Покрај бесплатното одлагање кабаст отпад во „Дрисла“ и продолжувањето на времето во кое кафеаните ќе можат да го фрлаат ѓубрето, како трета мерка за воведување комунален ред советниците во Советот на Град Скопје ја изгласаа иницијативата за вршење вонреден и редовен инспекциски надзор на огромната дива депонија во Шуто Оризари, предложена од советникот Авдуљ Селам Селами од редовите на НАИ. Селами во образложението изјави дека оваа ...

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје советниците изгласаа одлука со која скопјани еднаш неделно ќе можат бесплатно да одлагаат кабаст отпад во „Дрисла“, додека пак угостителските објекти добија дозвола својот отпад да го одлагаат до еден часот по полноќ, а за таа намена тие ќе добијат посебни контејнери откако ќе склучат договори со „Комунална хигиена“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека со мерката за угостителите ќе се ...