Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Марк Гурман во ноември минатата година најави дека Apple не планираат да додаваат многу нови функции во наредната верзија од iOS, односно iOS 27, па планот ќе биде „чистење“ на кодот од грешки. Во најновиот неделен билтен тој повторно го истакнува ова, односно треба да биде прилично сигурно дека после поголемата надградба со iOS 26 и новиот Liquid Glass дизајн, iOS 27 нема да донесе нови функции, покрај можеби мали промени. Овој пат Гурман ...
Корисниците на Android изгледа наскоро ќе добијат многу поефикасен начин за поправање на печатните грешки во рамките на популарната тастатура Gboard. Според последните сознанија откриени во бета верзијата на апликацијата, Google работи на воведување на целосно нов систем за контрола на „курсорот“ кој значително се разликува од актуелното решение. Оваа промена е насочена кон олеснување на процесот на уредување текст, особено кога станува збор ...
Apple во текот на вчерашниот ден ја пушти првата бета верзија од iOS 26.4, која како и секогаш прво е за програмерите. Истата донесува не така мала листа на новини, но не и главната поради која се чекаше на оваа верзија. Марк Гурман се покажа дека има добри извори, па неговите најави испаднаа точни. Иако Apple никогаш официјално не го најави доаѓањето на новата верзија од Siri за iOS 26.4, сите информации укажуваа на тоа исто како минатата ...
Со пуштањето на првата бета верзија од iOS 26.4 за програмерите, како и iPadOS 26.4 и macOS 26.4, наместо конечно да ја видиме понапредната верзија од Siri, Apple повторно ја одложи таа новина, па пушти повеќе други новини. Една од тие новини е додавање на поддршка за видео содржина кај нивната популарна Podcasts апликација, па може да се очекува дека оваа апликација ќе стане уште повеќе популарна. Видео поткастите во Apple Podcasts ќе ...
Google официјално ги потврди датумите за својата најголема годишна конференција за програмерите. Google I/O 2026 ќе започне на 19 мај, а ќе трае до наредниот ден, односно 20 мај. Како и минатите години, главниот настан ќе биде достапен за следење во живо преку интернет, а регистрацијата за програмерите е веќе отворена на официјалната страна на компанијата. Главната тема на конференцијата се очекува повторно да биде вештачката интелигенција, ...
Тенок, лесен и сериозно моќен – Galaxy Z Fold7 веќе не е само концепт за преклопен телефон, туку дефиниција за мобилна работна станица. Дизајниран за оние кои бараат повеќе од обично прелистување низ социјалните мрежи, овој уред нуди хибридно искуство меѓу работата, забавата и напредната AI иновација. Дизајн кој не прави компромис со издржливоста Samsung Galaxy Z Fold7 носи значително потенок профил и помала тежина, но не на сметка на ...
Пред нешто повеќе од една недела, Ferrari презентира дел од развојот на нивниот нов електричен автомобил, Ferrari Luce. Името значи светло или осветлување на италијански и се изговара како „Луче“. Иако Ferrari е еден од најпознатите брендови на автомобили во светот и новиот модел изгледа одлично, барем тоа што може да се види, тоа што посебно привлекува внимание е што дизајнот на внатрешноста е направен во соработка со LoveFrom, односно Џони ...
Факт е дека Vision Pro уредот од Apple е доста скап и доаѓа со батерија со мал капацитет која мора да се носи поврзана со кабел, на пример во џебот. Поради ова воопшто не изненадува фактот дека Vision Pro не е баш популарен уред, посебно во споредба со некои од конкурентите, но е доста добар показател за што може да се очекува во иднина. Покрај ваквите карактеристики и способности на еден уред, јасно е дека еден од најважните фактори за успех ...
Microsoft прави интересен чекор напред во насока на подобрување на корисничкото искуство за оние кои претпочитаат минималистички и брз пристап до софтверот, а посебно програмерите. Наместо вообичаеното отворање на Microsoft Store и чекањето да се вчитаат сите графички елементи, корисниците на Windows 11 сега можат да ги инсталираат своите омилени алатки преку едноставни текстуални наредби. Ова значи дека Microsoft Store и сите достапни ...
Неколку различни неофицијални извори најавуваат дека наредната генерација или може и целосно посебна верзија, од AirdPods Pro ќе дојде со една или две камери вградени во нив. Од една страна ова звучи како Apple да планираат да претстават уред кој ќе ги користи камерите за „свесност“ за околината, па со помош на вештачката интелигенција ќе бидат отворени целосно нови функции. Ова е во категоријата на досега неколку неуспешни производи, но ...
Новите „бенчмарк“ тестови направени на претпродукциски примерок од лаптопот Asus Zenbook откриваат детали за можностите на претстојниот процесор на Qualcomm, Snapdragon X2 Elite. Тестираната верзија на чипот покажува дека Qualcomm успева да направи сериозен скок во перформансите, особено кај задачите кои бараат работа на повеќе јадра истовремено. Според објавените податоци од Hardware Canucks, Snapdragon X2 Elite постигнал резултат од 1.432 ...
Sony го најави претставувањето на наредната генерација од нивните доста популарни слушалки за во увото, WF-1000XM6, за 12 февруари, односно овој четврток, истиот ден кога ќе го одржат и нивниот „State of Play“ настан за PlayStation 5 игри. Како и секогаш, дел од новините кои ќе ги донесе новата генерација од XM-ките, е објавена предвреме неофицијално, па според информациите има неколку карактеристики кои можеме да ги очекуваме. Sony ...
После одложувањето на новата верзија од Siri минатата година, со функции кои беа презентирани уште во 2024, мислам дека најновата информација ќе ги изненади едни, но ќе биде целосно очекувана за други. Според информации кои ги објави Марк Гурман, Apple повторно наидува на проблеми при развојот, иако сега ги користи Gemini јазичните модели, па новата верзија од Siri изгледа повторно ќе биде одложена. Ова значи дека новата верзија од Siri, таа ...
„Макпетрол“ официјално го отвори новиот Бизнис центар во рамки на својата Управна зграда, наменет за континуиран развој и обука на вработените. Центарот ќе служи како современ простор за реализација на интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни средби. На настанот присуствуваа претставници на менаџментот на компанијата, ...
„Макпетрол“ официјално го отвори новиот Бизнис центар во рамки на својата Управна зграда, наменет за континуиран развој и обука на вработените. Центарот ќе служи како современ простор за реализација на интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни средби. На настанот присуствуваа претставници на менаџментот на компанијата, ...
Во ноември минатата година Google најави нешто што тешко кој би поверувал дека е можно, а повеќето очекувавме дека кратко ќе трае поради блокада од страна на Apple. Тоа сепак не се случи, па корисниците на Pixel 10 серијата ја добија и уште ја имаат можноста за поврзување со AirDrop системот од Apple, односно ја добијат можноста за директно споделување на датотеки со iPhone корисниците. Уште тогаш се виде дека планот на Google не е да ја ...
Кинеските производители веќе одреден период претставуваат телефони кои доаѓаат со доста голем капацитет на батеријата, капацитет кој порано можеше да се добие само преку надворешните батерии, односно „power banks“. Ова е резултат на користењето на нова технологија за батерии, која овозможува поголема густина, односно повеќе енергија во истиот простор, а технологијата користи комбинација од силициум и јаглерод наместо литиум. Познатиот Маркез ...
Google додава уште една функција како дел од Premium претплатата која е достапна за YouTube, како и YouTube Music. Корисниците сега за да можат да го гледаат текстот од песната која ја слушаат ќе мора да бидат претплатени, односно оваа функција веќе не е бесплатна. Информацијата ја откриваат од 9to5Google порталот, а истакнуваат дека веќе овој период промената треба да ја очекуваат сите корисници во светот. Корисниците кај кои оваа новина е ...
Во својата редовна неделна објава, Марк Гурман оваа недела пишува за уредите кои може да се очекуваат од Apple веќе во неделите што следат. Тој најавува дека доста уреди може да се очекуваат од компанијата оваа година, повеќето надградени верзии, но и такви кои ќе бидат нови или со доста големи нови функции. Првиот уред, кој ќе ја започне 2026, според Гурман ќе биде iPhone 17e телефонот, кој оваа година ќе дојде со A19 чипот од iPhone 17, што ...
НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон -осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потврда за извонредните перформанси и отпорноста, иновациите и трансформативната улога на Банката кон дигиталните технологии и вештачката интелигенција, како и обликувањето на иднината на банкарството ...
Sony официјално го потврди она што технолошките ентузијасти долго го очекуваа, новата генерација на легендарните WF-1000XM слушалки ќе биде претставена на 12 февруари 2026 година во 17:00 часот. Компанијата, позната по своите иновации во аудио технологијата, одлучи да ги задржи деталите во тајност, но првиот официјален „тизер“ веќе предизвика значително внимание. Новите слушалки доаѓаат скоро три години по лансирањето на WF-1000XM5 моделот од ...
Додека го чекаме Samsung Unpacked настанот, на кого ќе бидат претставени уредите од Galaxy S26 серијата, од компанијата почнаа да ни прикажуваат мали информации за што можеме да очекуваме. По најавата за новата функција за заштита на приватноста од луѓето кои потенцијално може да гледаат во екранот на корисникот, сега од компанијата вниманието го насочија кон камерите. Samsung објави три видеа преку кои ги истакнува способностите на камерите ...
Лајнус Себајстијан, сопственик на еден од најпознатите YouTube канали за технологија, Linus Tech Tips, претстави сопствен USB кабел, кој ќе се продава преку нивната онлајн продавница, која треба да стане достапна и надвор од САД. Во видеото Себастијан објаснува за лошиот квалитет на повеќето кабли достапни на пазарот, односно перформансите кои стојат во карактеристиките од кабелот ретко се остваруваат во реалноста, при практична употреба. ...
Новите информации за претстојната генерација на Studio Display сугерираат дека Apple се подготвува за специфичен технички компромис кај својот следен монитор. Иако корисниците веќе подолго време очекуваат целосна ProMotion поддршка со 120Hz, последните гласини укажуваат на тоа дека уредот наместо тоа би можел да користи стапка на освежување од 90Hz. Оваа информација наводно доаѓа од анализа на интерни верзии на софтверот на Apple, каде се ...
Почнувајќи од верзијата Firefox 148, која ќе стане достапна од 24 февруари, прелистувачот ќе добие нова функција која мислам дека ќе направи доста за враќање на барем дел од изгубениот углед на Mozilla. Firefox ќе добие можност корисниците целосно да ги блокираат сите моментални и идни функции со вештачка интелигенција, па прелистувачот ќе може да се користи од страна на не толку малата бројка на корисници кои сметаат дека масовно додавање на ...
Стандардната месечна надградба на Windows 11 која обично доаѓа во вторник, позната како „Patch Tuesday“, покрај стандардни безбедносни закрпи и исправки на грешки, ќе донесе и неколку нови функции. Дечките од Windows Central, кои специјално го следат светот на Microsoft, истакнуваат осум новини кои може да ги очекуваме идниот вторник, иако како и секогаш, од компанијата новините ги пуштаат постепено, па нема сите компјутери веднаш да ги ...
Првично забележано од страна на корисниците, потоа е потврдено од страна на Google за Android Authority. Од компанијата ги затвораат пропустите кои овозможуваат гледање на YouTube во позадина без Premium претплата, преку неколку интернет прелистувачи кои тоа го овозможуваат. Вакво нешто овозможуваат прелистувачите како Brave, Vivaldi, па дури и Edge, но очекувано на Google тоа не им се допаѓа затоа што овие корисници можеби би морале да се ...
Microsoft веќе подолг период работи на мал редизајн на Старт менито во Windows 11, кое веќе донесе доста голема промена во споредба со претходните верзии до Windows 10. Главната новина кај редизајнот во главно е кај прикажувањето на сите апликации, кои веќе не се на посебна страна, тука на главната страна од менито. Корисниците можат да изберат и нов начин на групирање на овие апликации, па да се прикажуваат автоматски во папки според видот ...
Долгоочекуваниот влез на Apple во светот на паметните телефони на преклоп веќе со години е тема на бројни шпекулации, но најновите информации кои пристигнуваат од неофицијалните извори сугерираат дека компанијата не брза само за да биде присутна на пазарот, туку за целосно да го редефинира корисничкото искуство. Наместо да се фокусира само на естетиката и механизмот на шарките, Apple својот главен адут го сместува во внатрешноста на уредот. ...
PowerToys е апликација од Microsoft која мислам дека нема напреден корисник, кој не е префрлен на Linux или macOS, која не би му препорачал дека „мора“ да ја користи. Истата, како што повеќе пати досега пишувавме, додава доста додатни функции на Windows, меѓу кои можеби најпопуларна е Command Palette, која додава функција како Spotlight во macOS, односно Albert апликацијата која е популарна и достапна на сите платформи. Од компанијата сега ...