Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Во рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта. На детското игралиште кое се наоѓа на улицата Никола Парапунов обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во склоп на ова катче, извести Општината. „На детското игралиште кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на реката ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври 2026 година. Со оваа одлука, ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на својот официјален фејсбук профил, сподели фотографија од мост на Вардар кој доби осветлување. Станува збор за пешачкиот мост на Вардар кој ги врзува левиот и десниот кеј, помеѓу Македонскиот Народен Театар и Мепсо - Уште еден прекрасен мост светна и ќе мами погледи, претворајќи се во уште едно препознатливо светло обележје на нашиот град. Мал детал што носи голема разлика и уште една причина ...
Завчера дупка, вчера решение со чунче, односно сообраќаен конус - вака се реши проблемот на една скопска улица за кој вчера пишувавме. „Решена“ е новата дупка за која граѓаните предупредија дека „се отворила... кај маркет Зур“, на улицата „Владимир Полежиновски“, односно за стари скопјани „Иван Милутуновиќ“. Врз неа некој ставил чунче, споделија центарци. Вчера, тие побараа одговор дали инвеститорите кои користат тешка механизација сносат ...
По појавата на нови случаи на заболувања што ги пренесуваат комарци и крлежи, професорот д-р Драган Даниловски порачува дека нема место за паника, но дека е потребно внимателно следење на состојбата. Според него, климатските промени не создаваат нови заразни болести, туку ги менуваат условите во кои тие можат да се појават и да се шират. „Повисоките температури, поблагите зими и подолгите топли сезони ја зголемуваат активноста на комарците и ...
За десетина дена ќе започне втората фаза од изградбата на подземната сообраќајница под комплексот „Лимак“, која предвидува изградба на тунелите што ќе го поврзат Центар со Кисела Вода, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, гостувајќи во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител. „Во наредните десетина дена започнуваме со втората фаза, односно со изградба на тунелите за поврзување со подземната сообраќајница под ‘Лимак’, ...
Православните верници денеска го слават летен Св. Јован Крстител Претеча. Се слави крстителот на Исус Христос, празник кој кај народот е познат како Иванден – Пророк кој оди пред Спасителот. Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес, 7 јули 2026 година, поради планирани технички зафати, без електрична енергија ќе останат корисници од неколку скопски општини. Во општина Кисела Вода, во периодот од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Антон Попов“, како и ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“. Во општина Ѓорче Петров, прекин е најавен од 09:00 до 12:00 часот за дел од корисниците од улица „31“ во Волково. Во ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во гостување во Вестите на Сител, најави дека проектот за брз автобуски транспорт, БРТ, ќе биде ставен во функција до крајот на неговиот мандат. Тој посочи дека, покрај изградбата на коридорот од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, предвидена е и набавка на 40 автобуси кои ќе сообраќаат на оваа траса. Според Ѓорѓиевски, до крајот на годината треба да започнат и теренските активности поврзани со реализацијата на ...
Нептун денес започнува ретроградно движење во Овен, отворајќи период во кој не секогаш ќе биде лесно да се разликуваат фактите од претпоставките. Photo by Collins Lesulie on Unsplash Интуицијата може да биде силен водич, но ќе биде важно да не се носат избрзани одлуки и да се проверуваат сите важни информации. Во исто време, последната четвртина на Месечината во Овен носи енергија за расчистување, завршување и ослободување од сè што повеќе ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 44-годишниот А.К. од Берово поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 27 април годинава, на местото викано „Рачица“, пријавениот бил затекнат во државна шума како бесправно присвојува црноборови облици наменети за изработка на палети. Против него е поднесена соодветна кривична ...
Скопјанец со загрижувачка објава во фејсбук групата „Кисела Вода-Пријави проблем“ алармираше за несоодвена сигнализација на еден патен правец во Скопје. Имено, станува збор за кружниот тек во Драчево. „Луѓево се ненормални, сега имав сообраќајка на кружниот тек кај Маркова, кон Драчево. Возат во спротивна насока. Дали се нормални луѓето?“ - гласи неговата објава. Иако нема информации за видот на соорбаќајната несреќа, возачите реагираат дека ...
Среде ноќ малолетно девојче било нападнато од партнерот на нејзината мајка во скопско Шуто Оризари. - На 05.07.2026 околу 14:20 часот во СВР Скопје 39-годишна жена пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари малолетната ќерка на пријавителката била физички нападната од нејзиниот партнер А.Е.(25), информираа од полицијата денеска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат надлежните. Среде ноќ малолетно ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 24 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од МВР информираат дека од нив, 19 управувале возило без возачка дозвола (пет во Неготино, по четири во Скопје и Струмица, две во Тетово и по едно Демир Капија, с.Дебреште, Кривогаштани и Штип). Под дејство на алкохол возеле три лица (во Тетово, Ресен и Велес), а две лица на автопатот во ...
Две возила се опожарени при пожар во Битола, а од истиот била опожарена и бандера за струја. - На 06.07.2026 во 03:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на плац на ул.„Довлеџик” во Битола, сопственост на правно лице, настанал пожар, при што оштетени се две товарни возила „фиат“ и „ивеко”, двете со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. од Битола. Од огнот опожарена била и бандера со електрична инсталација, информираа денеска од ...
Општина Илинден започна со реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден. Од Општината посочуваат дека оваа реконструкција се врши по речиси две децениско користење на салата, при што се предвидени повеќе градежни и технички зафати насочени кон подобрување на функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на објектот. Проектот опфаќа санација на таркетот со стругање и ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.С. (57) од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Како што се наведува во полицискиот билтен, првопријавениот како управител и одговорно лице во второпријавеното правно лице од 01.01.2023 до 31.12.2023 во деловните книги и даночните евиденции прикажал расходи кои не биле даночно признаени, без соодветна документација и ...
Со брза координација на единиците на Територијалната противпожарна заштита – Скопје, пожарот на локацијата во близина на реката Лепенец во текот на вечерта и денешниот ден е целосно изгаснат, информираше градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски кој денеска излезе на терен. Тој упати голема благодарност до пожарникарите за професионалната и навремена реакција, како и до приватната компанија „Ленди Груп“ за несебичната поддршка со ...
Некои политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, се обидуваат да го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик, односно го бојкотираат процесот земјата да испорача десет од десет индикатори од Реформската агенда, истакна премиерот Христијан Мицкоски при вчерашната посета на Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот состанок во Парламентот околу можноста да се донесе Изборниот законик. ...
Во Скопје започнува нов проект за бесплатна психолошка поддршка на средношколци на возраст од 15 до 19 години, со цел да им се обезбеди стручна помош, емоционална поддршка и безбеден простор за разговор. Проектот ќе се реализира преку две клучни активности. Првата опфаќа бесплатно индивидуално психолошко советување, наменето за разговор, разбирање и стручна поддршка на младите. Советувањата ќе се одржуваат на три локации – Козле, Аеродром и ...
Полициски службеници од Полициското одделение Ранковце вчера во 18:00 часот го лишиле од слобода 43-годишниот Д.М. од Ранковце, поради сомнение дека со остар предмет му се заканувал на свој сограѓанин. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил пред продажен објект во Ранковце, каде што Д.М. со остар предмет му се заканувал на И.П. (38) од Ранковце. Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на ...
Синоќа во 20:35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги привеле С.С.(25) и С.П.(53), двајцата од Велес. Како што се наведува во полицискиот билтен, тие биле уапсени затоа што на улица „Благој Ѓорев“ во Велес го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека С.С. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,18 промили алкохол во крвта. Тие биле ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.С. (57) од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Како што се наведува во полицискиот билтен, првопријавениот како управител и одговорно лице во второпријавеното правно лице од 01.01.2023 до 31.12.2023 во деловните книги и даночните евиденции прикажал расходи кои не биле даночно признаени, без соодветна документација и ...
Со цел да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување на еднократна парична помош за овие граѓани, информираат од таму. Лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната документација: фотокопија од ...
Кумановка била физички нападната од сопствените внуци. Случајот го пријавила во полиција. - На 05.07.2026 во 18:30 часот во СВР Куманово 66-годишна жена од Куманово пријави дека во нејзиниот дом била физички нападната од нејзините внуци Л.С. и Л.С., информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Кумановка била физички нападната од сопствените внуци. Случајот го пријавила во полиција. - На 05.07.2026 во 18:30 часот во ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 отсто во однос на претходната одлука од 29 јуни. Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 87,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 2,50 денари и новата цена изнесува 82,50 денари за литар. Екстра лесното ...
Американец е тешко повреден при слетување со параглајдер во битолско село. - На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на село Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди, инфомрираа од ...
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопско, а во која учествувале возило управувано од млад скопјанец и два велосипедисти. Според информациите од полицијата, вчера околу 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на општинскиот пат од село Радуша кон село Дворце, на местото викано „Сува река“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано ...
Вчера во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.О.(61) од Велес. Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го ...
Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје. Како што информираат од МВР, двајцата скопјани биле уапсени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што вчера околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на булевар „Македонија“ во Скопје. Притоа, еден ...