Тајниот лет на Џон Ретклиф, осум часа во Москва и необичниот момент во кој доаѓаат нови предупредувања за Русија – што навистина се случува зад затворени врати? Директорот на американската Централна разузнавачка агенција, Џон Ретклиф, на 25 август пристигна во Москва со американски воен транспортен авион, во посета која не беше најавена ниту од Вашингтон ниту од Москва. Ниту ЦИА, ниту Белата куќа, Пентагон и американските воздухопловни сили ...

Центарот за управување со кризи утрово регистрира 31 пожар на отворен простор – три се уште активни, четири се под контрола, а 24 се целосно изгаснати Македонија се разбуди со 31 регистриран пожар на отворен простор во текот на ноќта и утрото, покажува најновиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 07:30 часот. Од вкупниот број пожари, три се активни, четири се ставени под контрола, додека 24 се изгаснати. Најсериозна е ...

Најмалку 15 бебиња загинаа во пожар што избувна во болница во Исламабад, објави локалната телевизија. Пожарот избувнал во болницата на Пакистанскиот институт за медицински науки (PIMS), а според Geo TV, тој бил предизвикан од дефект во системите за климатизација, објави РТС, повикувајќи се на светските медиуми. Во моментот на пожарот на гинеколошкото одделение имало 16 новороденчиња, од кои едно било спасено. Пожарот избувнал околу два часа ...

Со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“ во Скопје Сити Мол вечерва, со почеток во 20.30 часот, ќе се одбележува 10 години од светската премиера на еден од највпечатливите филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија. Филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). Веднаш по проекцијата ќе биде организирана ...

Српската напредна странка, прогресивците, на Александар Вучиќ, во Врање и округот масовно фиктивно регистрираат граѓани од Северна Македонија на адреси низ целиот Пчињски округ, објави во вторникот пратеникот на Српски центар (СРЦЕ) од Врање, Слободан Петровиќ, пренесе регионалниот портал Врање Њуз. „Најголем број луѓе фиктивно се регистрираат во Врање, додека во Трговиште тоа веќе е направено. Одлуките за запишување во избирачкиот список им ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис има намера да ги стави прашањата за националната безбедност и надворешната политика во центарот на неговата претстојна изборна кампања, без оглед на развојот на односите со Турција. Ова го објавува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на политички извори. Според информациите, Мицотакис се соочува со критики, вклучително и од претставници на владејачката партија Нова демократија, за неговата политика ...

Во новата епизода на „Што го врти светот?“, Виктор Митевски зборува за науката како извор на работни места, стартапи и практични решенија, но и за тоа што треба да направиме за македонските идеи да стигнат до европскиот пазар. Може ли код напишан во Скопје еден ден да му помогне на лекар во Виена? Може ли анализа на почвата направена во Штип да стане решение што ќе го користат земјоделци низ Европа? Одговорот е: да, а дел од тоа веќе се ...

Од пчеларникот меѓу Чаниште и Крушевица останаа изгорени кошници, уништена опрема и мртви пчелни семејства. Слична е сликата и на други места погодени од пожарите: изгорени ниви, насади, штали, добиток, помошни објекти и куќи. Но, кога противпожарните екипи ќе заминат, за сопствениците започнува друга битка а тоа е да ја докажат загубата и да утврдат од кого можат да бараат надомест. Парите може да се бараат по две различни основи: од ...

Од денес, 26 август, почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година. Рокот истекува на 31 август, а нова апликација мора да поднесат и досегашните корисници и бруцошите што сакаат да го користат правото од 1 октомври. Студентите што ќе ги исполнат условите ќе добиваат по 140 денари дневно за храна, од понеделник до сабота. Пријавувањето е целосно електронско, но кандидатите треба да пополнат, потпишат ...

Македонија утрово, 26 август, влегува со ново зголемување на бројот на заболени од западнонилска треска. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани уште шест случаи, со што вкупната бројка се искачи на 50. Петмина од новозаболените се од Скопскиот Регион, а прв случај е потврден и во Куманово. Најголем дел од новите случаи повторно се во Скопје. Тројца од заразените се жители на Гази Баба на возраст над 70 години, еден пациент од Зелениково ...

Спротивставувањето на потенцијалната руска диверзантска активност треба да биде составен дел од пошироката политика за заштита на критичната инфраструктура. Олександар ЛЕВЧЕНКО* Италијанските пратеници ја повикуваат владата на земјата да ја провери можната вмешаност на Русија во експлозијата во фабриката KNDS Ammo Italy во Колеферо, која произведува муниција за европскиот одбранбен сектор. Италијанската опозиција бара од владата да изврши ...

Државни институции, општини, јавни претпријатија, училишта, болници и други субјекти влегуваат во новото полугодие со огромна неплатена сметка. Доспеаните, а неплатени обврски на крајот од јуни достигнале 692,5 милиони евра, покажуваат податоците на Министерството за финансии што ги анализира Порталб. За само шест месеци сумата е зголемена за околу 26,4 милиони евра. На крајот од декември 2025 година обврските изнесувале 665,8 милиони евра, ...

Германската економија испрати два охрабрувачки сигнали по повеќегодишната слабост: растот во второто тримесечје е ревидиран нагоре, а довербата на компаниите се искачи на највисоко ниво во последната година. За Македонија тоа е особено важно, бидејќи повеќе од една третина од домашниот извоз завршува на германскиот пазар. Германскиот БДП во второто тримесечје пораснал за 0,3 отсто, над првичната процена од 0,2 отсто. Главен двигател бил ...

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка, првите носители во конкуренцијата на мешани двојки на УС Опен, доживеаја неочекувана елиминација уште во првото коло. Ѕвездениот тандем го доби првиот сет, но потоа целосно го загуби ритамот и по само 49 минути беше поразен од Катерина Сињакова и Хенри Патен. Ѓоковиќ и Сабаленка добро го отворија мечот на стадионот „Артур Еш“ и првиот сет го добија со 4:1. Во тој момент изгледаше дека фаворитите сигурно ...

Русија развива сопствена сателитска интернет-мрежа која треба да стане домашна алтернатива на Starlink на Илон Маск. Системот „Расвет“, зад кој стои компанијата Bureau 1440, треба да почне со комерцијални услуги во 2027 година. Планот предвидува до 2030 година мрежата да има 292 сателити, а подоцна, зависно од побарувачката, бројката би можела да порасне до 924. Компанијата најавува интернет со брзина до 1 Gbps и латенција до 70 милисекунди. ...

Повеќе од четири часа вкрстени прашања, различни линии на одбрана и постојано враќање кон истото суштинско прашање – кој имал законска обврска да реагира додека производствениот погон во Кочани се претворал во дискотеката „Пулс“ – го одбележаа денешното рочиште во судницата во Идризово. Пред судот повторно беше тимот градежни вештаци, предводен од професорот на Градежниот факултет Горан Марковски. Прашања поставуваа одбраните на обвинетиот ...

Украина доби зелено светло од Велика Британија и Франција за локализирано производство на далекобојните крстосувачки ракети SCALP/Storm Shadow, оружје што Киев веќе го користи за удари врз важни руски воени цели. Британската влада притоа дозволи производителот MBDA да сподели класифицирани информации за британските компоненти на ракетата со украинската страна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека и Лондон и Париз ја ...

Миконос повеќе не е најскапиот грчки остров за купување недвижност. Антипарос, помалиот и досега значително потивок сосед на Парос, го презеде врвот во вториот квартал од 2026 година, откако просечната огласена цена на станбен квадрат достигна 7.600 евра. Тоа значи дека стан или апартман од само 50 квадратни метри, пресметано според просечната огласена цена, на Антипарос би чинел околу 380.000 евра. За споредба, на Миконос просечната барана ...

Сто и девет здравствени работници добија решенија за вработување во Клиничката болница во Тетово, но церемонијата отвори прашање што оди подалеку од самите вработувања. Дел од решенијата лично ги врачувале Билал Касами и Изет Меџити, копретседатели на владејачката ВЛЕН, иако формално немаат раководна функција во тетовската болница. На настанот присуствувале и министерот за здравство Сашо Клековски, првиот вицепремиер и министер за европски ...

Елиф Елмас со доаѓањето во Аталанта создаде необична балканска слика во соблекувалната на клубот од Бергамо, каде што сега има фудбалери од сите шест поранешни југословенски републики. Македонскиот репрезентативец на 25 август и официјално беше претставен како нов играч на Аталанта, по трансферот од РБ Лајпциг. Елмас во Аталанта пристигна на позајмица од Лајпциг, со можност италијанскиот клуб да го откупи неговиот договор. За македонскиот ...

Македонската борачка Вероника Консевиќ го освои бронзениот медал на Медитеранските игри „Таранто 2026“, откако вечерва ја совлада српската претставничка Милица Перовиќ во категоријата до 57 килограми во слободен стил. Консевиќ победи со 7:5 на поени во тесен и неизвесен меч за третото место. Борбата се одржа на душекот Б во спортската сала „Карол Војтила“, а официјалниот резултатски систем го регистрираше крајот на мечот во 19:28 часот. ...

Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон почина на 80-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. Веста беше објавена денеска на социјалните мрежи, а ја потврдија повеќе американски и британски медиуми, како и Ројтерс. Засега не е објавена официјална причина за смртта. Партон во последниот период имаше здравствени проблеми поради кои откажа и одложи повеќе јавни настапи. Само неколку дена пред смртта таа зборуваше за својата ...

Светот се приближува кон сè поголем климатски ризик, предупредуваат научниците. Повисоките температури, почестите топлотни бранови, сушите, поплавите и пожарите ја зголемуваат веројатноста од катастрофални последици за луѓето, економијата и природата. Научната основа за ваквите предупредувања ја дава и Меѓувладиниот панел за климатски промени, IPCC, според кој секое дополнително затоплување ги засилува климатските опасности и ја зголемува ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека би бил најсреќен доколку Соединетите Американски Држави ги заострат условите за иселенички визи за македонските граѓани, бидејќи политиката на Владата била иселениците да се вратат во земјата. Изјавата, сепак, отвора пошироко прашање, дали иселувањето се запира со потешко добивање виза или со создавање услови поради кои граѓаните нема да сакаат да заминат. Мицкоски денеска беше прашан дали Владата ...

Косово за нешто повеќе од четири месеци регистрира 147 потврдени случаи на морбили, повеќе од двојно од вкупниот број во цела 2025 година. Само во последната недела се потврдени уште десет случаи, додека здравствените власти ја засилуваат вакцинацијата на деца кои ја пропуштиле МРП-вакцината. Развојот на епидемиолошката состојба во соседството добива дополнителна тежина и за Македонија, каде опфатот со првата доза на МРП во 2025 година падна ...

Големиот пожар во Општина Градско вечерва останува еден од најсериозните активни пожари во земјава. Огнената линија се протега на околу десет километри, а по привременото стабилизирање на состојбата огнот повторно се проширил од реонот на Горно и Долно Чичево во правец на селото Подлес. Паралелно, борбата продолжува и на планината Китка, каде селото Палиград е надвор од непосредна опасност, но надлежните предупредуваат на повторни намерни ...

Канада возвраќа на новите американски царини со мерки вредни околу 20 милијарди долари, откако трговските преговори меѓу двете земји пропаднаа и Вашингтон воведе дополнителни давачки за канадски производи. Новите канадски контрамерки ќе опфатат околу 700 категории американски производи, а стапките ќе се движат од 15 до 50 проценти. Канадската влада најави дека царините ќе почнат да се применуваат од 8 септември и ќе бидат воведени по ...

Чадот што денеска се забележува над делови од Скопје доаѓа од активниот шумски пожар на подрачјето меѓу Студеничани и Зелениково, каде огнот се движи на потегот од Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над Вражале. Центарот за управување со кризи потврди дека на теренот гори мешана шума, а пожарот и натаму е меѓу активните жаришта во земјава. Зачаденоста над главниот град особено се забележува од повисоките делови на Скопје. Од ...

Елиф Елмас со доаѓањето во Аталанта создаде необична балканска слика во соблекувалната на клубот од Бергамо, каде што сега има фудбалери од сите шест поранешни југословенски републики. Македонскиот репрезентативец на 25 август и официјално беше претставен како нов играч на Аталанта, по трансферот од РБ Лајпциг. Елмас во Аталанта пристигна на позајмица од Лајпциг, со можност италијанскиот клуб да го откупи неговиот договор. За македонскиот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека сериозно размислува езерото Онтарио да го преименува во „Езеро Америка“, во време на ново заострување на трговскиот спор со Канада. Канадскиот министер за трговија Доминик Лебланк порача дека федералната влада нема да одговара на секоја објава на Трамп или на членовите на неговата администрација на социјалните мрежи. Трамп предлогот го објави на социјалните мрежи, образложувајќи го со ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07