Македонија се очекува да биде меѓу европските земји со највисок економски раст во наредните години, покажуваат најновите долгорочни прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои ги пренесува „Еуроњуз“. Според проекциите за периодот од 2027 до 2031 година, македонската економија би требало да бележи просечен годишен раст од 3 проценти, со што земјата се рангира на седмото место во Европа според очекуваното темпо на економски развој. ...

Со концерт на еден од најрепрезентативните кинески симфониски оркестри, Ningbo Symphony Orchestra, на 14 јули во 20:00 часот во НУ Центар за култура – Битола, започнува програмата на 56. Интернационален фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. За првпат во Битола ќе настапи оркестар кој за само една деценија стана еден од најзначајните културни амбасадори на Народна Република Кина и препознатливо име на светската симфониска ...

ОВЕН Денес ќе бидете полни со енергија и ќе сакате да ги завршите сите обврски што сте ги одложувале. На работа ќе се појави можност да ги покажете своите способности и да оставите силен впечаток. Во љубовта, партнерот ќе очекува повеќе внимание од ваша страна. Слободните Овни може да запознаат личност која веднаш ќе им го привлече вниманието. Внимавајте да не носите избрзани финансиски одлуки. БИК Пред вас е мирен и продуктивен ден. Ќе ...

Бројни културни, музички и спортски настани ќе се одржат во Струга преку програмата „Лето во Струга“ што од денеска ќе почне со фестивалот на стилизирани песни и ора „Кенге Јехо“. Од 14 до 20 јули ќе се одржи фестивалска недела „Струга фест“, на 19 пливачки маратон, а на 27 Ден на дијаспората. На 2 август ќе се одржи традиционалниот спортски фестивал „Илинден“, а од 6 до 9 филмскиот фестивал „Дрим шорт“. Од 5 до 10 август се одржува и ...

Претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, повторно на сцена ќе го врати еден од нашите најуспешни режисери во историјата на македонскиот театар, Иван Поповски, на македонска сцена. Премиерата ќе биде на 13 јули (понеделник) во 20 часот, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“, која е продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш ...

Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на државниот ...

Вечерва, 11 јули 2026 (20:30 часот), Кинотеката на Македонија ве поканува на проекцијата на македонскиот филм „Хај-Фај“ (1987) – дебитантскиот долгометражен игран филм на режисерот Владимир Блажевски, снимен по сценарио на Горан Стефановски. Ова значајно остварување на македонската кинематографија низ интимна семејна приказна го истражува судирот на генерациите, идеолошките поделби и сложениот однос меѓу татко и син, без да ја изгуби својата ...

Во деновите кога летната акција „Со книга на плажа“ е во полн ек, „Матица македонска“ ја збогатува годинашната понуда со две нови изданија од Лорелин Пејџ – „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“. Со нив, акцијата што се одвива под слоганот „Лето создадено од приказни“ добива уште една силна читателска линија: современа романса со напнатост, страст, тајни и емоционална приказна што се чита во еден здив. Лорелин Пејџ е едно од ...

Гледаме дека се работи се инвестира, Охрид се развива и Охрид полека но сигурно го добива она заслужено место коешто како град му припаѓа. Мислам дека со пуштањето на автопатската делница којашто ќе ги поврзе Кичево и Охрид ако биде се како што треба првиот квартал од следната година и оваа година есента очекувам да биде пуштена делницата од Извор до Врбјани, така што ќе се зголеми делницата којашто ја користат граѓаните како автопатска за ...

Поради најавените дождови и можност за невреме камерниот концерт насловен „Неочекувани поврзувања: Класичната музика и светот на тангото“ на ФЕЈМС Институтот, кој ќе се одржи на 12.07.2026г. (недела) со почеток во 20:30 часот, наместо во Сули ан, ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност. Ова е втор концерт на јулската концертна серија на ФЕЈМС Институтот и ќе се одвива под водство на реномираните уметници Веско Ешкенази и ...

Младинската македонска кошаркарска репрезентација со победата над домаќинот Словачка (71:63) го почна настапот на ЕП дивизија Б. Марко Луканоски беше еден од најзабележителните во македонскиот состав. Нашиот центар беше на чекор до „дабл-дабл“ ефект, натпреварот го заврши со 11 поени и девет скока, но потенцира дека најважна е победата на Македонија над домаќинот Словачка. Македонскиот тим денеска игра против Ирска. Одлично го отворивме ...

Бројот на загинати луѓе во двата големи земјотреса во Венецуела се искачи на 4.118, соопшти претседателот на Народното собрание Хорхе Родригез. Двата земјотреса што ја погодија Венецуела на 24 јуни повредени се 16.740 луѓе, а 17.907 лица останаа без домови. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени по Рихтеровата скала најтешко го погодија главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира, по што следеа повеќе од 600 последователни ...

Полицијата ја ослободи жената, која синоќа беше земена за заложник во супермаркет во главниот град на Германија, Берлин. Напаѓачот е неутрализиран, а заложничката е ослободена, изјави портпаролот на полицијата Штефан Петерсен-Шуман. Жената беше заробена синоќа околу 22 часот по локално време, во супермаркет во јужниот берлински кварт Мариенфелде. Полицијата ја ослободи жената, која синоќа беше земена за заложник во супермаркет во главниот ...

На 14 јули во Брисел ќе се одржи 9. Меѓувладина конференција Албанија-Европска Унија, каде што се очекува Албанија да ги затвори првите три поглавја од преговорите. Премиерот Еди Рама објави дека Албанија се подготвува за оваа важна фаза од процесот на европска интеграција, нагласувајќи дека патот кон ЕУ продолжува напред. Во објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека состанокот ќе се одржи во Брисел, во Советот на ЕУ. Првите три ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Цветан Трипуновски соопшти дека се објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над три хектари. Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот – нагласи министерот. Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во гостување во емисијата „Трилинг“ на 24 ТВ посочи дека за првпат во ребалансот на буџет се покачуваат средствата за капитални проекти за 14%, се со цел, како што кажа, зголемување на животниот стандард. За првпат во историјата од кога Република Македонија е независна во ребалансот се покачуваат средствата за капитални проекти за 14%. Ние ја кажавме нашата економска филозофија веќе кога ...

Репрезентацијата на Белгија го загуби четврт-финалето со Шпанија со 2-1 и на тој начин го заврши настапот на Светското првенство. Голем проблем во овој дуел беше повредата на голманот Тибо Куртоа, кој во 71. минута, кој беше заменет со Сене Ламенс. По натпреварот, голманот на Белгија ја изнесе ситуацијата околу неговата повреда. Почувствував нешто во мускулот при еден шут. Потоа, имав неколку одбрани, се чувствував добро, па помислив, во ред, ...

Амбасадорот на Македонија во Франција, Игор Николов, оствари средба со Виола Имери, добитничка на првото издание на наградата „Роксан Стојанов“, која, заедно со својата професорка Дафина Данилоска Кочевска, го завршува својот едукативен престој во Париз. За време на престојот, Виола имаше можност да соработува со светски познатата балерина од македонско потекло Роксан Стојанов, да посетува часови по класичен и современ танц во Балетската ...

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер ќе го брани трофејот на Вимблдон откако во полуфиналето го совлада седумкратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6:4, 6:4 и 6:4). Секогаш против Новак имам тешки мечеви. На Австралија опен направив неколку адаптирања. Тој имаше тежок меч во четвртфиналето против Феликс. Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот, а бев и агресивен од основната линија. Задоволен сум од ...

Во главниот град на Германија, Берлин во тек е полициска акција за ослободување на жена која синоќа беше земена за заложник во еден супермаркет. Жената е заробена синоќа околу 22 часот по локално време, но засега не е познат мотивот на киднаперот. Инцидентот се случи во јужниот берлински кварт Мариенфелде. Во моментот двајцата се во супермаркетот. Операцијата е во тек и во ова етапа не можам ништо повеќе да изјавам, наведе портпаролот на ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави дека формира посебна команда која ќе се фокусира на длабоките напади врз Русија, а ќе формира и нова сила за брз одговор, која ќе вклучува сили за напад и единици за беспилотни летала. Руската енергетска инфрастуктура илјадници километри оддалеченост изминатиот период е цел на украинските напади со дронови. Последните недели, Украина речиси секојдневно пријавува напади, а официјалните лица ...

По повторното разгорување на конфликтот на Блиски Исток преговорите за Меморандумот за разбирање помеѓу САД И Иран ќе продолжат утре во Пакистан. Пакистанската телевизија „Ал Хадат“ објави дека делегации на технички експерти од Иран и од САД ќе ги продолжат преговорите на 12 јули во Исламабад. Премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф во синоќешниот телефонски разговораше со емирот на Катар, шеик Тамин бин Хамад ал Тани за ситуацијата во регионот и ...

Стратегијата за вадење на бугарски пасоши во соседните држави која веќе успешно функционира во Македонија, властите во Софија ја присликуваат и во Србија. Во источниот дел во Србија, во градовите Пирот, Димитровград и Босилеград се отворени канцеларии во кои на жителите им се објаснува процедурата по која може да дојдат до бугарска патна исправа. Како што пишуваат тамошните локални медиуми интересот е голем бидејќи во тие краишта живее ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека и наредил на армијата да биде подготвена за напади врз Иран, ако Техеран се обиде или изврши атентат врз него. Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во овој ...

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Алијансата за еднаквост и европска правда и Партијата за европеизација и интеграција на Албанија доставија заедничко барање со препораки до Специјалната парламентарна комисија за изборна реформа на Албанија, со кое бараат суштински измени во изборното законодавство, со цел обезбедување на поефикасно политичко претставување на националните малцинства. Документот е доставен и до Народниот ...

Бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, парламентарното мнозинство продолжува да се консолидира, а пратеничката група сега брои 59 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ потпиша Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија, со што покажа дека има голем демократски капацитет и широк коалициски потенцијал. Со овој договор се испраќа јасна порака ...

Cеверна Кореја ги осуди САД и сојузниците за зајакнување на воените блокови, за интензивирање на вооружувањето и го повика Западот да го ограничи нуклеарното оружје. Осудата на Пјонгјанг уследи по Самитот на НАТО во Анкара, на кој претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјунг истакна дека се надева дека Сеул ќе ја прошири соработката со сојузниците на НАТО во истражувањата и развојот на технологијата, како и во производството на оружје. За ...

Англија против Норвешка во Мајами во дуел за полуфиналето на Светското првенство. Тие се фаворити, но не се големи. Сметам дека Англија е под поголем притисок од нас, но кога ќе почне натпреварот играчите не мислат на притисок. Бразил и Англија се може двете најголеми фудбалски нации со кои можеме да играме. Не е никаква тајна дека Кејн е нивниот најдобар играч, а Ерлинг (Халанд) кај нас, кој ни носи победи, но не ги потценувајте и другите ...

Од северните и источните делови на Тајван се евакуирани повеќе од 14.000 луѓе, првенствено од планинските региони, поради тајфунот Бави. Иако Бави слабее и не се очекува да го погоди брегот на Тајван, властите во Тајпеј презеде мерки на претпазливост за да спречат евентуални жртви. Откажани се 917 меѓународни летови, како и сите 274 домашни летови Во речиси сите градови и окрузи на Тајван денеска е неработен ден поради тајфунот. А ...

Кубанската национална електрична мрежа од синоќа повторно не испорачува струја. Тоа е втор прекин неделава, а четврти од почетокот на годината. Кубанското Министерство за енергетика на социјалните мрежи објави дека „се активираат протоколите за да почне процесот на закрепнување“. На 6 јули електрична енергија немаше низ цела Куба, при што беа погодени речиси 10 милиони луѓе. Во средината на мај без електрична енергија останаа источните ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.52
13%
1013
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
2.71
20%
1013
weather icon

Загреб

39ᴼ / 39ᴼ
1.38
27%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
2.92
22%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.09
15%
1014
weather icon

Љубљана

38ᴼ / 36ᴼ
0.89
31%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.36
30%
1013
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
5.57
24%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.86
25%
1013
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
3.58
31%
1015
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
2.24
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
5.09
45%
1014
Currency

61.52

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Родиум

265243.66

Сребро

1894.77

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.23

Бакар

13.27

Калај

55.44

Платина

52855.83

Иридиум

252383.36

Злато

130535.25

Цинк

0.00

Паладиум

40445.64

Кобалт

56.29