Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Европската Унија за една година ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани, тврди министерот за транспорт, без да прецизира на кој од двата система мисли. Системот за влез и излез, познат како ЕЕС е планиран да стартува на 12 октомври, а Европскиот систем за информации и авторазација при патување е одложен за последниот квартал од 2026 година. - Во однос на правилата за влез и излез, тие се одложени за Македонија, ќе ...
Пратеникот Амер Мециновиќ ќе биде кандидат на Левица за градоначалник на Град Скопје. Мециновиќ пред да влезе во парламентот, беше советник во градското собрание. Со партискиот лидер на пресконференција ги најавија приоритетите со кои ќе ја бараат довербата од гласачите во Скопје. „Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавниот превоз ќе ни биде првиот примарен приоритет за кој ќе се залагаме. На нивна страна се парите и ...
И покрај противењето на членот на дик од редовите на ДУИ, ДИК го усвои упатство за пополнување на образец за листа на кандидати за советници кое за претстојните локални избори предвидува намалување на бројот советници во 14 општини. Одлуката беше донесена од владата врз основа на резултатите од пописот и бројот на резидентно население. За Дитмире Шеху, бројот на советници го утрдувал законот за локална самоуправа, a не одлуката на владата. ...
Документарниот филм ,,Што ја гуши Преспа?” на новинарот Иван Кузмановски го детектира проблемот со дивите депонии и загадувањето на животната средина. Преку разговори со локалното население, граѓанските активисти и надлежните служби за мерење на квалитетот на водата во Преспанско езеро се посочува на ниската свест за правилно одлагање на отпадот и последиците од таквиот однос врз езерото. Со овој документарен филм, изработен во соработка со ...
Само еден активен пожар има вечерва во земјава и тоа кај селото Тумчевиште, во Општина Врапчиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Под контрола денеска до 18:30 часот се ставени три пожари, а изгаснати се 11. Под контрола се ставени пожарите во Јасен, Општина Македонски Брод каде гореше мешана шума, како и во селата Беловодица во местото викано Ливада и селото Лењиште (букова шума) и во селата Стровија и Долгаец (мешана шума). ...
Преку Управниот суд интегративците ќе се обидат да го оспорат Упатството на ДИК за бројот на советници во општините. Тужбата на членот на ДИК Дитмире Шеху, која е предлог на ДУИ, ќе биде испратена до Управен во понеделник. Во разговор за Сител таа вели дека ќе ги наведе истите аргументи како и на седницата – дека Упатството е незаконско и спротивно на законите. Ќе поднесам тужба до Управен суд од понеделник со истите аргументи кои ги образложив ...
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет нареди припадниците на Националната гарда, кои патролираат на улиците на Вашингтон, во рамките на борбата против криминалот, да носат огнено оружје. Во моментот во главниот град на САД се распоредени околу 2.000 припадници на Националната гарда. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон, поради неговата интервенција, сега е побезбеден од кога било. Трамп денеска најави дека Чикаго и ...
ОН официјлано прогласија глад во градот Газа и околните области . Ова уследи по извештајот на глобалниот монитор за следење кризи со глад, во кој е наведено дека повеке од 500 000 луѓе се соочуваат со глад. а постои и ризик од проширување на гладот во други делови на Појасот Газа доколку не се преземат итни мерки. Како главни причини за гладот се наведуваат воените дејствија, ограничувањата за достава на хуманитарна помош и уништувањето на ...
Италијанската јавност е шокирана по откривањето на група на Фејсбук (Facebook), во која се споделувале интимни фотографии на жени, често снимени без нивно знаење. Фејсбук ја отстрани групата „Моја жена“ (Mia Moglie), која имаше околу 32.000 членови, кои споделувале фотографии од разголени жени, жени кои спијат или во интимни моменти. Чести коментари под фотографиите биле пофалби за тајното снимање. Мета, матичната компанија на Фејсбук, потврди ...
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека минатата недела телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за Украина. Според Лукашенко мора да се завршат неколку фази за да се постигне мир. – Но, сега најважно е да запрат борбите и загубите на животи. Пред сè, можеме да разговараме за воспоставување на воздушно примирје и прекин на огнот на линијата на контакт. Всушност, да не летаат ракети и дронови ...
Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Европска Унија денеска ќе даде повеќе од четири милијарди евра за поддршка на Украина. – Солидарноста на ЕУ со Украина е непоколеблива. Ова е наша посветеност не само за закрепнување на Украина, туку и за нејзината иднина како суверена и демократска земја, објави Лајен на платформата Икс. Таа додаде дека вкупната финансиска поддршка за Украина од ЕУ и земјите-членки достигна ...
Оне Македонија Телекомуникации, чиј сопственик е унгарски 4 АЈ ЏИ е единствената компанија која се јави на тендерот за 3 мобилен оператор. Иако интерес за влез на пазарот покажаа три оператори, само унгарската ја достави потребната документација. Комисјата за спроведување на тендерот најави дека по евалуацијата, ќе се донесе конечна одлука, откако ќе завршат изборите. Следниот период ќе следи евалуација утврди дека ги поседуваат бараните ...
Продолжува трендот на намалување на бројот на запишани првачиња. Годинава во 5-те основни училишта во Штип, запишани се 35 првооделенци помалку од лани. Според спроведените анкети и истражувања, ова се должи на иселувањето на цели семејства во западно европските земји или во другите градови во Македонија. Сепак, позитивно е тоа што се очекува бројот на новозапишани првачиња да се зголеми во септември, кога се враќаат со родителите кои биле на ...
На 21.08.2025 во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од ...
На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е извршена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас. Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин, соопшти Министерството за здравство. Операцијата беше во ...
До 12:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општина Прилеп, кај село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, каде е зафатена букова шума и во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, каде гори мешана шума. Под контрола е ставен пожарот во ...
На 21. 08.2025 во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата ...
На 21.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, додека со телесни повреди нејзината 12-годишна ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац денеска предупреди дека градот Газа може да биде уништен ако палестинската група Хамас не ги прифати условите на Израел, кои се подготвуваат за голема офанзива во областа. Еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе ѝ дозволи на армијата да го заземе градот Газа, Кац предупреди дека најголемиот град во енклавата може „да се претвори во Рафа или Бејт Ханун“, кои беа уништени ...
Израелската воена агенција за координација на владините активности на териториите (ЦОГАТ) соопшти дека „категорично го отфрла“ извештајот одобрен од ОН, кој за прв пат потврдува дека има масовен глад во дел од Појасот Газа, објави ДПА. Во извештајот, објавен денеска, се наведува дека според Интегрираната класификација на фази на безбедност на храната (ИПЦ), постојат „суштински докази“ дека масовен глад се случува во Појасот Газа, ...
Напад со беспилотно летало врз конвој на Обединетите нации ги запали и уништи сите 16 камиони што носеа храна во северен Дарфур во Судан, погоден од глад, соопштија вечерва Обединетите нации. Според портпаролот на ОН, сите возачи на конвојот на WFP и помошниот персонал се безбедни. Не е познато кој е напаѓачот, објавија ОН. Ова е втор ваков напад во последните три месеци, извршен со намера да се спречи конвој на ОН да достави храна во Северен ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони лица кои имаат важечки визи во САД, за да утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до нивна депортација. Американските медиуми наведуваат дека овој чекор значи заострување на мерките против странците на кои им е дозволено да останат во САД. Стејт департментот соопшти дека сите иматели на американски визи, ...
Украина мора да премине од дефанзива против руските напади во офанзива за да „izврши притисок врз Русија“, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во четврток. -Оваа војна мора да заврши и ние мора да извршиме притисок врз Русија, рече тој во своето вечерно видео обраќање. „Рускиот претседател Владимир Путин „не разбира ништо друго освен сила и притисок“, додаде тој. Коментарите на Зеленски доаѓаат откако американскиот ...
Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди преминот Дрејк, водено подрачје помеѓу јужниот врв на Јужна Америка и Антарктикот, а Чиле издаде предупредување за цунами за Чилеанската антарктичка територија. Хидрографската и океанографската служба на Чилеанската морнарица издаде предупредување за цунами за Чилеанската антарктичка територија откако земјотресот со јачина од 8,0 степени го погоди 258 км северозападно ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе биде нестабилно, краткотрајно во форма на невреме со засилен до силен југозападен ветер. ...
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат корисниците на неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД од 07:00 до 14:00 часот без стр8ија ќе бидат корисниците од дел од ул.Боца Иванова во близина на Јафа во општина Бутел. Од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе ...
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште, гори букова ...
Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор. Предвиденото јавно наддавање ќе се изврши доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи. Доколку се заокружи постапката со која што покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ во државава ќе добиеме нов мрежен оператор, според оценката на ...
На 21.08.2025 Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик. По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на ...
Премиерот не ја исклучува можноста новите правила на ДИК за независни кандидатури да предизвика хаос на локалните избори. Ако се случи масовна појава, ливчето може да биде долго и до 8 метри а тоа да ги обесхрабри граѓаните да гласаат. Премиерот предупреди дека Владата ќе мора да интервенира ако изборниот процес пропадне. За имињата на останатите кандидати и носители на советнички листи ВМРО ДПМНЕ се уште е во фаза на анализа и ќе ги објави ...