Утре (22 октомври) ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен&Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. Почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна. Организаторите на ...

Amazon Web Services – AWS, еден од неколкуте најпознати и масовно користени „сервери“, во текот на денешниот ден имаше сериозни проблеми поради што недостапни беа повеќе сервиси низ светот. Големи се шансите дека и корисниците во Македонија користат некој од сервисите кои не беа достапни во текот на денот, неколку часа, а тие ги вклучуваат такви како Signal, Snapchat, Facebook, Prime Video, Ring, Fortnite, Perplexity и други, меѓу кои и ...

Објавите на X кои доаѓаат во форма на линкови ќе добијат подобар „третман“ на оваа мрежа. Од компанијата најавија две новини кои ќе треба да ја подобрат успешноста на ваквите објави, па тие кои објавуваат линкови во периодот што следи можат да очекуваат тие да стигнат до повеќе корисници. Првата новина ќе биде пуштена на iOS верзијата за почеток, а го менува начинот на којшто се отвораат линковите. Наместо линкот да се отвори на целиот екран, ...

За децата светот е едно големо игралиште полно со можности, каде секој е добредојден. Децата не поставуваат граници – тие ги рушат со отвореност и разбирање. Помалите деца не гледаат проблеми каде поголемите велат дека ги има. Тие не знаат за предрасуди и не им е важна возраста, бојата на кожа, полот или националноста. Токму тоа и го покажува социјалниот експеримент на Телеком, кој можете да го погледнете во видеото подолу. Кога се навистина ...

Apple Vision Pro уредот останува не баш успешен производ, но доста добар показател за технологијата која се способни да ја развијат од компанијата. Уредот засега е доста скап, а батеријата која е посебно поврзана и треба да се носи во џебот, на пример, трае само неколку часа, па јасно е дека некоја идна верзија ќе биде доста поуспешна. Vision Pro во текот на вчерашниот ден, заедно со новите MacBook Pro и iPad Pro верзии, доби надградба со новиот ...

Meta го откажува развојот на своите десктоп апликации од Messenger, на Windows и на macOS. Засега не е познато кога точно ќе бидат откажани овие апликации, но корисниците ќе бидат известени, по што ќе имаат 60 денови пред апликациите целосно да престанат да функционираат. Во случајот со Windows корисниците, тие ќе можат да продолжат да ја користат Facebook апликацијата за пристап до разговорите, додека корисниците на macOS ќе ја имаат веб ...

Apple вчера, заедно со претставувањето на нова верзија од 14 инчниот MacBook Pro, претстави и нова верзија од iPad Pro. Главната новина кај овие два уреди е новиот М5 чип, кој интересно, како главно подобрување ги истакнува перформансите за работа со вештачка интелигенција. Новиот iPad Pro доаѓа со истиот дизајн, очекувано, а новините доаѓаат внатре, односно во компонентите. Покрај новиот М5 чип, iPad Pro доаѓа и со новиот N1 мрежен чип од ...

Како што очекувавме, по најавата од страна на Грег Џозвиак, Apple денеска ја претстави најновата надградба на нивниот MacBook Pro со 14 инчен екран. Овој лаптоп сега доаѓа со најновиот М5 чип од компанијата, а истиот донесува неколку подобрувања во споредба со М4. Apple со овој нов чип посебен акцент става на подобрувањата кои ги донесува за работа со вештачка интелигенција, односно машинско учење, големи јазични модели и слично. Според Apple, ...

Microsoft, преку својот Windows профил на X, кратко најави дека во текот на утрешниот ден, односно четврток, „нешто големо доаѓа“. Најавата вклучува уште кратка најава за тоа дека е време да ги одмориме прстите, односно нашите раце ќе добијат одмор. Никогаш не може точно да се знае што да се очекува од ваквите кратки најави на компаниите, но секако можеме да претпоставуваме. Со оглед на неколкуте најави дека иднината на Windows ќе биде ...

Заедно со завршувањето на поддршката за Windows 10, на 14 октомври заврши и поддршката за два пакети на апликации од познатите Microsoft Office. Поддршката завршува за Office 2016 и Office 2019 пакетите, па корисниците треба да знаат дека веќе нема да добиваат нови функции, безбедносни надградби, како и поддршка. Иако изминатите години Microsoft како главен пакет за Word, Excel и другите апликации го смета Microsoft 365 пакетот, кој доаѓа со ...

Главниот за маркетинг во Apple, познатиот Грег „Џоз“ Џозвиак, преку објава на X го најави претставувањето на нов уред од компанијата. Од краткото видео може да се види дека се работи за MacBook Pro, кој веќе се очекува да биде освежен во овој период од годината. Видеото очекувано не ни открива скоро никакви детали, па може само да се заклучи дека овој лаптоп ќе дојде со сѐ уште не претставениот М5 чип. Покрај тоа што овој чип веќе се очекува, во ...

По одлуката на Microsoft нивниот Copilot асистент да функционира како посебна апликација во Windows 11, наместо интегриран во системот преку лентата која се прикажуваше на десната страна, корисниците изгубија дел од функциите кои им беа достапни. Очекувано, дел од овие функции може да се очекува да бидат повторно вратени назад, па една од нив е пристапот на Copilot до Settings апликацијата. Ова е мала, но доста корисна можност, а посебно за ...

Доколку изминатите месеци имате забележано нов изглед на „плеерот“, односно контролите на YouTube, кои повремено се менуваат, сега овие промени ќе бидат официјално пуштени за сите корисници. YouTube добива нов дизајн на нивниот „плеер“, а може да се каже дека истиот до некаде потсетува на новиот „стаклен“ дизајн, тренд кој како и обично го започна Apple. Промените не се драстични, затоа што се однесуваат само на контролите при гледање на видеа, ...

Во текот на вчерашниот ден, SpaceX го направи единаесеттото тест лансирање на нивното најголемо и најмоќно летало, Starship. Ова е и последното тест лансирање на оваа верзија од Starship, по што наредните лансирања ќе продолжат со наредната, односно трета верзија. Лансирањето е успешно извршено на двата дела од Starship, кои се развиени да бидат повторно употребливи, но тестот не вклучуваше нивно фаќање од страна на кулата од каде се лансирани. ...

Во KB5065789 надградбата, која Microsoft почна да ја пушта на 29 септември, доаѓа мала, но доста корисна новина за корисниците кои работат со повеќе поврзани монитори. Со инсталацијата на оваа надградба, овие корисници ќе можат да ги проверуваат известувањата од било кој екран, нешто што досега беше возможно само од тој што е избран како главен. Центарот за известувања, со притискање на часовникот и датата, ќе се прикаже на тој екран од каде што ...

Можеби Linux верзиите и macOS важат како популарни кај програмерите и дизајнерите, сепак Windows со бројката на корисници не може да се каже дека не им е доста сериозна конкуренција. Ова посебно важи за систем администраторите кои ги менаџираат компјутерските системи на компаниите кои во главно функционираат на Windows. Оваа категорија на корисници добива нова функција кај Windows 11 која ќе им овозможи доста подобро искуство, кое може да се ...

Во најраните години децата го градат својот поглед кон светот – тогаш, без да знаат, ги учат и предрасудите. Тие не се вродени, туку се стекнуваат преку семејството, училиштето, друштвото.. Децата ги имитираат возрасните, ги повторуваат нивните зборови и ставови, дури и кога не ги разбираат. Психолозите велат дека децата од 2–4 години забележуваат разлики (како боја на кожа или јазик), но не ги вреднуваат. Дури подоцна, по шестата и седмата ...

Microsoft додаде темна тема кај Windows уште од Windows 10 пред десетина години. Сепак, уште од тогаш, делови од корисничкиот интерфејс не беа прилагодени да ја користат темната тема, а тоа остана така и со претставувањето на Windows 11. Windows 11 е познат по тоа што сѐ уште има и делови од корисничкиот интерфејс кои не го користат новиот дизајн на системот, а има и такви кои се останати од пред 20 години, па и повеќе. Во најновите бета и ...

GitHub, познатата платформа за програмери сега во сопственост на Microsoft, најавија дека како дел од GitHub Copilot алатката станува достапен и Grok Code Fast 1 големиот јазичен модел. За почеток овој јазичен модел е достапен како „preview“ верзија, а може да се користи од страна на корисниците на GitHub Copilot Pro, Pro+, Business и Enterprise претплатите. Преку GitHub Copilot, пристап до Grok Code Fast 1 добиваат и развојните околини како ...

Qualcomm го најави купувањето на компанијата Arduino, една од најпознатите компании во областа на отворен хардвер и софтвер, компанија која им овозможи на огромен број студенти, ентузијасти, но и посериозни компании, да учат, тестираат и развиваат. Со ова Arduino станува дел од компанијата која стои зад развојот на чиповите кај повеќето смартфони на пазарот, но и доста други производи. Според најавата, Arduino ќе продолжи да функционира како ...

Pepco ќе ги отвори првите продавници на македонскиот пазар во средината на 2026 година во Скопје, носејќи го еден од најголемите паневропски дисконти со широка понуда во 19-та земја. Отворањето го означува дебито на Pepco на македонскиот пазар и им нуди на потрошувачите нова дестинација за стилски секојдневни потреби со најдобра комбинација на цена и квалитет. За многу луѓе низ Европа, Pepco стана продавница што не се пропушта при пазарење: ...

Со пуштањето на најновата верзија од бета каналот на Windows Insider програмата, Microsoft најави блокирање на една можност која е доста популарна кај одреден број на корисници на Windows 11. Се работи за неколку достапни механизми кои им овозможуваа на корисниците да го прескокнат делот при првичното прилагодување на нова инсталација од Windows 11, кој бара најава со Microsoft сметка. Познато е колку Microsoft не сака корисниците да го користат ...

ChatGPT доби доста новини изминатиот период, па од OpenAI сега најавија и апликации во овој „четбот“. За почеток од компанијата претставија неколку апликации во соработка со нивните партнери, но со достапноста на новата Apps SDK алатка, сите ќе можат да ги поврзат нивните сервиси со ChatGPT. Апликациите во ChatGPT во основа претставуваат можност за директно поврзување со некоја од познатите веб страни, на пример, со цел да се побара извршување ...

Wikipedia може да се каже дека нема баш најпозитивен углед изминатите неколку години, па оваа позната веб страна прашање е дали сѐ уште може да се смета како сигурен извор на информации. Кратко кажано, проблемите се вртат околу познатата „тема“ во САД, а тоа е влијанието на „левицата“ и неколку од најпознатите теми во земјата. Поради зачестените критики изминатиот период, Елон Маск најави дека планира да пушти конкуренција на оваа страна, а ...

Perplexity, компанијата која стои зад истоимениот интернет пребарувач со вештачка интелигенција, официјално го пушти својот интернет прелистувач, секако, направен со целосна интеграција на ВИ. Името на прелистувачот е Comet, а од компанијата го првпат го пуштија пред три месеци, поточно на 9 јули. Тогаш прелистувач им беше достапен на претплатниците на Perplexity Max претплатата, а во периодот што следеше им беше пуштен и на претплатниците кои ...

Microsoft претстави нов Microsoft 365 пакет со кој веќе нема да постои посебна претплата за Copilot Pro или со други зборови, нема да има Copilot претплата која е независна од порано наречените Office апликации, односно пакети. Microsoft 365 Premium е новиот пакет и ќе чини исто колку што чинеше Copilot Pro претплатата, колку што чинат повеќето конкурентни ВИ решенија, 19,99 долари месечно. Досега достапните Microsoft 365 пакети остануваат, ...

OpenAI ја претстави втората верзија од нивниот јазичен модел за генерирање на видео содржина, Sora 2, а овој пат од компанијата претставија и посебна апликација специјално за видеа. Sora е името на апликацијата и за почеток е достапна на iOS за корисниците кои имаат добиено покана, а пуштањето ќе оди постепено, меѓу другото и поради безбедносни причини, нешто на кое од компанијата даваат посебно внимание, наводно. Од OpenAI истакнуваат дека Sora ...

Рускиот „јутјубер“ кој минатата година предвреме го прикажа MacBook со М4 чипот, „Wylsacom“, сега објави видео од iPad Pro со М5 чипот. Таблетот, како и чипот, сѐ уште не се официјално претставени, а се очекуваат овој месец. Како што се очекуваше, Apple немаат направено никаква разлика од моменталниот модел, па главната разлика ќе биде само во новиот М5 чип, кој ќе донесе нешто подобри перформанси. Според тестовите кои ги прави на неколку ...

Директорот на Samsung Display, наводно во разговор со новинарите, говорејќи за производството на OLED панели, потврдува дека од компанијата се подготвуваат за производство на повеќе OLED панели за уреди на преклоп. Тој во изјавата истакнува дека не сака да ја открие компанијата за која се наменети овие панели, па со тоа се зголемуваат шпекулациите дека се однесува на Apple. Повеќе пати досега можевме да прочитаме за iPhone Fold кој изгледа ...

По претставувањето на одличната нова Xiaomi 17 серија, сега уште еден од познатите кинески производители го најави претставувањето на нивната најнова серија. OnePlus го најави претставувањето на OnePlus 15, кое треба да се случи во наредните неколку недели. Двата кинески производители имаат две заеднички работи, а едната е што нивните најнови серии се меѓу првите кои работат на новиот Snapdragon 8 Elite Gen 5. Втората сличност е што тие доаѓаат ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
59%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
50%
1009
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
80%
1008
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
50%
1012
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.19
51%
1014
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
97%
1008
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.68
76%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1012
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
42%
1012
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
54%
1013
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.58
80%
1010
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
42%
1015
Currency

61.6217

Currency

52.9633

Currency

70.9274

Currency

34.3556

Currency

37.6708

Currency

66.7907

Currency

7.43901

Currency

0.65463

Currency

0.3504

Currency

0.52568

Currency

1.262

Currency

0.6035