ќе собира бодови за пласман во следната фаза. Квалификациите за ЛШ ќе бидат отворени, во зависност од пласманот на клубот во домашното првенство и ...

„Џез лектира“ е насловен концертот на Националниот џез оркестар на 16 март (20 часот) во Македонскиот народен театар (МНТ). Од Оркестарот велат дека на концертот ќе се осврнат на дел од творештвото на биг бендот на Каунт Бејси и на соработката со современата американска џез пејачка и пијанистка Дајан Шур, меѓу другото, добитничка на Греми награда за најдобра џез пејачка во 1986 и 1987. Специјална гостинка на концертот е Марија Димитријевиќ. „И ...

Поп-пејачот Влатко Лозаноски- Лозано гостува во песна на српската поп-група „Фрајле“, заедно со хрватската поп-пејачка Сања Долежал, од групата „Нови Фосили“ и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ. Во песната „Пријател“, пеат и младите пејачи Ади Шоше од Босна и Херцеговина, и Лука Баси од Словенија. Од женското музичко трио „Фрајле“ од Нови Сад кое ќе одржи концерти во Скопје на 15 и на 16 март во Филхармонијата, велат дека песната е бајка за ...

В четврток (7 март) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Сила“. Како солисти ќе настапат Пачо Флорес на труба и Лео Рондон на гитара, и двајцата од Венецуела, а диригент е маестро Мануел Ернандес-Силва од Шпанија. На концертот ќе се изведе симфонискиот став „Музи и здив“, чиј автор е Пачо Флорес, кој е посветен на аргентинскиот композитор Астор Пјацола. Мануел Ернандес-Силва дипломирал на престижниот Државен ...

Драган Мијалковски ќе одржи концерт во Скопје, на 2 април во Националната опера и балет, објави радио „Буба мара“ организаторот на настанот. Легендарниот поп-пејач на концертот ќе слави 60 години музичка кариера. Минатиот месец, тој на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ доби награда за трајни музички вредности, настапи со ревиски оркестар и најави дека наскоро ќе одржи концерт. Во организација на радио „Буба мара“ и неговиот ...

Исчезна споменикот на кунг фу мајсторот Брус Ли во Мостар и босанските медиуми пишуваат дека никој не знае каде е, ниту кој го отстранил. „Н1 Сараево“ објави дека градските власти и комуналното претпријатие на Мостар тврдат дека немаат никаква врска со отстранувањето на статуата. И министерството за внатрешни работи кажа дека засега нема никакви официјални информации за овој несекојдневен настан. Споменикот на Брус Ли, кој национално нема ...

Мал егејски остров прво стана целосно енергетски самостоен, а потоа засекогаш ја затвори локалната депонија, станувајќи прв остров со нула отпад. Тилос е сместен во југоисточниот дел на Егејското Море и на прв поглед изгледа како типичен грчки, медитерански остров, но е уникатен дури и во светски рамки. До него за околу два и пол часа може да се стигне од Кос или Родос. Тилос отсекогаш бил отворен за нови, напредни идеи и неговите 700 постојани ...

На 6 март, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе има промоција на монографијата за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“ од Весна Дамчевска. Книгата излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради сала или културен простор што ќе има универзално значење и функција. „Со издавањето на оваа книга, многубројните архивски материјали расфрлани по депоа и усните сеќавања на скопјани се ...

Кантавторката Раје собори рекорд на Британските музички награди (Brit Awards) откако слевеше во шест од седумте номинирани категории. Досегашниот рекорд го држеа Адел, „Блур“ и Хари Стајлс, кои имаа освоено по четири награди на едно доделување. Раје исто така е првата жена која е прогласена за текстописец на годината, додека Кајли Миног ја прими наградата за глобална икона. Примајќи ги наградите боса, 26-годишната Раје изјави: „Уметницата која ...

Полските дет метал ветерани „Хејт“ (Hate) утре (4 март) ќе одржат концерт во Скопје, што ќе биде нивно второ гостување во Македонија досега. Концертот во Младински културен центар, што е во организација на „Терорвоид“, е дел од неколкуте настапи на групата во источна Европа овој месец. „Хејт“ има објавено 12 студиски албуми од основањето во 1991 година. Низ поставата поминале бројни музичари, па како единствена константа остана фронтменот Адам ...

Каролина Гочева одржа два полни концерта во петокот и во саботата во скопскиот клуб „Пјур“. Поводот беше 1 март, како еден од нејзините хитови кој се вика „Први март“, а поп-ѕвездата на шега вели дека овој ден го чувствува како свој празник. „Последниве години, повеќе пораки добивам на први март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на почетокот. Нејзините концерти се еднакво успешни и посетени и во поголеми сали и во клубови, и во помали ...

Во чест на 60 години од смртта на Милтон Манаки, на 5 март во Кинотеката ќе се прикажат документарниот филм „Манаки – Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки и опусот од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната „камера 300“. Од 18 часот, Роберт Јанкулоски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на Македонскиот центар за фотографија, ќе одржи ...

Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што го организира издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ќе трае до 1 јули, а добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на [email protected] како ворд или ...

Велика Британија ја објави песната со која оваа година ќе оди на Евровизија. Оли Александер ќе ја претставува Британија, а песната собра повеќе од 100.000 прегледи на Јутјуб во првите пет часа. Се вика „Дизи“ и многумина со нетрпение ја чекаа. Британија прво застана на второто/третото место во прогнозите за Евровизија, а потоа падна на седмото место. Според реакциите на луѓето на интернет, „Дизи“ може да биде закана за Украина, која важи за ...

Изложбата „Мала изложба за мечтаење“ на македонскиот уметник Дарко Алексовски ќе се отвори денеска (1 март) во 19 часот во поп-ап галеријата „Гаража Камба“ во Загреб. Кураторка на изложбата е Сара Микелиќ. Изложбата е поделена на три меѓусебно поврзани сегменти: дванаесетте претходни изданија на „Мал прирачник за мечтаење“, ново издание реализирано во соработка со Стела Микулин и Жељко Бељан и дела создадени на работилница за фанзини, која се ...

Повеќе од пет години по смртта на легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ, објавен е спот за неговата нова песна „Не можам да ти кажам“ (Ne mogu ti reći), која е само најава на нов, постхумен албум. Неговото семејство речиси две години преслушувало материјали кои Драгојевиќ вредно ги снимал до последниот ден. По внимателни бирања и со присетување на неговите коментари и упатства за да се направат песни кои тој со сигурност би ги одобрил, ...

Моника Левински, активистката која беше во центарот на еден од најголемите скандали во САД во 1990-тите, стана заштитно лице на модниот бренд „Реформејшн“. Педесетгодишната Левински ќе ја предводи најновата кампања на оваа модна куќа насловена „Вие ја имате моќта“, преку која Американците се потсетуваат дека треба да гласаат на изборите. „Гласањето е начин вашиот глас да биде слушнат и тоа е најдефинирачкиот аспект на демократијата. За да не се ...

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од Охридско-струшкиот Регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? ...

Тајланд ќе ја забрани рекреативната употреба на марихуаната до крајот на годината, но и натаму ќе може да се користи за медицински цели, објави министерството за здравство. Ова следува само две години откако Тајланд стана првата земја од Југоисточна Азија која целосно ја легализираше марихуаната, по што беа отворени илјадници продавници за нејзина продажба. Владата сега состави нов предлог-закон за регулирање на користењето на канабисот, што се ...

Со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“ во скопското кино Милениум, на 1 март во 20 часот ќе се отвори Месецот на Франкофонијата. Филмот на режисерот Тран Ан Хунг е француско-белгиска копродукција, со Жилиет Бинош, Беноа Мажимел и Емануел Сaленже во главните улоги. Номиниран е за три награди Цезар во 2024 и лани доби награда за сценографија на Канскиот фестивал. „Предупредување: филмот ќе ги стопи и најтврдите срца. Снимен со ...

Поп-пејачката Антониа Гиговска в недела (3 март) од 18 часот ќе го промовира својот прв албум „2001“, кој е насловен по годината кога е родена. Промоцијата е од отворен тип и ќе се одржи во приземјето во „Сити мол“ во Скопје, а сите обожаватели на Гиговска бесплатно ќе го добијат албумот на УСБ. На албумот има 15 песни, од кои повеќето се на продуцентот Лазар Цветковски. Има и песни од Дарко Димитров, но и од легендарниот композитор Кире Костов, ...

Иако беше замислена како минисерија, „Нетфликс“ ја најави втората сезона на „Кавга“ (Beef), откако таа стана голем хит и освои дури осум награди Еми. Втората сезона ќе има сосема нова приказна и нова актерска екипа. Ќе се фокусира на две скарани двојки, при што, според најавите, едната би ја сочинувале Чарлс Ментон и Кејли Спини, а другата Џејк Џиленхал и Ен Хатавеј. Снимањето треба да почне на крајот на летото или наесен. „Кавга“ беше ...

„Леб и сол“ ќе бидат гости на концертот на Горан Бреговиќ и неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, кој ќе се одржи на 12 март во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Македонскиот рок бенд ќе свири еден час и велат дека им е задоволство да се потсетат на 1977, кога чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ, добиле понуда да бидат предгрупа на „Бијело дугме“. „Леб и сол“ свиреле на концертите на „Бијело дугме“ во Сараево, Нови Сад и во ...

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од Охридско-струшкиот Регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? ...

Денеска (28 февруари) во 12 часот ќе се отвори „Лаб дизајн маркет“, продажен салон на 17 македонски дизајнери и занаетчии. Дизајн маркетот е сместен во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум“ во Скопје, а ќе биде отворен од 12 до 18 часот. „Идејата на маркетот е на македонските дизајнери да им се понуди најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи и колекции. Поддржете ги локалните дизајнери и ...

Нови студии покажаа дека исхраната во медитерански стил, која содржи многу овошје, зеленчук, интегрални житарки, здрави масти, јаткасти плодови и семки, добро влијае на здравјето на срцето. Англиската нутриционистка Викторија Тејлор издвои неколку намирници кои позитивно делуваат на срцето и се препорачуваат во исхраната. Тејлор советува во фрижидерот секогаш да имаме кесичка замрзнат грашок. „Грашокот е евтин и не е комплицирано да се зготви“, ...

Бриџит Џонс се враќа на големото платно, јавуваат британските медиуми. Снимањето на четвртиот дел ќе почне во мај, 23 години по премиерата на првиот филм. Рене Зелвегер ќе се врати во насловната улога и медиумите пишуваат дека таа веќе бара куќа во Лондон каде што би престојувала за време на снимањето заедно со својот партнер Ент Ентстед. Покрај неа, се очекува и Колин Фирт и Хју Грант да ги репризираат своите улоги. Филмот наводно ќе се базира ...

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по шести пат ќе се обидеме поблиску да ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од Охридско-струшкиот регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? ...

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во Штип на 6 март, од 20 часот во Домот на културата „Ацо Шопов“, насловен „Џез нова“. На програмата се композиции за биг бенд од македонски автори од различни генерации, исто како и на скопскиот концерт, кој се одржа во јануари во Операта. „Овој концерт е прв во низата концерти што ќе ги изведеме во текот на годината во градовите низ Македонија. Целта е да допреме поблиску и до публиката која не живее ...

Легендарната српска актерка Мирјана Карановиќ вели дека отсекогаш била фасцинирана од Марлен Дитрих, германската кабаре пејачка и актерка. Карановиќ ја игра Дитрих во претставата „Марлена“ која на 3 март ќе се игра во Битола во Центарот за култура и на 4 март во Скопје, во МНТ, во организација на „Авалон“. „Отсекогаш бев фасцинирана од Марлен Дитрих, уште од средно училиште, особено откако се запишав на Факултетот за драмски уметности. Често ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
49%
1023
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
62%
1023
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
66%
1023
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
72%
1023
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
47%
1022
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
7.15
38%
1019
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
60%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
29%
1020
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
54%
1022
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
52%
1022
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
46%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62