Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 - годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. На 8 септември обележуваме 35 години од независноста на нашата земја, а одбележувањата започнаа на националниот празник Илинден. Специјален музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, којшто ќе биде изведен во 11 градови, првата изведба на музичко-сценскиот ...
Вонредна состојба е прогласена на територијата на Британска Колумбија поради шумски пожари, поради што на речиси 22.000 луѓе им е наредено да се евакуираат, соопштија денеска официјалните претставници на најзападната канадска покраина. Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби изјави дека на сите 12.000 жители на округот Самерленд им е наредено да ги напуштат своите домови синоќа, бидејќи шумскиот пожар во Болд Рејнџу брзо се проширил во ...
Пентагон бара од американската одбранбена индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, особено муниција која во голема мерка е исцрпена од војната со Иран, покажува допис кој заменик-министерот за одбрана на САД, Стив Фајнберг го испратил до директорите на компаниите во одбранбената индустрија. Во дописот во кој увид имал „Вашингтон пост“, Фајнберг навел дека одбранбените компании немаат повеќе од 21 ден да поднесат ...
Пожари од широки размери го зафатија подрачјето над градовите Круја и Ѓирокастро, во чие локализирање и во текот на ноќта ангажирани беа голем број оперативни сили. -Операциите за изолирање и контрола на пожарот на над Круја, кој поради ветерот брзо се ширеше, продолжија со интензивен интензитет, со непрекинато ангажирање во текот на целата ноќ на структурите за цивилни вонредни состојби и вооружените сили, изјави албанскиот министер за ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека посредниците и натаму „се обидуваат да најдат начини за повторно рестартирање на преговорите“ со САД, но дека во моментов нема можност за нивно продолжување. Додека не се прекинат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека САД не го надоместат она што го прекршиле, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите“, изјави Арагчи на ...
Македонските тенисери имаа успешен настап во конкуренција на двојки на турнирот „Neocom open 2026“ што викендов се одржува на терените на ТК „Југ“ во Скопје, откако Кристијан Јанев и Ерион Незири го освоија пехарот во машка, а Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија во женска конкуренција. На турнирот кој е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години, Митевска и Глушкова без поголеми проблеми со само еден загубен гем го ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Македонската православна црква - Охридска архиепископија и верниците денеска го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител Свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот ...
Македонската репрезентативка Катерина Ацевска постигна денеска голем успех на сениорското Светско првенство во џиу – џицу кое се одржува Абу Даби, освојувајќи го сребрениот медал. Со вицешампионската титула, Ацевска се искачи скала погоре на пиедесталот, во споредба со минатото Светско првенство во Тајланд и се зацврсти на првото место на светската ранг-листа во својата категорија над 70 килограми во џиу – џицу фајтинг. Ацевска на патот до ...
Бројот на заразени со западнонилска треска во земјава е многукратно поголем од 20-те лабораториски потврдени случаи, смета професорот Драган Даниловски. Тој посочува дека 80 проценти од лицата кои биле каснати од заразен комарец не развиваат никакви симптоми, околу 20 отсто имаат лесна клиничка слика проследена со нејасна температура, а кај помалку од 1 процент или 1 на 150 инфицирани се јавува тешка форма на болеста. - Особено внимателни ...
Пет минути на скопски аслфалт и веќе барате начин да стигнте до првата сенка. Фонтани климатизирани простории, ладовина под дрвјата – секој со свој рецепт против жештината. А температурите не попуштаат. Денес до 39 степени, а од среда термометарот може да покаже и 40. Цела Македонија е во портокалова фаза, па екипата на Сител излезе на терен за да провери како изгледа Скопје кога температури се високи. Околу пладне градот беше доста ...
Вкупно 11 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот од кои три се активни, а осум се изгаснати. Активни пожари има во село Бело Поле, Општина Долнени каде гори ниска вегетација; село Браилово во истата општина каде гори ниска вегетација; и село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде исто така гори ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснат е и пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде ...
Велгошти синоќа и денес беше претесно да ги собере верниците кои се поклонија пред Св Петка Римска заштитничката на селото.Отец Павел вели дека култот кон оваа светица е голем и традиционално се одбележува масовно .Овој манастир е посетен не само од верници од земјава туку и од дијаспората а има и туристи кои се интересираат за духовноста и културното богатсво . Света Петка многумина ја сметаат за заштитник и се верува дека има чудотворна моќ ...
Пожарот кај с. Чифлик, од задната страна на Водно ставен под контрола. Огнените јазици стигнаа и до првите објекти во селото, но брзата реакција на локалното население, скопските пожарникари и екипите на ДЗС спречија трагедија. - Успеавме да обезбедиме брза реакција и како приоритет ги ставивме објектите кои беа во непосредна близина, успеавме во тоа. За наша среќа. Пожарот е делумно ставен под контрола во делот кадешто можеме да пристапиме ...
Иран и Оман го финализирале општиот рамковен договор за управување со пловидбата низ Ормускиот Теснец, јавуваат иранските медиуми. Според Техеран, двете земји се блиску до конечен договор за безбедна комерцијална рута, а деталите треба да бидат објавени наскоро. Американски претставник за Ројтерс изјавил дека по постигнувањето договор за непречена трговска пловидба, САД ќе ја укинат блокадата на иранските пристаништа. Иранските преговарачи, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во Белград го пречека неговиот украински Колега, Володомир Зеленски кој е во прва официјална посета на Србија. По средбата двајцата претседатели порачаа дека ќе продолжат да работат на засилување на економската соработка и меѓусебната поддршка на патот кон членството во Европската Унија. Вучиќ не криеше дека е песимист кога станува збор за европската политика на проширување додека неговиот ...
Товарен и патнички воз се судрија денеска меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци. Шест патници се тешко повредени, а 13 се полесно повредени, соопшти хрватското Министерство за здравство. На патниците им е укажана медицинска помош во болниците Бјеловар и Копривница, а некои се префрлени во болниците во Загреб. Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер. Причината за несреќата сè уште ...
Хорхе Меси, таткото на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација и осумкратен освојувач на Златната топка Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст, објави денеска аргентинскиот клуб во кој Меси настапуваше како дете Њуелс Олд Бојс. „Клубот Атлетико Њуелс Олд Бојс со тага и длабоко жалење се збогува со Хорхе Меси“, објави клубот на социјалните мрежи. Аргентинските медиуми јавија дека Хорхе Меси починал во болница во родниот град ...
Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи - објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската ...
Инцидент го одбележа денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Косово, откако пратеничката Тимеа Кадријај од Алијансата фрли јајца кон вршителот на должноста премиер Албин Курти. Тоа се случи откако Курти повторно побара дополнително време за консултации. Седницата потоа беше прекината, а во салата влегоа неговите телохранители. Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците дополнително ќе бидат информирани за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги ...
Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај. - По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. ...
По преземени мерки и активности, СВР Скопје лишило од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско, соопшти денеска МВР. На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во ...
Во текот на денешниот ден се евидентирани нешто повеќе од пет пожари на отворен простор, но ниту еден од нив не претставува посериозна закана и се очекува наскоро да биде ставен под контрола, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава од терен. Како што информираше, во текот на вчерашниот ден биле изгаснати повеќе од 25 пожари на отворен простор, а најкомплексен бил пожарот на ...
Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Од 3 до 9 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спроведува интензивни контроли низ патиштата, со посебен фокус на возачите кои ја надминуваат дозволената брзина. Од МВР потсетуваат дека прекумерната брзина е ...
Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска одавајќи им почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината кај месноста „Карпалак“ нагласи дека нивната верба во татковината е наша водилка, одлучно да продолжиме да ги чуваме националните интереси. Денеска се навршуваат 25 години од трагичниот настан кај месноста “Карпалак”, каде што десет македонски херои, припадници на резервниот ...
Делегација на Левица предводена од советникот Боби Илиевски, денеска положи цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите во масакрот кај Карпалак - се посочува во соопштението од Левица што Сител го пренесува интегрално. На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во кукавичка заседа поставена од припадници на УЧК. ...
Во селото Грешница, општина Македонски Брод, вчера напладне полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. Во селото Сарандиново, општина Долнени, вчера во 17:00 часот ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место помлад полицаец во Полициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.05.2026 околу 02:53 часот во Градски парк - ...