
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



По објавувањето на ланското дебитантско EP „Isla“, „Стотројка“ го претставува и првото долгосвиречко издание на ΚΑΛБΥΛΑ, насловено „Моин“. Промоцијата е закажана за денес (четврток, 12 јуни) во 21 часот, во клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија. Вечерта ќе ја заокружи електронскиот артист ΜΕΔΑΡСКИ со танцова електроника во живо. „’Моин’ на ΚΑΛБΥΛΑ нурнува во племенски, ритуалистички и психоделични звучни пејзажи, нудејќи перспектива на ...
Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија вели дека долго време Министерството за здравство не е транспарентно во работата, а во меѓувреме ја намалува терапијата и не одговара на нивните барања. Токму затоа, оттаму јавно му се обраќаат на новиот министер Азир Алиу посакувајќи му добредојде на позицијата и поставувајќи му прашања на чиј одговор се надеваат веќе три месеци. Според сојузот, има нови 500 пациенти кои имаат потреба од ...
Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) информира дека студентскиот дом „Пелагонија“ ќе биде отворен за сите студенти на кои им е потребно сместување во текот на летото, почнувајќи од 1 јули 2025 година. Од УСС-УКИМ ги објавија и цените за сместување. „Доколку ви треба сместување за неколу вечери цената е 300 денари од вечер. Цената за еден месец е 4.000 денари. Цената за издавање на цела соба (4 ...
Седмото издание на изложбата „Фемина 8“ насловен „Истокот и Западот“, во кој соработуваат жени уметнички од Германија и Македонија, ќе се отвори утре, 12 јуни, со почеток во 20 часот во Кинотека на Македонија. Кураторки на изложбата се Јана Манева-Чупоска и Ирена Паскали. „Главната работна тема е поврзувањето на културолошките тенденции на една жена во средината и општеството во кои таа живее и твори. Сите различни аспекти на егзистирање во една ...
Иницијативата „Супорт Кочани“ (Support Kocani) ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека за потребите на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во износ од 923.458,00 денари – средства целосно обезбедени преку донации. Компресивната облека треба да пристигне во Кочани околу 16 јуни. „Обезбедени се и средства за втора тура компресивна облека, за која на 16ти и 17ти јуни ќе дојдат повторно експерти од Бугарија и ќе започне ...
Драгана Заревска алијас „Телемама“ го објави своето ново ЕП наречено „Прага“ (Praga), кое е правено со Бранко Аврамовски (музика, инструменти, аранжман). „Прага“ се состои од четири песни, а во втората учестуваат и Мехди Маснауи-Роти и Каи Гранаас. За миксот и мастерот беше задолжен Дени Крстев во студиото „1060“. Иницијалниот план на „Телемама“ беше да свири интимни акустични концерти за своите пријатели, но низ годините можевме да ја видиме и ...
Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството за образование и наука (МОН) и истите ќе бидат заменети со нови пред почетокот на новата учебна година. За оваа намена обезбедени се буџетски средства и нема потреба да ги разочаруваме ниту учениците, ниту нивните родители кои оправдано реагираат до министерството дека нивните деца добиваат учебници без ...
Вчера, на петтиот фестивалски ден на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп беа одиграни „Парови“ на Драмски театар, „Бура“ на прилепскиот театар и монодрамата „Ла Макбет“ од актерот и режисер Хакан Даци. Тркалезната маса, пак, вчера беше одвоена за претставата „Ричард Трети“ од Шекспир, во режија на Куштрим Бектеши од Албански театар. „Претставата беше долга, комплексна, всушност, како што е и текстот на Шекспир. Се разбира, не беше едноставно да се ...
На меѓународниот хорски фестивал и натпревар „Црноморски звуци“ кој се одржа од 4 до 8 јуни во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ оствари неверојатен успех со освојување на главната „Гран при“ награда. „Ова е уште еден во низата успеси на хорот и маестро Сашо Татарчевски“, истакнуваат од МКЦ. Фото: МКЦ Освен на натпреварот, хорот зеде учество и на концертите на фестивалот како и на мастер предавањата каде се изучуваа нови композиции заедно ...
Скопската Општина Ѓорче Петров започнa со доделување на субвенции за купување на нови велосипеди. „Ги повикуваме сите жители кои имаат купено велосипед во 2025 година или планираат да купат до 30 јуни, да аплицираат и да добијат до 3.000 денари поврат на средства“, стои во вовикот. Од таму објаснуваат дека јавниот повик важи до 30 јуни 2025, или до исцрпување на буџетот. „Аплицирајте лично во архивата на Општината, секој работен ден од 08:30 до ...
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги информира средношколците кои исполнуваат услови дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобус за време на летниот распуст. „Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите нса Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година, која, меѓудругото, вели ‘со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на ...
Следниот, шести по ред, албум во издание на „Аксиома“, ќе излезе следниов четврток (12 јуни). Се работи за албумот „When out for cigarettes“ (Замина по цигари) на Костадин Делиниколов, македонски музичар кој живее и работи во Детмолд, Германија. Ја објавуваме интегрално македонската верзија на пропратниот текст на Вангел Ноневски од „Аксиома“, кој ќе го придружува албумот на Бендкемп: Замина по цигари… …и никогаш не се врати во оригиналната ...
„Фантазија“ е насловот на овогодишниот традиционален концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи во петок, на 13 јуни, со почеток во 20:30 часот во Градски парк. На програмата е музиката од анимирани филмови од продукцијата на „Дизни“, а диригент е Тимоти Редмонд од Велика Британија. Како солисти ќе настапат сопранистката Биљана Јосифов, тенорот Денис Димоски и бас баритонот Иван Наумовски. На концертот ќе се изведат избрани композиции ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека ваучерите од 250 евра за студентите за купување на електронски уреди ќе бидат доделени од наредната академска година. Оваа мерка за првпат беше најавена во октомври минатата година. „Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден ...
Следниот, шести по ред, албум во издание на „Аксиома“, ќе излезе следниов четврток (12 јуни). Се работи за албумот „When out for cigarettes“ (Замина по цигари) на Костадин Делиниколов, македонски музичар кој живее и работи во Детмолд, Германија. Ја објавуваме интегрално македонската верзија на пропратниот текст (рецензија) на Вангел Ноневски од „Аксиома“, кој ќе го придружува албумот на Бендкемп: Замина по цигари… …и никогаш не се врати во ...
Неделава ќе се одржат промоцијата и читачкиот кружок на првата збирка теориски есеи од Ивана Хаџиевска, „Суспендирана итност. Есеи од крајот на времето“, со која воедно се отвора едицијата „Современа теорија“ во издавачката куќа „Илика“. Промоцијата на книгата ќе се одржи на 13 јуни, во 19 часот, во кафе-книжарницата „Буква“. Разговорот со авторката ќе го модерира преведувачката и истражувачка Андријана Папиќ Манчева, а низ него ќе допрат до ...
Ако лани темата на ,,Стрип трип” беше „Самураи во град“, неофицијално годинава е „Музика и стрип“. Како главен гостин на фестивалот беше реномираниот стрип-автор Рајнхард Клајст од Германија кој во препознаен по графичкиите биографии за Дејвид Боуви, Ник Кејв и Џони Кеш, како и графичките романи „Боксерот“ и „Олимписки сон – Приказната за Самија Јусуф Омар“. Тој во МКЦ се потпишуваше на своите дела, меѓу и „Стармен – Годините на Дејвид Боуви ...
Наташа Неделкова, Крсто Глигорјадис и Мила Добревска се финалисти за наградата „Денес“ која се доделува за млад/а визуел(е)н/а уметни(к)чка во Македонија до 35 години од организацијата Факултет за работи што не се учат (ФРУ) во соработка со Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“, резиденциската програма „Residency Unlimited“ (RU), Њујорк и фондацијата „Trust for Mutual Understanding“, Њујорк. Наградата „Денес“ се доделува на годишно ниво ...
Вториот ден, 7 јуни, од педесет и деветото издание Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ помина со громогласни аплаузи и овации за актерите од Народниот театар во Битола по изведбата на „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. Се реализираше и првата тркалезна маса за претставата „12“ на Македонскиот народен театар, каде се разви дускусија која ја водеше Звонко Димоски. Тој рече дека концептот на ...
Германските вооружени сили имаат три години да набават опрема за справување со евентуален руски напад врз територијата на НАТО, изјави раководителката на воените набавки, пренесува Ал Џазира Балканс. Одбраната стана приоритет на политичката агенда откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, а неодамна САД ги охрабруваат членките на НАТО да ги зголемат своите обврски. „Сè што е потребно за целосна одбранбена подготвеност ...
„Патување“ е темата на 25. издание на „Неделата на италијанскиот филм“ ќе се одржи од 9 до 14 јуни во Кинотела на Македонија. „На овогодишното издание ќе бидат прикажани шест од најуспешните филмски остварувања на современата италијанска кинематографија. Филмовите, сите дистрибуирани помеѓу 2024 година и првите месеци на 2025 година, се учесници на престижни меѓународни фестивали и добитници на значајни награди и признанија од критичарите и ...
„Просторни реадаптации 4“ е изложба на Скопската плажа како место за културна практика, каде што група автори со своите мултидисциплинарни и инвентивни истражувања го трансформират отворениот простор на некогашната скопска плажа, преполнувајќи го со разновидни концепти кои нудат свежи перспективи и давајќи му нова смисла. „Затоа, повторно оваа година на 7 јуни (денес, сабота) во 19:30 ч. ќе се оствари ново pop-up продолжение, Просторни ...
Педесет и деветото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ се отвори вчера во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со изведба на претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов на Македонски народен театар (МНТ). Се доделија и наградите за животно дело изработени од прилепски мермер на актерите – Снежана Коневски-Руси, Соња Михајлова и Гоце Тодоровски. „’Смеј се и осмели се’ е мотото на овој фестивал. И како што го одлучив ...
Голем руски напад со дронови и ракети ја погоди источната украинска престолнина Харкив денеска, при што, според локалните власти, загинаа најмалку три лица, а 21 се повредени. Нападот — последен во низата речиси секојдневни обемни напади — вклучуваше и воздушни „глајд-бомби“, кои станаа дел од жестоката руска офанзива во војната што трае веќе три години, пренесува новинската агенција Асошиејтед Прес (АП). Интензитетот на руските напади врз ...
Неодамна беше отворен бар во Дорќол во Белград каде гостите можат да уживаат во својот омилен пијалок додека им прават друштво зајаци, пренесува Н1 со видео репортажа. Менаџерката Зорица Јовановиќ наведува дека идејата ја добиле од голема љубов кон животните. „Секој мора да ги дезинфицира рацете пред да влезе, мора да носи обувки, тоа го правиме за да не мора да се грижат, а потоа влегуваат во царството на зајаците. Во тоа царство, тие можат да ...
Влада на Македонија воспоставува нова телефонска линија за директна комуникација со повредените и нивните блиски во трагедијата во Кочани – 070 355 526. Ќе ја управува Концеларијата на претседателот на Владата, а ќе биде активна од понеделник (9 јуни) и ќе функционира непрекинато, изјави денеска потпаролката Марија Митева. „Преземањето на овие активности не се заклучоци донесени од канцеларија – тие се резултат на директна комуникација на терен, ...
Вчеравечер започна дваесет и четвртиот „ОФФест“ со Драган и Ратко Даутовски и италијанскиот музички ансамбл „Canzoniere Grecanico Salentino“ во Националната опера и балет. Звучни вредности извлечени од длабочината на нашата фолклорна ризница, често надградени и осовременти, се уметничкиот белег на Драган Даутовски, кој е иницијатор на страста за музика кај неговиот син Ратко. „Canzoniere Grecanico Salentino“ (CGS) по девет години повторно ...
Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, на денешната владина прес-конференција изјави дека 12 повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство, пренесе агенцијата Мета.мк. „Во моментот имаме 12 повредени на лекување во болница, од тоа 7 се во странство и 5 се во земјата. Од овие 12 повредени кои сè уште се лекуваат во болници, 1 сè уште е во, условно да кажам, тешка ...
„Како најбитна работа за младите е тоа што стрипот им ја отвора фантазијата и им е најевтин медиум, каде би можеле да ги пренесат своите идеи. За стрип минимум треба молив и хартија. А, со молив и хартија на крај можат да излезат чудесии“. Давор Драмиќанин од „Макстрипови“, кога со Радио МОФ лани правевме видео репортажа, ни ги раскажа моќите и можностите на стрипот, кој е вброен како деветта уметност. Дека можностите на стрипот се големи, ...
Јапонската компанија „iSpace“ повторно се обиде да го слета својот беспилотен вселенски брод на Месечината, две години по претходната неуспешна мисија, во обид да стане првата компанија надвор од Соединетите Американски Држави што ќе слета на Земјиниот сателит, пренесува Ал Џазира Балканс. Компанијата „iSpace“ со седиште во Токио очекуваше да им се придружи на американските компании „Intuitive machines“ и „Firefly Aerospace“, кои веќе постигнаа ...