
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Многу млади Македонци низ историјата го дадоа животот за слободата на својот народ. На таквите херои треба на се потсетуваме, треба да им оддадеме почит. Денеска се поклонуваме на јунакот Христијан Тодоровски – Карпош. Револуционер, партизан кој без страв или резерва јуришал кон окупаторите на Македонија во Втората Светска Војна. На денешен ден во 1921 година тој е роден во Куманово. На почетокот на НОБ другарите од партизанскиот одред го ...
Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Mozzart за првпат ќе организира Меморијален турнир во кошарка во чест на прерано починатиот фан на клубот – Андреј Грковски – Тафта. На турнирот ќе учествуваат четири екипи, меѓу кои покрај домаќинот ТФТ Скопје, ќе играат Кожув, Работнички и МЗТ Скопје. -Во чест на нашиот прерано починат фан и пријател Андреј Грковски – Тафта, КК ТФТ за првпат ќе организира меморијален турнир во кошарка кој ќе го носи ...
Судот во Венецуела издаде налог за апсење на лидерот на опозицијата Едуардо Гонсалес, за кого се верува дека го победил Николас Мадуро на неодамнешните претседателски избори. Ако биде осуден, 75-годишниот Гонсалес би можел да го помине остатокот од животот во затвор. Државната изборна комисија го прогласи Мадуро за победник на изборите во јули, но владата досега нема објавено доказ за тоа. Опозицијата тврди дека нивните резултати покажуваат ...
Политичката слика во Германија се менува по двата регионални изборни резултати. Десно ориентираната партија АФД победува. Германскиот канцелар Олаф Шолц ги нарече „горчливи“ резултатите од овие избори кои и донесоа голема победа на АФД и ги повика главните партии да формираат влади без „десничарски екстремисти“. На изборите изминатиот викенд во Тирингија, Алтернатива за Германија (AФД) стана првата изразено десничарска партија која победи на ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар по дебаклот против Воска Спорт (1-3) на Националната арена „Тодор Проески“ остана без тренер, откако Горан Петрески и неговите помошници се повлекоа од екипата, но денеска пристигна неговата замена. Поранешниот тренер на Пелистер, Струга и Воска Спорт, Срѓан Захариевски го наследи кормилото од Петрески и ќе се обиде да ги врати „црвено-црните“ на победнички патеки во Првата лига. Вардар во моментов ...
Учебници, тетратки, прибори…, сето ова од денеска се наоѓа во ученичките ранци со кои одат на наставата. Но, со нив се и мобилни телефони како „задолжителен“ дел од опремата. Колку мобилните телефони се корисни, а колку пречат во наставата? На оваа дилема треба надлежните да дадат одговор. Во јавноста е се поприсутен впечатокот дека користа е помала од штетата. Мобилните телефони моижеби некогаш се користат и како нагледно средство кое помага ...
Една жена загина, училиштата беа затворени, а десетици илјади луѓе останаа без струја во понеделникот поради невремето што ја погоди Австралија. Полицијата соопшти дека 63-годишна жена загинала кога дрво паднало врз кабина во југозападниот дел на земјата. „Деструктивните“ ветрови со брзина од повеќе од 110 километри на час го погодија регионот, оставајќи околу 150.000 луѓе без струја, пренесува АФП. Премиерот на Викторија предупреди дека ќе ...
Управата на Брера Струмица спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Бојан Круљ од Србија, соопштија синоќа од „Брера Струмица“. Како што е соопштено прекинувањето на соработката доаѓа по третиот едно по друго пораз во првенството од Струга Трим Љум, а на наредниот нарпревар Круљ заедно со неговите помошници Душан Дошљак и Милош Поповиќ нема да го предводат тимот. -Сакам да му се заблагодарам на Бојан Круљ со неговите помошници ...
Вештачката интелигенција (АИ) успеа да го реконструира „лицето на Исус Христос“ од парче ткаенина (Торинската плаштеница) за која некои веруваат дека била користена за да го обвиткаат Исус по неговото распнување. На оваа идеја доѓле од британскиот Daily Express и со користење вештачка интелигенција решиле да го реконструираат „лицето на Исус Христос“. Торинската плаштеница со векови ги поделени мислењата, а некои тврдат дека во материјалот може ...
Oхридскиот пливачки маратон оваа година ќе се одржи по 37-ми пат. Главната трка на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид, ќе се одржи в сабота на 31 август. Закажаниот старт во 11:00 часот ќе собере деветнаесет пливачи од девет различни земји. Во машката категорија ќе учествуваат единаесет пливачи, вклучувајќи тројца македонски маратонци: Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски. Осум пливачки ќе се ...
Државна инспекција ќе влезе во Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), денеска најави министерот за спорт Борко Ристовски. Тој одговори на новинарско прашање за коментар во врска со обвинувањата од селекторот на јуниорската репрезентација, Горан Андреевски за скандалозен третман на репрезентацијата, а кои вчера излегоа во јавност. -Она што можеме да го кажеме е дека изјавите на селекторот се доста загрижувачки и ќе направиме се што е во ...
Македонскиот ракомет изминатиов период успешно е предводен од Живко Мукаетов, но актуелниот претседател на Ракометната федерација денеска најави дека нема да прифати нов мандат. РФМ денеска одржува собрание на кое Мукаетов најави дека ќе се повлече од функцијата по крајот на актуелниот мандат. Првиот човек на РФМ потенцираше дека нема да бара нов мандат изборното собрание следната 2025 година, па тоа ќе значи дека заминува од одговорната ...
Горан Петрески неодамна му се приклучи на Вардар и првично пристигна за да биде дел од стручниот штаб на Горазд Михаилов, но откако тренерот спогодбено ја прекина соработката со клубот, популарниот „Чунга-лунга“ доби шанса да биде лидер на првиот тим. Петрески го наследи Вардар од Михаилов по победата од Пелистер извојувана на домашен терен, но двата порази претрпени од Шкупи и Воска Спорт, сега направија да видиме нова тренерска смена во ...
Аеродромските згради во Кошице и Попрад во Словачка утрово беа евакуирани поради пријавена закана за бомба, која се покажа дека е лажна. Аеродромот Попрад-Татри беше првиот што објави за тоа на својата веб-страница. –На аеродромите во Словачка е пријавена бомба, поради што аеродромот Попрад-Татри во моментов е затворен, патниците се евакуираат, а се проверуваат терминалите и административните области – се наведува во соопштението, пренесува ...
Руските власти ја обвинија Украина дека рано утрово на 1 септември започнала напади со беспилотни летала насочени кон неколку региони во земјата, вклучително и постројки за електрична енергија и рафинерија во регионите на Москва и Твер. Според соопштението на руското Министерство за одбрана, кое го пренесува државната новинска агенција ТАСС, 158 беспилотни летала биле уништени од одбранбени системи на Русија. Министерството на Телеграм објави ...
Уште една бламажа доживеа Вардар на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига доживувајќи неочекувано убедлив пораз од 1-3 на домашен терен од Воска Спорт во 4. коло. На врвот осамена Шкендија по новата победа, сега над Пелистер од 2-0, а со триумф од 2-0 заврши и Струга ТЛ против АП Брера. На натпреварот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Воска Спорт одигра одличен меч сосема заслужено добивајќи го „дербито на дното“. По ...
Социјалната мрежа Икс, претходно позната како Твитер, е забранета во Бразил откако не го испочитува рокот поставен од тамошниот Врховен суд да постави нов правен застапник во земјата. Судијата Александре де Мораеш нареди итна и комплетна суспензија на социјалната мрежа сè додека дека се усогласи целосно со судските наредби и ги плати изречените казни. Спорот датира од април кога бразилскиот судија нареди суспензија на десетици профили на ...
Вчерашниот упад на косовската полиција во зградите на „Привремените органи на Владата на Србија во општините на северот на Косово и Метохија“ наиде на низа критики од страна на меѓународната заедница. Откако американската амбасада во Приштина, доцна синоќа изрази загриженост и ги осуди постапките на Приштина, денеска реакција пристигна и од Брисел. Портпаролот на Европската унија, Петер Стано кажа дека ваквите еднострани и некоординирани чекори ...
Во екипата на МЗТ Скопје Аеродром се враќа репрезентативецот Андреј Магдевски, кој во минатата сезона настапуваше за Пелистер.. Ова ќе биде по трет пар Магдевски да се врати во МЗТ, откако претходно настапуваше за клубот од 2018 до 2021 и уште еднаш во 2022 година, а потоа се пресели во Холандија, МЗТ Скопје во следната сезона ќе ја брани двојната круна во мак-баскетот, а ќе игра и во АБА-2 лигата. Првиот натпревар на „сино-белите“ е закажан на ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е и врховен командант на хрватските вооружени сили, денеска во Пожега изјави дека нема ништо против враќањето на задолжителниот воен рок, но го праша премиерот Андреј Пленковиќ дали мисли дека тоа го прави на сила, без него, имајќи предвид дека е неопходно да се направат некои нарачки. -Го поканувам Пленковиќ, а не министерот за одбрана, Иван Анушиќ, бидејќи тој е само извршител на Пленковиќ, да ...
Македонија плаче за изградба на нови патишта. Ама, Македонија плаче и кога ќе почнат да се прават патишта. Надлежните институции многу ги бива за почнување на изградба на патишта. Обавезно има црвени панделки врзани на лопатите, оптимистички говори на политичарите, аплаузи… веќе наредниот ден има на сите медиуми како ударнички се почнува со работа, збревтаат неколку багери, растрчани работници, ама потоа се подзастанува… И почнуваат ...
Цените посебно на основните прехрамбени производи во Македонија, не мируваат. По пазарите, по маркетите, граѓаните забележуваат чести промени. И да, цените најчесто одат само нагоре. До кога ќе е вака, па нели инфлацијата е скротена? Ќе реагира ли државата? Премиерот Христијан Мицкоски завчера се обиде да внесе доза на оптимизам со изјавата дека во последниве месец – два инфлацијата се смирува и дека сега е на 3 проценти. Но, сепак додаде дека ...
Локалната власт на шпанската провинција Екстремадура објави дека нуди до 15.000 евра на заинтересираните да се преселат во областа најмалку две години. Оваа автономна покраина, која ја има една од најмалите популации во Шпанија, издвои два милиони евра за да поттикне 200 дигитални номади и работници од далечина да се преселат во регионот, објави „Си-ен-би-си“. Владата на Екстремадура наведува дека оваа финансиска поддршка е наменета „за ...
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер славеше минимална победа над Црвена Звезда од 28-27 на ТВ-турнирот во Добој. Наспроти фаворитската улога, битолчани се намачија да дојдат до победата низ крајно израмнет натпревар во кој белграѓани имаа и предност од 14-16 на полувремето. Сепак, со нешто поцврста одбрана „пелистерци“ дојдоа до победа за старт на турнирот. Најдобар стрелец во победничкот тим беше Филип Кузмановски со девет гола, кој беше и ...
Србија потпиша договор со Франција за купување на 12 нови борбени авиони Рафал во вредност од 2,7 милијарди евра. Договорот вклучува целосен логистички пакет, резервни мотори и делови за овие повеќенаменски авиони. Договорот беше потпишан во склоп на посетата на Белград, на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека купувањето на Рафали е јасен избор што ја претставува волјата за долгорочен сојуз меѓу двете земји во рамките на силна, ...
Осомничените за планирањето на нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена планирале да убијат десетици илјади луѓе, кажа заменик директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Дејвид Коен се осврна не неуспешниот терористички заговор за време на националниот разузнавачки и безбедносен самит овој викенд во Мериленд. -Планирале на тој концерт да убијат огромен број луѓе, десетици илјади, меѓу кои сигурно би имало многу ...
Одлуката не се однесува на малите бизниси и тие ќе бидат изземени од неа, а ќе важи до 31 јануари 2025 година. Црногорската владата ги ограничи маржите во трговијата на големо и мало на 66 прехранбени и хигиенски производи. Во однос на претходната кампања „Ограничени цени“, сега на листата се додаваат и овошје, зеленчук, нешто повеќе видови месо и средства за лична хигиена. Акцијата вклучува исти производи и исти грамажи на неколку ...
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, истакна дека неговата држава не смее директно да се вклучи во конфликтот меѓу Русија и Украина. Сепак, тој посочи дека може да му обезбеди на Киев хуманитарна помош и воена опрема. -Направив се и ќе направам се во иднина за да спречам каква било вмешаност на хрватските војници во војната во Украина на кој било начин, вклучително и учество во центри за обука. Дали некој ќе и даде воена опрема на ...
Скопје е многу бучен град. Голем удел во тоа даваат и моторџиите. Да, не сите, ама има многумина кои намерно ги „турираат“ снажните мотоцикли за да заглушувачки „рикаат“. Дали во тие моменти таквите моторџии сметаат дека се лавови не е познато. Познато е само дека скопјани немаат сон од нив. Особено оние кои живеат покрај булеварите „Партизански Одреди“, „Јане Сандански“… И така е со години особено во пролет и лето. А целиот тој период ...
Православните христијански верници денеска го одбележуваат споменот на Свети Јоаким Осоговски, светител кој има силен култ во североисточна Македонија. Тој се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. Во негова чест е наречен еден од најпознатите манастири во Македонија — манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. Житието не посочува од каде дошол Јоаким во ...