Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оствари работна посета на Париз. „Посетата ќе започне со средба со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро, по што ќе следи работна средба со Бенџамин Хадад, министер делегиран за Европа, информираат од МНР. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средба со Бертран Бишвалтер, советник за ...

Во рамки на ООУ „Братство“ денеска беше пуштена во употреба првата ИТ – училница, која е опремена со 28 нови компјутерски конфигурации. Инаку, со помош на локалната самоуправа ќе бидат отворени вакви специјализирани кабинети и во останатите основни училишта на територија на Карпош, соопштија денеска преку социјалните мрежи од Општина Карпош. Како што велат, училниците се наменети за потребите на основците, кои во рамки на образовната настава го ...

Во својство на една од пионерските компании во имплементацијата на принципите на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), „Алкалоид“ зеде активно учество на Третата регионална ESG-конференција, организирана од македонската подружница на Американската стопанска комора, во соработка со AmCham Србија, AmCham Албанија и AmCham Косово. Настанот собра претставници од деловниот сектор, институциите и граѓанското општество, обезбедувајќи ...

Инстант лоз со име „Хороскоп“ е најновиот член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Со својот впечатлив дизајн и забавната игра се очекува да биде нова инспирација за забава со можности за добивки за љубителите на инстант лозовите. Интересно е што овој лоз ги комбинира астрологијата и нумерологијата, па играчите може да уживаат во забавна потрага по истоветни симболи (хороскопски знаци) и броеви со добитните симболи и ...

Во рамки на планираните програмски активности на Секторот за развој на Општина Карпош, денеска во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ се одржа крводарителска акција во организација на локалната самоуправа. Веќе трета година по ред, иницијатор на оваа хумана акција е здружението ГАЛИЦКО, а истата се реализира во чест на карпошанецот диџеј Ицко, кој почина во време на корона пандемијата. Инаку, ова здружение со седиште во Карпош и Галичник ...

На предлог на Томас Вајц, известувачот за Македонија, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни. Членовите на Комитетот за надворешни работи на ЕП на денешната седница требаше да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за 2023 и 2024 година за земјава подготвен од австрискиот европратеник Вајц. Извештајот и Томас Вајц, вчера се најдоа на удар ...

Работник од Кина е тешко повреден откако паднал од дрвена платформа. Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, соопштија денеска од полицијата. Увид на местото извршија ...

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 70-годишниот Б.Р. од село Равен, гостиварско, поради сомнение дека во март 2025 година во угостителски објект во Гостивар, пријавениот се претставил лажно како сервисер од правно лице и за сервисирање земал противпожарен апарат и го вратил со достава на фалсификуван сервисен картон, што било констатирано на 03.04.2025 при извршена контрола од Дирекцијата за заштита и спасување. ...

Денеска, на 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беа разгледани и усвоени предлог одлуките за распределба на средства од Програмата за рамномерен регионален развој. Практично, со ова заврши првата фаза за распределба на средствата од буџетската Програма за рамномерен регионален развој и одлуките ќе бидат доставени до Владата на усвојување, со што ќе се ...

Жена пешак прегазена од мотоцикл во Тетово. - На 03.06.2025 околу 16.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилески Бато“ во Тетово, мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Х.Ш.(56) од с.Мала Речица, тетовско, удрил во пешакот Ф.Б.(67) од село Стримница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Б., констатирани во Клиничката болница во Тетово, известија од полицијата. Извршен е увид од увидна ...

Во текот на вчерашниот ден во скопската полиција е пријавено дека во село Идризово, по претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица при што се употребени и тврди предмети. Во тепачката учествувал и еден малолетник. „На 03.06.2025 во 19.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Идризово, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу ...

Вчера на пладне во струмичката полиција било пријавено дека во утринските часови пред Градската капела во Струмица, М.С. (40) од село Баница бил физички нападнат од својот соселанец И.В. „На 03.06.2025 во 13.20 часот во СВР Струмица, М.С.(40) од с.Баница, струмичко, пријавил дека во 06.00 часот пред Градската капела во Струмица бил физички нападнат од И.В. од с.Баница“, стои во полицискиот билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува ...

Вчера во полицијата во Радовиш од страна на 44-годишна жена било пријавено дека била измамена од сограѓанин Б.М. за сума од 193.230 денари, откако претходно Б.М. од рент-а-кар компанија од радовишко изнајмил патничко возило во нејзина сопственост и без нејзино одобрение заминал во Германија. „На 03.06.2025 во 13.00 часот во ОВР Радовиш, 44-годишна жена од радовишко пријави дека била измамена од Б.М. од Радовиш за сума од 193.230 денари. Според ...

Скопјанец е тешко повреден во сообраќајка на скопска раскрсница. - На 03.06.2025 околу 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Миле Попјорданов“ и ул.„Илија Палев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(37) од Скопје и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни ...

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив е донесено починато тригодишно дете од Кавадарци, кое од претходно имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт, а во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 03.00 часот го однела во Општа болница Кавадарци, од каде ги упатиле во ...

Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај веднаш, штом ЈСП Скопје им ги исплати парите, потврди денеска Јовица Зафировски претставник на приватните превозници за ТВ24. - Приватните превозници не сообраќаат и нема да сообраќаат додека ЈСП Скопје не ни уплати средства за да можеме да ги вклучиме автобусите. Ние имаме информација дека Градот Скопје има уплатено 40 милиони денари токму за нас и ние ги чекаме тие пари. Значи ЈСП Скопје треба ...

Вчера по полноќ во село Арачиново во Скопје полицијата го уапсила лицето К.Б. (41) од Скопје, во чие возило е пронајдена стока за која не поседувал соодветна документација. Полицијата му ги одзела возилото и стоката. „На 04.06.2025 во 00.20 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Б.(41) од Скопје. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, ...

И оваа летна сезона во Хрватска ќе работат работници од Македонија. Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува значителен пораст. Зголемената побарувачка за персонал во угостителството и туризмот придонесе за раст на платите, при што сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра месечно. Работодавците се принудени да нудат ...

Вчера во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода Д.С.(25) од Охрид затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени и одземени се марихуана и дробилкла со остатоци од марихуана, информираа од МВР. По целосно документирање на ...

Откако професорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ Татјана Алексиќ даде свој коментар за музиката ја слуша македонската младина, на социјалните мрежи вирално се шири објава за тоа која пејачка ја бара група на македонските матуранти. Професорката коментираше дека предолго време се слуша турбо-фолкот по дискотеки, па така и на матурските забави „грми“ таков тип на музика. - Новокомпонираната ...

Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението на 524-та седница на Судскиот совет. По точката за разгледување и оценување на тримесечните извештаи за работа на судовите за 2025 година, односно за периодот јануари-март беше констатирано дека повеќето судовите биле неажурни. Почетокот на годината судовите го започнале со 133.882 предмети, а примиле во работа 148.588 ...

Александар Николоски, вицепремиер на Владата и министер за транспорт и врски, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма говореше за Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Николоски подвлече дека Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија претставува дипломатска и историска победа за Македонија, и додаде дека кога една држава добива кредит тоа значи дека другата страна верува во нејзината способност да се ...

Во текот на вчерашниот ден на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес уапсиле 65-годишен скопјанец, во чие возило е пронајдена поголема количина на пиротехнички средства. На 03.06.2025 во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.К.(65) од Скопје. По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е ...

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски ја најави најголемата забава во историјата на општината, по повод две децении Бутел. - Ми претставува особена чест да ве поканам на роденденската недела по повод 20 години од формирањето на Општина Буте! Започнуваме на 6 јуни а ќе завршиме на 14 јуни на повеќе локации во нашата општина. Во овој период ќе организираме голем број забавни и спортски манифестации за сите генарации со најголем акцент ...

Вчеравечер поинаква атмосфера на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје. Од завчера започна 9-то издание на уличниот уметнички фестивал Статуафест – Соништа. Фестивалот ќе трае до 4 јуни. -Статуафест е уличен уметнички фестивал каде улицата го покажува своето друго лице – полно со тишина што зборува, движење што мирува, и уметност што сонува со отворени очи. Оваа година, тематски нурнуваме во светот на соништата – оние скриени визии што нè ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес ја имаше својата прва работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, по неговото неодамнешно назначување на функцијата. На средбата беше изразено заедничкото уверување дека сегашната макроекономска стабилност е приоритет и таа треба и понатаму да се одржува и да се унапредува преку добро усогласени и координирани политики. Беше истакната важноста на блиската ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во емисија „Објектив“ на МРТ истакна дека сметот претставува грда слика за самите граѓани, но и за туристите кои го посетуваат центарот на градот. Тој најави и кривични пријави против „Комунална хигиена“. Вели дека е недозволиво во денешно време да се зборува за несобирање на сметот во општините и дека колатерална штета се граѓаните кои плаќаат за таа услуга. „Ова е навистина крајно сериозно ...

Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесоа барање за слободен пристап до информации од Бирото за метрологија поради сомнеж дека ветениот државен еталон за проверка на електрични броила сè уште не е ставен во функција. Иако министерката за енергетика пред три месеци јавно изјави дека опремата ќе биде активирана „во најкус можен рок“, нема информација дали тоа е навистина реализирано, велат инженерите во соопштението до ...

Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска треба да гласаат за одобрување на Предлог-извештајот за 2023 и 2024 година за нашата држава, подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. Во текстот се споменува важноста од зачувување на динамиката и доверливоста на процесот на европска интеграција и се истакнува дека нашата земја продолжува да покажува посветеност кон евроинтеграцијата и усогласување со ...

Во текот на првите три дена од овој месец (01./02./03.06.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2164 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по основ на Законот за возила. Заради возење со брзина поголема од дозволената изречени се 521 санкција, за неправилно паркирање 473 ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
19%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
25%
1017
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
4.12
42%
1020
weather icon

Софија

35ᴼ / 35ᴼ
5.14
22%
1014
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
2.13
14%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
4.63
53%
1020
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
6.26
27%
1011
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
1.54
11%
1011
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.63
16%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
10.8
38%
1016
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
2.06
32%
1019
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
9.77
100%
1014
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326