Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи. ГРУПА К-Колумбија,ДР Конго, Португалија, Узбекистан КОЛУМБИЈА Најдобри пласмани: Четвртфинале (2014) Учества: Шест Рангирање на ФИФА: 13 Колумбија ќе го има своето седмо учество на светските првенства и прво од 2018 година. Нивниот ...
Турската естрадна и актерска сцена е потресена од нов, масовен бран апсења како дел од широката истрага за злоупотреба и трговија со дрога – уапсени се вкупно 22-ца осомничени, меѓу кои и познати пејачи, модни креатори, берзански брокери, актери, режисери и аранжери, а издадени се и потерници за петмина осомничени, пренесува Би-би-си. Меѓу уапсените се и регионално популарната актерка Берен Сат (позната по улогите во сериите „Забрането ...
Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје. Како што информираше претседателот на Советот, Башким Бесими, постапката за избор на нов Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје и ...
Тејлор Свифт присуствуваше на четвртиот натпревар од НБА-финалето меѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс во „Медисон сквер гарден“, но покрај возбудувањата на теренот, внимание привлече и коментарот на една спортска водителка упатен кон поп-ѕвездата. Свифт беше меѓу бројните славни личности кои од првите редови го следеа драматичниот натпревар, заедно со Кајли Џенер, Тимоти Шаламе и Бен Стилер. Натпреварот ќе остане запаметен по историскиот ...
Неколку спрата и ходници во Пентагон се блокирани, а други делови се евакуираат поради „инцидент со опасни супстанци“, потврдија три добро информирани извори и локалната противпожарна служба. Се работи за седиштето на Министерството за одбрана на САД, пишува Си-ен-ен. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, потврди во четврток дека системите на зградата „откриле проблем со квалитетот на воздухот што бара мерки на претпазливост додека не се ...
Во мало село на северот од Босна и Херцеговина растат десетици необични видови зеленчук, зачински билки и овошје, меѓу кои се издвојува посебна сорта пиперки, која се смета за најскапа во светот. Весна Бошњак од Усор за себе вели дека е, пред сè, колекционерка, а дури потоа земјоделец. На нејзиниот имот можат да се најдат десетици ретки и необични растителни видови, вклучувајќи ја и аји чарапита, перуанска дива пиперка која се смета за една ...
Во топлите летни денови, често бараме оброци кои се лесни за подготовка, не го оптоваруваат организмот, а истовремено нè исполнуваат со енергија. Водејќи се од принципот дека правилната исхрана не е краткотрајна диета, туку начин на живот кој носи здравје, енергија и самодоверба, нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска споделува идеален рецепт за овој период од годината. Без разлика дали вашата цел е слабеење, подобро здравје или ...
Во југоисточниот дел на Индискиот Океан е откриено огромна гробница на китови, која се протега на неверојатни 1.200 километри. Ова фасцинантно место се наоѓа во зоната на фрактурата Дијамантина, Дијмантински ров, област на океанското дно со специфични подводни гребени и ровови, лоцирана на дури 7 километри длабочина, пишува „Би-би-си“. Сепак, она што предизвика најголема возбуда кај научната заедница е староста на остатоците, некои од нив ...
Сѐ поголем број семејства од населбата Лисиче се вклучуваат во проектот што го спроведува Општина Аеродром, поточно општинското Јавно претпријатие за комунални дејности, со кој им се овозможува да селектираат пластичен отпад пред сопствените куќи. За таа цел тие добиваат жолти канти наменети за фрлање на пет амбалажи, а собраниот отпад потоа го преземаат екипи на претпријатието. Во моментов, како што велат од Општината, селектираат околу 150 ...
Спектакуларното инаугурирање на последната голема кула на „Саграда Фамилија“, ја претвори Барселона во сцена за историска прослава. Илјадници луѓе ги исполнија улиците околу базиликата на визионерскиот архитект Антони Гауди за да присуствуваат на церемонија обележана со емоции и музика, шоу со дронови и импресивен приказ на светла и огномет што го осветлија најзначајниот споменик на шпанскиот град, пишува „Еуроњуз“. Церемонијата ја водеше ...
Голем пожар одново се прошири кај Штип, а на социјалните мрежи се објавени очајнички повици за помош. Пожарникарите спасуваат луѓе кои се нашле во лозја, а зафатени се повеќе објекти, меѓу кои и неколку куќи, а досега е повреден најмалку еден човек. Пожарникарот Александар Ѓорѓиевски на „Фејсбук“ објави неколку драматични видеа во кои бараше итна реакција на надлежните служби, односно тие да испратат авиони и хеликоптери за гаснење на ...
Судската постапка против Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, влезе во последна фаза, а објавувањето на првостепената пресуда е закажано за 18 јуни. Обвинителството бара максимални казни, со оглед на тоа дека родителите сносат кривична и морална одговорност за занемарување на детето и дозволување пристап до оружје, пишува српски „Блиц“. Шокантни ...
Респираторните вирусни инфекции ги зафаќаат различните делови од системот за дишење какви што се носот, грлото, синусите, бронхиите, бронхиолите и белодробниот паренхим. Настинката и грипот се најчестите вирусни инфекции во нашето поднебје. Овие инфекции може да ја афектираат која било старосна група, но почести се кај децата поради нивниот послаб имунитет. Најчести респираторни вируси се инфлуенца А и Б, респираторниот синцициелен вирус, ...
Филмот „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска ја доби наградата ФИПРЕСКИ (FIPRESCI) на 66. издание на Краковскиот филмски фестивал во Полска. Ова признание го доделува Меѓународната федерација на филмски критичари, една од најзначајните професионални асоцијации во областа на филмската критика. Наградата се смета за особено важна бидејќи доаѓа од меѓународни критичари и претставува потврда за авторскиот пристап, филмскиот израз и ...
Чешката репрезентација доживеала необичен проблем ден пред својата премиера на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. На пат кон тренинг-центарот во мексиканскиот град Запопан, автобусот што ги превезувал чешките фудбалери и стручниот штаб се заглавил при свртување кон влезот на комплексот. Поради инцидентот, дел од возилото ја блокирал сообраќајницата, што предизвикало голем сообраќаен метеж. Локалните власти морале да затворат една ...
Во пресрет на почетокот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, ФИФА ја потврди примената на нова регулатива која би можела целосно да го промени начинот на комуникација меѓу играчите на теренот. Станува збор за правило кое во јавноста веќе е познато по неофицијалното име „законот на Винисиус“, а според него играчите кои за време на разговор со противниците ќе ги покриваат устите би можеле без предупредување да бидат исклучени од ...
Поранешниот градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески, е осомничен дека цели 8 години не оданочувал граѓани и фирми, со што ја оштетил општината за околу 7.000 евра. „СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘злоупотреба на службена положба и овластување’ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во периодот од 2017 до 2025 ...
Верувале или не, магичната бројка од 200.000 километри на бројачот не мора нужно да значи крај за автомобилот. Секако, најпрво треба да се разбијат бројните митови поврзани со големата километража и да се согледа реалната состојба – правилно одржуван автомобил со висока километража често може да биде многу попаметен избор од понов модел со сомнително минато, пишува автомагазинот „Аутомобили“. Додека многу купувачи и понатаму се насочени ...
Словенија синоќа ја зафати силно невреме кое донесе стихијни бури, град, силен ветер и обилни врнежи, објави „Н1“. Најголема штета е забележана во регионот Горенска, но последици од невремето се пријавуваат и од други делови на земјата. Многу граѓани сè уште се без електрична енергија. Голема штета претрпе и населбата Кланец кај Коменда. Мештанинoт Алојзиј Франц за „Н1 Словенија“ изјави дека бурата започнала со силен дожд, по што следеле ...
Дел од работата на сообраќајната полиција, со цел следење на спроведувањето на законите на патиштата, треба да го преземат сообраќајните камери со помош на вештачка интелигенција. Но, практиката покажува дека тоа не оди толку лесно како што се очекува. Помал број полицајци на патиштата, побрза обработка на прекршоците и автоматско издавање казни требаше да ја зголемат ефикасноста на системот со сообраќајни камери и вештачка интелигенција. ...
Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи. АРГЕНТИНА Најдобри пласмани: Шампиони (1978, 1986, 2022) Учества: 18 Рангирање на ФИФА: 3 Се очекува актуелниот шампион Аргентина, за почеток, да заврши на врвот од Групата Ј. Но, Аргентинците имаат капацитет и да го освојат својот четврти ...
УЕФА објави дека Омар Артан од Сомалија е назначен за судија на Суперкупот на УЕФА во 2026 година, што претставува историски момент за африканскиот фудбал и судиската организација. Артан ќе го суди натпреварот помеѓу победникот во Лигата на шампионите, ПСЖ, и победникот во Лигата на Европа, Астон Вила, во австрискиот град Салцбург на 12 август. И покрај тоа што е релативно млад, Артан се етаблираше како еден од најпочитуваните африкански ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. ...
Британската актерка Емили Вотсон е годинашната добитничка на Почесното срце на Сараево за нејзиниот извонреден придонес во филмската уметност, објави Бета. Наградата ќе ѝ биде доделена во август на Филмскиот фестивал во Сараево, на кој таа ќе претседава со жирито на натпреварувачката програма. „Актерка чиј талент, сензибилитет и посветеност на глумата оставија длабока трага во современата кинематографија, во текот на својата извонредна ...
Најдобро и најевтино ќе биде новиот клинички центар да се направи близу до Градската општа болница „8 Септември“, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу, кој имаше брифинг, а потоа даде и изјава за медиумите, по повод една година откако е на министерската функција. Министерот посочи дека инвестициите во сегашниот комплекс „Мајка Тереза“ нема да запрат, бидејќи изградбата на нов објект ќе одземела неколку години. „Не е трошење пари за ...
Силна експлозија утрово ја вознемири Бања Лука, откако бомба фрлена во контејнер за отпад експлодирала при негово празнење во камион, објави „Нова“. Според првичните информации, работниците од комуналното претпријатие „Чистота“ не забележале ништо сомнително во отпадот и го испразниле контејнерот како секогаш. Експлозијата се случила непосредно откако содржината од контејнерот била истурена во камионот. Очевидци и работници наведуваат дека ...
Никаква изјава ниту телефонски повик од премиерот Христијан Мицкоски не можела да влијае врз постапувањето на републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, но и на другите обвинители. Вака може да се протолкува изјавата на Савески по критиките кон Мицкоски за однесувањето на премиерот кон дел од обвинителите, но и неговата изјава дека пак ќе му ѕвони на Савески бидејќи „тоа му било работа“. – Не може ништо да го наруши самостојното постапување ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди бројни слабости и неправилности во системот за остварување, исплата и контрола на правата за социјална заштита во Македонија. Државниот буџет на повеќе пати е оштетуван, а неосновано биле исплатени 236.000 евра за социјална помош, додека истовремено процесите се бавни и важна документација во Скопје се чува по ходници и канцеларии, во картонски кутии и во регистратори. Објавената ревизија на ...
Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, денес поднесе оставка поради плановите на владата за воените трошоци, објави „Гардијан“. Долгоочекуваниот план за одбранбени инвестиции (ДИП) требало наскоро да биде објавен, но во писмо до премиерот Кир Стармер, Хили навел дека тој значително не ги исполнува потребите на британската војска во овој опасен период. Во писмото за оставка, Хили напишал дека е потребно дополнително вложување во одбраната ...
Во ова време од годината, жителите на Перу треба да ги извадат јакните од плакарите, но главниот град на земјата овие денови повеќе потсетува на врвот на летото отколку на почетокот на зимата. Во Лима, температурите достигнаа околу 27 степени, како да е лето, па илјадници луѓе се собраа на плажите на Тихиот Океан за да го искористат невообичаено топлото време. Зад овој метеоролошки пресврт се крие многу посериозна приказна. Научниците ...