Од 1 јануари 2026 година Владата најавува дека ќе започне со пресметка на „просечна потрошувачка кошничка“ за најмалку четиричлено семејство, паралелно со синдикалната минимална кошничка што со години ја објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Најавата доаѓа во момент кога синдикалните бројки повторно ја отвораат истата стара рана: цените растат, а платите каскаат, па јавната расправа за минималната плата се претвора во спор околу тоа кој ...

Хаос се случи денеска на влезот во Скопје откако поради густата магла се случи верижен судар после патарината Петровец Според сведоштва на граѓани објавени на социјалните мрежи, густата магла драстично ја намалила видливоста, што придонело за судирот и за дополнително забавување на сообраќајот во овој дел од автопатот. Возилата се движат отежнато, а се создадоа и подолги колони. На местото на настанот интервенираат полициски екипи кои вршат увид ...

Лазе Манасков, македонски актер и културен работник почина денес во Скопје. Манасков зад себе остави значаен печат на македонската сцена преку бројни улоги, посветена работа и исклучителна љубов кон театарот. Колегите го паметат како професионалец, искрен пријател и уметник кој секогаш настапуваше со срце и одговорност кон сцената. Во знак на почит кон неговиот живот и уметнички придонес, вечерешната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ...

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, јавно реагираше дека Јавното обвинителство и по три години нема постапено по кривичната пријава поврзана со загадувањето што, според неа, било утврдено кај „Титан Усје“. Во објава на социјалните мрежи, Арсовска тврди дека цементарницата согорува 4.400 тони отпад годишно и дека е најголем увозник на отпад во државата, посочувајќи дека институциите „итно“ реагираат кога темата е ...

Скопје повторно влезе во зимскиот клише-сценарио што граѓаните го живеат како секојдневна казна: магла, температурна инверзија и слој од смог што се лепи по фасади и грло. Во населбите во општините Аеродром и Кисела Вода, реакциите денес се истите, само поостри – „Ќе поцркаме, не се дише“, коментираат жители на социјалните мрежи и во маалските групи, додека градот со часови останува под „капак“. Параметрите за квалитетот на воздухот во ...

На 19.12.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека врз Х.И.(44) од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон. Тој со тешки повреди, со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде бил предаден на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека Х.И. починал. Увид на местото на ...

Али Ахмети,лидерот на ДУИ, на денешниот Конгрес на партијата во Скопје најави нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години. Понатаму, Ахмети предложи и воведување на „извршен Бадентер“ при избор на Владата, примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд и нова фаза на функционална и фискална децентрализација. „Унитарната држава може да биде ...

Тешка несреќа се случила денес во Црна Гора на жичарницата кај Савин Кук на Дурмитор кога странски турист падна од корпата на стрмниот, втор дел. Според првичните извештаи, еден маж загинал, додека една жена е повредена, но свесна и комуникативна. Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат, а првичните извештаи укажуваат дека имало дефект на жичарницата во втората делница што води до Савин Кук. Според овие информации, кошничката во која се ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денес имал важен состанок за енергетската стабилност на земјата и дека верува дека сме еден чекор поблиску до решение за НИС. Вучиќ рече дека ситуацијата е многу сложена и комплицирана и дека очекува разни иницијативи, петиции и барања до ОФАК следната недела со надеж дека ќе добие лиценца за работа за НИС. „По важниот состанок што го имавме денес, верувам дека сме еден чекор поблиску до решавање ...

Џејк Пол и Ентони Џошуа суспензија добија веднаш по спектаклот во Мајами – но не поради „казна“, туку поради автоматска медицинска процедура што важи во професионалниот бокс. Мечот се одржа во петокот вечерта, 19 декември 2025 година, во „Касеја центар“, под надзор на Државната атлетска комисија на Флорида, а заврши со тежок нокаут во шестата рунда и сериозна повреда на Пол. Според достапните информации, Џошуа го праќал Пол на под повеќепати во ...

Италијанската полиција соопшти дека во масовна национална операција против шверцот со дрога уапсила 384 лица и запленила околу 1,4 тони наркотици, што ја прави оваа акција една од поголемите полициски интервенции во земјата во последните години. Од Италијанска полиција информираат дека покрај уапсените, отворени се истраги против 655 лица, меѓу кои и 39 малолетници. Во рамки на истата операција, полицијата запленила и 35 килограми кокаин, како и ...

Зимата во Скопје и другите котлини често значи магла, студ и воздух што „тежи“ во становите. Затоа сè повеќе семејства се греат на инвертер клима, брзо е и практично. Но токму тука се прави најчестата грешка: климата може да даде топлина, а сепак дома да ви остане сув, запушен или прашлив воздух, па да имате чувство дека „не грее како што треба“ иако работи. Разликата ја прават неколку навики што речиси никој не ги зема сериозно – сè додека не ...

На 19.12.2025 во 13:40 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден била измамена од машко лице за сума од 150.000 денари (околу 2.500 евра). Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, претставувајќи и се како доктор и ѝ кажало дека треба да даде пари затоа што на нејзината ќерка требало да и се направи операција, откако претходно наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата. Според пријавеното, ...

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави граѓанска блокада во четврток, 25 декември, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје. Од иницијативата велат дека протестот е одговор на според нив долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси. Покрај блокадата, најавена е и прес-конференција, на која јавно ќе бидат изнесени конкретни барања до ...

ЈСП Скопје ги извести корисниците на билети за возрасни лица од старосна група „над 62/64 години“ дека заверката на билетите за 2026 година може да се изврши во сите центри за персонализација, почнувајќи од 15 декември 2025 година. Од претпријатието нагласуваат дека заверката се реализира исклучиво лично, од страна на корисникот, со приложување документ за лична идентификација. Тоа значи дека не е предвидена заверка преку друго лице, ниту без ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. Ја удирал по телото, лицето и главата, ...

Густата магла што од утринава ја покрива скопската котлина повторно го наруши авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, со доцнења кај пристигнувањата и заминувањата и најмалку еден целосно откажан лет. Во текот на претпладневните и пладневните часови, дел од авионите не можеа веднаш да слетаат поради намалената видливост, па кружеле над аеродромот чекајќи условите да дозволат безбедно приземјување. Според информациите објавени во ...

Утрово, по кратко боледување почина познатиот македонски радиоводител Драган Б. Костиќ на 75годишна возраст. Веста за неговата сме ја потврдиле од семејството. Својата кариера ја започнал во Македонското радио во 70-тите. Тој беше најпознат како водител од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“, па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“… Во 2018 година ја започна и телевизиската емисија „Б со точка“ на Телевизија 24, која ...

Загаденоста на воздухот во Скопје и во текот на денешниот ден е прилично висока. Според светскиот сервис IqAir Скопје во 13.00 часот денеска е на 24 место во светот и на трето место во Европа по загаденост. Инаку, вчера Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот на алармирање и излегоа со мерки и препораки до институциите и граѓаните. Загадувањето во Скопје е децениски проблем особено во зимскиот период и времетраењето ...

Според обвинителството, кобната ноќ на 14 септември по полноќ, во Марино, Јанчев управувал „Хјундаи туксон“ и не се придржувал кон сообраќајните правила. При обид да сврти лево, тој го извршил маневарот без претходно да се увери дека тоа може безбедно да го направи и дека има првенство на минување. Во тој момент во страната на неговото возило удрил мотоцикл „Јијинг“ без регистарски таблички и без светлосни уреди, со кој управувал 16-годишен ...

Германците се сè повеќе вознемирени поради продолжената економска криза и општата неизвесност, поради што го отвораат паричникот сè поретко – најмалку од времето на светската финансиска криза, покажува најновото издание на барометарот за потрошувачко расположение. Барометарот на нирнбершките институти за истражување на пазарот GfK и NIM укажува дека германските граѓани со месеци сè повеќе се ориентираат кон штедење и се воздржуваат од трошење, ...

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави објави илјадници нови документи за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, но најмалку 550 страници од тие досиеја се целосно затемнети, објави Си-Би-Ес. Според медиумот, новообјавените документи содржат фотографии од придружбата на Епштајн, снимки од неговите резиденции и истражни записи со детали за обвинувањата против покојниот сексуален престапник. Сепак, обемното редактирање ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј ...

АД ЕСМ преку писмо побара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со електрична енергија, поради отежнатата набавка на енергенси како последица на секојдневните блокади на грчките земјоделци. Информацијата ја објави ТВ Сител, а од Владата потврдиле дека за дописот ќе се одлучува на владина седница идната недела. Како што посочуваат од Владата, иницијативата за активирање на државните резерви произлегува од неможноста да се реализира ...

Пакистански суд ги осуди поранешниот премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби на по 17 години затвор во случај на корупција поврзан со купување луксузни подароци наменети за државата по ниска цена, соопштија судот и адвокатите на Кан. Пресудата е само најновата во низата правни проблеми за Кан, кој е зад решетки од август 2023 година и се соочува со десетици обвиненија поднесени откако беше соборен од функцијата во 2022 година, почнувајќи ...

Храната не е магично стапче и нема магично да го избегнете грипот или, пак за минути да се чувствувате подобро со рендање на ѓумбир во вашиот чај, но храната за која научно е докажано дека помага во борбата против воспалението сигурно може да помогне. Воспалението во телото не е нужно лошо бидејќи е природен одговор на телото на повреди и инфекции. Меѓутоа, кога воспалението станува хронично, може тивко да предизвика хаос врз здравјето и е ...

Демократската унија за интеграција денеска во Скопје ќе го одржи својот петти конгрес. Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми на прес-конференција по локалните избори најави дека на Конгресот ќе се реорганизираат и ќе ги обноват структурите. По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец. ...

Оваа година нема да се доделат државните награди „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Мето Јовановски“, ова за Рацин.мк го потврдија од Министерство за култура и туризам, као владин ресор, кој заедно со Собранието на Македонија, ги администрира процесот за прогласување на добитници на овие награди. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ претставува државна награда, со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Во една ...

Автомото сојузот на Македонија информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50м има кај Ресен и Удово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Кочанскиот рок бенд „Корка“ ја освои наградата на публиката на меѓународниот натпревар за млади музички таленти „Imagine Music Experience“, кој се одржа во Брисел. Бендот беше македонски претставник на овој престижен натпревар за музичари на возраст од 13 до 21 година и освои најмногу гласови во онлајн гласањето. Ова е прво признание за Македонија на фестивалот по четири години учество. „Бевме збунети, но пресреќни“ „Кога го слушнавме нашето ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1020
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
69%
1020
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.11
92%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
79%
1016
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
92%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.34
91%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.5864

Кобалт

58.42

Калај

43.93

Бакар

11.07

Родиум

258813.51

Сребро

2159.01

Рутениум

29192.88

Злато

139515.92

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97

Алуминиум

2.95

Платина

64479.52

Иридиум

145787.60