
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Вчера покрај плеј-офот во Лигата на Нации се играа и бараж натпреварите, па така ги добивме и сите учесници, а познати се и шеширите пред ждрепката за наредното издание. Македонија се пласираше во ранг погоре и од наредната сезона ќе игра во Б-лигата и во овој сегмент ние сме една од репрезентациите со полош рејтинг поради тоа ќе бидеме сместени во последнито четврти шешир. Заедно со нас тука се уште Шведска, Северна Ирска и Косови и тоа значи ...
На улицата Вуковарска во Осиек нешто пред 7 часот се судрија два автобуса. Многу брзо по сообраќајната несреќа на местото на настанот пристигнале неколку екипи на Итна медицинска помош кои им пружале помош на повредените. Како што неофицијално дознава Глас Славоније, повредени се околу 15 лица. Од полициската управа Осиек-Барања соопштија дека во 06:39 часот добиле пријава за несреќата. Полициски екипи се на терен и повеќе информации за тоа ...
Во напад со беспилотно летало на руските сили врз Киев во текот на ноќта загинаа три лица, меѓу кои ипетгодишно дете, а десет беа повредени, објави градската воена управа на Киев во објава на „Телеграм“. Во соопштението се наведува дека тревогата за воздушен напад во Киев синоќа траела пет часа. -Според достапните информации, три лица загинаа, меѓу кои и едно петгодишно дете. Уште десет се повредени. Меѓу загинатите има татко и неговата мала ...
Македонија низ историјата ги опевала своите јунаци кои ја бранеле од окупатори, асимилатори, злосторници… Една таква песна е „Трба, трби гевгелиска“ која и денеска се пее. Посветена е на војводата и револуционер – Леонид Јанков. Денеска се навраќаме на овој голем јунак затоа што токму на 2 септември далечната 1905 година Леонид во близина на селото Ѓавато, гевгелиско, во борба против 3000 турски војници, откако го убил турскиот главешина, со ...
Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство за жени кое ќе се одржи во 2026 година. Нашите репрезентативки ќе играат во третата група заедно со селекциите на Германија, Словенија и Белгија. Пласман на ЕП по автоматизам имаат обезбедено земјите кодомаќини Романија, Полска, Словачка, Чешка и Турција, како и Норвешка, Данска и Унгарија кои освоија медал на последното континентално првенство. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека наскоро ќе следи „повик до луѓето ширум Србија да се борат за својата земја“, како што рече, со мирни и демократски средства, а не со насилство, јавува Анадолу. -Отпорот, бунтот и незадоволството на народот од теророт на кој беа изложени луѓето во последните четири месеци расте и наскоро ќе има повик до луѓето, до луѓето низ Србија, да се борат за својата земја, да се борат за својата ...
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување. Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации. Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а пред резиденцијата има засилено ...
Во земјава и денеска е ден на жалост за настрданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот. Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во ...
Наталија Ѓоргиеска, сопруга на трагично загинатиот член на бендот „ДНК“ – Андреј Ѓоргиески преку Фејсбук и се обрати до јавноста: -Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без ...
Во Белград денеска ќе се одржи студентски протест, а највисоките државни функционери апелираа собирот да се одвива мирно и без инциденти, пренесува Танјуг. Поставена е ограда околу зградата на Народното собрание каде што треба да се одржи протестот. Сообраќајот во моментов се одвива непречено. Синоќа, по неколкудневно пешачење од другите градови, студентите и активистите во блокадата пристигнаа во Белград за да учествуваат на протестот, а ...
Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски го доигра најефикасниот меч во НЦАА лигата, ама неговиот Колорадо не успеа да направи уште едно изненадување и претрепе пораз од Хјустон во четвртфиналето на БИГ-12 турнирот што се игра во Канзас Сити. Јакимовски експлодираше на дуелот со првиот носител, беше најдобар играч на теренот со 25 поени, 8 скока и 4 украдени топки, меѓутоа немаше соодветна поддршка од соиграчите да се шокираат Кугарс кои ...
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во денешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста од брзо завршување на војната во Украина и изрази подготвеност да придонесе за нормализирање на односите меѓу Русија и САД, соопшти Кремљ. Бин Салман ја истакна важноста од наскоро склучување договор за прекин на огнот во Украина, а Путин ги пофали посредничките напори на Ријад, каде минатиот месец се одржаа ...
Ледениот брег А23, кој е поголем од Лондон и пет пати потежок од Монт Еверест, се насука на островот Јужна Џорџија во јужниот дел на Атлантскиот Океан, кој е прекуморска територија на Велика Британија, објави денеска Sky News. Ледениот брег удри на островот Јужна Џорџија со брзина од еден километар на час, а постои страв дека присуството на големата санта мраз ќе ги спречи пингвините и другите животни на островот да добијат храна. Сè уште се ...
Македонските ракометари направија голем чекор наназад кон пласман на Европското првенство. Словенечките репрезентативци на гости во Скопје ја совладаа македонската репрезентација со 32:26 и се зацврстија на првото место во групата 1 со максимални шест бода, додека нашите останаа на два и моментално се на третата позиција, зад Литванија која собра четири. Македонските ракометари водеа по првото полувреме со 16:15, но во вториот дел многу подобра ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повика Русија да се согласи на 30-дневниот прекин на огнот во војната со Украина, предупредувајќи ја Москва дека ќе воведе дополнителни санкции доколку го отфрли предлогот. -Русија нема друг избор освен да го прекине огнот. Доколку е потребно, ќе ги санкционираме, но се надевам дека нема да мораме. Во финансиска смисла, можеме да направиме многу непријатни, многу лоши работи, катастрофални за Русија, но ...
Народното собрание на Република Српска синоќа усвои предлог-одлука за пристапување кон усвојување нов Устав на Република Српска, јави РТРС. За одлуката гласаа 50 пратеници, седум беа против, а двајца пратеници беа воздржани. Претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, најави дека денеска во 10 часот ќе започне следната, 20-та посебна седница на Собранието и предложи на дневен ред по итна постапка, да се најдат Нацрт Уставот, како и ...
Централната влада на Сирија постигна договор со курдските власти кои го контролираат североисточниот дел на земјата, што вклучува прекин на огнот и спојување на локалната вооружена формација со сириската армија. Формацијата предводена од Курдите, позната како Сириски демократски сили, има поддршка од САД. Договорот го потпишаа привремениот претседател на државата Ахмад ал Шара и командантот на Сириските демократски сили Мазлум Абди. Ова е голем ...
Цели семејства, вклучувајќи жени и деца, се убиени во сирискиот крајбрежен регион за време на операцијата на безбедносните сили на новите власти против бунтовниците, лојални на соборениот претседател Башар Асад, соопштија денеска Обединетите нации. Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека документирала 111 цивилни жртви, но очекува реалната бројка да биде значително повисока, изјави портпаролот на Канцеларијата на ОН за човекови права ...
Еспањол и Џирона ги поделија бодовите во малото каталонско дерби кое вечерва се одигра во рамките на 27. коло во шпанската Примера. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стартер на овој меч и беше активен до 69 минута кога неговото место го зазема ветеранот Стуани, играч кој на крајот го постигна голот за гостите за конечни 1-1. Имено домаќините го отворија резултатот во 49 минута преку Хофре и оваа предност ја имаа се до завршницата, ...
Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград и најавија дека блокадата на зградата на јавниот сервис ќе трае 22 часа. Студентите на социјалните мрежи веднаш по 23 часот објавија дека ги блокирале сите влезови во РТС и дека ќе им биде дозволен излез на сите вработени, но дека никој не влегува во зградата додека не се ослободи РТС. Полицијата ...
Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кик боксери. Тој беше македонски репрезентативец во кик бокс и член на од кик бокс клубот Гладијатор од Скопје. Кубин е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓукои сребрениот медал на кик бокс Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години. Беше прогласен за најдобар спортист на Град Скопје во 2016 година. Причините за смртта не се познати. ...
Во Букурешт избија нереди откако централната изборна комисија му забрани на прорускиот десничар Калин Георгеску да учествува на претседателските избори во мај. Георгеску беше изненадувачкиот победник на првиот круг на претседателските избори во декември, кој беше поништен поради обвинувањата за руско мешање. Стотици поддржувачи не Георгеску синоќа се собраа пред зградата на изборната комисија, извикувајќи „крадци“, „предавници“ и „слобода“, при ...
оналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју за „Фокс Њуз“. Водителката на „Фокс“, Марија Бартиромо го праша Трамп: -Дали сте задоволни со фактот што се повлековте и Украина можеби нема да преживее? -Па, тие и онака можеби нема да преживеат. Таа војна немаше да се случи ако јас бев претседател, рече Трамп. -Бајден ме остави со отворени граници кои пуштаат 21 милион луѓе, ...
Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски освои сребрен медал во полумаратонската трка во Атина, која од годинава се смета и како Балканско првенство во оваа дисциплина. Дарио Ивановски забележа нов одличен настап, тој утрово финишираше како втор во полумаратонската трка во Атина. Делницата од 21.097 километри во главниот град на нашиот јужен сосед, Дарио Ивановски ја истрча со време од 1:05:19 час, што беше доволно за ...
Tимот на Кожув приреди изненадување и успеа да слави победа над МЗТ Скопје со резултат 74:71 со што им се реваншираше на „штрковите“ за поразот во финалето од Купот на Македонија. Домаќините лошо го почнаа натпреварот, МЗТ отвори со 0:13, а потоа поведе и со 15 разлика во втората четвртина (16:31). Сепак, до крајот на паузата кошаркарите на Кожув успеаа да намалат до „минус четири“. Во продолжение гледавме неизвесна игра во која двете екипи се ...
Мажот кој вчера наутро се качи на долниот дел на кулата Елизабета на која се наоѓа Биг Бен во Вестминстер, се симна по 16 часа и беше уапсен, соопшти денеска британската полиција. Тој вееше палестинско знаме и извикуваше „слобода за Палестина – пренесоа британските медиуми. –Соработувавме со други агенции, вклучително и лондонската противпожарна бригада, и распоредивме специјални полицајци за да го завршиме овој инцидент што поскоро, притоа ...
Вишиот суд во Белград денеска го осуди актерот Сергеј Трифуновиќ на условна казна затвор од шест месеци со две години пробен период за поседување 11,8 грама марихуана за лична употреба. Со истата пресуда, В.А., за кој се тврди дека му ја продал дрогата, е осуден на затворска казна од три години и четири месеци бидејќи при апсењето кај него биле пронајдени уште 100 грама дрога. Сергеј Трифуновиќ, инаку, не се појави во Вишиот суд во Белград на ...
Екипата на Алкалоид без поголеми проблеми славеше победа со 27-40 на гостувањето кај Куманово во 21. коло од Суперлигата. Момците на Кире Лазаров доминираа од почетокот до крајот и брзо ја најавија победата поведувајќи со 10:19 до крајот на првиот дел. Во вториот дел Алкалоид продолжи во ист стил, па така високата предност во ниту еден момент не беше загрозена. Најефикасен на теренот беше Александар Петковски кој постигна 13 голови, девет на ...
Во натпревар без никакво резултатско значење и во кој се играше единствено за престиж, Еурофарм Пелистер успеваше да му парира на моќниот ПСЖ во првото полувреме, но македонскиот првак целосно потфрли во вторите 30 минути и на крајот се прости со убедлив пораз од новата епизода во Лигата на шампиони. Битолчани успеваа да се држат и одржуваа минимална негатива, но ПСЖ почна да се одлепува во завршните минути од првиот дел и стана јасно дека ...
Двегодишно дете и неговата мајка (32) загинаа синоќа од патнички воз во близина на железничката станица Запоље кај Нова Градишка во Хрватска, извести утринава полициската управа Брод-Посавина. Половина час по полноќ, на јужната пруга кај железничката станица Запоље, патнички воз налетал на жена и дете, кои починале на лице место, извести хрватската полиција, пренесува Хина. Во текот на истрагата железничкиот сообраќај е во прекин, а за ...