
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Женската одбојкарска репрезентација на Македонија забележа нов втор пораз во квалификациите за Европското првенство каде загуби на гостувањето кај Грција со максимални 0-3 во сетови. Во првиот сет ривалот славеше со сигурни 25-8, додека во вториот малку се подобри играта во нападот на Македонија, но недоволно (25-14). Точка на победата Грција стави со резултат 25-11. Најдобар поентер на мечот во Солун беше Тамара Стојанова со седум постигнати ...
Француските истражни судии вчера отворија официјална истрага против технолошкиот милијардер со руско потекло Павел Дуров, откако тој помина четири дена во притвор како дел од истрагата за улогата на неговата апликација за пораки Телеграм во организиран криминал. Отворањето на официјална истрага во Франција против него не значи вина ниту нужно води до судење, но укажува дека правосудните органи веруваат дека има доволно материјал за да се ...
Американските обвинители покренаа нови обвиненија против Доналд Трамп за неговиот наводен обид за мешање во изборите во 2020 по поразот од Џо Бајден. Тие се одговор на минатомесечната пресуда на Врховниот суд на САД дека американските претседатели имаат имунитет од кривично гонење додека се на функција. Ревидираните обвиненија ги содржат истите четири кривични точки против Трамп, но тие сега се однесуваат на неговиот статус како политички ...
Втората преодна влада со премиерот Димитар Главчев положи заклетва пред Народното собрание. Церемонијата беше исклучително кратка и формална. Членовите на привремената влада на Димитар Главчев дадоа заклетва дека ќе работат во име на Бугарија пред народните избраници. Во салата се пријавија 194 пратеници, со кои претседавачот Раџ Назаран ја отвори седницата. На гласањето во пленарната сала беа присутни претседателот Румен Радев и ...
Македонскиот јуниорски репрезентативец Марко Луканоски го комплетираше извонредното лето со одличен трансфер, откако младиот центар денеска потпиша договор со Игокеа. Луканоски во последната сезона го носеше дресот на Вардар настапувајќи во Првата лига, а летово беше еден од лидерите во извонредниот настап на јуниорската репрезентација, која обезбеди промоција во А-дивизијата, а Луканоски беше избран за најдобар центар на шампионатот во Скопје. ...
Во понеделник, 2. септември, ќе почне продажбата на билетите за натпреварот Македонија – Ерменија (10 септември, 20.45 часот) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје за Лигата на нации (ЛН), објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата интернет страница. Цената на влезниите ќе изнесува од 200 (Јужна и Источна) и 400 денари (Северна трибина). Влезница за ВИП ложата на северната трибина ќе чини 1.500 денари. Продажбата на ...
Роботиката одамна стана сериозна конкуренција на човекот дури и во спортот. Најнов доказ за тоа е роботот направен од Google, DeepMind. Имено, одделот за вештачка интелигенција на овој технолошки гигант разви напреден роботски систем за контрола на рацете, кој може да игра пинг-понг на ниво на играчи аматери. Роботска рака „научила“ да игра пинг-понг на приближно ниво на луѓето кои аматерски тренираат и го практикуваат овој спорт. Роботот ...
Високи функционери во администрацијата на Бајден вршеле притисок врз компанијата Мета платформс да цензурира содржини поврзани со Ковид-19 за време на пандемијата, соопшти нејзиниот извршен директор Марк Закерберг. Тој на 26 август му пишал на Судскиот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот на САД и рекол дека жали што претходно не зборувал за ситуацијата, како и за некои од одлуките што ги донел како сопственик на Фејсбук, Инстаграм и ...
Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова потпиша за Ал Шабаб од Саудиска Арабија. – Навистина сум почестена и возбудена што можам да објавам дека потпишав договор со Ал Шабаб. Привилегија е да се приклучам на еден од најценетите фудбалски клубови во Саудиска Арабија. Оваа можност означува значајна пресвртница во мојата кариера и јас сум желна да придонесам за континуираниот успех на тимот. Сакам да им се заблагодарам на сите во Ал ...
Невреме проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и град, погоди синоќа поголем дел од Албанија. Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода, која навлегла во подрумски простории, има искршени гранки од дрвја, паднати делови од покриви, уништени земјоделски посеви, објавија медиумите. Во повеќе области има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради искинати ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија лансирала повеќе од 100 проектили и 100 беспилотни летала за време на нападот врз Украина. -Нанесена му е голема штета на енергетскиот сектор, рече Зеленски на „Телеграм“. Тој ги повика сојузниците на Киев да се држат до договорот за набавка на противвоздушни системи и ракети и додаде дека Украина и нејзините партнери треба да создадат заеднички противвоздушен договор за ...
Во Белград рано утрово, српската Агенција за безбедност и информирање (БИА), во соработка со други надлежни државни органи, спровела контраразузнавачка акција за апсење на хрватски шпион. Ова го пишува белградски „Новости“. Како што наведуваат од овој медиум, акцијата е резултат на повеќемесечна оперативна работа на БИА и продолжување на сузбивањето на шпионажата и деструктивно-субверзивните активности на хрватската разузнавачка и безбедносна ...
Криминалот е сеприсутен во Македонија. Државата со години страда од луѓе кои не фермаат закони, правила, норми… Е, на ваквите „типови“ првиот човек во МВР им објави војна. Војна со криминалците, а посебно на оние во Скопје, деновиве им објави актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Рече дека ќе се започне со посебна оперативна акција против „багабонтите и криминалците“, фокусирана на безбедноста на градот Скопје, дека ќе има ...
Македонската одбојкарска репрезентација не ја оствари својата зацртаната цел и ја пропушти првата „меч-топка“ за пласман на Европско првнество, бидејќи вечерва прерпе пораз на домашен терен од селекцијата на Грција. Соседското дерби во „Јане Сандански“ почна со изразена доминација на македонските одбојкари кои го добија првиот сет со 25:15, но за жал избраниците на Хари Наковски застанаа тука и дозволија пресврт на Грците во продолжение. ...
Главниот извршен директор и основач на Телеграм, Павел Дуров, е уапсен од француската полиција на аеродром северно од Париз, пренесоа светските медиуми. Дуров беше приведен откако неговиот приватен авион слета на аеродромот Ле Бурже, објавија француските медиуми. Според официјални лица, 39-годишниот милијардер бил уапсен по налог за прекршоци поврзани со популарната апликација Телеграм, при што Дуров е обвинет дека не презел чекори за ...
Македонскиот футсал шампион, тимот на Форца успеа да се пласира во елиминациската фаза во Лигата на Шампионите. Форца до овој историски успех за клубот дојде откако со максимални три победи од три дуели го освои првото мест од А групата во претелеминациите. Синоќе во последниот меч од групата која се играше во Скопје го совлада црногорскиот шампион Титоград и тоа убедливо со резултат од 8-2. За потсетување Форца во првиот меч успеа да слави со ...
Германската полиција синоќа уапси 26-годишен Сириец, кој денеска признал дека го извршил завчерашниот напад со нож во градот Солинген во кој три лица се убиени, а осум се ранети. Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството во Дизелдорф. Нападот, за кој одговорноста ја презеде групата Исламска држава, се случи завчера вечер на фестивал по повод одбележувањето на 650-годишната од ...
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ ќе игра во нов клуб во новата сезона затоа што од Уникс Казан се пресели во Олимпија Милано. Пред почетокот на сезоната, клубот од Италија ги потврди новите бројки кои ќе ги носат играчите. Димитријевиќ во тимот од „чизмата“ ќе го носи дресот со број еден. Плејмејкерот доаѓа од Уникс со завидни бројки зад себе и со МВП-титула во тамошната ВТБ-лига, па очекувањата затоа се и високи. За првпат во ...
Денеска во утринските часови е уапсено едно лице за кое сведок тврди дека е наводниот извршител на нападот што се случи синоќа во германскиот град Солинген. Синоќа на фестивалот во овој град, маж по случаен избор со нож избодел неколку посетители. Во нападот загинаа три лица, а пет се тешко повредени. Очевидци велат дека сторителот бил маж со арапски изглед, а тој беше во бегство. Како што дознава германскиот портал Билд, СЕК наводно во раните ...
Едно лице загина, а повеќе од 15 се повредени во тешка сообраќајна незгода што се случила утрово во Белград, Србија. Српските медиуми пренесуваат страшни слики од местото на несреќата на кои се гледа како задниот дел од камионот го пробил автобусот кој од силината на ударот бил целосно уништен. Според првичните информации, едно лице го загуби животот, пет се во животна опасност, додека најмалку 15 се повредени. Шест лица се пренесени во ...
Три лица загинаа ноќеска откако маж синоќа нападна случајни минувачи на градскиот фестивал во германскиот град Солинген, објави весникот „Билд“. Сторителот побегнал од местото на злосторството. Полицијата презеде голема акција за негово апсење. Во нападот во петокот вечерта загинаа најмалку три лица – една жена и двајца мажи, а осум се повредени, од кои пет потешко, соопштија властите. Не беа дадени информации за идентитетот на повредените или ...
Од почетокот на следната година Унгарија ќе ги лансира т.н. златни унгарски визи одобрени од владата на премиерот Орбан. Со ова Програма им се возможува на инвеститорите да стекнат десетгодишно право на престој во Унгарија и унгарски пасош – условот е да купат недвижен имот во вредност од најмалку 500.000 евра. Друга опција е да се инвестираат најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижности издадени од Унгарската народна банка. ...
Одличниот фудбалер, македонски репрезентативец Бојан Миовски, викендов ќе го има дебито во дресот на шпанскиот клуб Џирона. Клубот од Каталонија го регистрираше напаѓачот за чии трансфер од Абердин издвои 8.500.000 евра. Миовски ќе го носи бројот 19 на дресот. Весникот „Ас“, пишува дека Миовски веројатно во недела ќе биде стартер во дербито на колото против Атлетико Мадрид. Според овој извор, Миовски против Атлетико ќе добие „квалитетна ...
Канадската компанија „Лукара“ објави дека ископала дијамант од 2.492 карати, најголемиот дијамант некогаш откриен во Боцвана и втор по големина во светот. Дијамантот е пронајден и ископан во рудникот за дијаманти Карове во северно-централна Боцвана. – Ова откритие не само што го покажува исклучителниот потенцијал на нашиот рудник Карова, туку ја поддржува и нашата стратешка инвестиција во најсовремената технологија КСРТ – изјави претседателот и ...
Голем пожар во семејна куќа во Нови Сад. Шест луѓе загинаа, меѓу кои и четири деца. -Во пожар што избувна утрово околу 3 часот, во куќа на улица „Ѓорѓа Дера“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години, посочија од српската полиција. Починатите се од едно семејство. Родители и деца од кои највозрасното имало 7 години. Пожарот бил голем и брзо се ширел па таткото на жена која изгоре иако живеел веднаш до нивната ...
Улицата „Македонија“ во Скопје со години чека да биде средена. Иако тоа е најрепрезентативната пешачка зона во главниот град надлежните ги запоставуваат расклатените плочки, нефункционалните фонтани пред куќата на Мајка Тереза, недоволната чистота, многуте недовршени градби, возила иако е забрането… Дали за да подобро се види таа површност и неодговорност уличните светилки работат и кога жешкото сонце силно ја осветлува улицата? Или пак тоа е ...
Гиорги Мамардашвили по се изгледа ќе остане уште една година на „Месталја“, сценарио кое е навистина поволно за фановите на Валенсија, но не и за Столе Димитриевски кој пристигна во овој клуб со цел да го наследи грузискиот чувар на мрежата. На крајот, Валенсија ќе го продаде Мамардашвили на Ливерпул за 35 милиони евра, но бидејќи „црвените“ во моментов имаат прв голман во Алисон Бекер, Грузиецот ќе биде вратен кај „лилјаците“ на едногодишна ...
Првиот лек во историјата за кој е утврдено дека ја забавува Алцхајмеровата болест ќе добие зелено светло во Британија. Утврдено е дека Леканемаб, за кој експертите велат дека може да биде „почеток на крајот“ на болеста, го забавува когнитивниот пад кај заболените за 27 отсто. Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (МХРА) се очекува да даде одобрение за лекување на раната Алцхајмерова болест, пишува британски Телеграф. Ова ќе ...
Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, повторно ја воодушевува публиката. Овој пат во егзебициски натпревар пред почетокот на тенискиот грен-слем Ју-Ес Опен. Имено, вчера Ѓоковиќ одиграл егзибициски дубл меч, во кој му бил партнер на легендарниот Џон Мекинро, а од другата страна на мрежата биле други две легенди – Карлос Алкарас и Андре Агаси. Публиката уживала во одличните потези на извонредните тенисери. Во еден момент Агаси го ...
Верував во спас на Југославија, истакна познатиот американски економист и професор на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс. Тој беше советник на југословенскиот премиер Анте Марковиќ во 1990-тите. Сакс во интервју за НИН изјави дека „премногу политичари во Југославија и во Европа сакаа да и стават крај на Југославија, а не да ја спасат“. -Главната работа што ја препорачав во 1989 година во поранешна Југославија, Полска, Советскиот Сојуз, а ...