
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, се одржа единаесеттото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“. Организатор на фестивалот е КУД „Гоце Марковски“ од Долно Лисиче, под покровителство на Општина Илинден. Фестивалот започна со свечено дефиле, на кое сите учесници, придружувани од звуците на зурли и тапани, тргнаа од основното училиште „Гоце Делчев“ и се упатија по главната улица во Илинден, преку ...
Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски работи кои остануваат непроменети. Тоа е голем историски чекор, нашата позиција станува афирмирана и призната и тоа е нешто за поздравување иако имаме голем и долг пат пред себе, вели вицепремиерот Александар Николоски во однос на Предлог-извештајот за Македонија кој треба да биде усвоен во Европскиот Парламент. „Од ...
Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски ја најави програмата за најголемата забава во историјата на општината, по повод две децении Бутел. Упати покана до сите граѓани да сбидат дел од прослата која започнува на 6. јуни, а ќе трае до 14. месецов. - Започнуваме со најпопуларниот 3 х 3 баскет турнир во Република Македонија на добро познатата локација на кошаркарското игралиште во ООУ “Ацо Шопов”. Турнирот започнува денеска, а големото ...
Викендот носи силни астролошки влијанија што носат промена во ритамот и тонот. Photo by Hubert Kołucki На 7 јуни, Венера влегува во Бик – знакот на стабилноста, телото и вистинските вредности. По брзината и поривите на Овен, оваа промена нè учи да го избереме она што трае. Следниот ден, 8 јуни, Меркур се соединува со Јупитер на последниот степен од Близнаци – момент на зборови што имаат тежина, идеи што кулминираат и завршетоци што нè ...
Продолжен викенд е синоним за празно Скопје! Несомнено, и овој продолжен празничен викенд, скопјани побрзаа да заминат од градскиот метеж и секојдневна врева. Утрово гужва на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“, со оглед дека многумина се одлучија да одморат и прошетаат покрај море, во соседна Грција. На социјалните мрежи, како и секој продолжен викенд, се споделуваат фотки од едно поинакво Скопје - мирно, релаксирано и празно. Празно ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. „Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во државава, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан ...
Факултетското студентско собрание при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со поддршка на ФВМС, на 7 јуни (сабота), на плоштадот во Автокоманда, ќе одржи хуманитарна Изложба на домашни миленици. Настанот има за цел да се обезбедат средства за семејствата на настрадани во трагичниот настан во Кочани. Оваа изложба, во која милениците ќе бидат прикажани со внимание и љубов, а нивните сопственици ќе добијат благодарници и симболични ...
Денеска во Лемос, Општина Преспа - Грција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во присуство на министерот за внатрешни работи на Грција Теодорос Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставници на локалните самоуправи, присуствуваа на настан во врска со воспоставување на граничен премин на областа Преспанско Езеро. Со тоа се означи започнување на БорПрес2 фазата на проектот кој на крај има за цел да воспостави нов ...
По повод големиот празник на Светата Педесетница, во Бигорски манастир ќе има бдение, богосужби, литургија, на кои со благослов на епископот Антаниски г. Партениј може да присуствуваат сите верници кои посакуваат за овој празник да бидат во ова наше познато древно светилиште. - Во сабота, 7 јуни во 19 часот ќе се одржи бдение со повечерие, вечерна, утрена и прв час, додека во недела (8 јуни) во 7:30 часот трети и шести час, Архијерејска ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, има задржувања за излез од државата, особено на граничните премини ГП Богородица и ГП Дојран. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка до пoглаварот на Исламска Верска Заедница, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху, по повод денешниот празник Курбан Бајрам. „Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Вам и на сите граѓани припадници на исламската заедница и да Ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, мир, благосостојба и спокој во Вашите срца и домови. ...
Во периодот од 09 до 11 јуни, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Eзеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. „Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ...
Во спомен на починатите, православните верници денеска ја одбележуваат Задушница во пресрет на големиот празник кој доаѓа во недела - Духовден. Сеќавајќи се на покојните претци, верниците на овој ден се молат за простување на гревовите. Во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, се пали свеќа, се чита молитва и се принесува жртва за спасение на починатите. Наспроти обичаите на гробовите да се носи и ...
Под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела (8.јуни) времето ќе биде многу топло. Денес, во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има и в сабота. Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температура ќе ...
СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на претседателот на Уставниот Суд. Претседателот на Уставниот суд не го избира Собранието, туку се бира од страна на уставните судии, оттаму ниту правно формално оваа иницијатива не е издржана, се вели во реакцијата на СДСМ по вчерашната најава од ДУИ дека ќе поднесат интерпелација за Дарко Костадиновски, претседателот на Уставниот суд. „Покрај ова, сметаме дека таа може да се искористи исклучиво за ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој претстојува во работна посета на Франција, сподели дека во рамки на работната посета на Париз, имал продуктивна средба со Бенџамин Хадад, француски министер делегиран за Европа. За време на средбата тие разговарале за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија, актуелната политичка состојба во регионот и значењето на улогата на Македонија, како што вели ...
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје имало верижен судир на повеќе возила. МВР ги сподели деталите: „На 04.06.2025 околу 18.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, возило „мерцедес“ и две патнички возила „ауди“, сите со скопски регистарски ознаки и возило „бмв“ со тетовски ...
Добро е што сите вклучени во менаџирањето на кризата по пожарот во Кочани застанаа зад инцијативата хуманитарната помош за повредените да се акумулира на едно место и да се дистрибура согласно потребите, истакна генералниот секретар на македонскиот Црвен крст, Саит Саити на панел дискусијата „Кочани е нашиот приоритет“. Тој нагласи дека од вкупно собраните средства, досега се исплатени над 107,4 милиони денари, додека на единствената солидарна ...
Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој е опфатен со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денеска изјави дека не чуствува апсолутно никаква одговорност и вина. На новинарско прашање за негова одговорност во врска со случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тоа ...
Општина Илинден продолжува со подобрување и унапредување на условите во образовните установи во сите населени места. Како дел од заложбите за подобрување на наставата по физичко образование и промоција на здрави навики меѓу младите, денес во дворот на Основното општинско училиште „Ристо Крле“ во Кадино беше пуштено во употреба ново, повеќенаменско спортско игралиште, сподели денес преку социјалните мрежи градоначалникот Александар Георгиевски, ...
Малолетен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка во Арачиново. - На 04.06.2025 во 19.20 часот во Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Куманово, во село Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано Т.Ј.(51) од сeло Арачиново и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Мај 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Јуни 2025 година. Со ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Р.(71) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. - На 20.05.2025 во ело Костиндол, општина Македонска Каменица, пријавениот со моторна пила извршил оштетување на бандера за пренос на електрична енергија и на тој начин предизвикал опасност за луѓето и имотот, ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кои претстојува во работна посета на Брисел, односно на состанокот на министри за одбрана на НАТО, преку социјалните мрежи сподели дека денеска имал свое обраќање на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, каде ги пренел сегашните и идните приоритети на Македонија во рамки на Алијансата за актуелните безбедносни прашања. „Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната и ...
Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски и грчкиот министер за внатрешни работи, Тодорос Ливаниос денеска во Преспес, Грција ќе го одбележат почнувањето на работите финансирани од ЕУ во Грција, за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос. Како што е познато, градежните работи на македонска страна за изградба на нова царинска зграда на граничниот премин Маркова Нога почнаа пролетоска и се очекува да завршат во 2026 ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој денеска претстојува во работна посета на Париз, преку социјалните мрежи сподели дека денешниот ден го започнал со одлична средба со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро. За време на средбата, како што вели, двајцата заеднички изразиле задоволство од развојот на билатералните односи и разговарале за понатамошна цврста и ...
Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. На денешната трибина “Кочани е наш приоритет”, Клековски, нагласи дека според неговите информации моментално нема пациент кој има потреба да се лекува во странство. Во однос на критиките на дел од пациентите, Клековски рече дека има ...
Скопје никогаш не изгледало вака! Уникатната VIBE ON линија на ЈСП вчера ги собра младите на едно тотално поинакво патување, со двокатен автобус претворен во подвижна журка! Диџејски сет, урбани постојки, подароци и добар вајб на максимум беше причината поради која целиот град вибрираше со позитивна енергија. Од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ до ФЕИТ/ФИНКИ, УКИМ, Рекорд, Општина Аеродром, Кисела Вода и назад, VIBE ON Party Bus покажа дека ...
Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на трибина „Кочани е нашиот приоритет“, која се одржи во Владата и која беше посветена на трагедијата во Кочани, говореше за реализираните активности во делот на логистиката, особено во делот на поддршка на семејствата коишто заминаа заедно со повредените кои беа на лекување во странство. „На тој кобен неделен ден, на кризен координативен состанок Владата ја задолжи Службата за ...
Вчера струмичката полиција во заедничка акција со колеги од Регионалниот центар за гранични работи Исток и трудови инспектори, при контрола на градилишта на подрчјето на Струмица, на две од нив, затекнале 13 турски државјани кои работеле без работна дозвола. „На 04.06.2025, полициски службеници од СВР Струмица во заедничка акција со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и трудови инспектори извршиле контрола на ...