Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска остави отворена можност за политичко обединување со Левица, но постави услов партијата да ги промени своите позиции кон Русија, НАТО и Европската Унија и да се дистанцира од премиерот Христијан Мицкоски. Изјавата доаѓа откако од Левица порачаа дека се подготвени за предвремени парламентарни избори и дека сакаат да мобилизираат поширок опозициски фронт. Пратеникот Амар Мециновиќ изјави дека ...
За Скопје и околината за попладневните часови е издадено жолто предупредување поради можност за грмотевици и локална нестабилност. Според УХМР, во делови од Скопската Котлина попладнево има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во останатите делови од Македонија локално се очекуваат и поинтензивни процеси со пороен дожд, засилен ветер, а на места има услови и за невреме со силен ветер и ...
Повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, наменети за продажба во синџир маркети во Македонија, биле запрени на граничниот премин Блаце откако лабораториските анализи откриле афлатоксин над максимално дозволените концентрации. Млекото не било пуштено во продажба и целата количина била уништена. Станува збор за две пратки со вкупна тежина од 27.520 килограми. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ги задржале пратките на ...
Со едноминутен молк и оддавање почит на загинатите денеска во македонското Собрание почна одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Посебната сесија ја организираше Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, а ја отвори потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски. Пред присутните се обрати и амбасадорката на Украина во Македонија, Лариса Дир. Обраќање имаше и пратеникот Оливер Спасовски ...
Соединетите Американски Држави денеска треба да претстават нов пакет економски мерки против Иран, а Техеран одговори со закана дека може целосно да го запре извозот на нафта од Персискиот Залив доколку продолжи, како што го нарекува, американскиот „економски војна“. Американскиот министер за финансии Скот Бесент најави дека Вашингтон подготвува досега најширока финансиска офанзива против Иран, насочена не само кон иранската економија, туку и ...
Возачите повторно се соочуваат со повисоки цени на бензинските пумпи, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе нова корекција на максималните малопродажни цени на горивата. Најголемото поскапување е кај дизелот, кој поскапува за 6,50 денари за литар и достигнува цена од 98 денари. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за по 4,50 денари за литар. Новите максимални цени се: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 ...
Мирисот на печени пиперки, големите тенџериња и собирањето на целото семејство околу подготовката на зимницата со децении се дел од македонската есен. Ајварот е повеќе од храна – за многумина е семејна традиција што се пренесува од генерација на генерација. Но навиките се менуваат. Дел од семејствата и натаму секоја година сами го подготвуваат ајварот, други се потпираат на родителите и повозрасните членови на семејството, а сè повеќе луѓе го ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека СДСМ е подготвен за избори, дури и тие да се одржат веднаш, но нема да биде алиби на Христијан Мицкоски за неговите политички калкулации. „Нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар што него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема пари во буџетот за неговите криминални тендери. Сега нема ни од каде да се задолжува ...
Историчарот Драги Ѓоргиев во колумна за „Либертас“ предупредува дека македонското барање некој друг да го гарантира идентитетот, јазикот и културата создава зависност од „поголем брат“, наместо самодоверба во сопствената национална зрелост. Како паралела ги посочува Белград во југословенскиот период и денешниот Брисел. Македонија не треба да бара нов „поголем брат“ кој ќе го гарантира нејзиниот идентитет, туку треба да изгради доволно ...
Македонија утрово ја пречекува со 33 регистрирани пожари на отворен простор во изминатото деноноќие. Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК), четири пожари сè уште се активни, четири се под контрола, а 25 се изгаснати. Пожарите се регистрирани во повеќе делови од земјата, а најсериозна останува состојбата на терените каде што огнот зафатил шума. Активни се пожарите кај Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон ...
Бремена жена почина од прострелни рани во селото Кервасари кај Малишево на Косово, а нејзиниот сопруг, кој според обвинителството е осомничен за убиството, е тешко повреден и се наоѓа во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар во Приштина. Случајот бил пријавен во неделата, 23 август, околу 23:20 часот. Полициските екипи во спалната соба од семејната куќа ги пронашле сопружниците со прострелни рани. На двајцата им била укажана ...
Македонските потрошувачи во моментов имаат краток период на ценовно смирување, но случувањата на светските пазари предупредуваат дека храната повторно може да стане еден од главните извори на инфлација. Првиот притисок може да се почувствува уште во октомври и ноември кај свежите производи, а посериозното прелевање кон лебот, тестенините, млечните и другите преработени производи се очекува во пролетта 2027 година. Најновата анализа на Oxford ...
Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска беше изведен пред Основниот кривичен суд во Скопје на почетокот на судењето за случајот „Државна лотарија“, но постапката ќе продолжи на 7 септември откако одбраната побара време за увид во обемниот доказен материјал. Обвинителството најави дека во постапката ќе изведе 231 материјален и седум вербални докази. Според обвинителот Даниел Коцев, најголемиот дел од материјалните докази, со исклучок на ...
Жак Морети, сопственикот на барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, е во притвор поради сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети. Инцидентот е одвоен од истрагата за новогодишниот пожар во нивниот локал, во кој загинаа 41 лице, а 115 беа повредени. Според швајцарската телевизија „Леман Блу“, нападот се случил ноќта меѓу 11 и 12 август во нивниот дом во кантонот Вале. Џесика Морети била повредена ...
За туристите ерупциите на Етна се спектакл што се снима од безбедна далечина. За луѓето во градовите и селата на источна Сицилија тие значат денови поминати во чистење улици, автомобили и покриви, затворени прозорци и повторно вадење на заштитните маски. Последната силна серија ерупции на најактивниот вулкан во Европа повторно покажа дека најголемиот проблем за населението околу Етна не е секогаш лавата, туку вулканската пепел која со ветерот ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го угости белгискиот актер Жан-Клод ван Дам и истакна дека е особено среќен што ќе придонесе за промоција на Ниш и Србија во светот со учество на Меѓународниот филмски фестивал во Ниш. „Големо е задоволството да бидеме домаќини на Жан-Клод ван Дам во Белград – човек со чии филмови пораснаа генерации и кој ни покажа дека, со доволно дисциплина и упорност, понекогаш може да се победи дури и кога сите ...
Грција почна да префрла противвоздушен систем „Патриот“ од островот Карпатос на Крит, каде што се наоѓа стратешки важната воена база Суда, во услови на зголемени тензии со Иран и информации за можни напади врз американски воени објекти во Европа. Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека преместувањето на системот е почнато и треба да заврши во следните часови. Целта е зајакнување на противвоздушната и противракетната заштита на поморските и ...
Македонските превозници на 31 август ќе излезат на протест пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје, поради ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамки на 180 дена. Од „Макам-транс“ информираат дека е потврдена организацијата на двочасовен протест, на кој се очекува да учествуваат превозници, возачи и претставници на транспортни компании. Според досегашните најави, пред седиштето на ...
Грција почна да префрла противвоздушен систем „Патриот“ од островот Карпатос на Крит, каде што се наоѓа стратешки важната воена база Суда, во услови на зголемени тензии со Иран и информации за можни напади врз американски воени објекти во Европа. Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека преместувањето на системот е почнато и треба да заврши во следните часови. Целта е зајакнување на противвоздушната и противракетната заштита на поморските и ...
Македонските потрошувачи во моментов имаат краток период на ценовно смирување, но случувањата на светските пазари предупредуваат дека храната повторно може да стане еден од главните извори на инфлација. Првиот притисок може да се почувствува уште во октомври и ноември кај свежите производи, а посериозното прелевање кон лебот, тестенините, млечните и другите преработени производи се очекува во пролетта 2027 година. Најновата анализа на Oxford ...
Меѓународен тим научници можеби се приближил еден чекор кон реконструкција на минатото на вода на Марс, а поконкретно, кон утврдување колку вода некогаш можела да тече по неговата површина, објавува веб-страницата Knowridge. Во неодамна објавена студија, тим предводен од Техничкиот универзитет во Данска анализирал исклучително интересен метеорит со уште поинтересно име – Црната убавица, позната по својата научна ознака Северозападна Африка ...
Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијата. Програмата обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини ...
Возачите кои вечерва патуваат од Македонија кон Солун, Халкидики или солунскиот аеродром треба да сметаат на привремено затворање на дел од обиколницата и пренасочување на сообраќајот низ градските улици. Од 23 часот вечерва, 24 август, до 5 часот утре наутро ќе биде целосно затворена делницата од внатрешната обиколница на Солун меѓу клучките К5 кај Евкарпија и К6 кај Метеора, во правец кон исток, односно кон Халкидики и аеродромот. Причина ...
Епидемијата на сипаници кај овците и козите прераснува од ветеринарен проблем во сериозна економска и социјална криза за македонските сточари. Од Сојузот на одгледувачи на овци тврдат дека досега угинале или биле уништени меѓу 7.000 и 10.000 овци, дека се погодени 40 до 50 стада и дека десетици семејства останале без основниот извор на егзистенција. Во исто време, државата обезбедува 500.000 дози вакцина од Турција, но вакцинацијата сè уште е ...
Судири меѓу мигрантите и полицијата избувнаа во привремен сместувачки центар за баратели на азил во Синтики, северна Грција, на неколку километри од границата со Бугарија. Тензијата започна откако мигрантите фрлаа камења кон обезбедувањето. Дополнителни полициски и специјални единици беа испратени на местото на настанот, користејќи шок бомби за да ги контролираат немирите. Беше распоредено силно полициско засилување, вклучително и единица на ...
Нападите од страна на украинските вооружени сили врз рафинериите предизвикаа нова криза со горивото во Русија. Според Ројтерс, погодени се најмалку 30 региони. За разлика од претходниот бран на недостиг на гориво, кој започна кон крајот на мај и траеше до средината на јули, сегашната криза особено силно ги погодува Москва и Московскиот регион, според корисниците на социјалните мрежи. Синџирите на бензински пумпи „Газпром Нефт“ и „Татнефт“ ...
Денеска „BookStar“ ќе и ја додели наградата за 2026 година на авторката и професорка Леа Ипи и со тоа ќе го означи првиот официјален преднастан на годинашното издание на „BookStar“, посветен на темата „FREE AT LeAST?“ или „Чуму слобода?“. Ипи во Скопје доаѓа како авторка на книгата „Слобода“ (Free), дело во кое преку личната и колективната историја го отвора едно од најважните и најсложените прашања на современото општество: што навистина ...
Копретседателката на AfD, Алис Вајдел, изјави дека очекува нејзината партија да победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, каде што, според ново истражување, таа има убедливо водство пред CDU на Фридрих Мерц. Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) на Германија се надева дека ќе победи на претстојните покраински избори со цел да добие моментум за победа на националните избори, изјави денес копретседателката на ...
Преместувањето на руската Црноморска флота од анексираниот Севастопол во Новоросијск на есен 2023 година требаше да ја заштити од украински напади. Сепак, неодамнешните напади врз фрегатите „Адмирал Макаров“ и „Адмирал Есен“ директно во пристаништето Новоросијск ја покажаа ранливоста и на поморската база и на бродовите во неа. Сега се дискутираат две можни сценарија: флотата треба да остане во Цемскиот Залив, со зајакната одбрана, или да се ...
Земја во фокус на 17-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е Шпанија, а програмата со современи шпански документарни филмови беше отворена на 21 август во Куршумли ан со проекција на филмовите „Роење птици“ на Ксавиер Марадес и „Амилкар“ на Мигел Еек. Изолиран за време на карантините поради ковид-19, во филмот „Роење птици“ Ксавиер ги снима хипнотизирачките летови на сколовранците над својот роден град во ...