Повеќе денови доцни исплатата на парите од правата на социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Граѓаните на кои најмногу им се потребни овие средства се револтирани поради доцнењето, а револтот го искажуваат во различни групи на социјалните мрежи. Од Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) информираа дека доцнењето се случува поради имплементација на ново софтверско решение, а вчера рекоа дека ...

Менувачкиот бизнис во Македонија и натаму останува профитабилен сегмент од финансискиот пазар. Анализата на Пари, изработена врз основа на податоците на Бизнис мрежа, покажува дека 195 менувачници во текот на минатата година оствариле вкупен приход од 18,7 милиони евра и добивка од 1,2 милиони евра. Иако приходите пораснале за 12,8 проценти во споредба со 2024 година, профитот бележи намалување од 3,46 проценти. Во секторот работат 371 лице, ...

Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат ...

САД и Иран втор ден по ред разменија напади низ Блискиот Исток, што дополнително го оптовари и онака кревкиот прекин на огнот што двете земји го договорија во април, објави „Би-би-си“. Американската Централна команда, ЦЕНТКОМ, соопшти дека завршила бран „самоодбранбени напади“ врз воени, надзорни и врз радарски локации во јужен Иран. Нападот се случи неколку часа откако претседателот Доналд Трамп вети дека американските сили ќе го погодат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на најновите податоци за инфлацијата во САД со изјава што веднаш привлече внимание. Иако цените повторно пораснаа, а годишната инфлација во мај достигна 4,2 отсто, Трамп пред новинарите во Белата куќа рече: „Ја сакам инфлацијата“, пренесе Еуроњуз. Изјавата доаѓа во момент кога инфлацијата повторно станува едно од главните политички и економски прашања во САД. Трамп делумно беше избран и поради ...

Новопечените сопружници Дуа Липа и Калум Тарнер продолжуваат да уживаат во својот одмор на Сицилија, каде што го минуваат медениот месец во еден од најлуксузните хотели во Италија – местото каде што беше снимена втората сезона на популарната серија „Белиот лотос“ (The White Lotus). Парот престојува во хотелот „Сан Доменико Палас“ во Таормина, кој работи под брендот „Фор Сизонс“ и е познат по спектакуларната локација и погледот кон Јонското ...

Пожарникарите и доброволците успеаја да го изгаснат големиот пожарот што вчера избувна над Штип по удар од гром, соопшти утрово Дирекцијата за заштита и спасување. Според Територијалната противпожарна единица Штип, во гаснењето биле ангажирани неколку противпожарни камиони и четири специјални теренски возила, бидејќи пожарот зафатил тешко пристапен терен со трева и грмушки, во чија близина има борови појаси, лозови и овошни насади. Во ...

Водени топови беа употребени во втората ноќ со немири по нападот со нож во Белфаст. Насилство избувна на периферијата на Гленгормли, на околу шест милји од центарот на Белфаст, пренесе Гардијан. Група од околу 300 луѓе, претежно мажи облечени во темна облека и со покриени лица, се собрале, наводно со намера да таргетираат хотел со мигранти. Полицијата интервенираше со водени топови во обид да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења кон ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. ...

Панатинаикос избори мајсторка во финалната серија од грчкиот шампионат, откако по вистинска кошаркарска драма и две продолженија го совлада Олимпијакос со 93-86 и го израмни резултатот на 2-2. Големото дерби понуди неизвесност од првата до последната минута. Тимот на Ергин Атаман на полувремето замина со предност од 40-34, но Олимпијакос во вториот дел успеа да се врати во игра и да обезбеди неизвесна завршница. По регуларните 40 минути ...

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов на вечерашната вонредна прес-конференција изјави дека нема простор за паника и дека се користат сите сили на противпожарната бригада за гаснење на пожарот кој изби над градот и се прошири на ридовите над штипските гробишта. Јорданов информираше и дека побарал помош и од Свети Николе, Кочани и Кавадарци, а во контакт бил и со Дирекцијата за заштита и спасување и со Центарот за управување со ...

Португалија со победа ги заврши подготовките за претстојниот Мундијал, откако во последниот пријателски натпревар ја совлада Нигерија со 2-1. Португалците поведоа во 23. минута преку Педро Нето, но африканската селекција успеа да се врати во игра пред паузата. Во 37. минута Акор Адамс го совлада португалскиот голман и донесе израмнување од 1-1. Во продолжението Португалците повторно го презедоа резултатскиот примат. Херој на победата беше ...

Нема ниту еден преживен од екипажот на пакистански воен хеликоптер кој се урна во Кашмир, во делот контролиран од Пакистан. Војската соопшти дека дека се работи за „несреќа“ и за „техничка грешка“, објави Еуроњуз. „Хеликоптер Ми-17 на пакистанските воздухопловни сили се урна денес во близина на Музафарабад за време на полетувањето поради техничка грешка“, се вели во соопштението на медиумското крило на војската. Во соопштението не е наведен ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 10 јуни, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, фокусирајте се на обврските што не може да ги одложите. Можеби ќе треба да преземете иницијатива во ситуација што трае веќе некое време. Денес ќе треба појасно да ги изразите своите чувства. Вашиот партнер може подобро да ги разбере вашите ставови ако сте директни и смирени. Енергијата варира во текот на денот. Внимавајте на ...

На ТикТок неодамна се појави тренд во кој корисниците споделуваат што сакаат да слушнат за време на интимните моменти, но и што никако не треба да се изговори. Сексуални терапевти и експерти за врски за „Тајла“ открија кои пет реченици најбрзо можат да ја уништат атмосферата, без разлика дали станува збор за долгогодишен партнер, нова врска или случајна романса. „Ќе завршиш ли наскоро?“ Ова прашање испраќа јасна порака – дека попрво би биле ...

Иако многумина би очекувале кралскиот појадок да подразбира раскошна гозба со печува, лосос и свежо овошје, омилениот утрински оброк на кралицата Камила е многу поедноставен. Станува збор за овесна каша, јадење за кое здравствените експерти тврдат дека е совршен избор за здраво срце. Омилениот појадок на кралицата Кралицата Камила е обожавателка на овесната каша, намирница која долго време се поврзува со намалувањето на холестеролот. Ова ...

Повеќето луѓе ја прават истата грешка уште при првиот чекор од подготовката, па затоа е добро да се сослушаат мудростите на нашите предци. За меко, сочно и вкусно динстано месо, не е неопходно да купувате најскапи парчиња, многу поважна е правилната подготовка. Само една грешка може да предизвика месото да остане жилаво и тврдо, наместо нежно да се распаѓа под виљушката. Една од најчестите грешки е превисоката температура на готвење. Кога ...

Од класичниот изговор како „Ќе работам до доцна“ до зачувување на името на љубовникот под името „мама“ во телефонскиот именик, неверните луѓе секогаш наоѓаат начин да ги сокријат своите траги. Сега, се појави нов трик кој е толку генијален што некои го нарекуваат „совршен начин за изневерување“, а вклучува навидум безопасна апликација на вашиот телефон. Водителите на британскиот поткаст „Не како што планиравме“, Таш Гершфилд и Карли Харис, ...

Иако Светското првенство во фудбал официјално стартува утре, временските неприлики веќе почнаа да создаваат проблеми за учесниците на турнирот. Генералната проба на англиската репрезентација пред почетокот на шампионатот беше нарушена поради силно невреме во Орландо. Англија и Костарика требаше да одиграат контролен натпревар во Орландо со почеток во 22 часот по средноевропско време. Сепак, поради обилни врнежи, силен ветер и грмежи во ...

Голем пожар избувна на рид над Штип попладнево, а огнената стихија се прошири и на околните ридови обраснати со сува трева и грмушки. Огнот се гледа од речиси целиот град, над кој се извиваат густи облаци од чад. Десетици пожарникари веќе со часови жестоко се борат да го стават пожарот под контрола. Според првичните информации кои ги објавија локалните медиуми, пожарот избувнал по удар од гром во реонот над викенд-населбите Плуждино и ...

Собранието вечерва не ја усвои интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. За интерпелацијата гласаа 21 пратеник, 62 беа против, додека воздржани немаше. Иницијативата беше поднесена од пратениците на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кои го обвинија министерот за слаби резултати во земјоделството, намалени субвенции, неисполнети ветувања, пад на откупните цени, блокирани ...

Грчките власти најавија дека претстојниот викенд продолжуваат работите на големиот проект „Флај овер“ на внатрешната обиколница околу Солун, поради што се можни привремени ограничувања на сообраќајот и подолги задржувања на одредени делници, јавува „Катимерини“. Возачите кои патуваат кон Халкидики, аеродромот „Македонија“ или источните делови на Солун се советуваат навреме да се информираат за состојбата на патиштата и да предвидат ...

Дали вашата љубовна приказна во која верувавте заврши? Дали сте пателе поради љубов? Ако одговорот е потврден, еден цитат на Оскар Вајлд ќе ве погоди право во срцето. Во суштина, тој зборува за една непријатна вистина – љубовта не се одржува сама од себе само затоа што некогаш постоела. Луѓето често веруваат дека е доволно само „некого да засакаат“ и дека таа емоција ќе трае засекогаш, но во реалноста, љубовта е процес кој бара внимание, ...

Преку 5.000 мајки во последните години успеaле да воспостават екслузивно доење благодарение на упорната Јасна Апостолски Николов. Но, малкумина знаат од каде потекнува поривот кај неа да започне со приказната да стане консултант за доење. – Многу мајки не знаат, но јас не успеав со мојата доенечка приказна, Лука го доев само два месеци. Тогаш немаше кој да ми помогне, не бев доволно упорна, а и не знаев како. Оттука тргна мојата желба да им ...

Хотелските барови одамна не се само место каде патниците можат да се опуштат по напорниот ден. Тие се претворија во вистински дестинации за љубителите на врвните коктели, беспрекорната услуга и уникатното искуство. Токму затоа „Форбс травел гајд“ ја објави својата листа на најдобри хотелски барови за 2026 година, на која се најдоа 37 ексклузивни локации од 18 земји низ светот. За да се најдат на оваа престижна листа, баровите биле посетени ...

„Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во Европската Унија“ – ова, како што соопшти кабинетот на Претседателот на Бугарија, го истакнала претседателката Илијана Јотова на средбата со нејзината македонска колешка, Гордана Сиљановска-Давкова. Двете претседателки денеска се сретнаа во Софија, во рамките на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј домаќин беше Јотова. ...

Партизан останува во игра за титулата во АБА лигата откако вечерва пред своите навивачи славеше убедлива победа над Дубаи со 84-70 во третиот натпревар од финалната серија. „Црно-белите“ одиграа одлично уште од самиот почеток и со цврста одбрана и расположена офанзива брзо го наметнаа својот ритам. Доминантната прва четвртина им донесе предност од 23-10, која подоцна се покажа како клучна за конечниот исход. Гостинскиот тим во следниот ...

Милијардерот и кооосновач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс на денешното сведочење за неговата поврзаност со покојниот сексуален предатор Џефри Епстин изјави дека никогаш никого не повредил и оти средбите со покојниот сексуален предатор биле „сериозна грешка во процената“. Истовремено, посочи дека Епстин се обидел да го уцени со цел да го принуди на соработка, пренесува Вашингтон пост. „Како што јавноста сега може да види во објавените материјали, ...

Интересна приказна за актерот Лазар Бараков е објавена на фејсбук-страницата посветена на Ѓорѓи Колозов. Оваа страница ја одржува Горан Марковски, голем почитувач на делото на Колозов и на Македонските народни приказни. Освен за Колозов, тој редовно потсетува и на други наши познати актери кои ѝ се омилени на публиката. „Некои хејтери ќе речат дека играл само ‘мали улоги’. Но, Лазар Бараков имаше редок дар и најмалите улоги да ги направи ...

Централниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра тројца нови членови на највисокото тело на партијата, Извршниот комитет. „Нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Миле Лефков е пратеник во македонското собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на општина Гази Баба, кој ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.59
87%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
3.13
91%
1019
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
78%
1021
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.87
87%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.17
89%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.72
87%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.89
41%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
86%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.38
81%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.47
73%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
65%
1019
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.42
82%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Платина

53756.05

Цинк

0.00

Злато

131337.93

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Кобалт

45.39

Сребро

2072.63