Треба ли во општина Карпош да се организира избор на мис и тоа да биде завршна манифестација на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на оваа локална самоуправа или не е прашање за кое се разви дискусија на почетокот на денешната седница на Советот на Карпош, иако ова не беше дел од дневниот ред на седницата. Всушност, дискусијата започна откако претседателот на Советот, Христо Саракинов на почетокот на седницата од говорницата ...

Покрај бесплатното одлагање кабаст отпад во „Дрисла“ и продолжувањето на времето во кое кафеаните ќе можат да го фрлаат ѓубрето, како трета мерка за воведување комунален ред советниците во Советот на Град Скопје ја изгласаа иницијативата за вршење вонреден и редовен инспекциски надзор на огромната дива депонија во Шуто Оризари, предложена од советникот Авдуљ Селам Селами од редовите на НАИ. Селами во образложението изјави дека оваа ...

Камениот мост во Скопје од вечерва има ново декоративно и архитектонско осветлување. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии од свеченото пуштање на осветлувањето, кое тој го изврши заедно со Мехмет Тевфик Гоксу, градоначалник на турската општина Есенлер. Со новото осветлување се истакнати камените сводови на мостот над Вардар. Ѓорѓиевски рече дека обновувањето на едно од најпрепознатливите обележја на Скопје е дел од ...

Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе тужба против Министерството за образование и наука (МОН) поради непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк. „Оброкот не е прашање на милост на владата и Министерството за образование и наука, ниту пак прашање на добра волја и расположение на министерката Весна Јаневска. Тоа е законска обврска што по службена должност треба да се направи без студентите да треба да пратат ...

Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Уредник на вестите е Хари Кацановски. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен ...

Министерството за образование и наука објавува нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува значајно унапредување на досегашниот модел на студентско стипендирање. Новиот модел носи поинаков пристап во распределбата на државната поддршка – пристап кој истовремено ја препознава социјалната ранливост, го вреднува академскиот успех и го поттикнува образованието на кадри во области од ...

Вечерва во градскиот парк во Богданци, стотици граѓани излегоа на мирен собир во чест на прерано згаснатиот живот на 17-годишната Билјана Кириќ, последната жртва на фемицид во Македонија. Во случајот што ја згрози јавноста, таа минатиот викенд беше убиена, па запалена во автомобил од страна на нејзиното момче од кое се обидувала да се раздели, а кое подоцна си го одзеде животот. Присутните граѓани кои доаѓаат и од Кочани и од другите градови ...

Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите реагира по неколкуте колумни во кои нејзиниот член и поранешен претседател, академик Љупчо Коцарев, го обвинува актуелното раководство дека молчи додека континуирано се одвива „тивко распаѓање“ на Академијата. Коцарев, кој беше на чело на МАНУ од 2020 до 2023 година, во двата текста обвини дека МАНУ во последните години на повеќе начини е ослабната и доведена во состојба на ...

„Движењето ЗНАМ нема да прифати полагање на правосудниот испит на друг јазик освен на македонскиот, а доколку Владата донесе поинакво решение, партијата е подготвена да ја напушти владината коалиција“ – изјави вечерва лидерот на владејачката партија, Максим Димитриевски, во интервју за „Сител“. Димитриевски рече дека ставовите на ЗНАМ за ова прашање му се познати на премиерот Христијан Мицкоски, но и дека партијата е подготвена за разговори ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 степен до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец . Утринската ...

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, ...

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Скопјe, завршил без резултати, објави БТА. Бугарските претставници повторно не успеаја да постигнат договор со своите колеги од Северна Македонија за претставување на Охридската архиепископија во учебниците по историја, а предлогот за заедничко одбележување на годишнината од ...

Американската актерка Бизи Филипс, позната по улогата во серијата „Светот на Досон“, откри дека ѝ е дијагностициран тумор на мозокот. Филипс тајно се подложила на две операции за отстранување на туморот и вели дека е „благодарна што е жива“. Таа за списанието „Пипл“ изјави дека последните шест месеци биле „најчудниот“ период од нејзиниот живот. Филипс (47) одлучила да направи скенирање, магнетна резонанца на целото тело, откако дознала за ...

Речиси 1.500 луѓе, од кои 800 странци, се водат како исчезнати низ Непал и кинескиот Тибет, соопштија властите откако ѕид од кал и карпи се урна во хималајска река, предизвикувајќи катастрофални поплави низ градовите и долините, објави Ројтерс. Спасувачите во Непал со хеликоптери бараат преживеани и испорачуваат итни залихи до илјадници луѓе кои се отсечени откако катастрофата го зафати суровиот планински регион преполн со планинари и аџии ...

Европските нискобуџетни авиокомпании наскоро добиваат силна конкуренција – новиот превозник „Флајтугалиција“ („Fly2Galicia“) планира да почне со работа на 1 декември и ќе им нуди на патниците летови по цени и од само 19 евра, пишува британски „Индепендент“. Компанијата ќе биде со седиште на аеродромот во Сантијаго де Компостела, во северозападниот дел на Шпанија. Планирано е новата авиокомпанија првично да го поврзе овој град со осум ...

Двајца луѓе вчера загинаа откако мало летало се урна во близина на браната Кампличоли, во северна Италија, објави италијанскиот медиум „TГ24“. Несреќата се случила околу 11:30 часот во областа Антрона Скјеранко, во регионот Пиемонт. Според првичните информации, во леталото имало двајца луѓе – 64-годишниот инженер Алесандро Анџело Мускинели и партнерката на неговиот брат, 63-годишната Антонела Паљарани. Двајцата загинале на местото на ...

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето. Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – печен чискејк со зрели смокви. – Овој чискејк е вистински десерт за љубителите на смокви – кремаст, нежен и полн со богат вкус. Зрелите смокви му даваат сочност и природна слаткост, додека циметот ...

Кризата во Фолксваген влегува во нова фаза, во која покрај слабата продажба во Кина, американските царини и трошоците за преструктурирање, се отвора и прашањето за одговорноста на менаџментот. Извршниот директор Оливер Блуме најавува големи заштеди, додека околу 50.000 од речиси 300.000 работни места во Германија се доведени во прашање. Сега се поставува непријатното прашање, дали компанијата во изминатите години можела подобро да ги ...

Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако полицијата пронајде гилотина во товарниот простор на неговиот камион. Вчера, возилото беше нелегално паркирано до зградата на Врховниот суд во Вашингтон, недалеку од американскиот Капитол, објави Си-ен-ен. Возачот е идентификуван како Филан-Там-Дуј Ле од Џулијан, Калифорнија, и полицијата го обвини за носење опасно оружје. Гилотината беше запленета, но полицијата не соопшти дали била функционална. Ле ...

55 п.н.е. – Римскиот војсководец Гај Јулиј Цезар се истоварил на брегот на Британија со силите на Седмата и Десеттата римска легија, во рамките на неговиот прв поход на островот. 1576 – Починал венецијанскиот сликар Тицијан Вечели, еден од најголемите мајстори на италијанската ренесанса. Познат е по раскошната употреба на бојата и мајсторското користење на техниката масло на платно. Меѓу неговите познати дела се „Венера од Урбино“, ...

Во тек е тендер за избор на нов изведувач на недовршената барокна зграда на Народната банка во центарот на Скопје, која почна да се гради пред 10 години, беа потрошени 15 милиони евра, а работите запреа уште пред пет години, пишува „СДК.мк“. Во моментов, според НБРСМ, се евалуираат понудите кои компании ги доставиле на повикот за објектот, кој се наоѓа веднаш до Министерството за надворешни работи. Завршена е тендерската постапка за избор на ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 27 август, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Денес ќе имате силна мотивација да завршите важна обврска и да направите чекор што долго го одложувате. На работа не влегувајте во непотребни расправии – резултатите ќе кажат повеќе од зборовите. Во љубовта некој разговор може да ви открие нешто што досега не сте го знаеле. Внимавајте на заморот и најдете време за одмор. Бик Прашање ...

Не е голема тајна дека медитеранската исхрана е добра за здравјето. Состојките на оваа кујна и начините на кои се користат ги зајакнуваат коските, го подобруваат здравјето на мозокот, ги превенираат кардиоваскуларните болести и ја намалуваат шансата за разни здравствени проблеми. Американското истражување покажало дека со замената на само пет грама маргарин, мајонез или путер при готвењето со истата количина на маслиново масло го намалува ...

Истражувањата покажуваат дека човековото чувството за среќа и животно задоволство се движи во форма на буквата У латиница (U), што значи дека во текот на животот минуваме низ два големи врвови на благосостојба. Првиот врв на среќата: На возраст од 23 години Првиот бран на апсолутно животно задоволство настапува во раните дваесетти години, поточно околу 23-тата година. Во овој период младите луѓе чувствуваат силно возбудување поради ...

Според хороскопот, на крајот на август Меркур влегува во знакот на Девица, астролошки транзит кој ветува исклучителна продуктивност. Претставниците на четири хороскопски знаци ќе можат максимално да ги искористат овие можности: ќе го изострат логичкото размислување, ќе ги пронајдат вистинските зборови за да го убедат раководството за кариерно напредување и конечно ќе си го средат личниот живот, ослободувајќи се од врските што ги оптоваруваат. ...

Физичката активност е сигурен показател за квалитетна комуникација и успешно решавање на конфликти во бракот. Тим научници од Училиштето за семеен живот на Универзитетот Бригам Јанг откри дека заедничката рекреација за паровите може значително да го подобри квалитетот на нивната врска и да им помогне да се справат со стресот. Студијата, објавена овој месец во списанието „Фамилијарни односи“, се базира на податоци собрани од 1.693 млади ...

На територија на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот за село Палиград, како и над село Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума. ...

Брајан Остин Грин се потсети на дискретните начини на кои неговиот колега од „Беверли Хилс, 90210“, Лук Пери, им помагал на пријателите, соседите, па дури и на целосни странци пред да почине во 2019 година. 53-годишната ѕвезда од „Totally 90 s House“ говори за покојниот актер во епизодата на поткастот „Навистина познати со Кара Мајер Робинсон“ која премиерно се емитуваше денеска, пишува „Пипл“. За време на нивниот разговор, водителката го ...

Ситуацијата во Хонда и Астон Мартин од трка во трка изгледа сè подобро. По многу тешкиот почеток, во кој се појавија сомнежи околу брзината и сигурноста на болидот, тимот почна да покажува знаци на напредок. Фернандо Алонсо со одлично возење го освои деветтото место во Зандворт и му донесе на Астон Мартин важни два бода. Во пресрет на Големата награда на Холандија, претседателот на „Хонда Рејсинг корпорејшн“ (HRC), Коџи Ватанабе, зборуваше ...

Оли Воткинс е пред заминување од Астон вила и кариерата ќе ја продолжи во Ал-Хилал, пренесува Фабрицио Романо. Во меѓувреме, Астон вила речиси го договори и неговиот наследник – Николас Џексон, од Челси. Италијанскиот експерт за трансфери Романо објави дека Астон вила ја прифатила понудата од 58,4 милиони евра, плус дополнителни 2 милиони евра во бонуси. Воткинс оваа недела ќе отпатува во Саудиска Арабија за да го комплетира трансферот. ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Сребро

1670.34