Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Наредната генерација од Pixel уредите ќе биде претставена на 20 август. Google го закажа нивниот „Made by Google“ настан на кој покрај телефоните, можеме да очекуваме и нови генерации од часовниците и слушалките. Карактеристично за компанијата изминатите години, Google го прикажа изгледот на еден од Pixel уредите во нивната продавница, па сега имаме претстава што може да се очекува. Иако не е познато за точно кој модел се работи од Pixel 10 ...
Во најновите тест верзии од Windows 11 достапна е нова можност поврзана со пуштањето на аудио од компјутерот која засега може да се најде само на некои Android телефони. Функцијата е наречена „Shared audio“ и истата овозможува поврзување на компјутерот со повеќе од еден уред за пуштање на звукот. Ваквата можност е доста корисна поради можноста да се поврзат два пара на слушалки, на пример, по што корисниците можат да гледаат некој филм без ...
Иако веќе со години гласините го најавуваат „iPhone Fold“, кој веќе требаше да биде претставен, идната година изгледа конечно ќе биде таа кога Apple ќе влезе на овој интересен, но сѐ уште не толку голем пазар. Една од главните причини која се истакнува поради која Apple остави толку години да поминат за да го претстави нивниот прв уред на преклоп наводно и очекувано е линијата која се појавува на местото на превиткување на екранот. Овој проблем ...
По ланското големо доцнење со пуштањето на One UI 7 надградбата, која стана достапна дури оваа година, One UI 8 може да се очекува доста порано. По завршувањето на развојот на Android 16, Samsung веќе ја има завршено One UI 8 надградбата која е достапна уште од почетокот со новите уреди на преклоп од компанијата кои беа претставени овој месец. За разлика од претходната верзија, One UI 8 не е толку голема, а корисниците можат да ја очекуваат на ...
OpenAI оваа недела ја претстави најновата способност на нивниот ChatGPT, наречена ChatGPT Agent и со тоа може слободно да се каже дека започнува наредната „ера“ на вештачката интелигенција, а тоа што беше достапно досега е еден вид на загревање. ChatGPT Agent спојува две достапни функции досега во една, односно ги спојува можноста за истражување и можноста за интеракција со веб страните во име на корисникот. Со ова спојување се доаѓа до една ...
Clean Up е една од не толку големиот број на функции со вештачка интелигенција кои ги пушти Apple како дел од Apple Intelligence, иако бројот на функции само по себе не е толку проблем. Познато е дека ваквите функции на Apple не добија некои добри оценки, а тука посебно треба да се истакне доцнењето со сопствените големи јазични модели за унапредување на Siri. Рекламата која од компанијата ја пуштаат дури сега, иако Clean Up е достапна уште од ...
Нешто што се очекува дека нема да биде ретка појава, а има доста слични примери, се случи и кај познатиот сервис WeTransfer. Од компанијата објавија изменети Услови за Користење, во кои покрај другото, стои и дека содржината од датотеките на корисниците ќе може да се користи за подобрување на моделите за машинско учење. Иако во тој конкретен дел стои дека машинското учење е наменето за подобро откривање на забранета содржината во датотеките, ...
После седум генерации од нивниот познат Galaxy Z Fold уред, Samsung оваа година ќе претстави нов вид на уред, кој се превиткува на три дела. Вакво нешто сега е логично со оглед на тоа што уредите стануваат доста потенки, па уред со три дела би можел да биде практичен. Целта секако повторно е да се добие смартфон кој може да биде отворен и претворен во таблет, а во овој случај, уште поголем таблет кој реално може да ја замени целосно потребата од ...
Дефинитивните очекувања се дека Apple ќе претстави верзија од iPhone која се преклопува, односно се претвора во помал таблет, идната година. Со оглед на бројот на неофицијални информации досега, мислам дека со голема сигурност можеме да го очекуваме овој уред. Останатите веќе се стигнати до своите седми генерации од ваквите уреди, па е доста типично за Apple да чека додека може да претстави подобар производ, односно производ без недостатоците ...
Google официјално го закажа нивниот Made by Google настан, кој обично до пред некоја година се одржуваше околу октомври. Исто како и минатата година, од компанијата ќе го одржат настанот во летниот период, па настанот ќе се одржи на 20 август со почеток во 19:00 часот по македонско време. Во самата покана за настанот од компанијата истакнуваат дека ќе бидат претставени најновите Pixel уреди, а тука нема ништо посебно откриено, знаеме што од ...
Претседателот на Android екосистемот, Самир Самат, ги потврди неофицијалните најави за спојување на ChromeOS и Android во еден систем кој ќе функционира на повеќето достапни уреди. Тоа значи дека во иднина од компанијата ќе развиваат само еден систем, а тој ќе биде направен на основа на Android, односно очекувано развојот продолжува во тој правец. Самат преку X излезе со мало појаснување за што е тоа што можеме да го очекуваме од спојувањето на ...
Додека чекаме вештачката интелигенција целосно да го преземе поголемиот дел од програмирањето, засега веруваме дека ВИ е одлична алатка која им помага на програмерите да ја завршат својата работа доста побрзо. Сепак, според студија направена од страна на METR, користењето на алатките со вештачка интелигенција ги прави програмерите до 19% побавни во својата работа. Ова барем важи за искусните програмери кои имаат повеќе годишно искуство во ...
При крајот на минатата година беше пуштена неофицијалната информација според која Google веќе не планира развој на два посебни оперативни системи за телефоните и компјутерите. Според овие информации, Google планира спојување на ChromeOS во Android, а сега има и потврда на истото. Потврдата доаѓа од страна на претседателот на Android екосистемот, Самир Самат, кој информацијата ја потврдува преку прашање за новинар. Во прашањето тој истакнува дека ...
Како дел од Windows 11 Insider Preview Build 27898 од Canary каналот, Microsoft претстави нова функција која треба да ја подобри издржливоста на батеријата кај лаптоп компјутерите. Функцијата е наречена „Adaptive energy saver“ и истата автоматски ќе го вклучува режимот за заштеда на енергија, дури и кога батеријата не е при крај, како што обично функционира овој режим. Вклучувањето на режимот ќе зависи од нивото на користење на компјутерот во ...
Три дена оваа година се, односно ќе бидат најкратките денови за оваа година поради промени во брзината на ротацијата на Земјата на сопствената оска. Еден од овие денови веќе помина, 9 јули, а овој ден беше пократок за 1,23 милисекунди. Ова секако е нормална појава која никој нема да може да ја забележи, а сигурно кога говориме за милисекунди секој ќе каже дека тоа нема никаква врска со ништо, но сепак е доста интересна појава за љубителите на ...
Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“), проект чија реализација беше незаконски забранета речиси три години. Како и во сите филмови на Манчевски и тука, покрај емотивниот уметнички аспект (темата на сестринска љубов), се истражуваат и општествено релевантни теми – самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести, општество засновано на ...
Изминатиот период излегоа информации дека Galaxy AI функциите кои ги користат корисниците нема да останат бесплатни, а тоа би било само до крајот на годината. Потоа, се очекуваше дека Samsung ќе додаде претплата за користење на функциите, а информацијата дека такво нешто се планира може да се најде на нивните страни и сервиси. Сепак, работите сега се доста појасни, па корисниците можат да бидат сигурни дека тоа што моментално го користат, нема ...
Познатиот Лајнус Себастиан, преку неговиот YouTube канал Linus Tech Tips, објави видео во кое тие го тестираат „openpilot“, решение за претворање на автомобилите во автономни со отворен код. Openpilot е развиен од страна на comma.ai, а интересно, поради тоа што е со отворен код, достапни се и други изменети верзии со различни функционалности. Поддршката за автомобили е секако ограничена, а можат да се „трансформираат“ одредени модели од Toyota, ...
Reuters излезе со ексклузивна информација, добиена од тројца вработени во OpenAI, дека од компанијата планираат да претстават сопствен конкурент на Google Chrome, односно интернет прелистувач. Повеќето конкуренти веќе имаат некаква форма на интеграција на вештачката интелигенција, а оваа недела на пазарот влегоа и од Perplexity со сега нивниот официјално достапен Comet прелистувач. Зошто и OpenAI би сакале да претстават нивни прелистувач? ...
На презентација која е достапна преку X, Елон Маск ја претстави наредната генерација од големиот јазичен модел, Grok 4. Ова како што е познато е конкуренцијата на моделите од OpenAI, Google и другите, од xAI, компанијата зад која стои Маск. Во негов класичен стил, Маск го најави Grok 4 како најпаметниот јазичен модел на пазарот, а според него тој веќе го надминува нивото на студент со докторат во било која област. За тренирање на Grok 4 е ...
HBO Go, кој потоа стана HBO Max, па на крајот едноставно Max, сега повторно го носи името HBO Max. Од оваа недела промената на брендот е официјално направена, па може да се забележи кај апликациите, како и на веб страната. Од Warner Bros.Discovery ја најавија оваа промена, односно враќањето на HBO во името на стриминг сервисот, во мај оваа година, а беше истакнато дека официјализирањето на промената ќе започне од ова лето. Како што беше ...
Дека оваа година повторно ќе се вратат во „мода“ тенките смартфони, покрај огромниот број на шпекулации, стана јасно по претставувањето на Galaxy S25 Edge. Сега на ред се Apple, за кои ваков уред се најавува уште пред Samsung, а засега овој уред се нарекува iPhone Air. Исто како и телефонот од Samsung, овој сѐ уште неофицијален iPhone треба да биде најтенкиот телефон од компанијата, а дали ваквите уреди ќе станат доволно популарни, ќе видиме во ...
Microsoft објави статија во која ги истакнува подобрувањата кои ги има направено на нивниот Edge интернет прелистувач, кои во главно доаѓаат со менување на технологијата која се користи, односно со користење на WebUI 2.0, која донесува еден вид на „модуларност“ при вклучување на интерфејс елементите и потребниот JavaScript код. Резултат на тоа е доста побрзо вклучување на елементите од корисничкиот интерфејс, а од Microsoft тврдат дека Edge ...
Големиот редизајн на оперативните системи од Apple, кој беше неофицијално најавуван со месеци, беше претставен во рамките на WWDC25 и го носи името Liquid Glass. Веднаш по претставувањето започнаа критиките, доста од нив оправдани, за дизајнот кој на многу места ги прави работите многу потешки за читање, односно „стаклениот“ ефект е толку силен што работите зад елементите се гледаат доволно многу за да работите се измешаат, кратко кажано. ...
Според статистиката која ја води и објавува Statcounter, Windows 11 за првпат после четири години од претставувањето успева да го надмине Windows 10 по бројот на корисници. Промената на првото место доаѓа овој месец, односно јули, а Windows 11 според компанијата има пазарен удел од 52,19%, додека Windows 10 има паднато на 44,46% од сите Windows компјутери. Ова секако е очекувано со оглед на тоа што доста години се поминати, па корисниците ...
Џек Дорси, кој е најпознат како ко-основач и поранешен директор на Twitter, претстави апликација за разговори која не користи интернет, а функционира само преку Bluetooth „меш“ мрежа. Името на апликацијата е bitchat, а моментално е во тест, односно бета фаза, а ќе видиме дали и колку ќе продолжи развојот и популарноста кај корисниците. Оваа апликација веднаш е јасно дека не е замислена да биде конкуренција или замена за било кој од популарните ...
Проблемите кои Apple ги има со развојот на големи јазични модели и со интегрирање на сега толку популарните функции со генеративна вештачка интелигенција, изгледа нема знаци дека ќе се средат. Главниот на групата од стотина луѓе кои работат на развојот на јазичните модели од компанијата, тие кои стојат зад Apple Intelligence, Руоминг Пенг, си замина од компанијата, нешто што зачести изминатиот период, а посебно од ВИ секторите. Интересно, Пенг ...
Несогласувањата помеѓу едно време „најдобрите пријатели“ Елон Маск и Доналд Трамп за кратко престанаа, но повторно се појавија по изгласувањето на „Големиот Убав Закон“. Маск во основа смета дека со овој закон ќе се зголеми долгот кој го има САД, наместо истиот да се намалува, кратко кажано. Законот има повеќе точки, па потребна е подобра анализа за да се заклучи што точно се постигнува со него и зошто. Поради ова, Маск почна да објавува дека ...
iPhone Pro моделите обично се разликуваат по големината на екранот и по некоја функција кај камерите, обично Pro Max добива нешто повеќе можности. За оваа година се најавува дека ваквите разлики нема да ги има, покрај екранот секако, но можно е најголемиот iPhone модел да добие поголемо зголемување на капацитетот на батеријата. Не е познато дали Apple планира од оваа година да почне да ги користи новите достапни технологии за батериите, кои веќе ...
Вчера пред многубројната хрватска публика во македонскиот КИЦ во Загреб беше отворена изложбата ,,The Vlatko Stefanovski Experience” во чест на 50-години кариера на легендарниот гитарист. На изложбата е претставен избор на концертни фотографии кои евидентираат различни фази од кариерата на Влатко Стефановски потпишани од Ангел Ситновски, Стефан Рајхл, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ – автори кои со години го придружуваат Стефановски на неговите ...