Најдобро и најевтино ќе биде новиот клинички центар да се направи близу до Градската општа болница „8 Септември“, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу, кој имаше брифинг, а потоа даде и изјава за медиумите, по повод една година откако е на министерската функција. Министерот посочи дека инвестициите во сегашниот комплекс „Мајка Тереза“ нема да запрат, бидејќи изградбата на нов објект ќе одземела неколку години. „Не е трошење пари за ...

Силна експлозија утрово ја вознемири Бања Лука, откако бомба фрлена во контејнер за отпад експлодирала при негово празнење во камион, објави „Нова“. Според првичните информации, работниците од комуналното претпријатие „Чистота“ не забележале ништо сомнително во отпадот и го испразниле контејнерот како секогаш. Експлозијата се случила непосредно откако содржината од контејнерот била истурена во камионот. Очевидци и работници наведуваат дека ...

Никаква изјава ниту телефонски повик од премиерот Христијан Мицкоски не можела да влијае врз постапувањето на републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, но и на другите обвинители. Вака може да се протолкува изјавата на Савески по критиките кон Мицкоски за однесувањето на премиерот кон дел од обвинителите, но и неговата изјава дека пак ќе му ѕвони на Савески бидејќи „тоа му било работа“. – Не може ништо да го наруши самостојното постапување ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди бројни слабости и неправилности во системот за остварување, исплата и контрола на правата за социјална заштита во Македонија. Државниот буџет на повеќе пати е оштетуван, а неосновано биле исплатени 236.000 евра за социјална помош, додека истовремено процесите се бавни и важна документација во Скопје се чува по ходници и канцеларии, во картонски кутии и во регистратори. Објавената ревизија на ...

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, денес поднесе оставка поради плановите на владата за воените трошоци, објави „Гардијан“. Долгоочекуваниот план за одбранбени инвестиции (ДИП) требало наскоро да биде објавен, но во писмо до премиерот Кир Стармер, Хили навел дека тој значително не ги исполнува потребите на британската војска во овој опасен период. Во писмото за оставка, Хили напишал дека е потребно дополнително вложување во одбраната ...

Во ова време од годината, жителите на Перу треба да ги извадат јакните од плакарите, но главниот град на земјата овие денови повеќе потсетува на врвот на летото отколку на почетокот на зимата. Во Лима, температурите достигнаа околу 27 степени, како да е лето, па илјадници луѓе се собраа на плажите на Тихиот Океан за да го искористат невообичаено топлото време. Зад овој метеоролошки пресврт се крие многу посериозна приказна. Научниците ...

Во Лапидариумот на НУ Музеј – Куманово, на 11 јуни (четврток), од 19 часот, ќе се одржи промоција на збирката раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска, во издание на „Или-Или“ од Скопје. Книгата низ разговор со авторката ќе ја промовира Наташа Атанасовска. Од самото објавување во март годинава, „Ништо нормално“ предизвикува одлични реакции и интерес кај читателите со својата оригиналност, провокативност, раскошниот стил и актуелните теми ...

Финансиската стабилност на општините, продлабочувањето на децентрализацијата и новиот Стратегиски план 2026–2030 се темите на кои денеска се расправа на втората седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. Како што соопшти претседателот на ЗЕЛС, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, на седницата ќе се разгледаат клучни прашања поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, како и идните иницијативи на ЗЕЛС. Според Ѓорѓиевски ќе се ...

„Голем Бадентер“ против „мал Бадентер“, е сценариото на ДУИ и на албанските опозициски партии за блокада на законот за правична застапеност, брифираат за „Слободен печат“ функционери од ДУИ. Сценариото вклучува и предлагање амандмани во расправата за законот, а како крајна опција не се исклучува можноста од протести пред Собранието и жив штит од пратеници пред пленарната сала. ДУИ најави дека ќе го блокира носењето на законот за правична ...

Познатиот македонски рапер Тони Зен повторно ја размрда домашната хип-хоп сцена. Тој го промовираше својот најнов проект насловен како „Од Аеродром со љубов“, кој уште на прво слушање се наметнува како дефинитивна, нова урбана химна на неговота населба Аеродром. Пред да го лансира видеоспотот, Тони Петковски најави дека песната содржи силна порака и ги повика фановите да се подготват за едно емотивно патување низ стихови, автентични маалски ...

Анимираниот филм „Супер Марио Галакси“ ја надмина границата од една милијарда долари заработка во кината ширум светот, со што стана првото филмско остварување во 2026 година на кое му успеа ваков подвиг, пренесува „Дедлајн“. Станува збор за филмска адаптација на една од најпознатите видеоигри во светот, создадена во соработка меѓу студијата „Јуниверзал пикчерс“, „Илуминација“ и јапонската компанија „Нинтендо“. Буџетот за продукција изнесувал ...

Специјалниот американски пратеник со години привлекува внимание поради блиските врски со врвот на американската политика и поради неговите бизнис-зделки низ светот. Во Србија, неговата инвестициска компанија беше поврзана со план за пренамена на оштетениот комплекс на поранешниот Генералштаб во Белград, симбол од НАТО-бомбардирањето во 1999 година, во луксузен комерцијален комплекс. Проектот предизвика силен отпор во јавноста и меѓу ...

Наводната шпионска афера во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги седна на иста маса истражителите на Министерството за внатрешни работи и на Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈОГОКК), откако МВР по неколку месеци, на почетокот на јуни конечно им ги доставило видеоснимките од претседателскиот кабинет и анализите од обезбедените материјали од компјутерите од претседателскиот кабинет. Но, на оваа средба било ...

Министерството за надворешни работи ги отфрли наводите од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации дека тендерот за евакуација од Блискиот Исток бил наместен и дека незаконски биле исплатени околу еден милион евра однапред. Од Министерството реагираат дека во анализата не е земено предвид дека евакуацијата се спроведувала во услови на воен конфликт и сериозна безбедносна закана за македонските граѓани во регионот. Според МНР, ...

Драматична борба со огнот во Штип, кога градоначалникот побара помош од Свети Николе, Кочани и Кавадарци за да гаснење на пожарот кој изби над градот и се прошири на ридовите над штипските гробишта, навести дека летово ќе треба многу повеќе од стандарните мерки и дотраената опрема за справување со надоаѓачките огани на отворено, во обид да се спасат што е можно повеќе македонски шуми. Како и ланската година, пред да изгорат големи количества ...

Известувањето од Светското фудбалско првенство е сон на секој спортски новинар. Да се биде дел од најголемиот спортски спектакл на планетата, одблизу да се следат најдобрите фудбалери и да се пренесе атмосферата од трибините и терените е искуство што секој новинар би сакал да го доживее барем еднаш во кариерата. Токму тоа искуство ова лето повторно ќе го има македонскиот спортски новинар Мијалче Дургутов, кој заедно со својата сопруга Наташа ...

Светското фудбалско првенство официјално започнува вечерва со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка, кој ќе се игра на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. Натпреварот од првото коло од групата А ќе го означи почетокот на најголемото светско првенство во историјата, на кое за првпат ќе учествуваат 48 екипи. Крај за најпознатиот звук од СП 2010 – вувузелите нема да се слушаат на годинешниот Мундијал Мексиканците влегуваат во овој ...

Американскиот атлетичар Џејкоби Тарп постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки на натпреварот во Јуџин, Орегон. 20-годишниот натпреварувач ја истрча оваа дисциплина за 12,75 секунди во средата за време на квалификациите за американското колеџ првенство во атлетика, соборувајќи го претходниот светски рекорд за пет стотинки од секундата. Претходниот рекорд од 12,80 секунди го држеше неговиот сонародник Ариес Мерит од 2012 година. – ...

Во 1992 година, ФИФА воведе глобален систем за рангирање за сите национални тимови, создаден од двајца швајцарски академици. Првичниот систем беше чисто базиран на резултати и не го земаше предвид квалитетот на противникот или важноста на натпреварот. Сепак, иако моделот претрпе значителни промени отогаш, следниот факт остана вистинит: Рангираната репрезентација број 1 никогаш не го освоила Светското првенство. Изминатите прворангирани ...

Шаренилото на цвеќињата, рачните изработки и домашните производи кои може да ги најдеме на базарите создаваат чувство на блискост и заедништво што ја збогатува локалната средина – нешто што навистина е потребно во секој град во Македонија. Предраг Митрикески-Клекачкоски, кој е познат по својот инстаграм-профил „Цветко“, е ентузијаст за растенија, екологија, животни и природа. Иако работи во сферата на маркетингот, тој секогаш наоѓа време да ...

Европската Унија подготвува итен пакет помош од 500 милиони евра за поддршка на земјоделскиот сектор поради наглиот раст на цените на вештачките ѓубрива и енергенсите, предизвикан од нарушувањата на светските пазари по затворањето на Ормускиот Теснец. Што прави нашата Влада за да го зачува домашното земјоделско производство? Земјоделците велат дека ограничувањата на маржата за вештачките ѓубрива од 31 мај беше задоцнета мерка, а дека ...

Цената на златото денеска забележа значителен пад и на дел од европските пазари се спушти на околу 113 евра за грам или унца (31,1 грам) чини 3.542 евра. Овој пад предизвика внимание кај инвеститорите, штедачите и трговците со благородни метали. По повеќемесечниот раст и рекордните нивоа достигнати на почетокот на годинава, денешниот пад на берзите отвори дилеми дали станува збор за краткорочна корекција или за почеток на подолгорочен надолен ...

Советот на Општина Карпош денеска им оддаде почит на загинатите во сообраќајната несреќа која неодамна се случи на скопската обиколница. Седницата започна со едноминутно молчење, а потоа Советот донесе одлука за доделување еднократна парична помош од 100.000 денари по човек за семејствата погодени од трагедијата. Во тешката несреќа животот го загуби оперскиот пејач Ристе Велков (51) кој загина заедно со својот син Адам Велков (20), како и ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) најде сериозни слабости во финансиското и административното управување со Албанскиот театар во Скопје за 2024 година. Меѓу клучните забелешки за оваа културна институција се недостатоците при пописот на средствата, непостоењето материјална евиденција, како и запишувањето на градежни објекти во книгите, без претходно обезбедени имотни листови. Оттука, ревизорите изразија „неповолно мислење“ за финансиските ...

Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави распоредот на натпревари за претстојната сезона во Втората македонска фудбалска лига. Битката за влез во елитното фудбалско друштво во Македонија почнува на 15 август, а првиот дел од шампионатот завршува на 21 ноември. Според календарот на натпревари вториот дел од сезоната почнува на 20 февруари, следната година и ќе трае до 22 мај. ВМФЛ 1. коло ФК Пелистер ...

Отворањето на самостојната изложба на слики со наслов „Ултрамарин“ на Јана Куновска ќе се одржи на 10 јуни, во 20 часот, во изложбениот салон „Империјал 1“ при ЈУ Културно-информативен центар – Скопје. Изложбата ќе биде поставена до 24 јуни 2026 година. Авторката Јана Куновска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје. Во тек се нејзините докторски студии на универзитетот „Метрополитен“ во Белград ...

Во првите три месеци од годинава банкарскиот сектор направил вкупно нето-добивка од 72,8 милиони евра, покажуваат податоците од Народната банка. Овој износ е сличен како и во првото тримесечје од 2025 година кога профитот на банкарскиот сектор бил 72,6 милиони евра. Заработката на банките од каматите изнесувала 148,9 милиони евра, или 2,7 милиони евра повеќе отколку истиот квартал во 2025 година. Од провизии, пак, банкарите заработиле 47,5 ...

Вечерва започнува 23. издание на Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Четириесет и осум фудбалски репрезентации поделени во 12 групи ќе учествуваат на овогодинешниот Мундијал. Во денешното издание на Мундијалски вести ги претставуваме земјите учесници од втората половина на мундијалскиот ждреб. За сите мундијалски случувања, следете Мундијалски вести на јутуб каналот на Слободен печат. ВИДЕО | Мундијалски ...

Истражувачи од Универзитетот во Гетинген во Германија и Универзитетот во Единбург анализираа податоци за производството на храна во 186 земји. Нивната анализа утврди дека Гвајана е единствената земја што може да биде целосно самодоволна во производството на храна во седумте клучни групи што беа опфатени со истражувањето. Овие седум групи на храна се мешунки, јаткасти плодови и семки, скробни основни производи (компири, ориз, леб, житарки), ...

Ракометниот клуб Вардар конечно доби нов дом, откако спортската сала „Расадник“ по долг период на реконструкција и повеќекратни пролонгирања официјално е пуштена во употреба. Како што е најавено, „црвено-црните“ своите тренинзи и домашни натпревари во иднина ќе ги играат токму во „Расадник“, враќајќи се на местото кое пред повеќе од две децении беше препознатливо како еден од симболите на клубот. Михајловски: РК Вардар ќе се пресели во ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.69
89%
1015
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
91%
1020
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.94
77%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.76
88%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
6.28
91%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.31
91%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
43%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.22
84%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.61
88%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.02
85%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.13
66%
1019
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.26
86%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Бакар

12.52

Калај

51.97

Сребро

2072.63

Злато

131337.93

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05

Иридиум

253540.09

Паладиум

39545.42

Родиум

257205.97

Цинк

0.00