Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната ...

Дел од жителите од Општина Аеродром денеска ќе бидат без струја поради технички зафати во мрежата. -Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 25.08.2025 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат: од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица „Филип Богдански“ во Општина Аеродром и од 09.00 ...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Северна Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 24 пожари. Активни се пожарите во Општина Долнени с.Долгаец (мешана шума), под контрола се два во Општина Македонски Брод на подрачјето Јасен (мешана шума); и во Општина Гевгелија на планината Кожуф (висока шума). Како што информира ЦУК изгаснати се 24 пожари: -Општина Шуто ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, како што информираа од неговиот кабинет, се планирани средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На средбите, како што е најавено, ќе се разговара за теми поврзани со ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, како што информираа од неговиот кабинет, се планирани средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На средбите, како што е најавено, ќе се разговара за теми поврзани со ...

Голема полициска акција на Управата за финансиска полиција во општина Липково, Куманово и Желино– претреси на повеќе локации, сомнение за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари. Во раните утрински часови полициски екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и Желино, каде во моментот се вршат претреси. Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат ...

Еквадорската полиција денеска објави дека запленила поголема пратка експлозиви што биле во транзит од Перу за Колумбија, а кои требало да се користат за извршување „терористички акти“. Полицијата за време на погранична операција запленила 3.750 кутии експлозиви и 25.000 метри детонаторска жица, што доведе до апсење на двајца Еквадорци. Операцијата доаѓа по нападот со камион-бомба во југозападна Колумбија во четвртокот, во кој загинаа шест лица. ...

Активностите за изградбата на регионалната депонија во Новаци каде што ќе се одлага отпадот од Југозападниот регион се одвиваат многу бавно .Граѓанските активисти посочуваат дека станува збор за децениски проблем со кој дивите депонии со години трујат цели градови , мерните станици секојдневно регистрираат загадувања, а загрозено е и здравјето на граѓаните . Со оглед на слабата еколошка свест од страна на граѓаните екологистите алармираат во ...

Пожарите кои изминатите 2 месеци беснеаа ширум државата полека стивнуваат. Генерално гореше нискостеблеста и деградирана шума, а противпожарните единици во соработка со ЦУК успеаја да спречат пламените јазици да зафатат поголеми површини со даб и бука. Од ЈП „Национални шуми“ велат дека се уште не можат да излезат со конкретни податоци за тоа, колку хектари се опожарени и колкава е материјалната штета, но во секој случај ќе биде помала од лани. ...

Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат дали се точни наводите дека на приватните клиники се вршеле кардиолошки интервенции без потреба за да се извлечат пари од пациенти. Од здравство за Сител велат засега се договорени лекари од овие две земји, но не ја исклучуваат можноста да бидат ангажирани и експерти од Германија и Австрија. „ Потврдени се лекари од Италија и Словенија. Во преговори сме но се уште не сме донеле одлука дали ќе ...

Четири години локална власт – четири години разочарувања. СДСМ и денеска преку пет последователни прес-конференции со критики работата на градоначалнциите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова вели, развојот на главниот град се закочи поради бизнис-договори, а Скопје беше уништувано поради партиски профит. -Тие го претвораат градот во свој партиски вилает за да ги спроведуваат партиските агенди. ...

Погрешна теза, вака премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги кометнира тврдењата на ДУИ дека ако таа не е дел од владата по локалните избори, тоа ќе биде повод за етнички тензии.. Тој вели, ДУИ како дел од власта симболизирала само криминал, корупција и нееднаквост.. Ваквата изјава, Мицкоски ја даде на дводневниот саем на општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ, насловен„ 4 години работа за тебе“.. Беа презентирани завршени проекти ...

Светна 155 метарската кула на АЕК на Водно. Од вчеравечер на Водно покрај крстот, јасно се гледа и импозантното издание на телекомуникациската кула која ја градеше агенцијата. Градежните работи по 12 години се речиси целосно завршени вели директорот на АЕК. Оваа кула освен што ќе служи за контрола на радиофреквенции ќе биде и туристичка атракција. Акику за Сител вели дека на врвот на кулата предвиден е простор за ротирачки- панорамски ресторан ...

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа повредени двајца фудбалери на возраст од 15 години на ФК „Брегалница“. – Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу ...

Албанија продолжува со рушење на дивоградбите ширум државата. Денеска таргет беа тие во Драч, град пред шест години беше погоден од силен земјотрес кој одзеде 51 жртва – несреќа која резултираше со масовни апсења за диви градби. Кампањата „Урбана ренесанса 2.0“ која ја претстави претседателот Еди Рама има за цел ослободување на окупираните јавни површини низ целата земја и претставува дел од подготовките за членство во Европската Унија, што се ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) попладнево „најостро го осуди инцидентот што се случи на натпреварот од младинските категории меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи“. Ваквото однесување, како што е соопштено, е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери. ...

Канада следниот месец ќе и испорача на Украина дронови, муниција и оклопни возила во вредност од речиси милијарда канадски долари (750 милиони американски долари), најави канадскиот премиер Марк Карни, кој денеска е во посета на Киев по повод Денот на независноста на Украина. Канадскиот премиер, како што пренесува Укринформ, кажа дека на самитот на Г-7 во јуни, Канада ветила дека ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина во вредност од ...

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, објави денеска уредба со која од следната недела трговските маржи ќе бидат ограничени на 20 отсто кои сега се и до 45,2 проценти во најголемите синџири, и дека во наредниот период до крајот на годината ќе следат сеопфатни мерки за подобрување на животниот стандард. Toj најави и намалување на каматите на готовинските и потрошувачките кредити. Вучиќ на прес-конференција изјави дека во наредниот период ќе ...

Косовските пратеници и денеска не успеаја да изберат претседател на Парламентот од тројцата предложени кандидати од Движењето Самоопределување. Поради тоа не се избрани потпретседатели и не е завршен процесот за конституирање на законодавниот дом. И на денешната седница за претседател на Парламентот повторно беше предложен Хекуран Мурати, кој на минатата седница не доби потребен број гласови. Од 106 присутни пратеници денеска „за“ Мурати гласаа ...

Денеска (24.08.2025) во 08:38 на автопатот Тетово-Скопје, кај клучка Групчин, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(29) од Дебар. При радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „мерцедес“ со брзина од 171 километри на час надвор од населено место, односно 71 километар на час повеќе од дозволеното. С.А. веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кичево, а по целосно документирање на ...

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. До петокот на собраниската веб страна освен брифингот со новинарите, Собранието немаше закажано други активности за следната недела. Одморот ...

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на официјалната церемонија за потпишување на Меморандумот за разбирање и соработка за развој на пазарот на капитал, што ќе се одржи утре во Загреб, Хрватска. Како што соопшти Министерството за финансии, настанот се организира од страна на Министерството за финансии на Хрватска и претставува регионална иницијатива во која учествуваат земјите Хрватска, Бугарија, Унгарија, Северна ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“. Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што ...

Руската противвоздушна одбрана синоќа пресретна и собори украински дрон во близина на нуклеарната електрана во рускиот пограничен регион Курск. Остатоци од беспилотното летало предизвикаа пожар во електраната. Според оператор и покрај пожарот во нуклеарната електрана не е зголемено нивото на радиоактивно зрачење. – Дронот соборен по полноќ експлодира и го оштети трансформаторот, соопшти нуклеарната електрана Курск на Телеграм, додавајќи оти ...

Палестински очевидци синоќа изјавија дека во градот Газа забележани се израелски војници. Според нив израелските војници биле забележани во населбата Сабра, во близина на зграда во која порано се наоѓало училиште. Израелските војници наводно се заблежани во градот Газа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри план за преземање на градот, во кој живеат околу еден милион луѓе. Израелската армија не ги коментираше палестинските наводи, ...

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“. Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени. До средината на следната ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Поради пожар во националниот Парк Јасен, ...

Во Србија во над 70 населени места и градови попладнево се одржуваат собири на кои се искажува протест против блокадите. Собири се одржуваат во Инѓија, Аранѓеловац, Врњачка Бања, Лозница, Крушевац, Лесковац, Зрењанин, Дољевац, Шид, Обреновац, Трговиште, Бор, Прибој, Крушевац, Рума, Рашка, Бачка Паланка, Сремски Карловци, Бачка Топола, Обреновац, Лучани, Пожаревац, Неготин… Нема такви собири во Белград и во Нови Сад. Излезените луѓе носат ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1019
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Софија

15ᴼ / 10ᴼ
1.03
52%
1019
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.45
93%
1019
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 7ᴼ
1.03
71%
1019
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
76%
1018
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1016
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.68
80%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
68%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056