Прворангираниот тенисер на светската ранг листа, Јаник Синер, со победа против Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Вимблдон. Италијанецот покажа константна надмоќ во полуфиналниот дуел против српскиот тенисер и во три сета добиени со 6:4 во гемови, избори дуел за трофејот на најпрестижниот тениски турнир на светот. Во финалето, Синер ќе игра против германскиот тенисер Александар Зверев, кој во својот полуфинален дуел беше подобар од ...

Амнести Интернешнл побара истрага за можни воени злосторства поради три израелски воздушни напади врз јужен Либан во март годинава, во кои беа убиени 24 цивили, вклучувајќи 12 деца, оценувајќи дека постојат основи за сомневање дека е прекршено меѓународното хуманитарно право. Според соопштението на организацијата, нападите биле извршени на 6, 12 и 13 март врз станбени згради во областите Тире, Саида и Набати, при што биле убиени 24 цивили, ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја проширува истрагата за случајот со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, познат во јавноста како случајот со ботоксите, при што се осомничени уште четири лица. Како што соопшти Обвинителството, во рамки на истражната постапка вчера биле извршени претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи. ...

Намалување на бројот на сообраќајни несреќи во однос на лани, наплив на прекршоци за возење со енормни брзини по автопат во летниот период, но и зголемена свест кај возачите за возење под дејство на алкохол, покажале податоците од јануари до сега со кои располага полициската станица со општа надлежност во Гевгелија. Според информацијата за безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Гевгелија, презентирана на денешната ...

Претставници на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА, операторите на преносните системи од земјите од Вертикалниот коридор, Грција, Бугарија, Унгарија, Украина, Романија, Македонија и Србија, како и компаниите Гастрејд и ИЦГБ, денеска одржаа состанок во Атина, на кој присуствувале и министрите за енергетика на Грција и Бугарија, соопштија од грчкото Министерство за животна средина и енергетика, јави дописничката на МИА од Атина. ...

Македонија ги унапредила дигиталните услуги во рамките на земјите во Европа и бележи унапредување од 22 места, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при денешниот престој во Прилеп за промоција на прилепскиот Ценатар за дигитални услуги. Според Андоновски, прилепскиот Центар за дигитални услуги е единаесетти во Македонија кој за две години е отворен за унапредуање на услугите и за брзото издавање документи на ...

Белгиската фудбалска репрезентација се соочи со проблеми на Светското првенство во Канада, САД и Мексико. Белгиската федерација објави дека тренинг центарот што првично им беше доделен од организаторите за подготовки за денешниот четвртфинален натпревар против Шпанија не ги исполнувал „ниту минималните стандарди потребни за тренинг“. ФИФА брзо реагираше брзо и им дозволи на Белгијците да тренираат во комплексот на МЛС лигашот Лос Анџелес ...

Јури Џоркаеф (58), легендарниот француски фудбалер и светски шампион од 1998 година, го коментираше настапот на Кристијано Роналдо и португалската репрезентација на Светското првенство. Според него, Португалија доживеа вистинско разочарување на овој турнир. Роналдо постигна два гола во групната фаза против Узбекистан, но тимот не успеа да го поддржи својот најголем играч, смета Џоркаеф. Ако го земете Кристијано Роналдо на Светското првенство, ...

Германецот Александар Зверев е првиот финалист на овогодишниот Вимблдон, откако попладнево во полуфиналето го совлада Британецот Артур Фери, кој настапи на главниот турнир со вајлд карта, 7-6 (0), 6-2, 6-4. За 29-годишниот Зверев, ова е петто грен слем финале во кариерата, а прво на Вимблдон. Пред еден месец, Зверев триумфираше на Ролан Гарос и ја освои својата прва грен слем титула во кариерата, а играше и во финалето на Ју Ес Опен во 2020 ...

Се чини неверојатно дека најдоброоценетиот играч на Светското првенство е оној кој најмалку трча, најмногу оди по теренот и му се потребни најмалку физички атрибути, брзина, издржливост или други аспекти што се толку важни во модерниот фудбал. Неговиот талент му овозможува да го надмине сето тоа. Станува збр за Лионел Меси кој има највисок статистички рејтинг на Светското првенство со 8,7, но притоа вложува најмалку напор на теренот. Досега, ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе учествуваат на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, што на 13 јули ќе се одржи во Париз, соопшти Елисејската палата. Како што е наведено во соопштението, состанокот има за цел да се надогради моментумот за помош на Украина по неодамнешниот Самит на НАТО во Анкара и да се финализираат безбедносните гаранции за периодот кога ќе се постигне прекин ...

Стратегијата за вадење на бугарски пасоши во соседните држави која веќе успешно функционира во Македонија, властите во Софија ја присликуваат и во Србија. Во источниот дел во Србија, во градовите Пирот, Димитровград и Босилеград се отворени канцеларии во кои на жителите им се објаснува процедурата по која може да дојдат до бугарска патна исправа. Како што пишуваат тамошните локални медиуми интересот е голем бидејќи во тие краишта живее ...

Иран ќе одговори на секој напад врз неговата инфраструктура, вклучително и со напади врз Израел“, предупреди шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохамед Багер Золгхадр. Неговата изјава следува откако вчера израелскиот министер за одбрана Израел Кац наведе дека израелската армија е подготвена „и третпат, ако е потребно“ да го нападне Иран и тоа „уште посилно“. Армијата е подготвена и во состојба на готовност за ...

Владата веќе работи на измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, а паралелно се подготвуваат и мерки за намалување на залихите во млекарниците и за поддршка на домашните млекопроизводители, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира помош за секторот. Според Мицкоски, актуелните проблеми во млекарството се резултат на претходни измени на регулативата со кои биле олеснети ...

Откако ВМРО-OКГ и нивните партнери од ЗНАМ (кој веќе практично не постојат) нè навикнаа на тоа дека голем дел од владините функционери и нивните семејства имаат бугарски државјанства, сега добиваме и нов министер за земјоделство кој се школувал во Бугарија – се вели во партиско соопштение на СДСМ. Борче Серафимовски, предложен од ЗНАМ за министер за земјоделство, според достапните информации од лани поседува голема фотоцентрала за ...

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека тие остануваат на ставот за гласањето на дијаспората и дека ќе ги прифатат барањата на опозицијата за Изборниот законик и оти сега се фокусирани на постигнување елементарен договор со нив во Парламентот. Проблемот е што ние немаме единствен став во рамките на опозицијата за да можеме да постигнеме елементарен договор кога станува збор за Изборниот законик ...

Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ го одобрија новиот унгарски национален план за закрепнување и отпорност, што ја отвора можноста за пристап до 10 милијарди евра блокирани средства. Средствата беа блокирани поради обвинувањата за систематски прекршувања на владеењето на правото за време на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Новата унгарска Влада на премиерот Петер Маѓар поднесе изменет предлог за национален план за ...

Репрезентацијата на Шпанија е единствената на Мундијалот, која досега нема примено гол. На петте натпревари „црвената фурија“ има четири победи и еден нерешен резултат. Според тоа улогата на фаворит во четвртфиналето со Белгија ги промовира како фаворити. – Натпревар со Белгија ќе биде најтешкиот со кој сме се соочиле досега. Белгија е многу моќен тим. Ова се играчи кои се навикнати да победуваат. Ќе биде предизвикувачки натпревар, изјави ...

По пријавата за труење на шестмина вработени во фабрика во ТИР зоната во Штип, од Агенцијата за храна и ветеринство информираат дека до овој момент ги немаат добиено резултатите од лабараториските испитувања од земените брисеви и мостри од храната. Но, кај фирмата која ја обезбедува храната за вработените во фабриката во ТИР зоната од надзорот констатирани се отстапувања во хигиената од помал обем, за што како што информираат од АХВ на ...

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија (ДПТМ) денеска потпишаа Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка, со што парламентарното мнозинство се зголемува на 59 пратеници. По потпишувањето на договорот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски оцени дека станува збор за значаен чекор кон зацврстување на парламентарното мнозинство и политичката стабилност. Мицкоски истакна дека партнерството со ...

Полуфиналето од претходното Светско првенство остана недостижно за репрезентацијата на Мароко. Африканската репрезентација синоќа го загуби четвртфиналето од Франција со 0:2. – Тешко е, знаете – особено кога разговарате со играчите веднаш по натпреварот – да се зборува за жалење кога сте направиле ваков потег, стигнувајќи до четвртфиналето и давајќи се од себе – затоа што навистина чувствував дека играчите дадоа се од себе. Но, вистина е ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска учествувал на меѓународниот младински настан „Ринкамп“ 2026 (RinCamp 2026), кој се одржува во Република Албанија, каде бил панелист на сесијата „Европската интеграција во пракса: Предизвици и перспективи за младите во Македонија“. Прес-службата на Министерство за социјална политика, демографија и млади соопшти дека Лимани во обраќање истакнал дека Македонија и ...

Многу е важно да ѝ се дозволи на дијаспората да гласа. Ова се луѓе што во Македонија годишно носат над една милијарда во дознаки. Имаме доволно време за три години со напредокот на дигитализацијата, со нашата работа, да тестираме вакви можности за да го овозможиме ова право за нашата дијаспора – изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при денешниот престој во Прилеп и промоцијата на Центарот за дигитални услуги. ...

Мароканската заедница во Париз предизвика немири по синоќешниот пораз на СП. Погледнете Frankreich besiegt Marokko und Paris brennt. Das war zu erwarten. Die gleichen Bilder hätte es aber wohl auch gegeben, wenn Marokko gewonnen hätte 😡#WM2026 pic.twitter.com/IfpVcMJdcP — Steffan Nethe (@steffan_nethe) July 9, 2026 Мароканската заедница во Париз предизвика немири по синоќешниот пораз на СП. Погледнете Frankreich besiegt Marokko und Paris ...

Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување ...

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди, како што наведува, навредите што пратеникот Фатмир Битиќи ги упатил кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска за време на собраниската расправа. Од владејачката партија истакнуваат дека Димитриеска-Кочоска, покрај тоа што извршува јавна функција, е „жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност“. Во соопштението се наведува дека „нападите и ...

Најмногу со 30 години возраст ќе може да се аплицира за сместување во студентски дом и забрана од една до пет години за сместување ќе имаат студентите што ќе сторат потешки повреди на куќниот ред – ова се две крупни измени предложени во Законот за студентскиот стандард, кои се во моментот во Собранието. Ова денеска на средба со новинарите ги образложи министерката за образование и наука Весна Јаневска, која очекува измените да бидат донесени ...

Од Сенатот на УКИМ чекаме одговор дали ќе ја одобрат новата студиска програма на Медицинскиот факултет во Скопје за парамедици која треба да трае три години и со која ќе се реши недостигот на кадар во Брзата помош, изјави денеска министерот за здравство во заминување Азир Алиу на брифинг, одговарајќи на новинарско прашање. Освен што ќе се реши проблемот со недостиг на екипи за брза помош, тоа е тренд во светот. Ние завршивме со сите процедури ...

Европската комисија денеска ја обвини компанијата Мета за кршење на законот за социјални медиуми поради дизајнирањето на Фејсбук и Инстаграм со што ги навлекува корисниците подолго да останат на платформите. ЕК и нареди на Мета да ги оневозможи „клучните функции што предизвикуваат зависност“. ЕК тврди дека Мета не успеала правилно да ги процени ризиците по физичкото и менталното здравје на корисниците, вклучително и на малолетниците, од ...

Во текот на вчерашниот ден лишени од слобода се девет лица во Скопје, Македонска Каменица и виничко, откако кај нив при преглед е пронајдена дрога, соопшти денеска МВР. Ноќва на различни локации во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишија до слобода А.И.(22), Д.С.(24) и Д.И.(26), сите од Скопје, П.С.(20) и Л.Д.(19), двајцата од с.Волково, скопско и М.Б.(30) од Норвешка, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.52
13%
1013
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
2.71
20%
1013
weather icon

Загреб

39ᴼ / 39ᴼ
1.38
27%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
2.92
22%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.09
15%
1014
weather icon

Љубљана

38ᴼ / 36ᴼ
0.89
31%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.36
30%
1013
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
5.57
24%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.86
25%
1013
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
3.58
31%
1015
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
2.24
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
5.09
45%
1014
Currency

61.52

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Злато

130535.25

Родиум

265243.66

Платина

52855.83

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Сребро

1894.77

Калај

55.44

Иридиум

252383.36

Бакар

13.27

Паладиум

40445.64

Алуминиум

3.23

Рутениум

53852.50