Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
За сè поголем број млади во Македонија, боречките спортови не се само натпреварување и освојување медали, туку начин на живот. Џудо, ММА, кик-бокс или бокс – зад секој избор стои лична приказна, дисциплина и постојана борба, не само во салата, туку и надвор од неа. Во земја каде што спортот често се потпира на ентузијазам наместо на систем, младите спортисти растат побрзо, но и потешко. Од случаен избор до олимписка сцена Еди Шерифовски има ...
На снимките што деновиве се проширија на интернет, хуманоиден робот се насмевнува, кимнува со главата и го гледа соговорникот директно во очи. Не изгледа како обична технолошка демонстрација, туку како средба со нешто што се обидува да ве разбере. Токму тој впечаток кај дел од публиката предизвика чувство на нелагодност при првата средба со роботот Моја. Претставена во Шангај, Моја е проект на кинеската компанија DroidUp, која ја опишува како ...
Европските регулатори ја обвинија апликацијата TikTok дека создава зависност кај корисниците и дека не ги почитува правилата на Европската унија за онлајн содржини. Поради тоа, на платформата ѝ се заканува казна до 6 проценти од глобалниот промет, како и обврска да го промени начинот на кој функционира во Европа. Европската комисија, по едногодишна истрага спроведена во рамки на Законот за дигитални услуги (DSA), објави прелиминарни наоди ...
Српската пациентка Јована Алексиќ, која боледува од меланом – агресивен карцином на кожата со метастази – ќе стане првата личност во светот што ќе започне лекување со новата руска вакцина против рак. Ова го соопшти Сергеј Бољевиќ, раководител на Катедрата за патологија при Универзитетот Сеченов во Москва. Според неговата изјава, терапијата се очекува да започне во наредните еден до два месеца. Тој нагласи дека не станува збор за клиничко ...
Собранието и во текот на 2025 година ги отвори своите врати за организирани посети и едукативни тури, овозможувајќи им на граѓаните одблизу да се запознаат со работата и просториите на законодавниот дом. Организираните тури се наменети за ученици, студенти, граѓански организации, странски делегации и други заинтересирани групи. Тие вклучуваат едночасовна обиколка со стручен водич, при што посетителите имаат можност да се информираат за ...
Иако женското генитално осакатување (ЖГО) е забрането во многу земји, животот по оваа штетна пракса останува речиси невидлив во јавниот дискурс. Штетата не завршува во моментот кога девојчињата и жените се подложени на ЖГО — за многу преживеани, токму тогаш започнува долга и тешка борба за правда, заштита и заздравување. За милиони жени и девојчиња ширум светот, самата законска забрана не значи и реална правда. Недостасуваат системи за ...
Првиот закон на термодинамиката во својата суштина го претставува принципот на зачувување на енергијата. Тој тврди дека топлинската енергија внесена во еден систем (Q) се троши на зголемување на неговата внатрешна енергија (ΔU) и на работата што системот ја врши кон околината (W), што математички се изразува со равенката Q = ΔU + W. Крајниот заклучок е јасен: енергијата не може ниту да се создаде, ниту да се уништи, туку само да се ...
Жените можеби се подеднакво често аутистични како и мажите, но момчињата имаат до четири пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани во детството, покажува голема студија. Истражување предводено од Институтот Каролинска во Шведска ги анализирало дијагнозите на аутизам кај лица родени меѓу 1985 и 2020 година. Од 2,7 милиони луѓе, 2,8% добиле дијагноза на аутизам меѓу втората и 37-тата година од животот. Истражувачите утврдиле дека до ...
На 19 февруари, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Ренато Чико (Renato Chicco), во Националната опера и балет во Скопје. Концертот ќе се реализира под диригентската палка на маестро Џијан Емин и носи силна интернационална џез-енергија на македонската сцена. Ренато Чико е музичар чие творештво се формирало на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години, во период кога ...
Граѓанската „Иницијатива за безбедно детство“ составена од родители, наставници, стручни лица и загрижени граѓани, покрена петиција со која бара системска и законска заштита на малолетниците во дигиталната средина. Со петицијата се бара забрана за користење социјални мрежи за деца под 12 години, регулација за возраст од 13 до 16 години со задолжителна родителска согласност, јасни санкции за платформите и национална програма за дигитална ...
Бебињата стари само два месеца се способни да категоризираат различни објекти во својот мозок, што се случува многу порано отколку што досега се сметаше, покажува најново истражување на невронаучници од Тринити колеџот во Даблин. „Родителите и научниците долго време се прашуваат што точно се случува во умот на бебето и што тие навистина гледаат додека го набљудуваат светот околу себе. Ова истражување го нагласува богатството на мозочните ...
Филмот „Sound of Freedom“ („Звукот на слободата“) е американска драмска продукција од 2023 која се занимава со суровата борба со трговците со деца. Овој филм брзо стана една од најтешко очекуваните и најдискутираните кинематографски приказни за темата трговија со деца и нивно спасување. Режисер е Алехандро Монтеверде, а главни улоги играат Џим Кавизел, Мира Сорвино и Бил Камп. За што се работи во филмот? „Sound of Freedom“ ја раскажува ...
На Националниот регистар на прописи (ЕНЕР) се објавени предлозите за новиот Закон за високото образование и Законот за квалитет во високото образование, а во наредните денови ќе биде поставен и Предлог-законот за научноистражувачка дејност. Со тоа започнува јавната консултација, во чии рамки граѓаните, академската заедница и институциите ќе можат да доставуваат коментари и предлози за новите законски решенија. Пакетот закони, подготвен од ...
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година бележат умерен раст, покажуваат најновите податоци. Во однос на декември 2025 година, тие се зголемени за 0,2 отсто, што укажува на благо месечно поскапување. На годишно ниво, споредбата со јануари 2025 година покажува поизразен пораст од 3,4 отсто. Овој раст на цените се поврзува со зголемените трошоци за работење во угостителскиот сектор, како и со влијанието на инфлацијата врз ...
На кратко, Moltbook е првата социјална мрежа за ВИ. На прв поглед, Moltbook лесно може да се помеша со копија на популарната социјална мрежа Reddit. Илјадници заедници, дискусии за сè – од музика до етика – и систем на гласање за објави, со наводни 1,5 милиони корисници. Но тука доаѓа клучната разлика: Moltbook не е наменет за луѓе. Тој е социјална мрежа создадена за вештачка интелигенција. Луѓето, како што наведува самата компанија, се ...
На 21 февруари, во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Дејан Пројковски. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред ...
На денешната прес-конференција, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави низа капитални проекти кои во 2026 година директно ќе се однесуваат на младите, учениците, средношколците и студентите во главниот град. Во рамки на буџетот за 2026 година се предвидуваат средства за изградба на нови паркови, со цел зголемување на зелените површини и подобрување на квалитетот на живот. Како прв ваков проект беше најавен Мега парк ...
Што ако инјекција на еден протеин може да помогне во лекувањето на синдромот на пропустливи црева и тешка депресија? Ново истражување од Универзитетот Викторија, објавено во списанието Chronic Stress, покажува дека гликопротеинот наречен рилин би можел во иднина да има таква улога. Во здраво тело, гастроинтестиналниот систем (желудникот, тенкото и дебелото црево) строго контролира кои материи влегуваат во крвотокот. Меѓутоа, хроничниот стрес ...
Кога дознала дека нејзиниот син Леон има аутизам, Амела веќе имала ќерка со типичен развој. Андреа е родена со деформитет на стопало, кој барал посебен третам. Но нејзината ќерка била со типичен развој, па за многу скоро од раѓањето на Леон забележала дека знаците кои ги покажува не соодветствуваат со развојните постигнувања за негова возраст. Тогаш почнала да бара решение за неговата состојба преку медицината. Од разговор со лекарите ...
Во рамки на рубриката „Старо-Нова Македонија“ Радио МОФ споделува статија објавена во весникот Нова Македонија во 1945 година, од страна на д-р Павел Шатев, првиот министер за правосудство во Македонија во рамки на Југославија и еден од најблиските пријатели и соработници на Гоце Делчев. Во омажот за Гоце Делчев, Шатев со должна почит говори за делото на Гоце Делчев, но и ги запишува важните биографски податоци за неговиот живот. Со тоа, дава ...
Како изгледа кога еден навидум нормален живот, на здрав човек во својата младост ќе се претвори во предизвик. Кога плановите за иднината кои се сродни со оние на својата генерација ќе се растворат во едно соопштување на дијагноза, од која единствен „спас“ е трансплантација на орган. Дарко Најдевски e пациент со двојна механичка потпора на срцето (BIVAD), кандидат за трансплантација на срце кој 5 години чека донор. До откривање на својата ...
Зошто превенцијата мора да почне рано – и зошто младите не смеат да останат надвор од разговорот е прашањето кое се поставува на Светскиот ден за борба против ракот. Светскиот ден за борба против ракот не е само датум во календарот. Тој е потсетник дека ракот не е „туѓа приказна“. Тој е дел од нашите семејства, од нашите пријатели, од нашето секојдневие, вели Д-р сци. Сања Саздовска, државен советник во Министерството за здравство и ...
Младите се движечката сила во секое општество, иднината и надежта за подобро утре. Од односот на институциите, општеството и власта кон младите може да се согледа сериозноста, одговорноста и грижата за иднината. Инвестицијата во услови кои го подобруваат квалитетот на животот помеѓу младата популација се долгорочни и ефикасни во поглед на создавање функционален систем кој ќе го превенира еден од најгорливите проблеми на современието, а тоа е ...
Оваа песна е само желба Дека некој ќе го изеде Она што ме јаде, Дека она што ме одзема може Некому да даде. *** Под рефлекторите меѓу мозаиците на Глигор Чемерски, на ридот Локубија, лани летото на Споменикот на слободата во Кочани свиреа повеќе бендови, меѓу кои и „Алембик“. За оние што подолго време не ги гледале – на „Расплет“ ги видоа во проширен состав. Исто така, аудиториумот слушаше нови, свежи необјавени теми што беа музичка надградба ...
Поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски почина денеска во Скопје, потврди семејството во објава на социјалните мрежи. Јанчовски имаше 58 години. Тој е автор на над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја. На 23 јануари на својот профил на Фејсбук објави дека излезе книгата „60 икони на Мајката Божја“ од Аријан де Сен-Марк чиј уредник и преведувач е Јанчовски и најави промоција за еден месец. Собрани дела од ...
„Лице в лице“ ги објави победничките дела од повикот за млади креативци „Осмели се, инспирирај, промени – Политичкиот интегритет низ очите на младите“. „Добивме 31 дело со силни и храбри визуелни пораки за корупцијата, одговорноста и општествените вредности. Жири комисијата се одлучи за трите најдобри, а уредничкиот тим на ‘Лице в лице’ доделува и една специјална награда“, посочуваат организаторите од улично списание за одржлив развој. Две ...
Македонскиот фри-џез состав „Светлост“ утре, 31 јануари свири во „Ѕе“, како завршеток на нивната тридневна турнеја. „Музиката на ‘Светлост“ носи елементи на дарк, дум, панк, модални и психоделични форми на џез. Најновиот албум на бендот, ‘Everything Was As It Had Been a Minute Ago’ од 2024 година, беше ко-издание од ‘PMGJazz’ (Скопје) и ‘Inverted Spectrum Records’ (Будимпешта/Анкара/Белград) беше нивни трет албум на листата на Bandcamp Daily ...
Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците. Проблемот може да се реши со оптимизација на училишната мрежа, воведување едносменска настава и продолжен престој во училиштата. Тоа ќе донесе и подобри резултати на нашите ученици на ...
Брод полн со свеж звук, пловејќи по новиот бран на македонски бендови стига до вашите уши во „Лабораториум“. Вака организаторите од „Ре:старт“ го најавуваат годинешниот самостоен фестивал – од млади за млади, кој ќе се одржува на 6 и 7 февруари. Намерата на фестивалот е да ги прикаже бендовите кои највеќе се истакнаа минатава година. „’Ре:старт’ повикува 8 млади македонски групи да го покажат својот звук. Овие храбри морепловци можете да ги ...
Кинотека на Македонија ја објави својата програма за февруари 2026 година, за која вели дека претставува внимателно изграден мозаик од современи авторски визии и значајни европски остварувања, кој уште еднаш ја потврдува Кинотеката како простор на мисла, чувствителност и отпор кон заборавот. „Ова не е програма што нуди лесна забава, туку покана за длабинско гледање и активно учество во филмот како уметнички и етички чин“, соопштуваат од ...