Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Јохан Тарчуловски во објава на Фејсбук денеска сподели убава вест за жителите на село Љубанци, но и општо за граѓаните на Бутел и за сите верници. Во кратката видео објава се вели дека Љубанци започнува голем духовен проект - изградба на Крст. На видеото веќе е прикажана локацијата каде ќе се наоѓа, а на крајот од снимката, е споделена сметка за донации кои треба да помогнат за изградбата. Сметката за донации е: 210501813161297 НЛБ Банка ...
Темата со цените на становите во Скопје веќе подолго време е актуелна. Дали метар квадратен во новоградбите навистина вреди 3.000 евра!? „Невремево во Скопје беше најдобрата градежна инспекција. Да видите за што плаќате 3К еu“ - поентира твитеџија. Невремево во Скопје беше најдобрата градежна инспекција. Да видите за што плаќате 3К еu. — JasMina (@JasminaCv) July 22, 2026 Темата со цените на становите во Скопје веќе подолго време е ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против 34-годишен државјанин на Германија, осомничен за напад врз полициски службеник при вршење службени дејствија. Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава е поднесена против К.Л. (34) поради постоење основи на сомнение дека го сторил кривичното дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. Според МВР, инцидентот се случил на 18 јули на улицата „Гоце ...
Православните верници на 30. јули (следниот четврток) го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци. Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо ...
Општина Карпош донираше еден тон вода за пиење за жителите на Гостивар, кои во моментов се соочуваат со сериозни проблеми со квалитетот на водата за пиење. Како што соопшти градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, донацијата е обезбедена од општинската администрација и раководството на општината, а во текот на утрешниот ден ќе биде доставена до општинскиот пункт за помош во Гостивар. Според Лукровски, тој и градоначалникот на ...
Вчера Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ повторно го пушти во употреба одделението за трауматологија, овој пат реновирано, со 200.000 евра од својот буџет и 30 илјади евра донации. Директорот на болницата, Небојша Настов, рече дека е горд оти завршила реконструкцијата на последниот необновен дел од болницата. „Горд сум што можам да најавам дека конечно заврши реконструкцијата на последниот оддел којшто беше ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вчера преку видео објава на социјалните мрежи сподели дека ден по страшното невреме, проследено со силен и разорен ветер, Градскиот парк се соочил со тешки последици. „Екипите се на терен и интензивно го расчистуваат просторот и подготвуваат за ново озеленување и засадување уште повеќе дрвја, а паралелно се спроведува и акција за стручна проценка и маркирање на старите, заболени и небезбедни дрвја“, ...
Вчера Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ повторно го пушти во употреба одделението за трауматологија, овој пат реновирано, со 200.000 евра од својот буџет и 30 илјади евра донации. Директорот на болницата, Небојша Настов, рече дека е горд оти завршила реконструкцијата на последниот необновен дел од болницата. „Горд сум што можам да најавам дека конечно заврши реконструкцијата на последниот оддел којшто беше ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Од АМСМ информираат дека на ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Препорачува прилагодена ...
Меркур денес го завршува своето ретроградно движење во Рак, носејќи чувство на олеснување и поголема јасност. Photo by Julia Caesar on Unsplash Недоразбирањата постепено се расчистуваат, разговорите стануваат полесни, а работите што беа во застој конечно почнуваат да се придвижуваат. Особено се нагласени темите поврзани со домот, семејството и емоционалната сигурност. Во исто време, Месечината влегува во Стрелец и внесува оптимизам, ...
Жители на скопската населба Јурумлери и околните населени места се без електрична енергија од вчера попладне, по силното невреме што го зафати Скопје, се наведува во информација доставена до нашата редакција. Според жителите, досега не добиле официјално известување ниту од ЕВН, ниту од Општина Гази Баба за каков дефект станува збор и кога може да очекуваат нормализирање на снабдувањето. „Сета храна ни е изложена на ризик, не можеме да ...
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека по силното невреме што го зафати Скопје е одржан координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој биле разгледани последиците и договорени мерки за справување со штетите. Ѓорѓиевски информира дека во сите скопски општини ќе бидат формирани комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека продолжуваат со поставување на успорувачи на сообраќајот, хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација во Инџиково, Ченто, Виниче, Хиподром и во други населени места низ општината. „Со овие активности создаваме побезбедни улици, го намалуваме ризикот од сообраќајни незгоди и ја зголемуваме безбедноста на пешаците, учениците и сите учесници во сообраќајот“, истакна ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат ...
По вчерашниот инцидент ви скопски Карпош каде падна огромен дел од покрив на зграда, сосема логично се наметнува прашањето за безбедноста на крововите низ Скопје, на колективните домувалишта. Граѓаните на платформата „X“ споделуваат различни ставови и дилеми – дали проблемот е во неквалитетните материјали, несоодветната изведба, недоволниот надзор или, пак, во накнадно изградените кровни конструкции на постарите згради. Дел од корисниците ...
Вчера во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“ во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево. Вчера во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната ...
Во Клиничкиот центар и во болницата „Св. Наум Охридски“ по вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 повредени. 22 побарале помош во „Св Наум Охридски“, а 11 во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Најголем број од повредените биле со скршеници, еден бил опериран, а меѓу повредените бил и еден турист. „Од тие 22 пациенти, двајца се примени на болничко лекување, останатите се третирани поликлинички, со полесни повреди. Од оние двајца, еден ...
Граната од Втората светска војна била пронајдена во плевна во битолското село Лавци, по што била безбедно отстранета од пиротехничар. Според информациите од МВР, вчера во 12:30 часот во СВР Битола, 53-годишна битолчанка пријавила дека додека ја чистела плевната во селото Лавци, пронашла граната. На местото интервенирал пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, кој безбедно ја подигнал експлозивната направа. При увидот било ...
Две лица синоќа уапсени во Скопје поради упраавување на возило без да поседуваат возачка дозвола. Ноќеска во 01:10 часот во село Морани, скопско, полициски службеници лишиле од слобода 17-годишник од село Добрино, општина Зелениково. Како што се наведува во полицискиот билтен, при сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал ...
65-годишен работник од Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од зграда додека извршувал работни задачи. Според информациите од МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Куманово, лекар од Итната медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Т. (65) од Куманово. Според пријавеното, повредите ги здобил при пад од зграда на булеварот „Октомвриска револуција“, додека извршувал работни задачи. Поради ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за пласман на грен-слем турнирот УС Опен што ќе се одржи од 30 август до 13 септември 2026 година. Македонската тенисерка се најде на листата учеснички за УС Опен, што е последен грен слем за годинава. Ѓорческа неодамна испиша историја и за прв пат играше на грен-слем турнир, откако успешно ги помина трите квалификациски кола за Вимблдон и се пласираше во првото коло ...
Двајца жители на тетовското село Палатица ноќеска биле лишени од слобода поради сомнение дека со остар предмет нападнале две лица во Тетово, при што едно од нив се здобило со тешки телесни повреди. Како што информираат од МВР, на ноќеска во 00:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги привеле В.И. (22) и А.Ш. (21), постапувајќи по претходна пријава за напад на улицата „ЈНА“ во Тетово. Во нападот биле повредени А.А. ...
62-годишник од струмичко доби кривична пријава поради силување на дете. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Струмица поднело кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. Имено, на 15.07.2026 пријавениот во семејната куќа извршил обљуба врз малолетничка. 62-годишник од струмичко доби кривична пријава поради силување на ...
Вчера во 06:30 часот во струшкото село Велешта, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода З.В.(35) од истото село. Како што се наведува во полицискиот билтен, на полициските службеници, кои пристигнале во неговиот дом по претходно пријавена расправија со член од неговото семејство, им било предадено пакување со бела прашкаста материја. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
44-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка на скопска раскрсница. Се судрил со возило чиј возач избегал. Вчера попладне во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Македонски војски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ш.(44) од село Волково, скопско и патничко возило, кое го напуштило местото на настанот. Во несреќата со ...
30-годишен жител на скопското село Трубарево е лишен од слобода откако, според пријава, агресивно се однесувал и со остар предмет им се заканувал на двајца свои поранешни работодавци, при што оштетил и автомобил. Како што информира МВР, вчера околу 17:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Ш. (30) од Трубарево, постапувајќи по претходна пријава. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал и упатувал закани со остар ...
Во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” помош по вчерашното невреме побарале 22 пациенти, од кои двајца се на болничко лекување, а во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) 11 лица од кои тројца се со посериозни скршеници. - Од 22-та пациенти во „Св. Наум Охридски“ двајца се примени на болничко лекување, другите се ...
По серијата објави за штетени витални државни објекти по вчерашното невреме, на социјалните мрежи од кафулето во Градскиот парк во Скопје - „Централ парк“, споделија фотографии и видео, каде посочуваат дека им се случила „катаклизма“. Во двете Фејсбук објави, со идентичен натпис: „Катаклизмата што го погоди Скопје - Централ Парк“ можеа да се забележат испревртени маси и столови (направени од буриња), искорнати и паднати дрва, уништена ...
Во затворот во Штип се степале затвореници едниот од нив е пренесен во болница. - На 21.07.2026 во 22:52 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 20:00 часот во установата, по претходна расправија, осуденикот К.О.(30) од Скопје физички нападнал друг осуденик А.Р.(34) од струмичко, нанесувајќи му повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Се работи на расчистување на случајот, информираат ...
Скопје сè уште не е преплавено со туристи, а токму во тоа се крие неговата најголема привлечност, пишува британскиот магазин „Metro“, кој објави патопис посветен на македонската престолнина. Авторката и уредничка за патувања Алис Марфи ја пренесува приказната на Конрад Варзеха, професионален патник и експерт за чување домови, кој во текот на своите самостојни патувања посетил 43 европски главни градови. Иако меѓу неговите фаворити се Рим и ...