Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Кривично ќе одговара жена од Кратово која физички ја нападнала својата повозрасна соседка. ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Ѓ. М. (56) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’. - На 15.06.2026 во Кратово, пријавената физички ја нападнала нејзината 73-годишна сосетка Б.М., соопштија од МВР во дневниот билтен. Кривично ќе одговара жена од Кратово која физички ја нападнала ...
31-годижна жена со повреди завршила во болница, откако била нападната од нејзиниот невенчан сопруг во Крива Паланка. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 09:17 часот во ОВР Крива Паланка, лекар од Здравствен дом Крива Паланка пријавил дека кај нив за укажување лекарска помош била донесена 31-годишна жена, која, според пријавеното, била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Ј.М. од Крива Паланка. Се преземаат мерки за ...
Двајца засега непознати сторители одзеле мобилен телефон, пари и лични документи од 20-годишна девојка во Градскиот парк во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 15 јули 2026 година околу 23:30 часот во СВР Скопје, М.Ѓ. (20) од Скопје пријавила дека додека се наоѓала во Градскиот парк, две лица ѝ одзеле мобилен телефон и чанта во која имало пари и лични документи. Полицијата презема мерки за идентификување и ...
Скопјанец пријавил во полиција дека во домот бил натепан од својата партнерка. Како што се наведува во полицискиот билтен, во 13:30 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден во домот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од неговата партнерка А.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Скопјанец пријавил во полиција дека во домот бил натепан од својата партнерка. Како што се наведува во ...
Маж од скопско пријавил во полиција дека бил измамен за околу 28.700 евра, откако лице кое лажно се претставило како службеник во државна институција му ветило дека ќе му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера во 21:30 часот, а измамата се случувала во периодот од 12 ноември 2024 до 12 јануари 2025 година. Пријавителот навел дека во занаетчиски дуќан во Скопје го ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека започнале со изградба на нов крак од канализационата мрежа на улицата „37“. Стојкоски во објавата на Фејсбук посочи дека со оваа инвестиција создаваат услови, веднаш по завршувањето на работите, улицата да добие и нов асфалт. „Чекор по чекор, со работа на терен, обезбедуваме подобри услови за живот за секој наш сограѓанин. Нема заборавени улици“, порача ...
УХМР за денеска попладне предупредува на локална појава на грмежи, претежно во планинските подрачја. Граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост, бидејќи е можна појава на грмотевици. Се препорачува да се избегнува престој на изложени места, како планини, шуми и отворен терен. Поради нестабилното време, можни се прекини и отежнато одвивање на активностите на отворено. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а ...
Психологот Александар Крстевски преку објава на социјалните мрежи предупреди дека булингот не смее да се сфаќа како „обично детско задевање“, туку како сериозен облик на насилство што може да остави долготрајни последици врз менталното здравје на децата. Според него, современата психологија јасно покажува дека булингот претставува систематско и повторувачко насилство, во кое постои нерамнотежа на моќ, а неговите последици можат да се ...
ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Гази Баба. Од таму информираат дека по барање од страна на фирмата Навипо Шипинг да се затвара вода, поради замена на затворач (шибер) Ф-80м на улица Индустрија бб., со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Индустрија; Перо Наков; Вера Радосављевич; Димче Милошевски; Боривое Милошевски и Зендел Џемаил. ...
Мобилен тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото. Од Царинската управа посочија дека со оваа акција јасно ги покажала своите напори кон заштита на здравјето на граѓаните, спречувајќи небезбедни медицински препарати да стигнат до нив. ...
Еднаква грижа водиме за развој на сите општини низ државата. Само во Кисела Вода инвестираме преку 386 милиони денари за патишта и урбан развој, што е огромна поддршка за општината, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Кисела Вода. Тој заедно со градоначалничката Бети Стаменковска извршија увид во реконструираната улица ”Лазар Димитров” проект што се реализира ...
75-годишна баба и малолетениот внук пријавени како жртви на насилство од сопствената ќерка, односно мајка. - На 15.07.2026 во 10:00 часот во ОВР Кочани, 75-годишна жена од Кочани пријави дека таа и нејзиниот малолетен внук (син на пријавената) биле физички и психички малтретирани од нејзината ќерка Б.В., информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 75-годишна баба и малолетениот внук пријавени како жртви на насилство ...
Притвор од триесет дена им одреди судија на претходна постапка на 65-годишниот маж и неговата 59-годишна сопруга против кои Основното јавно обвинителство Скопје вчера отвори истражна постапка за убиството на лекарот Ацо Трповски, чие безживнотно тело со повеќе убодни рани беше пронајдено на 21 март 2024 година на паркингот кај поликлиниката „Железара“. Како што информираа од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е одреден поради опасност ...
Вчера во 15:20 часот во село Форино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода, Ј.С. (38) и Ј.Ш. (43), двајцата од село Семениште, општина Сарај. Од МВР информираат дека при преглед во патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓале лицата, пронајдена била кеса со бела прашкаста материја. „Возилото е одземено, а по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, ...
Изборниот законик повторно стана една од главните политички теми. По четиримесечни разговори во Министерството за правда и средби меѓу политичките партии, договор сè уште нема, а меѓусебните обвинувања стануваат сè поостри. Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на критиките на опозицијата, се повика на изјавата на еврокомесарката Марта Кос, која при посетата на Скопје порача дека изборните реформи се дел од процесот на европска ...
На 14.07.2026 во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(48) од Струмица. Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети. „Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по ...
Три млади лица, меѓу кои двајца 15-годишници и еден 18-годишник, биле однесени од силниот воден тек на реката Треска, откако нивото на водата нагло се зголемило поради зголемен испуст од браната „Матка“ за производство на електрична енергија. Инцидентот бил пријавен вчера на единствениот број за итни повици 112. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), тројцата се капеле во реката кога надојдената вода ги повлекла. Едното малолетно лице ...
Секоја година во летниот период, особено до крајот на август, расте бројот на повредени штркови на кои им е потребна помош. Само во изминатите две недели биле згрижени пет повредени штркови, а следната недела ќе започне подготовка на привремен простор за нивно сместување. Иницијаторката на оваа акција Мариа Дуда од кривопаланечко вели дека во моментов сама се грижи за околу 60 животни, обезбедувајќи им рехабилитација со сопствени средства, ...
Татко, мајка и нивното бебе загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на регионалниот пат Неа Мудања – Никити на Халкидики, додека нивното тригодишно дете е тешко повредено и пренесено во болница. Според грчките медиуми, несреќата се случила околу 18:30 часот, кога дошло до судир меѓу цистерна и патничко возило во кое се наоѓало четиричлено семејство. Во автомобилот патувале двајца родители со своите две малолетни ...
Во рамки на јубилејното 20. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“, кој годинава се одржува од 13 до 17 јули, вчеравечер на плоштадот „Делфина“ во Влае, беше реализирана фестивалската програма во општина Карпош. Пред бројната публика настапија фолклорни ансамбли од Бугарија, Украина, Хрватска, Мексико и Костарика, кои преку музика, игра и традиционални носии го претставија своето културно и фолклорно богатство. На настанот ...
Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...
Колумбиската пејачка Шакира и ФИФА ќе издвојат 500.000 долари за поддршка на децата погодени од разорните земјотреси во Венецуела. фото: Christopher Polk Средствата ќе бидат наменети за локални организации кои работат на обновување на образованието во најпогодените подрачја. Донацијата ќе помогне училиштата повторно да започнат со работа, наставниците да добијат потребна поддршка, а илјадници деца да се вратат во училниците по катастрофата. ...
Месечината денес влегува во Девица, носејќи практична енергија, подобра организација и желба да се воспостави ред во секојдневието. Photo by Yoann Boyer on Unsplash Ова е одличен период да го преиспитате својот распоред, да ги подобрите навиките и да пронајдете поефикасен начин за исполнување на обврските. Денот е поволен за планирање, расчистување и мали промени што ќе ви заштедат време и енергија во иднина. Не мора сè да направите одеднаш ...
Вистинска драма се одвивала денеска во реката Треска, откако три лица биле однесени од силниот воден тек предизвикан од зголемен испуст од браната „Матка“. Благодарение на брзата интервенција на надлежните служби, сите тројца се спасени живи. Денеска преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната ...
Ноќеска во 02:30 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.И.(18) и 16-годишен малолетник, двајцата од Битола. Како што се наведува во полицискиот билтен, двајцата тинејџери биле уапсени, бидејќи при преглед кај М.И. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. Ноќеска во 02:30 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.И.(18) и ...
Кривопаланчанец пронашол граната во близина на селски пат. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 14:50 часот во ОВР Крива Паланка М.С.(54) од Крива Паланка пријавил дека во близина на пат во село Трново пронашол граната. Од МВР посочуваат дека во текот на денешниот ден, гранатата ќе биде подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Кривопаланчанец пронашол граната во близина на селски пат. Како што се ...
Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нивниот лидер Стевче Јакимовски доброволно заминал на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци. Од таму велат дека биле длабоко разочарани од Кривичниот суд кој го осудил нивниот претседател поради поставувањето на времени бараки, во кои општината функционирала 13 години. „Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател ...
Иако денеска беше споделена информација дека пожарот над селото Бајково во Општина Ново Село е ставен под контрола, сепак огнот повторно се активирал, поради што Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) испрати три „ер-трактори“ за гаснење на огнената стихија. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше дека авионите веќе полетале кон местото на пожарот со цел да помогнат во неговото локализирање. За повеќе информации околу состојбата ...
Кавадарчанец тешко повреден додека изведувал градежни работи на објект. Вчера во 11:25 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци, со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(62) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во објект во изградба во Кавадарци, информираа од МВР. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. ...
31-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од една година помлада скопјанка во Волково. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:40 часот во СВР Скопје, Д.В.(31) од скопско, пријавил дека во село Волково бил физички нападнат од 30-годишната И.С. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 31-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од една година помлада скопјанка ...