Со една од песните со кои стана славен, „Сношти не беше тука“ (Sinoć nisi bila tu), Здравко Чолиќ вчера (2 јуни) го почна првиот од трите концерти во Скопје, во салата „Борис Трајковски“. За првпат, тој кај нас пее со симфониски оркестар, а оваа песна беше совршен почеток на ваков богат концерт. Истата песна, Чолиќ ја испеал во 1972, исто со голем орекстар, на фестивалот Вашиот шлагер на сезоната во неговото родно Сараево. Таа година пеел и на ...

Секој концерт на Здравко Чолиќ во Скопје, Македонија е за сеќавање но последните три, на 2,3 и 4 јуни ќе останат за историја… – Професионален до бескрај. Квалитетот на концертот на ниво на светските великани – Господин, џентлмен, музичар, пејач. Се’ – Организацијата, Password Production, на високо ниво Токму тоа се зборуваше меѓу фановите кои не сакаа да го пропуштат концертот на Здравко Чолиќ со симфониски оркестар… – Знаеш, аранжманите се ...

Пред некој ден, тој наполни 74 години, а има сила како некое момче и не застана три часа, од почетокот до крајот на својот прв концерт од вкупно трите распродадени во скопската арена „Борис Трајковски“. Не за бадијала ја споредуваат неговата виталност со онаа на славниот Мик Џегер. Кој ако не вечно распеаниот, неуморен, мегапопуларен, вистинска естрадна ѕвезда – Здравко Чолиќ. Со песната „Синоќ ниси била ту“ од далечната 1972 година, Здравко ...