Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Општина Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на својата територија. Во изминатиот период се работеше во урбаната заедница Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на ...
Вчера во 14:30 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода И.Л.(74) од Крива Паланка. Како што се наведува во полицискиот билтен, при сообраќајна контрола на улица „Гоце Делчев“ во Кратово, било сопрено патничко возило „дачиа сандеро“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управува без положен возачки испит, односно без возачка дозвола. ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека следната недела ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите ...
Вчера во 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани пријавил дека неговата 10-годишна внука му се пожалила дека подолг период била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко. Како што се наведува во полицискиот билтен, С.А. посочил дека поради тоа неговата внука не сакала да се врати да живее со нејзината мајка и нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека едно од најпрепознатливите места во срцето на градот, фонтаната која со години ги привлекуваше погледите на скопјани, гостите и туристите, а која поради долгогодишна негрижа беше оставена да пропаѓа, наскоро повторно ќе блесне во полн сјај. „Денес, правиме темелно и трајно решение.Станува збор за комплексен систем со специјализирана опрема произведена во Германија и со ...
Неколку куршуми биле испукани кон паркирано возило во Сарај во кое во моментот се наоѓале две лица. Во инцидентот нема повредени. Според МВР, случајот бил пријавен денеска околу 4 часот во полицијата од Р.З. (25) од скопското село Глумово. Тој пријавил дека додека со негов другар биле во паркирано патничко возило во Сарај, до нив застанале две лица со мотоцикл. Едното од нив испукало неколку куршуми од огнено оружје кон возилото, при што го ...
Кај осуденик во затворот „Идризово“ пронајдени 27 пакувања марихуана. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 15:10 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 13:10 часот, при извршен претрес кај осуденикот З.И.(29) од Скопје биле пронајдени и одземени 27 пакувања со марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Кај осуденик во затворот ...
Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. Lidl активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме стабилен, професионален и ...
Вчера полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад ги лишиле од слобода В.В.(34) и Е.В.(30), двајцата од село Жировница. Како што се наведува во полицискиот билтен, тие биле уапсени затоа што при преглед кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар, а при преземање на службени дејствија, тие физички нападнале полициски службеник. Двајцата биле изведени пред судија во ...
64-годишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил што вчера се случила во скопската општина Аеродром. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во полицијата во 13:40 часот, а се случила на крстосницата на булеварот „Јане Сандански“ со сервисна улица. Во несреќата учествувале автобус „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П. (47) од село Ново Село, и „форд фокус“, исто така со скопски ...
35-годишна скопјанка синоќа ја нападнала својата сосетка. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:35 часот во СВР Скопје, Б.Б.(30) од Скопје пријавила дека околу 22:50 часот, на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзината сосетка М.Т.(35). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 35-годишна скопјанка синоќа ја нападнала својата сосетка. Како што се наведува во полицискиот ...
И покрај позитивните движења во индустријата, рударството продолжува да биде секторот со негативни показатели. Последниот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека индустриското производство во Македонија во јуни пораснало за 6,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, но рударската гранка бележи пад. Според официјалните податоци, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ е намалено за 3,8 проценти. ...
Од 4 до 8 септември, Аеродром повторно ќе биде центар на добрата храна, македонска музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, позвучна музичка програма и содржини наменети за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во разновидни специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати ...
Младо момче загина во сообраќајна несреќа попладнево во Бутел. - Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот, информираат од МВР за ...
- Да се води политика за младите значи да престанеме да зборуваме за нив само како за иднината и да почнеме да ги третираме како активни учесници во сегашноста. Младите не сакаат институциите да ги повикуваат само на конференции или симболични настани. Тие сакаат нивните идеи да бидат слушнати, разгледани и претворени во конкретни решенија, вели министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во интервју за Курир. ...
36-годишник од тетовско, бил лишен од слобода по пријава за семејно насилство вчера вечерта. Како што информираат од МВР, синоќа околу 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Ф.(36), постапувајќи по пријава од неговата 26-годишна сопруга. Таа пријавила дека околу 21:00 часот во нивниот дом тој ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа и физички ја нападнал. Осомничениот бил задржан во полициска ...
Македонскиот рапер Христијан Тасковски – Таско, на посебен и емотивен начин му оддаде почит на својот пријател и колега Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“, кој почина по долгата здравствена борба од повредите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Имено, Таско во објава на социјалните мрежи покажа дека го истетовирал ликот на Панчо на ногата - траен спомен на нивното пријателство. Гестот на младиот рапер наиде на бројни позитивни ...
Две машки лица нападнале 28-годишник на паркинг кај тетовската клиничка болница. - На 06.08.2026 во 13:45 часот во СВР Тетово, А.И.(28) пријавил дека околу 12:30 часот на паркинг простор кај Клиничкиот центар во Тетово, по кратка расправија, бил физички нападнат од две машки лица, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Две машки лица нападнале 28-годишник на паркинг кај тетовската клиничка болница. - На ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Тој очекува од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите надлежни органи изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законите и процедурите. „Ги повикувам сите кандидати и политички субјекти ...
59-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен и дека останал и без товарното возило и без договорените пари. Случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово, а како што информираат од МВР, пријавителот навел дека во април годинава се договорил со С.Б. од скопско да му продаде товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, за сума од 11.000 евра, со договор за етапно плаќање. До денот на ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен, прогнозираат од УХМР. Во попладневните часови утре се очекува локален развој на нестабилност, проследен со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, овој викенд организира бесплатни филмски проекции на отворено во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево. На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски. Утре (сабота), од 20 часот, ќе се прикажува филмот „Бал-Кан-Кан“. Публиката ќе има можност да ја погледне оваа комедија со актерските остварувања на Владо Јовановски, Тони Михајловски, ...
Љубителите на македонскиот филм викендов ќе можат бесплатно да уживаат во кино на отворено во Драчево. Во соработка со Кинотеката на Македонија, во Амфитеатарот на Домот на културата ќе бидат прикажани две познати домашни филмски остварувања во режија на Дарко Митревски. Утре (сабота), со почеток во 20 часот, на програмата е комедијата „Бал-Кан-Кан“, со актерските остварувања на Раде Шербеџија, Ерол Кадиќ и Салаетин Билал. Во недела, 9 ...
По година и половина помината зад решетките на „Лајка“, кучето Чоко конечно го дочека својот среќен крај – нов дом и семејство. Од јавното претпријатие велат дека секое вдомување е емотивен момент, но кога дом добива куче кое со години чекало зад решетки, чувството е уште посилно. „Дојде кај нас како куче кое било злоставувано. Нашиот тим го негуваше и во него го разбуди кучето кое отсекогаш требало да биде – среќно, игриво и незапирливо. Но ...
„Добро утро од Полихроно. 7:20 'нема' место на плажа“ - гласеше една интересна објава на социјалните мрежи на туристка која се наоѓа во Грција. Имено, во Фејсбук групата „Грчка инфо“ беше споделена ваква објава, каде српска туристка го долови моментот од раните утрински часови на плажите во Полихроно, на кои веќе биле поставени пешкири и столчиња и чадори, иако не можеше да се забележат голем број на луѓе. Објавата привлече голем број ...
Апелациониот суд во Скопје ја уважи жалбата на ОЈО Кавадарци и ја зголеми затворската казна за Илија Панов (44) од 16 на 20 години. Тој беше прогласен за виновен за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52), извршено во јануари 2025 година во Кавадарци. Панов и обвинителството се жалеа на првичната пресуда, но Апелација одлучи казната да биде повисока. Според обвинението, Серенакова била убиена во нејзиниот дом, а како ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека уште една современа фитнес зона е ставена во функција во ООУ „Мирче Ацев“. Тој посочи дека поставувањето на новата фитнес зона била дел од проектот што Општината го реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски. „Ова е една од трите нови фитнес зони со кои создаваме подобри услови за спорт, рекреација и здрав развој на нашите деца и младите. ...
Познатиот инфлуенсер Стефан Спировски на социјалните мрежи сподели видео објава, во кое го раскажа своето искуство за патување со електричен автомобил „Тесла“ од Скопје до Белград. Во видеото тој објаснува дека од Скопје до Белград, за пат од 435 километри му биле потребни две застанувања за да ги наполни батериите на возилото. Првиот пат застанал на Алексинац, каде имало постари полначи кои полнеле доста бавно и каде поради летната сезона, ...
Овој викенд започнува со брза ментална енергија и желба за промени. Photo by Daniel Hering on Unsplash Месечината во Близнаци ги отвора разговорите, новите идеи и ненадејните сознанија, па многумина ќе почувствуваат дека конечно гледаат решение таму каде што досега имало дилема. Во недела атмосферата се менува. Меркур го напушта Рак и влегува во Лав, носејќи повеќе самодоверба, креативност и желба јасно да го кажеме она што го мислиме. Во ...
Министерството за здравство соопшти дека е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек. „Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа ...