Зборувајќи за глобалните нуклеарни прашања во интервју за неколку европски медиуми, Гроси исто така изјави дека Украина донела правилна одлука кога го предала своето нуклеарно оружје на Русија по распадот на Советскиот Сојуз во 1990-тите, бидејќи, како што рече, во спротивно меѓународната заедница би можела да одбие да го признае нејзиниот суверенитет, објави полската „Република“. Гроси зборуваше и за предизвиците што ги претставуваат Иран и ...

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата. „Прво, еден комисиски амандман, ќе побараме Комисијата за финансирани буџет да го прифати, ...

Педесет и седумгодишниот З. Ч. од струмичко Ново Село се соочува со кривично гонење откако во јавноста се појави видеозапис на кој физички ја малтретира сопствената ќерка, стара само единаесет години. Според СВР Струмица, инцидентот се случил на 8 јули во дворот на семејната куќа. По разводот од сопругата, токму пријавениот е законски старател на детето. Веднаш по објавувањето на видеото на социјалните мрежи, полициски службеници го ...

Европската комисија објави финансиска поддршка од 2,3 милијарди евра за Украина, со цел помош при обнова од штетите предизвикани од руската инвазија. Помошта беше соопштена од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на меѓународната конференција за реконструкција на Украина што се одржува во Рим. Пакетот вклучува 1,8 милијарди евра гаранции за кредити и 580 милиони евра во форма на грантови од меѓународни и билатерални ...

Годинава рекордот би можел повторно да биде срушен. Ова го покажуваат истражувањата во најголемите германски градови бидејќи многу од нив повторно бележат значително зголемување на бројот на натурализации. Берлин е предводник, каде што 20.060 имигранти станаа германски државјани во првата половина од годината. Тоа е повеќе од двојно во споредба со целата 2023 година – делумно затоа што апликантите се проверуваат сè помалку лично, туку само ...

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера 09.07. на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течно лепило, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година. ...

Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден. Но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на власта, порача претседателот на Социјалдемократкиот сојуз, Венко Филипче. На денешната прес-конференција тој истакна дека вчерашната одлука на Европскиот Парламент и усвојувањето на извештајот се резултат на опасно застранување од стратешките позиции на државата и злоупотребата на јазикот и идентитетските ...

Успесите од јуни ја вратија фудбалската репрезентација на Македонија во повисоко друштво: новиот извештај на ФИФА ја позиционира селекцијата на 62. место, што е напредок од пет позиции во однос на мајскиот ранг. Главни „поени“ се освоени со ремито 1-1 против Белгија во Скопје и гостинската победа 1-0 над Казахстан во мундијалските квалификации. Како изгледа врвот На самото чело нема промени – Аргентина останува прва, пред Шпанија и Франција. ...

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера попладне, во близина на шумски пожар во с. Лозаново, е пронајдено тело на засега неидентификувано лице. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причината на смртта и идентитетот. Пожари ЦУК евидентира вкупно 13 пожари на подрачјето на Куманово и Старо Нагоричане во последното деноноќие. Сообраќајна незгода Околу 14:30 ч. на магистралниот ...

За да бидам Македонец и да говорам македонски јазик не ми треба одлука на политичко тело, но… Ние самите дозволивме темата да биде политизирана, инструментализирана и претворена во спектакл. Андреја СТОЈКОВСКИ Пред петнаесетина години, сакајќи да ја приближиме Европската Унија до нашите граѓани, притоа да им укажеме на придобивките од пристапувањето, но и на потребите од менување на различните секторски политики, со една група на истомисленици ...

Пожарот во општина Чучер-Сандево вчера ги зафати и просториите на „Фриком“. Изгоре магацинот на „Фриком“, кој како дистрибутивен центар, ја снабдува цела Македонија. Благодарение на брзата реакција на службите и компанијата нема настрадани, сите вработени се на безбедно. „Најважно за нас е што ниту еден од вработените и луѓето што учествуваа во гаснењето на пожарот не е повреден. Нашите тимови веќе работат на проценка на состојбата и ...

СВР Велес извести дека на 7 јули, околу 22 часот, по меѓународно барање на Интерпол-Србија, на приватна адреса во Велес е лоцирана 15-годишна малолетничка од Република Србија која претходно била евидентирана како исчезната. Девојчето било затекнато во домот на 30-годишната Р. Д. од Велес. Разговорот со малолетната лице е извршен во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи – Велес. Според полициското соопштение, девојчето ...

Вчера, единствениот број за итни случаи 112 прими вкупно 4 199 повици – најмногу досега во едно деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, 711 завршија како интервенции во кои беа вклучени полицијата, Итната медицинска помош или противпожарните единици. Најголем дел од јавувањата биле пожарни дојави – 41,7 %, што ЦУК го поврзува со активните огнени жаришта околу Дојран и Визбегово. Полицијата пак реагирала на 286 повици, ...

Во петок, Новак Ѓоковиќ ќе игра против Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон и тој натпревар, што го дели од финалето, го дочекува во одлично расположение. Барем судејќи според видеото што го објави на своите профили на социјалните мрежи. Таму пее стара песна „Коси тато, косам јас“ и го копира својот татко Срѓан. Ноле објави краток клип од себе со косилка, како ја коси тревата и ја пее „Коси тато, косам јас, косиме двајцата“ во одело, со ...

Кога каскадата од инфлација стигна и до фрижидерите, Вашингтон се реши на необичен потег: администрацијата на претседателот Доналд Трамп покрена тужба против сојузната држава Калифорнија. Во поднесокот до федералниот суд во Лос Анџелес се тврди дека калифорниските правила за хумано одгледување кокошки – пропишани уште со референдумската Пропозиција 2 (2008) и заострени во 2018 – создаваат „неоправдана бирократија“ и ги креваат трошоците за јајца ...

Во новата епизода на шорткастот на ИМА „Интеркултура” со Роберт Алаѓозовски, гостин е Апостол Симовски, експерт по демографија и поранешен директор на Државниот завод за статистика, во чиј мандат се спроведе и пописот на населението во 2021 година, по речиси две децении застој. Коментирајќи ја последната бура во јавноста околу предложениот данок за немажени и неженети луѓе, Симовски нагласи дека демографската политика не смее да се базира само ...

Сите мигранти кои нелегално ќе пристигнат во Грција ќе бидат уапсени и притворени, разгледувањето на барањата за азил за оние кои пристигнале од северна Африка ќе се суспендираат на три месеци, а на Крит ќе функционира центар од затворен тип за прием на мигранти, се мерките на грчката Влада за справување со мигрантското прашање што денеска ги соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис. Во неговиот говор во Парламентот, Мицотакис се осврна и ...

Според Руте, тоа ќе произведе квантен скок за колективната безбедност. „Ова е неопходно за да се одговори на длабоките безбедносни закани со кои се соочуваме, како што се заживувањето на Русија, тероризмот, кибер нападите, саботажата и жестоката глобална конкуренција“, рече тој по состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц по повод 70-годишнината од приклучувањето на земјата во Алијансата. Тој додаде дека е важна обврската на европските ...

Рацин.мк испрати неколку прашања до порталот Арно.мк којшто се посвети не една исклучителна важна мисија во којашто со помош на вештачката интелигенција (ВИ) влегоа во процес да го претстават македонскиот јазик достоинствено во глобалниот дигитален простор. Простор во кој „големите јазици“ како англискиот, кинескиот или шпанскиот го диктираат темпото на технолошкиот развој. Од Арно.мк велат дека тоа не е само нивна технолошка фантазија. Тие ...

Биткоинот денеска постави нова историска граница: на азиското тргување достигна 111 988,90 USD, а потоа се стабилизира околу 111 300 USD. Од почетокот на годината водечката криптовалута поскапе за повеќе од 18 %, што аналитичарите го сврзуваат со свртеницата во Вашингтон – Белата куќа предводена од претседателот Доналд Трамп го третира дигиталниот имот како стратешка класа. Што ја турка цената нагоре? Реакции од пазарот Инвестициските куќи ...

Словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева ја смирува јавноста по вчерашното усвојување на извештајот за Северна Македонија. Во изјава за „Канал 5“ таа повторува дека Европскиот парламент „нема, ниту некогаш ќе си земе за право“ да решава за идентитетот или јазикот на која било нација. „Идентитетот не може да се земе со лобирање или со гласање. Фактот дека некои формулации се избришани не значи дека македонскиот јазик е ...

Велика Британија и Франција се договорија да нарачаат дополнителни крилести ракети „Сторм Шадоу“, додека паралелно разговараат за заеднички развој на нивен наследник, како дел од обновениот одбранбен пакт, објавија британските медиуми по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Лондон. Ракетата „Сторм Шадоу“, или СКАЛП како што ја нарекуваат Французите, има долг дострел и веќе се користи од страна на Украина за напади во длабочина ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се подготвува да се соочи со редок предлог за недоверба во Европскиот парламент. Предлогот за укор – поднесен од крајно десничарскиот, скептик кон вакцините, романски европратеник Ѓорге Пипереа – формално се однесува на одбивањето на фон дер Лајен да ги објави СМС-пораките што ги разменувала со извршниот директор на „Фајзер“ во пикот на Ковид-пандемијата. Нејзиното одбивање да ги ...

Руските власти од почетокот на војната во Украина конфискувале имот вреден околу 50 милијарди долари, покажува ново истражување објавено од московската адвокатска канцеларија НСП (Некторов, Савељев и партнери). Истражувањето, кое прв го објави весникот „Комерсант“, ја опишува оваа појава како дел од економски модел „Крепост Русија“, насочен кон затворање на економијата и државна контрола. Во последните три години, претседателот Владимир Путин ...

Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска ќе одбележи 80 години од основањето. Во фокусот ќе биде улогата на Црвениот крст во унапредувањето на хуманоста и солидарноста, тековните активности на организацијата, а посебен акцент, како што најави Црвен крст на РСМ, ќе биде ставен на неодамнешниот хуманитарен одговор по пожарот во Кочани. -Во знак на благодарност за поддршката и афирмацијата на хуманите вредности, генералниот секретар ...

Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје денеска организира панел-дискусија „Искористување на демографскиот потенцијал преку родово одговорни семејни политики“. Како што е најавено, ќе учествуваат претставници од УНФПА, Владата, од невладиниот и од приватниот сектор, работодавачи, синдикати, со цел зацврстување на дијалогот за родово одговорните семејни политики. -Преку информирање на приватниот сектор за ...

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Михалис Рокас денеска ќе ја посети општина Охрид како дел од иницијатива за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалното население. Делегацијата на ЕУ во Скопје соопшти дека Рокас ќе ја почне посетата со средба со градоначалникот Кирил Пецаков и членовите на Општинскиот совет. -За време на средбите ќе се истакнат придобивките од пристапувањето кон ЕУ како и конкретното ...

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека денеска ќе има прекини во снабдувањето со струја кај дел од корисниците во општините Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, а без вода ќе бидат делови од Кисела Вода и Центар. Без електрична енергија денеска од 08.00 до 12.30 часот ќе бидат корисниците од улица „19“, Радишани, општина Бутел, од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од ул.„Tодор Чангов“ 51,53 ул. „Ѓорѓи Карев“, ...

Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот и ќе бидат презентирани активностите и резултатите од двегодишниот мандат на досегашниот, Берин Мухамед. -Ќе се избира претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и интернационално ниво, наведува ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
47%
1011
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
57%
1011
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
53%
1014
weather icon

Софија

28ᴼ / 27ᴼ
1.32
30%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.36
34%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
2.06
76%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
43%
1009
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
54%
1009
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
35%
1010
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1011
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
8.23
57%
1008
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048