Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во Мускат, главниот град на Оман, соопшти неговиот кабинет. Арагчи во Оман допатува од Исламабад по завршувањето на разговорите со пакистанските претставници. — реклама — На социјалната мрежа X, Арагчи ја опиша посетата на Пакистан како многу плодна. Тој наведе дека го претставил иранскиот став за изводлива рамка за траен прекин на војната, но додаде дека допрва треба да се види ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека откажувањето на патувањето на неговите советници во Пакистан не значи нужно продолжување на војната со Иран. „Не, тоа не значи тоа. Сѐ уште не сме размислувале за тоа“, изјави Трамп во телефонски разговор за Axios. — реклама — На директно прашање дали одлуката да не бидат испратени пратениците Стив Виткоф и Џаред Кушнер треба да се толкува како чекор кон нов круг на конфликт, Трамп одговори ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social потврди дека го откажал патувањето на своите пратеници во Исламабад, каде што требало да се сретнат со претставници на Иран. „Премногу време се губи на патувања, тоа е премногу работа“, порача Трамп. — реклама — Тој додаде дека во рамките на иранското раководство владеат големи поделби и конфузија и дека никој, па ни самите тие, не знае кој е главен. — реклама — ...
Според информации од Министерство за внатрешни работи, во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава биле лишени од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Од нив, деветмина управувале без возачка дозвола, тројца возеле под дејство на алкохол, еден возач од Делчево управувал мотоцикл без дозвола, додека двајца од Скопје управувале со активна забрана за возење. Дополнително, уште двајца скопјани ...
Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека се одржал состанок посветен на најновите случувања во регионот. Министерот за надворешни работи Мохамед Исхак Дар повтори дека Пакистан помага во разговорите меѓу Иран и САД со цел постигнување мир и стабилност во регионот и пошироко. — реклама — Во соопштението се наведува дека Пакистан ќе продолжи да вложува напори во таа насока. Исто така, нагласи дека официјалните ставови на ...
Вицепремиерот Николоски изјави дека Министерството за транспорт има одлична реализација на капиталните инвестиции, дури 74 % што покажува одлична динамика на изградба на капиталните проекти. “ Оваа година сме на некаде 74 % реализација на капитални инвестиции. Ние за четири месеци сме на 74 % реализација што значи ни остануваат уште 26 % за останатите осум месеци. Ќе имаме ребаланс на буџетот, ќе замолам доколку може да имаме дополнителни ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 15 април, извршил обљуба врз 13-годишно девојче, кое исто така го фотографирал. — реклама — Надлежен јавен обвинител презема истражни дејствија за обезбедување докази, а поради ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М. (58) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик. „Имено, истиот на 15.04.2026 година во Скопје извршил обљуба врз 13 годишно девојче од Скопје и истиот ја фотографирал. По преземени мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Иран подготвува понуда поврзана со тековните преговори, но дека сè уште нема конкретни информации за нејзината содржина. Во изјава за агенцијата Ројтерс, Трамп рече дека од Техеран „се подготвува понуда“ и додаде дека останува да се види што точно ќе биде предложено. — реклама — „Иран дава понуда и ќе видиме“, изјави Трамп, без да навлегува во детали. Тој посочи дека неговиот тим веќе ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека за разлика од поранешниот премиер Никола Груевски кој избега од правдата, актуелните функционери нема да можат да го направат истото и ќе мора да одговараат за евентуалните злоупотреби. „Никола Груевски, можеби избега, ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат. Секој треба да понесе одговорност за сè што правел. Ама не може овој систем, како што вака го контролира премиерот, било кој ...
Жичницата на Водно нема да биде во функција во текот на викендот, односно денеска и во недела, на 25 и 26 април 2026 година, информира ЈСП Скопје. Прекинот, како што соопштуваат од претпријатието, е поради дополнителни технички проверки што ќе ги спроведуваат стручни тимови од австриската компанија „Допелмаер“. — реклама — Од ЈСП Скопје им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и апелираат да го почитуваат известувањето. Жичницата на ...
Сончево со мала до умерена локална облачност се очекува во текот на денот, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопштуваат од УХМР. Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 7 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 17 до 25 степени. — реклама — Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални ...
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека жичницата на Водно нема да биде во функција во сабота и недела, на 25 и 26 април 2026 година. Како што соопштуваат од претпријатието, прекинот во работата се должи на дополнителни технички проверки што ќе ги спроведуваат стручни тимови од австриската фирма „Допелмаер“. — реклама — Од ЈСП Скопје им се заблагодаруваат на корисниците за разбирањето и апелираат да го ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека Соединетите Американски Држави во изминатите неколку дена „секако виделе напредок“ од иранска страна. Таа додаде дека Иранците „сакаат да разговараат“ директно, на состаноци во живо. — реклама — Левит исто така оцени дека примирјето меѓу Израел и Либан претставува уште една „победа за светот“, изразувајќи надеж дека ќе дојде ден кога САД ќе можат да бидат домаќини на лидерите на двете ...
Пешак е удрен на улицата Максим Горки во близина на Мериот. Според првичните неофицјални информации, станува збор за тинејџер. Минувачи сведочат дека веднаш била повикана Брза помош а лицето пренесено во болница. View this post on Instagram — реклама — Во близина на местото, според снимките кои ги испратија, има пешачки премин, но непознато е дали таму лицето поминувало. Возачот бил вознемирен по случувањето. Повеќе детали се очекуваат од ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео на платформата Икс во кое за првпат ја коментира најавата на американскиот претседател за продолжување на примирјето во Либан за дополнителни три недели. „Одржуваме целосна слобода на дејствување против секоја закана, вклучително и нови закани“, пренесува „Тајмс оф Израел“ негови зборови. „Нападнавме вчера и напаѓаме денес. Одлучни сме да ја вратиме безбедноста на жителите на северот“, ...
Почина 11-годишно девојче кое беше повредено кога иранска касетна бомба го погоди израелскиот град за време на претходниот период од конфликтот, соопшти „Тајмс оф Израел“. Израелскиот град Бнеи Брак објави дека девојчето се вика Несја Каради. — реклама — Таа била тешко повредена во нападот на 31 март, а градските власти денеска соопштија дека починала од здобиените повреди. Почина 11-годишно девојче кое беше повредено кога иранска касетна ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видео обраќање за конфликтот на Блискиот Исток изјави дека е во тек процес за постигнување „историски мир меѓу Израел и Либан“, но додаде дека, според него, Хезболах се обидува да го саботира. Тој потсети дека Израелските одбранбени сили и Хезболах меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето. — реклама — Нетанјаху нагласи дека Израел задржува „целосна слобода на дејствување“ против секоја ...
Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека продолжува блокадата на бродови кои влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа, додавајќи дека американската војска пренасочила 34 бродови откако на 13 април започнала патроли во областа околу Ормускиот теснец. Според соопштението, операцијата е насочена кон контрола на поморскиот сообраќај во еден од најважните светски енергетски коридори, низ кој минува значителен дел од ...
Во сообраќајна несреќа што се случи на 23.04.2026 година во Битола, едно лице се здоби со тешки телесни повреди, а друго со полесни, информираат од СВР Битола. На местото на настанот бил извршен увид. На 23.04.2026 во 13:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на улица „Карпош“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(43) од Битола и патничко возило ...
Во полицијата во Новаци е пријавен инцидент во кој е оштетен имот во двор на жител од селото Добромири, информираат од Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 23.04.2026 во 16:00 часот во ПО Новаци, А.Т.(50) од село Добромири, општина Новаци, пријавил дека Д.А. од истото село со употреба на остар предмет му оштетил предмети во дворот. — реклама — Се преземаат мерки за целосно расчистување на ...
Во Битола, полициски службеници лишиле од слобода 51-годишен маж од село Дихово, откако, според МВР, упатувал навреди и омаловажувања кон полициски службеници. На 23.04.2026 во 19:30 часот на улица „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Н.(51) од село Дихово, битолско, затоа што ги омаловажувал полициските службеници. — реклама — По документирање на настанот ќе следува соодветен ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради безобѕирно управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од нив, девет лица управувале возила без возачка дозвола – тројца во Скопје, по двајца во Тетово и Струга, а по еден во Прилеп и Куманово. — реклама — Дополнително, еден возач во Прилеп бил затекнат како управува возило под дејство на ...
Полицијата информира дека е пријавен нов инцидент на работно место во битолскиот регион, при што се истражуваат наводи за закани со остар предмет меѓу две лица. На 23.04.2026 година во 12:15 часот во СВР Битола, Ј.Т. (34) од село Лавци, битолско, пријавил дека на плац во Битола, додека извршувал работни задачи, негов колега му се заканувал со остар предмет, информираат од полицијата. — реклама — Од СВР Битола наведуваат дека се преземаат ...
Министерството за внатрешни работи информира дека на 22.04.2026 година во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Т.С. (31) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за сторено кривично дело. Според МВР, Т.С. се сомничи дека извршил тешка кражба во куќа во сопственост на Е.Ш. (22), при што одзел пари, а сопственикот го нападнал со тврди предмети. — реклама — По наредба на јавен обвинител, против него е ...
Министерството за внатрешни работи информира дека на 23.04.2026 година во 08:30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.А. (40) од Скопје. При извршена гранична контрола било констатирано дека лицето евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. — реклама — Ф.А. е предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка. Министерството за внатрешни ...
Полицијата во повеќе градови спроведе активности насочени кон сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги, при што се поднесени кривични пријави и е извршено лишување од слобода на едно лице. ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(27) од Кочани и М.Ц.(22) од с. Облешево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и ...
Полициски службеници од СВР Тетово на 23.04.2026 година во 10:00 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и помошните простории на А.Ј. (78) во Тетово, стои во соопштение на СВР Тетово. Според соопштението на СВР Тетово, претресот е спроведен во врска со сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“ казниво по член 379 од Кривичниот законик. — реклама — При претресот биле пронајдени и ...
На 23.04.2026 година во 18:45 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода две малолетни лица, стои во соопштение на МВР. Според соопштението на МВР, лицата се сомничат за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Станува збор за 17-годишник од село Горно Палчиште, кој управувал ...
На 23.04.2026 година во 23:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Дебреше, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила, стои во соопштение на МВР. Според соопштението на МВР, несреќата се случила меѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (20) од село Врањовце, и патничко возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.И. ...