Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
СДСМ бара кривична одговорност од врвот на здравствените власти за водата во Гостивар. Опозицијата обвинува дека одговорните лица во институциите не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загаувањето на водата. СДСМ поднесе кривпчни пријави против министерот за здравство, директорите на ИЈЗ, ДСЗИ и ЦЈЗ Тетово. Од партијата обвинуваат дека 4 недели власта се поигрува со здравјето на луѓето и се ...
По 30-часовна битка изгаснат е пожарот на депонијата во Крива Паланка. Екипите работеа до доцните вечерни часови. Целосното гасење завршило околу 22:30 часот. Денеска на депонијата се очекува да бидат донесени околу 50 камиони со земја, со која ќе се покријат и натрупаат критичните делови за дополнително да се обезбеди просторот. Денеска целата држава е со ВИСОК метеоролошки индекс на пожар, покажува Македонскиот шумски систем. „Целата ...
Македонија втора недела е под топлотен бран. Иако жештината не попушта, а температурите се околу 40-от степен, се уште не се исполнети условите за прогласување црвена фаза, која вклучува вонредни мерки за сите граѓани, а ризичните групи: хронично болните и трудниците треба да бидат одлободени од работа. -Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, за прогласување црвена фаза потребно е да се пробие прагот од два ...
Значително поевтинување на горивата од полноќ. Бензините ќе се точат за 4 денари помалку, а дизелот за 8 денари по литар. Новата цена на Еуросупер 95 октани ќе изнесува 87 денари , на 98-цата 89 и на дизелот 91,5. Одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика се должи на пониските цени на нафтата на светските берзи изминатата недела, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот. Сепак, очекувањата се дека по намалени цени ќе се ...
Кога сме под силен стрес или чувствуваме анксиозност, телото може да влезе во состојба на зголемена вознемиреност. Во такви моменти, едноставна техника која може да помогне е ставање коцка мраз или ладна облога, на задниот дел од вратот. Според Cleveland Clinic, ладната стимулација на оваа област може да помогне телото да се смири и да го намали чувството на преоптовареност. Физичкото чувство на студ истовремено може да го насочи вниманието ...
Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат за неколку степени. МИА Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ...
На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, нема ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Најголемо намалување има кај дизелот, чија цена се намалува за 8 денари за литар. Од 11 август од 00:01 часот, максималната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 91,50 денари за литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за по 4 денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ...
На официјална државна прослава по повод 35 години независност, платена со милиони евра народни пари, Владата на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамота. Не го сменија името, но успеаја да го сменат знамето. Нова верзија на знамето за држава со политика, како што вели Мицкоски др: „Нема воз за ЕУ, има само вагон што сами си го клатиме.“ За Мицкоски и ВМРО знамето е уметничка инсталација. Нова верзија со 12 краци. Ова е само уште еден ...
Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). - Активни пожари: Општина Штип - с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод - место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино - воениот полигон Криволак (ниска вегетација), ...
По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен ...
Имињата на бранителите кои пред 25 години го положија својот живот за татковината кај месноста Љуботенски Бачила, да се спомнуваат со гордост, а нивното дело да биде вечен потсетник за нивната храброст и љубов кон татковината, напиша денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски на својот фејсбук профил. Како што наведува Мисајловски, храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации. - На денешен датум, ...
Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...
Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари - МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...
На 09.08.2026 во 12:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека со употреба на физичка сила од 70-годишна скопјанка одзел личен накит. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...
На 09.08.2026 во 16:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.М.(27) од Кавадарци, затоа што пред градски базен во Кавадарци го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувал наредбите на полициските службеници и при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.М. бил под дејство на ...
Делегации од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, Владата, Собранието и Кабинетот на претседателката на државата денеска положија цвеќе пред спомен-плочата во касарната „Илинден“, во спомен на осумте припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Централната делегација од Генералштабот и Министерството за одбрана ја предводеше началникот на Генералштабот на Армијата, ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 29-годишниот А.К. и 56-годишниот Б.С., двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „измама“. Според пријавеното, случајот се случил во септември 2025 година, кога А.С. од Тетово му го позајмил своето патничко возило на првопријавениот А.К. Наместо да му го врати возилото на сопственикот, А.К. наводно го известил ...
Ставовите на младите кон бракот се менуваат. Според истражувањето „Monitoring the Future“ на Pew Research Center, процентот на девојки во четврта година средно образование кои изјавиле дека сакаат да стапат во брак паднал од 83 отсто во 1993 година на 61 отсто три децении подоцна, додека интересот за брак кај момчињата во голема мера останал непроменет. Во периодот од 2019 до 2023 година, процентот на жени кои сметаат дека бракот не е важен ...
Според пишувањето на весникот „Телеграф“, Одделот за индустрија и минерали на Гренланд соопшти дека машините минатиот месец биле истоварени на источниот брег на островот, каде што е планирано истражувачко дупчење за нафта во регионот Џејмсон Ленд. Одделот потврди дека за ова ќе му биде упатено „остро предупредување“ на носителот на лиценцата, нагласувајќи дека дупчењето не може да продолжи без официјално одобрение од гренландските власти. ...
Аргентинецот Кристијан Фабијани повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Вардар. Разделбата на црвено-црните со аргентинскиот фудбалски стручњак доаѓа по вчерашниот пораз од Шкандија во дербито на 2.коло на Првата македонска фудбалска лига. – ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш, соопшти попладнево ФК Вардар. Под водство на ...
Изгаснат е пожарот што избувна во саботата на градската депонија во Крива Паланка, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски. Според Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, во текот на претпладневните часови, додека на негово целосно гасење се работело до доцна синоќа. - Нашите екипи речиси 30 часа активно работеа на целосно гасење на пожарот, со оглед на тоа што станува збор за комунален ...
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино „ја уништува самата суштина“ на фудбалот и верува дека неговото време како претседател на ФИФА завршило. – За мене, времето на Џани Инфантино е одамна поминато. Не го велам ова поради неодамнешните настани. Го забележувам овој стил на управување долго време, иако сите други се чини дека дури сега го откриваат. Тој не е тип на личност која го промовира ...
Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период. Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас интермедијат“ (ВТИ) со испорака во септември поскапе ...
Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе положи цвеќе во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Како што соопшти Генералштабот на Армијата, во рамки на чествувањето делегацијата ќе положи цвеќе на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители. Во 8 ...
Уживај во летото, создавај убави спомени и грижи се за своето здравје, е пораката што денеска ја упатија од Институтот за јавно здравје, споделувајќи информации за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции. - Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку незаштитен сексуален контакт - вагинален, анален или орален. Тие можат да бидат предизвикани од бактерии, вируси или други ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила. На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и ...
Македонија синоќа во Охрид почна да ја раскажува својата 35-годишна приказна низ музика, стих, театар и современ сценски израз. На стадионот „Билјанини извори“ започна големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, во кој повеќе од 30 изведувачи ги споија различните генерации, жанрови и музички јазици во приказна посветена на 35 години независност. Низ музички настапи, театарски извадоци, поезија и современ сценски израз, спектаклот ...
Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени лекови може да влијаат врз ...