Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Законот за заштита од пушењето е еден од најбитните закони во Министерството за здравство од тие 15 што ги работевме и се надевам дека за две-три неделни ќе биде изгласан и ќе стане дел од нашиот здравствен екосистем во државата, бидејќи е многу битен за здравјето на нашите граѓани, изјави министерот во здравство во заминување Азир Алиу на брифингот со новинарите. Со реконструкција на Владата, нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, ...
Вчера во 19:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Рача, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(59) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Љ.Ј., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека ...
Во мај годинава издадени се 340 одобренија за градење, што е за 27,5 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година – објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија за градење, 229, се издадени за високоградба. Во Источниот Регион издадени се најмногу одобренија за градење, 76, по што следуваат Скопскиот – 65, Полошкиот – 62, Југоисточниот, 51, Југозападниот, 36, Пелагонискиот 24, Вардарсиот 20, ...
Царинските управи на Македонија и Хрватска креираат заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата, со што ќе се овозможи олеснување на легалната трговија и зголемување на трговската размена меѓу државите. На денешната средба на високо ниво меѓу делегации на царинските управи на Македонија и Хрватска предводени од директорите Бобан Николовски и Марио Демировиќ ипретставници од стопанските комори и асоцијацијата на превозници се ...
Следната недела во Јужна Кореја ќе почне генералното собрание на организацијата во рамките на Обединетите нации, по што, според вицепремиерот и ресорен министер, работите ќе бидат појасни. Николоски рече дека иако не сака да зборува предвреме, сепак се надева дека земјава ќе успее да го избегне она што го оцени како најкритично за нас, а тоа да Охрдскиот Регион да се најде на листата на загрозени подрачја Вицепремиерот и министер за транспот, ...
Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, неочекувано беше елиминирана од Вимблдон веќе во осминафиналето, по што, секако, беше видливо фрустрирана и во лошо расположение. Како и по поразот на Ролан Гарос, таа рече дека ѝ е потребен одмор од тенисот, дека следниот период ќе го искористи за „добро да се напие и да се одмори“ и премина од зборови на дела. Додека Вимблдон влегува во финалето, Сабаленка се одмара на Миконос и покажа ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија продолжува да ја шири безбедносната зона во Украина, додека Киев продолжува да ја ескалира ситуацијата. Русија останува отворена за постигнување на целите преку мирни политички и дипломатски преговори, претседателот Путин останува отворен. Но, во услови каде тоа е невозможно, поради недостиг на подготвеност на режимот во Киев, продолжуваме со специјалната воена операција, посочи ...
Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка, учествуваше во меѓународната операција FIRSTLIGHT 2026 за сузбивање на онлајн-измами и перење пари, координирана од Интерпол, која се реализира во периодот од 15.1. до 30.4.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел – откривање и сузбивање измами со модус ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со Султан Раев генерален секретар на Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ (TURKSOY) На средбата, министерот Љутков упати благодарност за укажаното гостопримство за време на неговата посета на Анкара пред неколку месеци и изрази задоволство што генералниот секретар Раев, сега има можност да ја посети нашата земја, да се запознае со нашиот главен град, како и со ...
Царинските управи на Македонија и Хрватска креираат заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата, со што ќе се овозможи олеснување на легалната трговија и зголемување на трговската размена меѓу државите. Ова беше главниот заклучок од денешната средба во Хрватска остварена на високо ниво помеѓу делегации од двете држави, предводени од директорите на Царинските управи, Бобан Николовски и Марио Демировиќ, заедно со претставници од ...
Во главниот град на Словенија, Љубљана, синоќа се одржа протест, на кој се побара излегување од НАТО. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел и пренасочување на воените расходи кон јавната сфера. Демонстрантите исто така изразија критики кон сегашната ...
Во Народниот театар Битола се одржа прес конференција по повод најновата претставата „Кориолан“ на Шекспир, во адаптација и режија на американскиот режисер Џон Блондел. На 15 јули, со почеток во 20:00 часот, една од најмоќните политички трагедии на Вилијам Шекспир, ќе оживее под отворено небо, во магичниот амбиент на Предворјето на црквата „Св. Софија“, како дел од програмата на Охридско лето. Беа споделени и информации за претстојните ...
По повод Денот на Никола Тесла, ЕВН Македонија организираше едукативна посета на изложбата „20 години ЕВН Македонија – 20 години полни со енергија“ за група деца во Чифте амам. Како што соопштуваат од компанијата, најмладите имаа можност да откријат интересни факти за електричната енергија, да дознаат кој бил Никола Тесла и данаучат повеќе за електричната енергија, нејзиниот пат од производство до домовите и колку е важна во секојдневниот ...
Вистински хорор во воздухот доживеале патниците на авионот на „Рајанер“ што полетал од Солун кон Минхен во Германија денеска наутро. Според сведоштвата на патниците, сè започнало со силен звук сличен на експлозија, по што во кабината настанала паника. Наводно, поради падот на притисокот, воздухот го повлекол човекот што седел до оштетениот прозорец, додека неговата сопруга и другите патници се обиделе да го држат и да го вратат на неговото ...
Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка учествуваше во меѓународната операција „FIRSTLIGHT 2026“ за сузбивање на онлајн измами и перење пари координирана од Интерпол, која се реализираше во периодот од 15.01.-30.04.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел откривање и сузбивање на измами со модус ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави соопштение по повод лансирањето на платформата „Кој си бре ти?“ на кој граѓаните ќе може да обавуваат закани и неправди од функционерите и политичарите – Пред еден час, платформата www.kosibreti.rs започна со работа! Ви благодариме за довербата! – рече претседателот во описот на соопштението. Претседателот истакна дека е многу возбуден поради лансирањето на оваа ...
Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува и на подрачјето на Дебар, со цел да ја подобри контролата на сообраќајот, да ги намали незгодите и да ја зголеми безбедноста на патиштата преку поставување на безбедносни камери и контрола на брзината. Моментно во Дебар се поставуваат сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, кои наскоро ќе бидат во фаза на техничко тестирање а прекршоците сè уште не се санкционираат. Камерите и дел од ...
Координаторот на пратничката група на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска ги повика опозициските партии да постигнат договор за измените на Изборниот законик до 15 јули, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат, доколку во неа биде предвидено гласање на дијаспората. Стојаноски на прес-конференција во Собранието истакна дека работната група составена од координаторите на пратеничките групи ...
Со почеток во 20:15 часот, во рамки на Кинотека на Скопско лето, во Кинотека на Македонија ќе се прикаже филмот „Најдолгиот пат“ во режија на Бранко Гапо. „Најдолгиот пат“ е четвртиот игран филм на Бранко Гапо, кој е заснован врз вистински настани од почетокот на XX век, објавени во зборникот на Петре М. Андреевски „Темни кажувања“. Речиси целиот филм е снимен во екстериери. Режисерот Бранко Гапо успева да создаде автентична и длабоко ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по завршувањето на посетата на мисијата на УНЕСКО е многу поголем оптимист за изградбата на автопатската делница Требениште–Струга–Ќафасан и посочува дека сега останува само да се одбере трасата. Најважно е, посочи, дека ќе се реализира. Во однос на изградбата на автопатот, веќе не е прашање дали ќе се гради, тоа беше прашање пред да дојдат, имаше одредени размислувања ...
Со почеток во 20:00 часот во Музеј на град Скопје ќе се одигра детска театарска претстава „Тетка Марулка“ на Независниот театар Хит, чиј автор и режисер е Сашо Ристовски. „Тетка Марулка“ е најактуелната претстава за деца која е исполнета со многу комични, интерактивни и едукативни елементи. Целото дејство се случува во дворот на Тетка Марулка, која успева на сите да им докаже дека само со домашна одгледувана и приготвена храна може да си го ...
Со гала концертот „Љубов“ на големата оперска ѕвезда Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Тие ќе настапат под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми а во придружба на Националната опера и балет. Според првиот човек на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски,токму во вечно инспиративниот Охрид се испреплетуваат ...
Најискусните во таборот на кошаркарскиот првак браќата Војдан и Дамјан Стојановски ја продолжија соработката. За капитенот Дамјан Стојановски ова ќе биде 14. сезона во „сино-белиот“ дрес, во која ќе атакува на својата 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. За Војдан, пак, е шестата сезона во клуб, откако првпат го облече шампионскиот дрес на почетокот на 2022 година. Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште ...
Македонските аеродроми бележат рекорден раст на бројот на патници. Во првите шест месеци од годинава низ двата аеродроми поминале два милиони патници, што претставува раст од над 30 проценти во однос на истиот период лани, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Бројките излегоа денеска и се одлични. Имаме два милиони патници за шест месеци годинава, што е раст од над 30 проценти споредено со ...
Општина Струга исчисти и уреди дел од крајбрежјето кој ќе биде наменет за Градска плажа. Општинската прес-служба информира дека тоа е само прв дел од идната градска плажа, а јавниот простор најавуваат дека постепено ќе прерасне во уредено и достоинствено место за сите граѓани. Го исчистивме и уредивме просторот. Направени се услови за граѓаните да имаат можност да го користат јавниот простори и да уживаат. Ова е само почеток. Пред нас има ...
Античкиот театар Хераклеја во Битола на 29 јули ќе биде епицентар на македонската музичка традиција. Еден од најемотивните и најпрепознатливите вокали на нашата фолк сцена, Влатко Миладиноски, подготвува спектакуларен концерт под отворено небо. Придружуван од импозантниот оркестар на неговиот брат, маестро Златко Миладиноски, кој брои дури 30 врвни музичари, Влатко ветува незаборавна вечер посветена на автентичниот македонски дух и ...
Со вечерашниот настап на групата „Некст тајм“ започнува манифестацијата Велешко лето. Концертот е од 21 часот во амфитеатарот во Младински парк. Организаторот Општина Велес најавува програма со разновидни содржини и настани од областа на музиката, литературата, ликовната, филмската и други уметности. Настаните ќе се одржуваат на различни локации низ градот за да бидат достапни за сите граѓани на Велес. Велешко лето треба да трае до крајот на ...
Ноќва во 01:20 часот во ПС Гостивар, 41-годишен маж од Гостивар пријави дека во дворот на семејната куќа бил физички нападнат од неговата 37-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. Пријавената е лишена од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово. Ноќва во 01:20 часот во ПС Гостивар, 41-годишен маж од Гостивар пријави дека во дворот на семејната куќа бил физички нападнат од ...
„Генеративна Уметност: Инспирација или Имитација 2.0“ е наслов на изложбата, чиј домаќин и организатор, вечерва во 20 часот, ќе биде нашиот КИЦ во Белград. Овој проект поддржан од Министерството за култура и туризам, како носител го има познатиот академски сликар Роберт Цветковски, а ќе биде остварен во соработка со архитектонското студио АРХИКС, кого го претставуваат Ален Цветковски, Натали Велеска, Сара Велеска и Андреј Цветковски. Пред ...
Обвинителството соопшти дека група луѓе доцна во средата ги блокирала службениците задолжени за мобилизација додека биле на должност и им го превртела службеното возило, што предизвикало пошироки судири со полицијата и припадниците на безбедносните сили. Генералштабот на украинската армија остро го осуди нападот, но истовремено најави дека ќе го испита и однесувањето на службениците за мобилизација за да утврди дали имало евентуални ...