„Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени“, рече Зеленски во вечерашната видео порака. ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог. „Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје“, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против ...

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво. Затоа, неопходно е рационално користење на антибиотици, за да не дава шанса да се создава отпорност на антибиотици. На оваа тема, поврзана со злоупотребата на антибиотици кај нас, за лесната достапност до овие лекови, за последиците кои може да настанат ако антибиотик не се зема ...

Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“), за кој Манчевски вели дека бил незаконски забранет речиси три години. Како и во сите филмови на Манчевски и тука, покрај емотивниот уметнички аспект (темата на сестринска љубов), се истражуваат и општествено релевантни теми – самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести, општество засновано на ...

Времето денес сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени. Во наредните денови следува ...

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во нелегален градежен објект, се вели во соопштението на оваа организација. „Особено загрижувачки е фактот што нападот се случил пред очите на полициски службеници, кои, според изјавата на градоначалничката, не презеле соодветни мерки за нејзина ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче бара итно да се осудат насилниците кои ја нападнале градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска додека вршела увид на дивоградба во Чаир, а бара да се поведе постапка против службениците на МВР кои, како што вели, не постапиле и не ги заштитиле претставниците на Градот. „Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот ...

Ефикасната употреба на ракети со голем дострел од страна на Русија во нејзината војна против Украина ги убеди западните војски во нивната значајност за уништување на командни пунктови, транспортни центри и ракетни инсталации длабоко во заднината на непријателот. „Руската армија денес е поголема отколку што беше кога ја почна војната во Украина“, изјави генерал-мајор Раферти во интервју за Ројтерс, дадено во американската воена база во Визбаден, ...

Иран и Пакистан воведоа нови мерки за Авганистанците на нивна територија, а Техеран постави рок до „6 јули“ до кога „четири милиони нелегални Авганистанци“ треба да ја напуштат иранската територија. „Она што го гледаме денеске е недостоинствен, неорганизиран и масовен егзодус на Авганистанци од двете земји, што врши огромен притисок врз Авганистан, кој е подготвен да ги прими, но целосно не сака да го стори тоа, рече Џамал“, претставникот на ...

По напуштањето на полициската станица, каде што го пријави денешниот инцидент, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска упати жестока критика кон МВР преку видео обраќање, обвинувајќи ги за обид за прикривање на насилството што, според неа, го доживеала. „Сега се обидуваат да го заташкаат случајот со тоа што ми велат да не сум излегувала на терен и што воопшто сум барала таму“, вели Арсовска. Таа предупреди дека токму ваквите реакции од ...

Тинејџер загина на плажа во Италија кога врз него се урна песокот од дупка што сам ја копал, јавува агенцијата АНСА. Несреќата се случила додека младиот момче копал дупка длабока околу метар и половина, заедно со своите помлади браќа. Според информациите, браќата се оддалечиле од дупката, а момчето останало само во неа — токму во моментот кога се случило уривањето на песокот, кое го затрупало целосно. Обид за спасување без успех Таткото, кој се ...

Станува збор за претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Шуто Оризари, во чии дом и имот бил извршен претрес, при што, според неофицијални информации, биле пронајдени пиротехнички средства и други запаливи материјали. Покрај тоа, одземен бил и неговиот мобилен телефон, кој е даден на вештачење за да се утврди евентуална поврзаност со неодамнешните пожари, вклучително и со пожарот што се случи во депонијата кај Визбегово. Според полициски ...

Данела ја разобличува пропагандата со која некои медиум сакаат да го оправдаат насилството врз неа. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со остра објава на Фејсбук повторно реагираше по денешниот насилен инцидент, во кој, како што вели, била физички нападната од страна на командант Барути. „На видеово сами што го лиферувале МВР – ❌Не им се гледаат боксовите и шамарите што ми ги удира командант Барути“, напиша Арсовска, посочувајќи дека ...

Јангер, кој ја водеше британската тајна разузнавачка служба од 2014 до 2020 година, верува дека обидите на Путин да го измами американскиот претседател и да го натера да мисли дека се пријатели му се удриле од главата. Тој предупреди дека сè поинтензивното бомбардирање на Киев и другите украински градови може целосно да го уништи односот меѓу Трамп и Путин. Зборувајќи во програмата „Вечерни вести“ на Би-Би-Си, поранешниот шеф на разузнавањето ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро реагираше по повод нападот врз градоначалничката на Град Скопје и службеници на Градот, критикувајќи го молкот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски. „Шест часа од бруталниот напад, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите“, истакна Филипче во објава на „Фејсбук“. Тој потенцира дека станува збор не само за физички ...

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство најостро го осудува денешниот срамен и недозволив физички и вербален напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, кој се случи за време на нејзиното извршување на службени обврски при увид на локација со дивоградба. Овој напад претставува флагрантно кршење на човековите права, напад врз достоинството на жената и грубо поткопување на институционалниот интегритет. ...

Желките, познати по својот долг животен век и бавен метаболизам, би можеле да бидат клучот за откривање на нови терапии против рак, покажува најновата студија објавена во научното списание BioScience. Иако животните со поголема телесна маса и долг живот обично имаат повисок ризик од рак, кај желките тоа не важи. Според научниците од Универзитетите во Нотингем и Бирмингем, само 1% од желките анализирани во обдукциски извештаи имале рак — ...

„Снимка до сега со свои очи, немам видено. Арсовска не дојде во полициска станица, туку отишла прво во болница каде докторот и констатирал дека има само црвенило на левата потколеница“, рече Тошковски. За инцидентот при увид на дивоградба во општина Чаир од страна на градоначалничката Арсовска и нејзиниот тим, и за немањето реакција од страна на полициските службеници, Тошковски рече дека полицијата ќе ја утврди фактичката состојба и дека нема ...

Најновиот извештај открива дека познатите светски културни богатства, вклучувајќи го Таџ Махал и Акрополот во Атина, се изложени на зголемен ризик од сериозни штети од вода и суша. Според анализата спроведена од Светскиот институт за ресурси (WRI) и УНЕСКО, дури 73 проценти од локациите на Светското наследство на УНЕСКО се изложени на висок степен на ризик поврзан со водата. Во анализата беа вклучени повеќе од 1.100 локации, вклучувајќи го ...

Лицето кое, како што вели, најверојатно е сопственик на дивоградбата и се заканувало нејзе и на нејзиното семејство. По нападот, таа се обратила во Ургентниот центар „8-ми Септември“, каде и била укажана лекарска помош. Арсовска по излегувањето од здравствената установа во изјава за медиумите рече дека лицето било затекнато како краде струја, вода, оти нема платено ниту еден денар, ниту данок, ниту комуналии, ниту на Градот, ниту на било кое ...

На 30-годишнината, како што го оцени, од ужасниот злостор во Сребреница, извршен од српските сили во Босна и Херцеговина во јули 1995 година, претседателот на Србија Александар Вучиќ го повтори своето сочувство до семејствата на жртвите. Вучиќ го објави соопштението на својот X профил, каде што обично пишува на српски јазик, освен кога се обраќа на некого кој не може да го разбере – па дури и тогаш понекогаш на два јазика. Сепак, тој одбра да ...

Во април 2024 година, Германија ја легализираше рекреативната употреба на марихуана, станувајќи најголемата европска земја што го направила овој чекор. Со тоа, таа се приклучи на сè поголемиот број држави во Европа кои усвојуваат закони што дозволуваат користење канабис — за медицински, па дури и за лични, рекреативни цели. Според компанијата Prohibition Partners, европскиот пазар на канабис оваа година се проценува на околу 1,2 милијарди ...

Овој брутален напад е последица на атмосферата на страв и беззаконие што ја создава оваа власт. Овој напад е уште еден доказ дека кога се зборува за криминал, кога се откриваат злоупотреби, институциите не ве штитат — туку ве оставаат на милост и немилост на насилниците. Со недели наназад, јавноста гледаше како во Скопје се откриваат скандали, дивоградби, приклучоци, милионски малверзации, но наместо истрагите да завршат со расчистување на ...

Ваквите дејствија се неприфатливи и претставуваат сериозно нарушување на нормите на однесување во едно демократско и цивилизирано општество, велат од Општината. Оттаму нагласуваат дека е важно јавноста да биде точно информирана, односно оти настанот воопшто не е поврзан со нивната институција. -Ниту еден вработен или функционер на Општина Чаир не бил инволвиран, ниту пак присутен на местото на настанот, нагласуваат од Општината. Општина Чаир, ...

Во рамки на засилените контроли за сузбивање на појавата на питачење, полициските службеници во Дебар приведоа жител на Скопје, кој ја принудувал малолетната ќерка да питачи. – Вчеравечер во 20:40 часот, лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари. Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на главната улица „Елена Ѓика“ во Дебар ...

Актите на насилство, вербалните напади и обидите за попречување на институционалните претставници во извршувањето на нивните обврски претставуваат директен напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава. Независно од политичката припадност или институционалната функција, ниту еден функционер не смее да биде предмет на јавен линч или физичка и вербална агресија. ДУИ го смета овој чин за срамен и неприфатлив и апелира до ...

Времето утре сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени. Во наредните денови следува ...

Биткоин достигна нова историска вредност од 116.626 долари, откако вчера порасна за повеќе од 4% и околу 19:35 часот по локално време ја проби границата од 116.000 долари. Ова е највисока вредност на водечката криптовалута од 22 мај, кога претходно го достигна прагот од речиси 113.000 долари. Овој пораст се случува во пресрет на т.н. Недела на криптовалутите, најавена од Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом на САД, под водство ...

Помеѓу проѕирните води на заливот Картаромана, крај бреговите на италијанскиот остров Искија, туристите денес имаат ретка можност да ѕирнат под морската површина и да допрат до историјата. Таму, на само неколку метри под стакленото дно на туристички чамец, се наоѓаат руините на древниот римски град Аенарија – град кој речиси 2.000 години беше изгубен во морето, а сега повторно излегува на виделина. Околу 180 година од нашата ера, ерупцијата на ...

Светските берзи имаат нов рекордер – на 9 јули 2025 година, Nvidia влезе во историјата како прва компанија во светот, со акции во јавна понуда, чија пазарна капитализација надмина четири трилиони долари. Тоа се случи оваа среда кога нејзините акции на берзата добија малку повеќе од 2,5% вредност и достигнаа вредност од 164 долари. Тоа е продолжение на метеорскиот подем на Nvidia на првото место на највредните компании во светот. Сè започна пред ...

Апелациониот суд во Париз ги ослободи две Французинки, обвинети за ширење гласини дека првата дама на Франција, Брижит Макрон, е всушност родена како маж. Судот донесе ослободителна пресуда по сите 18 точки од тужбата за клевета поднесена од Брижит и нејзиниот брат Жан-Мишел Троње, јавува весникот Le Monde. Наташа Реј и Амандин Рој во 2021 година ја објавија теоријата на заговор во четиричасовно интервју на YouTube, во кое тврдеа дека ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
49%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
66%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
73%
1014
weather icon

Софија

22ᴼ / 21ᴼ
0.33
47%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.34
46%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.66
50%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
64%
1010
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
50%
1010
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
68%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
57%
1008
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048