
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Во Основниот кривичен суд – Скопје денес се отвора првото рочиште во предметот „Онкологија“, каде што обвинителната клупа ја делат поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и тројца специјалисти онколози. Тие се товарат за продолжени кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување болни“. Според Обвинителството, Васев — во соизвршителство со уште еден лекар — применил неподобни ...
Ветувањата на администрацијата на Трамп да објави обемни и важни нови информации поврзани со финансиерот Џефри Епстин се чини дека се нема да бидат исполнети, лишувајќи ги поддржувачите на движењето MAGA, кое е склоно кон заговор, од неоспорните докази што долго време ги бараа додека јавно се обидуваа да поврзат влијателни личности со злосторствата на Епстин. Случајот Епстин за повеќето луѓе во Америка е сериозен државен скандал, а не теорија на ...
Од почетокот на 2025 година, Русија изгубила 100.000 војници во војната против Украина, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров. .Според него, загубите на украинската војска се помали, но сепак значителни. Рубио нагласи дека главниот приоритет на американскиот претседател Доналд Трамп е да се запре губењето животи и уништувањето што се случуваат секојдневно. – Од почетокот на годинава, ...
Народното собрание на Бугарија денеска ќе гласа за нацрт-резолуцијата за гласање недоверба на Советот на министри со премиерот Росен Жељазков поради „неуспех во секторот за животна средина и вода“. Точката е прва на дневен ред за денеска, според програмата за работа на парламентот, објавена на веб-страницата на институцијата. Гласањето за недоверба го поднесе парламентарната група „Величина“ со поддршка на пратениците од групите „Морал, ...
Авторите на новиот двопартиски предлог-закон за санкции кон Русија ги информираа европските сојузници и Украина за содржината на мерките, кои, според нив, ќе претставуваат „пресвртна точка“ во економскиот притисок врз Москва. Законот, предложен од сенаторите Линдзи Греам (Републиканска партија) и Ричард Блументал (Демократска партија), предвидува воведување царини од 500 отсто на увоз на стоки од земји што продолжуваат да купуваат руска нафта, ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Автомотосојузот на Македонија информира дека на граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...
Во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и тројца лекари онколози за несовесно лекување на пациенти. Првиот обвинет, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“. Во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да почне ...
До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки Рид (приземен во мешана шума); Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде детали за тоа каква ќе биде таа. Во последните денови, Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина. – Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за Русија, изјави американскиот претседател. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ...
За снимката со врзано дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од ОЈО Струмица нареди отворање истражна постапка против таткото на девојчето за кривично дело-Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството. Оттаму додаваат дека детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство, а за осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на ...
Четвртото издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 7-12 август во Дојран. -По втор пат ова година ќе ја доделиме наградата „Мето Јовановски“ за високо актерско достигнување во уметноста на филмот, на актер од Балканот и Медитеранот. Лауреат на фестивалот ќе биде големиот балкански, српски и македонски актер Лазар Ристовски. Човек кој во својата речиси петдецениска кариера беше и сеуште е дел од ...
„Мислам дека наскоро ќе одлучиме за датумите на третата рунда консултации, каде што ќе се разгледуваат овие чисто билатерални прашања, или иритантни прашања, како што веќе некое време се нарекуваат“, рече Рјабков на прес-конференција. Според него, „нема забавување на напредокот со САД во билатералните преговори, туку постои техничка пауза“. Тој оцени дека администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, е многу контрадикторна во своите ...
По серијата нестабилни попладниња, петокот носи извесно затишје на атмосферата. Небото над Скопје ќе биде претежно чисто, со утрински 11 °C и постепен пораст до околу 30 °C во најтоплиот дел од денот. Слаб северен ветер ќе донесе свежина, но не се очекува да надмине 15 km/h, па чувството на умерена жештина ќе преовладува. Во западниот дел од земјата, Охрид ќе се разбуди на 11 °C; температурата ќе се задржи на пријатни 23–24 °C попладне. Облаците ...
По повеќе од една декада работење, регионалната телевизиска мрежа Ал Џезира Балканс официјално ќе престане со работа, објави порталот Klix.ba. Ова значи крај на еден од најпознатите медиуми што ја покриваше балканската јавност на локалните јазици, што беше редок пример во рамките на глобалната Ал Џезира мрежа. Историја и позиција на пазарот Ал Џезира Балканс започна со работа во 2011 година, со седиште во Сараево и канцеларии во повеќе градови ...
Под контрола се четири пожари, а 16 се изгаснати. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чучер Сандево помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума каде гори шумски пожар, во Општина Прилеп кај с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид приземен во мешана шума, во Општина Македонски Брод помеѓу с.Црешнево и с.Локвица каде гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Дојран кај с.Николич каде гори нискостеблеста шума, во Општина Василево: с.Владевци ...
Филипче посочи дека институциите ниту превентивно дејствуваат, ниту соодветно реагираат. „Мислам дека не се справуваат никако. Еве, навлегуваат во некои тези дека станува збор за смислена акција за подметнување на пожари, што укажува на тоа дека двојно не се спремни, ниту во системот на откривање на намерни подметнувања на пожарите, ниту пак во справувањето со пожарите,“ истакна Филипче. Тој потсети на серијата пожари кои избувнаа во различни ...
Во време на СДСМ беше донесен Планот за управување, Стратегијата за рехабилитација, а Комисијата за управување со светското наследство, која постоеше само на хартија од 2012, започна со работа дури во 2018 и шест години функционираше ефикасно. Тоа беше препознаено и пофалено во секој извештај на УНЕСКО. А што направи Пецаков? Катна гаража во заштитена зона, платформи што беа отстранети – вратени и доградени. Тоа директно го констатира ...
Во ерата на брзата технолошка еволуција, роботите со вештачка интелигенција сè повеќе влегуваат во нашите домови и живот. Еден од најиновативните примери е Јонбо — робот развиен од кинеската компанија X-Origin, кој комбинира напредна технологија со емоционална интелигенција, создавајќи интерактивен и пријателски уред кој им помага на децата да ги совладаат нивните домашни задачи и да се чувствуваат разбрани и поддржани. Технологија што ги ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ. Како што соопшти МНРиНТ, во врска со ова, Министерството денеска го ...
„Со масовното и континуирано бомбардирање на цивили, Русија не покажува подготвеност да постигне напредок. Затоа, паралелно со неопходната поддршка за Украина, се согласувам дека мораме да го зголемиме и притисокот врз Москва за што побрзо да се постигне прекин на огнот и да се отвори пат за дипломатија. Мораме да запомниме дека ова може да се случи само со одвраќање“, рече Мелони на Конференцијата за обнова на Украина во Рим. Мелони истакна ...
Во првата половина од 2025 година, бројот на нелегални обиди за преминување на границите на Европската Унија се намали за една петтина во однос на истиот период минатата година, објави Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс. Особено значајно е намалувањето на нелегалната миграција преку западнобалканската рута, каде што бројот на обиди се преполови. Според прелиминарните податоци, вкупно 75.900 нелегални преминувања се ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска попладне, преку СМС-порака, ги информираше граѓаните дека Владата прогласила кризна состојба на целата територија на државата. Известувањето пристигна цели два дена по официјалното донесување на одлуката од страна на Владата. СМС-пораката е испратена на македонски јазик, но со употреба на латинично писмо, што кај дел од граѓаните предизвика дополнителна збунетост. Останува нејасно зошто постои вакво ...
Подобрена е ситуацијата во трите пожари што вчера избувнаа во Грција на три различни локации, едниот во близина Атина, што е речиси изгасен, вториот на островот Тасос, а третиот кај Дојранското Eзеро што од селото Николиќ премина на грчка територија, јави дописничката на МИА од Атина. Кај Дојранското Eзеро на грчка страна, утрово продолжува гаснењето на пожарот, меѓутоа ситуацијата е подобрена, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни ...
Зеленски додаде дека фокусот на Киев во моментов е на набавка на системи за противвоздушна одбрана (ПВО) и дронови. Тој ѝ се заблагодари на италијанската премиерка Џорџа Мелони за организирањето на Конференцијата за обнова и реконструкција на Украина во Рим, истакнувајќи дека „заедно ја зајакнуваме иднината на Украина“. „Наш главен приоритет во моментов е противвоздушната одбрана и производството на дронови, особено пресретнувачи. Би биле среќни ...
Вооружените сили на Украина драматично се развија во последните три години во услови на војна и веќе претставуваат сериозна пречка за империјалните амбиции на Путин. Олександар ЛЕВЧЕНКО* Во првата половина од 2025 година, Министерството за финансии на Украина привлече 22 милијарди долари меѓународна поддршка во државниот буџет на земјата. Буџетска поддршка за Украина во овој период обезбедија земјите од Г7, ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд, ...
Во време кога во Австрија се засилуваат повиците за одвојување на политиката од судството, владата се обидува да воведе значајна реформа со цел да го зајакне владеењето на правото и да спречи политичко влијание врз кривичните постапки. Коалицијата составена од конзервативната Австриска народна партија, Социјалдемократите и либералната Неос, постигна договор за формирање ново, целосно независно Федерално обвинителство. Ова тело, составено од ...
Соединетите Американски Држави од почетокот на следната година ќе ја престанат продукцијата на монетата од еден цент, попозната како „пени“, поради финансиски загуби во процесот на нејзино производство. Иако номиналната вредност на оваа монета е симболична, нејзиното укинување може да има реална цена за граѓаните – околу 6 милиони долари годишно. Според нова студија на филијалата на Федералните резерви во Ричмонд, постепеното отстранување на ...
По убедливата победа над поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, на демократските внатрепартиски избори за градоначалник, сојузниот пратеник Зохран Мамдани стана едно од најспоменуваните имиња во американските медиуми. Кога на NBC го прашаа дали мисли дека милијардерите имаат право да постојат, тој се насмеа и рече: „Не мислам дека треба да имаме милијардери. Тоа е премногу пари во време на огромна нееднаквост“. Америка е длабоко ...
„Секогаш сме отворени за соработка, како иницијативи, тоа доаѓало и од страна на партијата, во мое лично име, во некои наврати, во изминатиот период. Тоа што никогаш, на пример, не било кажано, е зошто ние да не седнеме и да се договориме – кои се нашите национални интереси, како заеднички да се бориме, на кој начин и така натаму,“ рече Филипче. Тој нагласи дека ова е нормален и испробан пристап во сите земји што успешно се интегрирале во ЕУ. ...
Во еден дигитален свет каде вештачката интелигенција сè повеќе добива глас, четботот Грок, развиен од компанијата xAI на Илон Маск, стана центар на жестоки реакции – откако во неколку одговори започна да се идентификува како „МехаХитлер“, да го фали Адолф Хитлер и да изразува антисемитски ставови. Сѐ започна кога корисници на платформата X – исто така во сопственост на Маск – почнаа да го тагираат четботот и да бараат коментари. Она што следеше ...