Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Вечерва, (23.08.2025) со Свечена церемонија на градскиот плоштад во Кавадарци беше одбележан 23.август – Денот на Единицата за брзо распоредување и 24 години од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи, во присуство на граѓаните на Кавадарци, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, највисокото раководство на МВР, министри, пратеници, претставници на државни институции и локалната самоуправа, претставници на ...
Украина нема да отстапи територии на окупаторот. Ваква порака испрати украинскиот претседател Зеленски на одбележувањето на Денот на украинското знаме. -Ова знаме е цел и сон на привремено окупираните територии на Украина. Тие го чуваат знамето. Тие го чуваат затоа што знаат дека нема да ја подариме нашата земја на окупатор, вели Зеленски. Во меѓувреме, шефот на руската дипломатија вели ги урна надежите за средба Зеленски – Путин. Вели дека нема ...
Палестинската црвена полумесечина соопшти дека израелската армија отворила оган на повеќе локации, при што вкупно загинаа шест лица. Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 25 луѓе, соопштија локалните болници. При израелски напад врз јужниот дел на палестинската енклава загинаа најмалку 14 луѓе, од кои поголемиот број жртви се жени и деца. Според очевидци, цел на нападот биле и шаторите во Кан Јунис, каде се сместени ...
Првата дама на Турција, Емине Ердоган испрати писмо до сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп во кое бара таа да заложи и да покаже исто сочувство кон децата и цивилите во Појасот Газа, како што покажа кон жртвите од војната во Украина. Емине Ердоган бара од Меланија Трамп да стапи во контакт со премиерот на Израел и да се заземе за децата во Појасот Газа. Меланија Трамп претходно испрати писмо до рускиот претседател Владимир ...
Намалувањето на населението на Грција во следните три децении ќе продолжи, исто така и нејзиното демографско стареење, а билансот меѓу наталитет и морталитет ќе остане негативен до 2050 година, пишува во истражувањето за демографскиот проблем во Грција спроведено од Лабораторијата за демографски и општествени анализи при Одделот за планирање, урбанизам и регионален развој на Универзитетот во Тесалија, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Македонската женска кошаркарска репрезентација до 16 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Б дивизијата, откако вчера во Истанбул загуби од Бугарија со 80:62 во рамки на групата Д. Македонските кошаркарки беа во негатива на полувремето (40-29), а предноста на Бугарија достигна највисоки плус 19 во финишот на третата четвртина. Со серија од 14-1, македонскиот состав се доближи на негативата од само шест поени (54-60) во ...
Повеќе да се слуша гласот на младите и тие да станат активни чинители на политиките во една општина, а локалните самоуправи да ги имплементираат во своите програми нивните потреби, доколу сакаме да се стопира иселувањето. Ова беше една од главните пораки која се упати на одбележувањето на првиот роденден од постоењето на Младинскиот центар во М. Брод. Младите бараат итно подобрување на квалитетот на животот. „Може да се подобри ако сите се ...
Жителите на општина Ново Село и селата под Беласица повеќе нема да патуваат и по 40 километри во еден правец за да добијат лекарска помош во итни случаи. По пет години прекин, дежурната служба повторно е ставена во функција. Службата ќе функционира како дел од итната медицинска помош на здравствениот дом Струмица и ќе обезбедува континуирана здравствена грижа 24 часа. Овој чекор се реализира со поддршка на владата и е дел од пошироката активност ...
Заврши рехабилитација на повредените во дискотеката „Пулс“, во одмаралиштето на МВР на Пониква. Во текот на летниот период, над 150 повредени млади луѓе во 4 смени од по две недели, добија медицинска, физикална и психолошка поддршка. За лекарскиот надзор се грижеа лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија во Скопје и физиотерапевти и физијатри од Кочани и Штип. -Добивме максимум од секој пациент. Имаме добри резултати, кај дел од ...
13 годишно девојче се здоби со тешки повреди откако возило удри во неа додека се движела со тротинет на улица во Капиштец. Повредена е и нејзината 12 годишна другарка која се превезувала со неа на тротинетот. Возачот кој ги удрил, избегал од местото на настанот но полицијата го пронајде вчера. Ова е последен случај во обемната статистика на повредени возачи на електрични тротинети. Во првата половина од годината вкупно 46 лица настрадале во ...
На 22.08.2025 во 22:50 часот на крстосница од ул.„Народна револуција“ и ул.„Тоде Думба“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Ј.(44) од с.Биљановце, кумановско. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „Цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени ...
Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разучарувања за граѓаните. Опозициската СДСМ со свое гледиште за изминатите четири години во локалните самоуправи. Партијата со низа остри критики за работата на актуелните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но најголем акцент за Град Скопје и скопските општини. Портапролката на партијата вели дека за четири години главниот град е задушен од сообраќаен хаос и урбано дивеење. ...
Смена на министри во владата по завршување на локалните избори. Реконструкцијата денеска ја најави премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на саемот на градоначалници, „4 години работа за тебе“. Луѓето кои ќе ги опфати реконструкцијата не се лоши, туку како што вели Мицкоски, Владата има потреба од динамичен капацитет. „Веднаш после овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има ...
На 22.08.2025 во 18:35 часот на автопат „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(36) од Штип. При сообраќајна контрола полициски службеници констатирале дека Г.Ј. управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 252 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час. За настанот бил запознаен јавен ...
Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Од пристигнатите 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за Локалните избори за 2025, Државната изборна комисија (ДИК) позитивно одговори на 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. - Пристигнаа 352 барања за упис во регистерот, исто ...
На 22.08.2025 во 16:50 часот во СВР Охрид, Е.А.(45) од Струмица пријавил дека од домот во кој привремено престојуваат во Охрид од пред два дена се оддалечила неговата ќерка Ј.А.(14) од Струмица. Според пријавеното, на 21.08.2025 на социјална мрежа Фејсбук тој добил порака од женско лице од Скопје, кое му кажало дека неговата ќерка е кај неа дома, дека доброволно и сама дошла во нејзиниот дом и дека ќе ја мажела за нејзиниот брат. Исто така, ...
Железничкиот сообраќај во Црна Гора е во прекин поради штрајк на диспечерите на возови, кои бараат повисоки плати. Прекинот на железничкиот сообраќај официјално започна вчера кога меѓународниот воз од Белград пристигна на перонот во Подгорица. Возот остана таму, по што патниците беа испратени во автобуси за да го продолжат своето патување. Најголемиот проблем, сепак, е за оние патници чии автомобили останаа во вагоните. Раководството на ...
Министерството за правда на САД објави протоколи и белешки од сослушувањата на Гислен Максвел, поранешната партнерка на покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстајн. Документите се состојат од неколку стотици страници составени под надзор на Тод Бланш, заменик-генерален обвинител, јави ДПА. Тие не содржат список на клиентите на Епстајн – клучна точка во теориите на заговор кои се фокусираат на наводната злоупотреба на ...
Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а десетина се повредени, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите е и едно дете, изјави портпаролот на државната полиција Џејмс О’Калаган. Повеќето од патниците биле од азиско потекло. Меѓу нив имало кинески, индиски и филипински државјани. Несреќата се случила на автопатот 90, околу 30 милји источно од Бафало, додека ...
Министерството за здравство информира дека е воведен нов електронски модул за донации, со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството за здравство, како и од сите јавни здравствени установи. Модулот е достапен на веб страницата: donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален преглед на секоја донација, со наведени податоци за донаторот, вредност на донацијата, како и информации за предметот на донацијата, односно дали се ...
На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен пожар, под контрола е еден пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума, а изгаснати се 17 пожари, информираат од ЦУК. Изгаснати се пожарот кај Брана Езеро Козјак, во Општина Сопиште каде гореше ниска вегетација и шума, како и пожарите во Општина ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се ...
Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври. Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарско на вчерашната седница ги повика граѓаните од денеска до 11 септември на полноќ да се извршат увид во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Чикаго и Њујорк, градови управувани од демократите, ќе бидат следните што ќе бидат ставени под контрола на федералните сили, како главниот град Вашингтон, со цел борба против криминалот. Трамп минатата недела изјави дека криминалот во главниот град на САД е надвор од контрола и распореди припадници на Национална гарда и федерални агенти на улиците на Вашингтон. – Ќе ги направиме нашите градови ...
Една третина од жителите на Германија се загрижени дека ќе ја изгубат работата поради експанзијата на вештачката интелигенција (ВИ), покажаа резултатите од анкетата нарачана од агенцијата ДПА. Спроведена од институтот за анкети YouGov, анкетата врз 2.175 лица покажа дека 34% од испитаниците се загрижени за нивниот работен статус поради ВИ, додека 62% не се чувствуваат загрозени. Иако не се забележани значајни разлики меѓу поддржувачите на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека во рок од две недели ќе знае дали е можен напредок во неговите напори за ставање крај на војната во Украина и повторно ја покрена можноста за воведување санкции врз Москва. „Ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека за две недели ќе знаеме во која насока одиме“, рече Трамп за време на прес-конференцијата во Овалната соба и додаде дека по тие две недели ќе донесе одлука дали да воведе „масовни ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги покани сите претставници на, како што изјави, „студентското-блокадерско движење“ на дебата што ќе се одржи јавно, на сите телевизии. Во објава на Инстаграм профилот на buducnostsrbijeav, Вучиќ истакна дека Србија мора да ги реши своите проблеми преку демократски дијалог, а не преку насилство. „Ги поканувам претставниците на студенсткото-блокадерско движење на разговор и јавна дебата за визиите, да ...
Обвинителството ќе испитува дали Стоматолошката комора работела незаконски како што тврдат од министерството за здравство . Од таму денеска информираа дека целокупната документација и извештаите од надзорите ги доставиле во Јавното обвинителство. Министерот Азир Алиу јавно изрази сомжеж и за финансиски злоупотреби во Комората. - Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното ...
Владата по предлог на Министерството за енергетика еднострано раскинала три договори за концесија за експлоатација на минерални суровини. Дополнително, одбиено било ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник. Од формирањето на Министерството, донесени биле вкупно 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради различни причини. Меѓу нив се: непочитување на законите, неплаќање на надоместоци, непочитување на мерките за ...