Како што е веќе одамна познато, Windows 10 официјално останува без поддршка од 14 октомври оваа година. Поради огромниот број на корисници кои сѐ уште го користат системот Microsoft сепак овозможи можност за дополнителна година на поддршка, а истото може да се добие и бесплатно. За корисникот на Windows 10 компјутери, Лоренс Клајн, ова не е доволно и тој смета дека Microsoft треба да овозможи поддршка за системот се додека него го користат ...

OpenAI минатата недела го претстави нивниот најнов јазичен модел, GPT-5. Овој модел треба да донесе доста големи подобрувања од претходните верзии, подобрувања кај брзината на одговорите, разбирањето на корисниците, точноста, како и во генералната способност. Кратко кажано, овој модел треба да е подобар од претходните и тоа треба да е очигледно, а од тестирањата кои може да се видат, ова тврдење навистина е точно. Сепак, нешто што е стандардно ...

Apple го најави влезот во светот на генеративната вештачка интелигенција уште во јуни 2024 година со претставувањето на Apple Intelligence. Една од понапредните функции на Apple Intelligence беше нова и понапредна верзија од Siri, кој требаше да биде пуштена оваа година, но како што знаеме, од компанијата не успеаја да го направат тоа. Очекувањата сега се насочени кон идната пролет, повторно со .4 верзиите од системите од компанијата, па според ...

Samsung ја претстави најновата генерација од нивниот уред на преклоп пред околу еден месец, а Galaxy Z Fold7 е сигурно најдобриот Fold досега кој мислам дека првпат може вистински да се препорача како главен телефон. Една од „најслабите“ точки кај ваквите уреди е секако механизмот за превиткување на екранот, па можни се одредени проблеми после повеќе илјади превиткувања. Samsung прави тестирања кај ваквите уреди, а за Fold7 се истакнува дека би ...

OpenAI во текот на вчерашниот ден го претстави нивниот нареден голем јазичен модел наречен GPT-5. Овој нов модел ги обединува сите досега достапни различни модели, односно, за разлика од нив, GPT-5 се прилагодува на прашањата и ги користи потребните ресурси и ниво на „размислување“ кои е потребно во моментот. Ова значи дека OpenAI веќе нема да има различни модели кои се користат за „размислување“ или за обични одговори, па сите овие способности ...

Уште од претставувањето на Microsoft Recall минатата година се постави прашањето зошто воопшто од компанијата работеле на една ваква функција, која прави слика од екранот на секоја секунда, со цел корисникот во иднина да може да пребара што правел. Веднаш е јасно какви се потенцијално можностите за загрозување на приватноста и безбедноста на корисниците, а интересно е што Microsoft за една ваква функција не воведе доволно добри заштити, па дата ...

Ве известуваме дека вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга, под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“ се отвора деветтото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“. Фестивалот ќе се одржи од 7 до 10 август на повеќе локации во Струга. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен. Програма за 7 август ...

Instagram најави неколку новини кои стануваат дел од нивната мрежа, па корисниците можат да ги очекуваат веднаш или наскоро во деновите и неделите што следат. Првата новина е можеби и најдобра и најважна, а истата ја донесува можноста за споделување на веќе објавена содржината на мрежата. Со „reposts“ корисниците ќе можат да ги споделат јавно објавените објави и reels видеа, а истите сега ќе бидат достапни и како уште еден посебен дел на ...

Microsoft објави видео, кое изгледа ќе биде дел од серијал на видеа, наречено Windows 2030 Vision, во кое говори Дејвид Вестон, корпоративен потпретседател за бизниси и безбедност. Ова не е класично видео преку кое се говори за дизајн промените или некои други нови функции кои можеме да ги очекуваме во Windows. Во овој видео се говори за целосна промена на начинот на којшто ќе ги користиме компјутерите, а во главно поради развојот на вештачката ...

Доволно неофицијални информации и слики можевме да видиме изминатите месеци да скоро е сигурно дека iPhone 17 серијата ќе дојде со делумно нов дизајн. Главните промени се концентрирани на модулот за камерите, па истиот сега ќе биде по целата ширина на уредот, со што сензорите ќе бидат поместени повеќе кон десната страна. Како еден вид на потврда за оваа промена во дизајнот доаѓа слика од човек кој изгледа дека користи „неофицијален“ iPhone. Иако ...

Apple можеби „почека“ додека се реши да стави OLED екран кај iPad Pro уредите, но затоа кога тоа го направи, го направи во нивниот препознатлив стил. iPad Pro со М4 не дојде со обичен OLED екран, па истиот е направен со два OLED слоја и е наречен Tandem OLED. Ваквиот екран овозможува доста посилна светлина, нешто што е слабост на OLED екраните, а со тоа и поистакнати бои. Оваа предност се добива заедно со помала потрошувачка на енергија. Според ...

Proton, швајцарската компанија која е позната по своите производи кои приватноста на корисниците ја имаат како главна карактеристика, претстави уште еден производ, кој додава на оваа нивна политика. Proton Authenticator е едноставна апликација која е наменета да генерира кодови за најавување на сервисите со дво-факторска автентикација. Ова е нешто што се користи одамна, па по внесувањето на лозинката, корисниците внесуваат уште еден, најчесто ...

Microsoft Edge ќе стане прелистувач со многу поголема интеграција на вештачката интелигенција, а тоа е нешто што е очекувано со оглед на тоа во кој правец се движат работите. За почеток, поголемата интеграција на ВИ доаѓа преку посебен режим во Edge, наречен Copilot Mode. Корисниците ќе можат да го вклучат и да добијат целосно ново корисничко искуство, а исто така ќе можат и да го исклучат доколку не им се допаѓа и да се вратат на класичниот ...

Google ќе ја претстави Pixel 10 серијата, заедно со уште неколку други уреди, на 20 август, а во стандарден стил за компанијата, тие веќе го прикажаа делумно изгледот на еден од телефоните. Сега од компанијата пуштија реклама за Pixel 10 серијата која директно е насочена кон корисниците на iPhone. Во рекламата се истакнува „некоја“ функција поради која корисниците купуваат телефон, но таа доаѓа наскоро, а тоа наскоро станува цела година. На ...

Популарноста на ChromeOS и Chromebook лаптопите во образовните институции направи да и Microsoft се обидат да влезат во овој дел од пазарот. Во 2021 година од компанијата го претставија Windows 11 SE заедно со Surface Laptop SE, замислени за образовните институции и конкуренција со Google. Главната карактеристика која Windows 11 SE ќе мора да ја има е малите ресурси кои се потребни за функционирање, а со тоа и можноста да функционира на поевтин ...

YouTube веќе ја користи вештачката интелигенција со цел да процени дали корисниците на сервисот се под или над 18 годишна возраст. Ова се прави со цел да се заштитат помладите корисници, кои не секогаш го ставаат нивниот точен роденден. Проценката на возраста ќе се прави преку интерпретирање на повеќе сигнали, како што се видот на видеа кои корисникот ги пребарува, категориите на видеа кои ги има гледано, како и должината на постоење на ...

Подгответе се за највеселото, најшареното, најурбаното и најнепредвидливото летно доживување – Баскерфест караванот 2025 одбројува до моментот кога ќе тргне на пат низ Македонија. После неколкугодишна пауза, фестивалот повторно се враќа меѓу луѓето, во срцето на градовите, на плоштадите и булеварите што на неколку дена ќе станат сцена на радост и смеа, на изненадувања и аплаузи. Од 25 август до 6 септември, на 13 локации во 9 градови, ќе се ...

Можноста за објава на видео во живо на Instagram веќе нема да им биде достапна на сите корисници. Истата ќе биде недостапна за тие кои имаат помалку од 1.000 следбеници. Информацијата за ова им е пуштена на корисниците со јавни профили кои се обиделе да објават видео во живо, по што биле информирани дека само јавните сметки со над 1.000 следбеници ќе можат да го направат тоа. Од Meta оваа одлука ја објаснуваат со целта да се овозможи подобро ...

По најавата на Apple Intelligence минатата година, едно беше јасно, а тоа е дека од компанијата не планираат да пуштат на пазарот уште еден конкурент на ChatGPT. Функциите со вештачка интелигенција во главно се планира да бидат интегрирани во апликациите и сервисите, а тука е сѐ уште незавршеното унапредување на Siri. Сепак, година дена подоцна, како и со се поголемите шанси да мора да заврши договорот со Google за Search, Apple изгледа дека ...

One UI 8 донесува една новина која ќе стави крај на практика која беше многу повеќе популарна порано. Се работи за можноста за отклучување на таканаречениот „bootloader“, по што се добива можност да се направат повеќе измени на уредот, меѓу кои и инсталирање на целосно друг систем. Иако има неколку причини за ваквото отклучување на системот, една од најпопуларните беше можноста за инсталација на друг систем. Порано доста познати беа ...

Неофицијалните информации од пред две недели се покажаа како точни, па Apple Pay сега и официјалнот станува достапен во Македонија. За корисниците на Apple тоа ја донесува можноста за користење на iPhone и Apple Watch за бесконтактно плаќање, како што тоа го имаат Android корисниците со години веќе. Засега сервисот не е официјално најавен, па тоа може да се очекува наскоро, а некои од банките веќе овозможуваат додавање на картичките во Apple ...

Чиповите развиени од страна на Samsung не добиваат баш најдобри оценки изминатите години, а една од поважните информации кои ги чекаме со најавата на нови телефони е дали тие доаѓаат со Exynos чип или преферираниот Snapdragon. Кратко кажано, Exynos доста често се покажа како побавен од Snapdragon алтернативата, со послабо менаџирање на топлината, а на крајот тоа резултира и со полоша ефикасност, односно полошо траење на батеријата. Од Samsung ...

Со особена чест и задоволство ве покануваме на деветтото издание на фестивалот „Дрим Шорт“ кое ќе се одржи од седми до десетти Август на повеќе локации во Струга. Придружете ни се во четиридневна, инспиративна филмска програма и „Гледајте филмови, нема каде да се бега“. Главните проекции ќе се реализираат во Паркот на поезијата, додека останатата програма ќе биде распределена во Јуроп Хаус Струга, кафе-бар Дуќан, мезе бар Барабар и мезе бар ...

Apple оваа недела ги пушти јавните бета верзии од нивните оперативни системи. Овие бета верзии постојат изминатите неколку години, а се наменети за сите корисници, односно не само за програмерите како порано. Сепак, уште на почеток да ве предупредам, се работи за бета, тест верзии, па можни се одредени проблеми, иако се ретки, па не би препорачал да ги инсталирате на некој уред кој секојдневно го користите за работа и комуникација. На страна ...

Додавањето на можноста да се исклучи делот со вести во панелот за „виџети“ во Windows 11 беше една од најдобрите одлуки за оваа функција, покрај додавањето на поддршка за „виџети“ од трети страни. Меѓутоа Microsoft не се откажува од овој дел кој мислам дека скоро никој не го користи, па сега тестираат прикажување на вести преку нов дел наречен Copilot Discover. Очекувано беше дека од компанијата ќе го заменат изворот на вести од MSN со таков кој ...

„Макпетрол“ и оваа година ја реализира исплатата на регрес за годишен одмор, обезбедувајќи нето износ од 48.000 денари за своите вработени. Со оваа практика, која прераснува во континуирана поддршка, компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање стабилна, мотивирана и продуктивна работна средина. Дополнително, „Макпетрол“ исплати средства по основ на учество во добивката за деловната 2024 година, односно, секој вработен ...

Како што беше најавено во мај оваа година, Microsoft Authenticator од почетокот на идниот месец целосно ќе ја изгуби поддршката за чување на лозинки, а со тоа и ќе се врати на основата со која започна оваа апликација. Процесот на тргање на оваа функција од апликацијата започна уште во јуни, кога беше тргната можноста за додавање на нови лозинки, а продолжи овој месец со тргањето на можноста за автоматско пополнување на лозинките. Од август ...

Brave, кои целиот бизнис го градат на основа на приватноста која им ја овозможуваат на своите корисници, ја доби можноста за блокирање на една од најлошите функции кај Windows 11 кога е во прашање приватноста. Функцијата е наречена Microsoft Recall, a Brave прелистувачот ќе ја блокира автоматски, со можност корисниците да го исклучат блокирањето доколку сакаат. Recall е една од главните новини кои Microsoft ги најави со претставувањето на ...

Nothing го претстави нивниот трет паметен часовник под брендот CMF, кој е бренд претставен од компанијата во 2023, иако и главниот бренд е прилично нов. Под CMF се претставуваат уште поевтини производи кои се препознатливи по уникатниот дизајн карактеристичен за Nothing. CMF Watch 3 Pro го продолжува интересниот стил на компанијата со изглед кој потсетува на класичен часовник и со портокалово ремче како боите на брендот. Како и за сите паметни ...

Корисниците на Windows 10, а не сум баш сигурен дали и колку Microsoft ќе прави разлика според начинот на „активирање“ на системот, можат да започнат да се приклучуваат на ESU програмата, односно Extended Security Updates. Оваа програма ќе ги чини приватните корисници 30 долари за уште една година поддршка, но од компанијата во јуни ја најавија и можноста оваа една година да се добие бесплатно. Корисниците на Windows 10 ќе треба да се најават со ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
73%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
71%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.82
90%
1016
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.0
87%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
5.14
85%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
86%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
100%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Бакар

10.96

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20

Злато

134976.58

Кобалт

58.42

Никел

473258.99

Калај

40.49

Цинк

3.22

Платина

52864.82

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Паладиум

46361.38